Download as pdf
Download as pdf
You are on page 1of 2

МАКЕДОНСКИ

Декември

МЦМС е-Билтен
ЦЕНТАР ЗА
МЕЃУНАРОДНА 2008
СОРАБОТКА
БРОЈ 88

Избран новиот НОВА ПРОВЕРКА НА ДОВЕРБАТА


Совет на МЦМС Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат
ја истражуваше општата доверба, довербата во институциите
и довербата во граѓанското општество. Анкетата беше
спроведена во октомври 2008 г. на репрезентативен примерок
од 1.600 испитаници.
Истражувањето покажа дека во Македонија е релативно
ниска општата доверба и довербата во институциите.
Граѓаните имаат висока доверба во сличните - доверба во
семејството (97.8%) и пониска општа доверба (23.1 %) и
доверба во институциите.
На седницата одржана на 24 Образовните институции (65.8%), армијата (64.6%),
декември 2008 година, Советот полицијата (56.6%) и јавните здравствени организации
на МЦМС го избра новиот состав (55.1%), ја имаат довербата на мнозинството, а јавните
на Советот чиј мандат ќе биде 4 комунални претпријатија (38.8%) на малцинството.
години. Тргнувајќи од тоа дека
Се забележува понатамошен пораст на довербата во Владата
МЦМС е уникатна платформа за
дијалог и соработка на различни (и на државата). Довербата во Владата е зголемена на 51% од 44.6% во 2007 година и 26,6 %
интересни групи во Македонија, во 2006 година.
кои во МЦМС наоѓаат свој простор Истражувањето покажа дека општата доверба во црквите и верските заедници е висока (65,6%)
и новите членови се претставници и стабилна – на исто ниво како и минатата година. Свештените лица имаат доверба од 54%.
на такви различни групи како:
граѓански организации, цркви и Според податоците, во Македонија е во пораст недовербата и нетолерантноста кон различни
верски заедници, институции за групи. Во однос на претходната година за сите групи, освен за лицата зависни од алкохол и за
истражување и развој, медиуми жртвите на насилство, резултатите покажуваат зголемена нетолерантност.
и организации поврзани со
нив, деловен сектор, локална Големо мнозинство од испитаниците не сакаат соседи кои се зависници од дрога (93,1%),
самоуправа и меѓународни зависници од алкохол (85%), лица заболени од сида (84,7%) и хомосексуалци (83,1%).
организации. Мнозинството не ги сакаат за соседи жртвите на насилство (58,6%) и Ромите (52,6), додека
малцинство не сакаат да живеат покрај имигранти/странски работници (36,5%). Мало
малцинство од испитаниците не сакаат соседи да им бидат луѓе од друга вера (30,6%), луѓе од
Македонија без друга етничка припадност (30,2% и невенчани парови кои живеат заедно (28,2%).
дискриминациија Истражувањето покажа дека општата доверба во граѓанските организации е 41,7%. Мнозинство
од граѓаните веруваат дека граѓанските организации се за остварување на интересите на
граѓаните и можност нивното мислење и дејствување да допре до јавноста.
Мнозинство граѓани (56,1%) знаат успешни граѓански организации, а споредено со претходно
знаат и повеќе за организации кои работат во конкретни области. Познавањето на граѓанските
организации е подобрено во сите испитувани области во споредба со 2007 година. Граѓаните
имаа најмногу доверба во секторите: лица со посебни потреби (65,5%), деца, млади и студенти
(65,2%) и жени и родови прашања (61%).

Донирај од твојот Руралните општини и


На 10 декември 2008 година, персонален данок на доход поддршката од ЕУ
како дел од одбележувањето на
денот на човековите права и 60 МЦМС ја започна својата нова На 11 декември
годишнината од усвојувањето кампања наречена „Донирај 2008 година, во
на Универзалната декларација од својот персонален данок Скопје, МЦМС
за човекови права на ОН, во ЕУ на доход“. Со кампањата се во соработка со
инфо центарот беше промовирана актуелизираат даночните Комисијата за
програмата „Македонија без олеснувања и ослободувања рурален развој
дискриминација“, која за дел за донирањето и при ЗЕЛС ја
од активностите е поддржана спонзорирањето на организираше
од Европската Комисија, во проектите од јавен интерес што ги предвиде конференцијата
рамките на Програмата ПРОГРЕС. Законот за донации и спонзорства во јавните
дејности. „Руралните општини и поддршката на ЕУ за
Оваа поддршка е воедно првата рурален развој во Македонија – регионални
која што ја добива Република На овој начин, граѓаните имаат можност да искуства и практики“.
Македонија од програмата бидат солидарни, општествено одговорни и
Прогрес. Македонија без да им помогнат на оние кои имаат потреба. Пред 40-тина претставници на руралните
дискриминација е заеднички општини свои воведни презентации имаа д-р
потфат на Македонскиот центар Можат да донираат сите даночните
обврзници, согласно Законот за персонален Мирослава Георгиева, директор на Дирекцијата
за меѓународна соработка, Полио за рурален развој при Министерството за
Плус-движење против хендикеп, данок на доход, кои поднесуваат годишна
даночна пријава. Со донирањето се намалува земјоделие и храна на Република Бугарија и
Центарот за човекови права Стојан Лазарев, претседателот на Комисијата
и разрешување на конфликти персоналниот данок на доход за годината во
за рурален развој при ЗЕЛС и градоначалник
и неколку други граѓански која се донира.
на Општина Конче.
организации активни во борбата МЦМС ви нуди да изберете за што ќе донирате
против дискриминацијата. Во дел од вашиот персонален данок на доход, Конференцијата имаше за цел размена на
рамките на поддршката од Прогрес станува збор за три проекти од јавен интерес: искуствата и споделување на успешните
партнер со свое финансиско Институционализацијата почна; Македонија практики и модели за улогата на руралните
учество и спроведување на без дискриминација и Училишта по мерка. општини и асоцијациите на руралните општини
активности е и Министерството Останува да го искажете вашиот интерес, во искористување на пред-пристапните ЕУ
за труд и социјална политика на а МЦМС ќе ја спроведе процедурата и ќе фондови за рурален развој.
Република Македонија. гарантира за неа.
Промовирани првите три истражувачки публикации
Обука за Пред крајот на годината МЦМС ги промовираше првите
недискриминација три истражувачки публикации: Слобода на изразувањето
за новинари на м-р Слаѓана Димишкова, Невладиниот сектор како
етички коректив на општеството на м-р Дејан Донев
Од 10 до 12 и Функционирање на Економско социјалниот совет на
декември Република Македонија во периодот 1997-2007 година на м-р
во Маврово Андон В. Мајхошев.
се одржа
обука за
Во декември 2007 година беше распишан конкурс за
недискриминација за новинари.
доделување грантови за истражувачки публикации кои
ќе обработуваат прашања од областа на граѓанското
На поканата до националните
општество. Основната идеја за истражувачките публикации беше да се мотивираат младите
и дел од локалните медиуми
луѓе, постдипломци, за нивните магистерски трудови да истражуваат на теми кои се од интерес
(пишани и електронски) се за граѓанското општество. Истражувањата и анализите треба да придонесат кон давањето на
одѕваа 11 новинари. На обуката неопходната длабочина на граѓанското општество. Имајќи предвид дека авторите се главно
имаа можност да разговараат за млади луѓе, граѓанскиот сектор ќе стекне познавачи кои и во иднина ќе можат да се ангажираат.
перципирањето на разликите, На овој начин ќе се зголеми и бројот на луѓе кои имаа експертиза за одредени прашања
идентитетите и толеранцијата, поврзани со граѓанското општество. Овие публикации треба да бидат основа за дискусии и за
стереотипите и предрасудите, развој на стратегии и планови за развој на граѓанското општество, базирани на истражувања
дискриминацијата и ранливите и аргументи.
групи и се разбира за
дискриминацијата во медиумите. МЦМС понуди поддршка во форма на грантови кои можеа да се користат за истражувачки
Обучувачи беа Мирјана Најчевска трошоци и за публикување на истражувањата. Со проектот се поддржани издавањата на 10
и Сафет Балажи од Центарот за истражувачки публикации. Вкупната поддршка изнесува 730,000 денари.
човекови права и разрешување Публикациите ги промовираа: проф. д-р Лидија Христова, д-р Александар Димитриев и Драган
конфликти. Павловиќ – Латас.

Административно Битолчани ги идентификуваа проблемите


работење за Околу 60 жители на Битола, кои присуствува на втората
форумска сесија што во рамки на програмата “Форуми
верските заедници во заедницата“ се одржа на 20 декември во ОУ “Елпида
Караманди“, во Битола, ги идентификуваа проблемите во
Обуката за својата општина.
административно
работење се Општинскиот претставник Тони Стојчевски ги претстави
одржа на 29 и надлежностите на локалната власт како и финансирањето
30 декември 2008 година во на општинските проекти. Во овој форум битолчани, во
Скопје и беше наменета за наредните сесии, ќе ги утврдуваат и усогласуваат своите
претставниците на верските интереси и приоритети.
заедници, како и за Фондот
Беа формирани 13 теми или како што се нарекуваат во програмата - “работни маси“: основно
на Холокаустот. На обуката
и средно образование, високо образование, пензионери, туризам и угостителство, услуги во
учествуваа 13 претставници здравството, животна средина, културни активности, бизнис сектор и претприемачи, млади,
на МПЦ, ИВЗ, КЦ, ЕЗРМ како локална самоуправа, индустрија, социјални услуги и ИТ сектор.
и претставници од Фондот на
Холокаустот на Евреите во Присутните посочија по три проблеми во секоја од темите: неквалитетна сообраќајна
Македонија. инфраструктура, незадоволителни комунални и јавни услуги, недоволна туристичка промоција
и недоволни капацитети за спорт и рекреација.
Најкорисни теми за учесниците
биле заведувањето на Битола е една од осумте општини избрана во вториот циклус од Втората фаза на Програмата.
документите и начинот на Вкупниот буџет на Програмата изнесува шест милиони денари, од кои четири милиони се
работење во деловодник донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а два милиони денари се
итн. Обуката ќе придонесе за учество на општината. МЦМС е модератор на процесот идентификување и формулирање на
поефективно и поедноставено
приоритетните прашања за општината.
работење во нивните
организации/верски заедници.
Ресенчани ги утврдија проблемите од
областа на животната средина
Транспарентни и Околу 100-тина Ресенчани учествуваа на втората форумска
отчетни општини сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ што
се одржа на 17 декември, во хотелот “Китка“. Жителите на
МЦМС ги Ресен, распоредени на 10 работни маси, имаа можност да
промовираше дебатираат и да ги утврдат проблемите областа на заштита
годишните на животната средина.кои се приоритетни за решавање.
извештаи Граѓаните издвоија повеќе проблеми кои сметаат дека се
и другите приоритетни за решавање: повлекувањето на Преспанското
информативни материјали на Езеро, прекумерното користење на подземните води,
општините Велес, Прилеп, немањето на канализациона мрежа во селата кои
Могила, Чашка, Старо гравитираат кон Преспанското Езеро, проблеми со водоснабдувањето во селските населби,
Нагоричане, Конче и Теарце. градската депонија која не задоволува минимални услови, како и немањето на депонија за
Транспарентноста и отчетноста градежен и медицински отпад, создавање диви депонии, прекумерната употреба на пестицидите
на општините се едни од главните итн. За сите овие проблеми граѓаните на Ресен дебатираа и во наредните форумски сесии и ќе
предуслови за воспоставување предлагаат решенија и конкретни проекти.
на демократските процеси
во една заедница и нејзина
За Илија Јаневски, наставник, вклучен во работната маса образование и здравство ваквиот
начин на директно одлучување на граѓаните преку форуми е многу добар. “Ми се допаѓа ваквиот
одржливост. Со оваа поддршка,
начин на одлучување на граѓаните и сметам дека е многу корисен, само имам забелешка на
МЦМС сака да го подобри
времетраењето на сесиите, би сакала да се покуси“, рече средношколката Ивона Каранфиловска.
транспарентното и одговорно МЦМС е модератор на процесот идентификување и формулирање на приоритетните прашања
работење на општините. за општината.

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


ул. Никола Парапунов бб, 1000 Скопје
тел: +389 2 3065381 | факс: +389 2 3065298 | www.mcms.org.mk | mcms@mcms.org.mk

You might also like