e-Билтен на МЦМС - Број 89

You might also like

Download as pdf
Download as pdf
You are on page 1of 2

МАКЕДОНСКИ

Јануари

МЦМС е-Билтен
ЦЕНТАР ЗА
МЕЃУНАРОДНА 2009
СОРАБОТКА
БРОЈ 89

МЦМС ги бодреше 15 ГОДИНИ МЦМС


нашите ракометари На крајот на претходната 2008 година МЦМС ја одбележа
во Задар 15-годишнината од своето постоење и работење. Една од
најголемите и најреспектирани граѓански организации во
Македонија ги сумираше своите постигнувања во претходните 15
години: спроведени се 1.481 проект во 60 програми; во најголем
број од проектите целната група била дефинирана како општа (667),
387 им биле наменети на селаните, 166 на етничките малцинства,
118 на жените, 58 на бегалците и раселените лица, 49 на лицата
со посебни потреби, 36 на децата и младинците, најголем број
од проектите се спроведени локално (490) и национално (489),
211 се спроведени во Скопје, 185 меѓународно и 106 регионално;
најголем број од проектите биле спроведени како финансиска
поддршка (886), 289 се обуки, 143 се застапување и лобирање,
Неколкумина вработени во МЦМС
125 се информации, 24 се заеми и 14 – раководење.
викендот на 24 и 25 јануари 2009
година заминаа во Задар да им Што се однесува до приходите, тие во овие 15 години изнесувале
дадат поддршка на македонските околу 46 милиони и 400 илјади евра. Речиси сите приходи на
ракометари на Светското МЦМС потекнуваа од странски донатори. Најголем дел се од Акција
првенство во ракомет. на црквите заедно (40%), потоа од Конзорциумот за Македонија
(31%), на вонредни и сопствени приходи отпаѓаат 11%, а на владини и меѓувладини агенции
9%. Расходите на МЦМС во овие 15 години изнесуваат околу 43 милиони и 900 илјади евра.
Најголем процент од парите се употребени во секторот основна и итна помош (32%), 21% се
употребени за меѓународни програми, 18% за водоснабдување и санитација, 17% за граѓанско
општество и демократија, 6% за образование и здравство и по 3% за вработување и генерирање
приходи и за оперативни трошоци.
Но ова е само статистика од постигнувањата. Зад секоја од овие бројки стојат резултатите од
работата на МЦМС, обучените луѓе кои самостојно ги водат своите организации, подготвуваат
проекти, зајакнатите организации, зајакнатите локални самоуправи и нивните вработени,
селаните кои го решиле проблемот со водоснабдувањето, луѓето кои имале кому да му се
обратат додека биле во неволја, припадниците на различни етнички и верски заедници кои
научиле повеќе за другите итн.
Како се развиваше МЦМС
Создадена како заеднички напор на локалните иницијативи и Холандската меѓуцрквена помош
во 1993 година, МЦМС помина низ повеќе фази во своето постоење и работење. Првите десет
Ракометната еуфоријата што ја години МЦМС ги посвети на развојот на целите, профилирањето на развојниот карактер на
зафати целата држава најмногу организацијата. Во тој период, МЦМС покажа висока флексибилност и адаптибилност. Во
се чувствуваше таму – на последните пет години МЦМС продолжи да се профилира како развојна организација. МЦМС се
чекор до храбрите момчиња здоби со консултативен статус во Економско-социјалниот
од Македонија. Резултатот од совет на Обединетите нации. Еден од главните финансиери,
двата натпревари не влијаеше Конзорциумот за Македонија, престана да постои. МЦМС
на впечатоците на колегите. „Не се соочи со трендот на намалување на финансирањето од
се опишува со зборови, треба да меѓународни организации, но успеа до одреден степен да
се доживее!“, велат тие. „Првиот ги замени со фондовите на ЕУ и со сопствени средства.
поглед на салата кога игравме со Во последната година МЦМС го заокружи процесот
Норвешка беше шок – како да си на стратешко планирање и го усвои новиот Статут.
во „Борис Трајковски“ во Скопје, а Последователно, се извршија избори за нов состав на
не во Задар. Стотици македонски Советот на МЦМС. Реструктурирањето продолжи и со
знамиња, неколку илјади грла воспоставување на нов орган за секојдневно управување
кои викаат „Македонија!“ – – Одбор на директори, кој сега го сочинуваат два члена.
прекрасно. А не беа тоа само
навивачите од Македонија, добар
дел од нив беа домаќините од
Стратешко планирање за Сојузот на стопански комори
Хрватска кои ги покажаа сите
Во јануари се одржа дводневна работилница за
добри особини на еден домаќин“,
стратешко планирање на Сојузот на стопанските комори
раскажуваат неколкумината на Македонија (ССКМ). МЦМС беше ангажиран да го
кои поминаа повеќе од 2000 води процесот. Претходно, МЦМС направи Проценка на
километри за да бидат сведоци организациските капацитети на ССКМ. На работилницата
на неколку страници од светската беа презентирани главните наоди од досегашната работа,
ракометна историја. дилемите и предизвиците што стојат пред ССКМ и наодите
од проценката. Членовите на Управниот одбор на основа
на овие документи дискутираа за визијата и мисијата, ги
идентификуваа силните и слабите страни, можностите и
заканите и ги приоретизираа. По анализата на клучните
проблеми одредени се и приоритетните стратешките цели,
а дискутирано е и за Акцискиот план за стратешко планирање.
Целиот овој процес треба да помогне во развојот на институционалниот и организацискиот
капацитет на ССКМ што ќе го подобри квалитетот на услугите што ги нуди Комората за своите
членки. МЦМС продолжува да го води овој процес се додека не се биде формулиран новиот
Стратешки план на ССКМ.
Трета форумска сесија во Ресен
Отворени понудите Околу 70-тина ресенчани учествуваа на третата форумска
од тендерот за сесија во рамките на Програмата “Форуми во заедницата“
што се одржа на 27 јануари оваа година.
Јегуновце
Тие ги проследија презентациите од спроведените
истражувања и анализи на четирите проблемски теми од
областа на заштитата на животната средина: Загадување
од прекумерна употреба на хемиски препарати и фосилни
горива; Недоволно развиена еколошка свест на граѓаните
во Преспа; Несоодветен третман на цврстиот отпад и
отпадните води; и Загрозен воден потенцијал и несоодветно водоснабдување во Преспа.
Од дискусиите беа издвоени повеќе решенија: изнаоѓање на нови извори на вода за пиење,
едукација на населението за правилна употреба на водата за пиење, кампања за подигнување
на еколошката свест на граѓаните во Преспа, изградба на еколошко-едукативен и спортско-
На 23 јануари 2009 година, во
рекреативен центар, обезбедување соодветни садови за отпад, изградба на соодветна
МЦМС, јавно беа отворени
понудите од тендерската
депонија за одлагање на цврстиот отпад, изградба на канализациони мрежи и пречистителни
постапка за изработка на Основен станици во селата кои гравитираат кон Преспанското Езеро, итн.
проект на основните објекти за
водоснабдување на населено
место Јегуновце. На тендерот
„Европа без граници“
пристигнаа четири понуди. ЕКАС со партнерите се придружи на мотото на чешкото
Анализата и оценката на Претседателство со ЕУ „Европа без граници“ и повика на
понудите ќе биде направена во либерализација на визниот режим за Западен Балкан. Тие ја
блиски консултации со донаторот оспоруваат потребата за рестрикции што се наметнуваат врз
Заедницата на општини на слободното движење на работници од новите земји членки на
Норвешка (КС) и вклучените ЕУ и ја поздравуваат заложбата на Претседателството да се
консултанти од Србија. Првата истакнат негативните ефекти од постоечките преодни мерки и
недела од февруари се очекува предностите од проширувањето по 5 години.
избор на најповолен понудувач.
Изготвувањето на Основниот ЕКАС со партнерите сметат дека „Европа без граници“ треба
проект се очекува да биде да го вклучи и Западен Балкан. Како придонес кон оваа втора
комплетиран во последната цел, го објавија извештајот од конференцијата одржана на 10
недела од месец март 2009 врз декември 2008 г. посветена на договорите за олеснување на визниот режим. Дебатата покажа
основа на што ќе може да започне дека постои реален јаз меѓу оние што се одговорни за подготовка на договорите и граѓански
подготовката на потребната организации што го следат спроведувањето на овие договори на теренот. Позадината на
документација (вклучително оваа дебата беше телефонската линија, отворена од страна на ЕКАС и партнерите, во ист
и постапки) за почеток на ден низ целиот Западен Балкан (Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и
изградбата на водоводниот Црна Гора) преку која се даваа приговорите и мислењата на јавноста за олеснувањето на
систем. визниот режим во комбинација со едно понаучно испитување на граѓаните што ги напуштаа
конзулатите. И двата проекти покажаа дека иако либерализацијата на визниот режим создаде
големи очекувања, досега не направи некоја значајна разлика. Главната причина е што
беа редуцирани само некои од бариерите, јавноста не ги гледа придобивките, особено кога
Обука за косовските земјите членки не успеваат да го спроведат законот или пак да го внесат духот на олеснување
на визниот режим во нивните конзулати.
организации
МЦМС како еден од партнерите на ЕКАС го водеше проектот за Македонија.

Регионална конференција за Кодексот на


добри практики за граѓанско учество
На 19 и 20 јануари, во Истанбул, Турција се одржа
регионална консултативна конференција со граѓанските
организации од југоисточна Европа за Кодексот на добри
практики за граѓанско учество. Конференцијата беше
во организација на Меѓународната конференција на
Во текот на јануари и февруари невладините организации (INGO) при Советот на Европа и
МЦМС спроведува обуки на тема Фондацијата за третиот сектор (TUSEV) од Турција.
„Како да аплицирате за грантовите
на Европската комисија“ за На конференцијата учествуваа околу 50 претставници од:
граѓанските организации во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар,
Косово. Целта на овие обуки е да Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Македонија,
се зголеми знаењето и вештините Романија, Србија, Турција, како и претставници од Советот на Европа.
на организациите кои би
Кодексот треба да придонесе кон создавање овозможувачка околина за граѓанските
аплицирале за ЕИДХР фондовите
организации во земјите членки на Советот на Европа. Со него, на европско ниво, ќе се
за тоа како се подготвуваат
добри предлог проекти. Обуките
дефинира сет од основни принципи и препораки за учеството на граѓанските организации во
ќе бидат спроведени на албански процесите на одлучување кои што ќе бидат спроведувани на локално и национално ниво во
и на српски јазик во Приштина, земјите членки.
Пеќ, Ѓаковица, Митровица, Учесниците разговараа за клучните прашања, дилеми и предлози. Идејата за донесување
Призрен и во Гњилане. Обуката на ваков Кодекс е многу корисна за граѓанските организации. Тој ќе биде корисна алатка
се спроведува за Косовската
за самите граѓански организации во процесите на лобирање и застапување за одредени
фондација за граѓанско
прашања при креирањето на политиките во државите. Се очекува до крајот на 2009 година да
општество.
биде усвоен документот од страна на INGO.

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА


ул. Никола Парапунов бб, 1000 Скопје
тел: +389 2 3065381 | факс: +389 2 3065298 | www.mcms.org.mk | mcms@mcms.org.mk

You might also like