Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

ЗА ПРОУЧУВАЊЕТО НА СОВРЕМЕНА МАКЕДОНИЈА

ВО ЕТНОГРАФСКИ, СТАТИСТИЧКИ И ДИЈАЛЕКТОЛОШКИ ПОГЛЕД

Соопштение на П. Д. Драганов во Етн. одд. на Рус. имп. геогр. Друштво

Откако ја определи современа Македонија, чие име е усвоено од географската наука


како термин воопшто не етнографски и не политички, а историски и дури археолошки,
референтот направи кратка екскурзија во историската етнолошка наука, укажа со неколку
збора на времето на доселувањето на словенските племиња во Македонија, на историската
судбина ва Македонските Словени до XV век, па потоа, врз основа на соопштенијата на други
македонолози,1 проверени од референтот, и на своите сопствени сознанија на самото место,
ги наброја постојните многубројни племенски имиња на современите Словенски Македонјани,
потоа инородците што живеат речиси заедно со сите тие племиња, а исто така и многубројните
култови и разновидните политички надежи што ги лелеат Македонците.
Потоа тој даде карактеристика на европската литература посветена на проучувањето на
современа, несомнено разноплеменска, разнокултурна, разнојазична и дури разнонаречна
Македонија. Литературава ја оцени како крајно ненаучна и укажа на причините за таквата
жална состојба на македонистичката наука, како солиден дел од словенската филологија, и
особено на аргументациите на српските и бугарските писатели што немаат ништо заедничко со
етнографската и филолошката наука, а се обусловени само од политичките мечтаења на едната
и на другата (спротиставени страни и особено со несреќната Српско-бугарска војна),
референтот пристапи кон излагањето на расположивиот материјал по македонската
дијалектологија. Се покажува дека оние што најмногу вреват за сметка на Македонија, т.е.
Србите и Бугарите, имаат направено многу малку од своја страна за очевиден доказ на своето
јазично право врз оваа провинција или за нејзината одбрана од заемните претензии. И така
како главни извори за нашите сознанија за таканареченото македонско наречје ни служат
двата, макар и многу добри, но крајно ограничени македонски зборници, имено книгите на
Македонијаните браќа Миладиновци и на босанскиот Србин С. И. Верковиќ што одамна веќе се
станати библиографски реткости. Во зборникот на Миладиновци влегле драгоцените и
беспрекорно запишаните обрасци, макар и со грчка транскрипција, само од следниве
македонски пунктови: Струга, Дебар, Охрид,Велес, Битола, Пршеп, Костур и Кукуш. Што се
однесува за неподозрениот зборник на Верковиќ, крупните празнини во изворите за
македонската лингвистика се пополнуваат со обрасци само од мијачкото Крушево, Разлог,
Серес и делумно од Дебар. Во 1885 година излезе почетокот на Зборникот на македонскиот
Бугарин К. Шапкарев, каде што се влезени одлично запишаните обрасци од малку-познатата
македонско-бугарска проза, но пак од Охрид, Пршеп, Кукуш заедио со Гевгелцја. Нашите
познавања за дебарското поднаречје суштествено ги обогати членот на Имп. рус. геогр.
друштво И. С. Јастребов со издавањето на својата прекрасна книга за песните и обичаите на
Србите од Косовскиот вилает. Пред Јастребова две-три песни од тоа поднаречје имаше
објавено проф. Дрилов. За мошне лошо издадените и притоа безумно тенденциозните
зборници на М. Милоевиќ (Песни и обичаи на единствениот српски народ) и на С. Верковиќ
(Словенските веди) овде не може да стане збор. Подалеку и од едниов и од другиов не отишол
ни зборникот на Французинот Огис Дозон. Многу е возможно во многубројните бугарски
периодични изданија, издавани во различно време и во разни градови на Европскиот Југоисток
и на Левантот, коишто не може да се најдат собрани заедно дури ни во Пловдивската ни во
Софиската народна библиотека, а не пак некој славист во странство да ги користи во својот
кабинет, многу е возможно во тие изданија да има расфрлани не малку полезни етнографски
забелешки и песни по македонското наречје; но референтов, и покрај своите настојувања,
успеа да најде мошне незнатни и притоа речиси секогаш лошо запишани примери само на
следниве говори:
На солунскиот говор во цариградскиот весник Съвѣтникъ за 1885. (Препечатка на М.
Гатала во „Книжевник" на В. И. Јагиќа.)
На кратовскиот говор постои многу добрата монографија во браилското
Периодическо списание.
На штипскиот говор две песни и притоа лошо издадени од пловдивската „Наука".
На воденскиот говор се на се една песна, случајно се нашла во зборникот на бр.
Миладинови. Друга песна на истиов говор е објавена кај Милоевиќ во неговата
погореспомната книга.
На џумајскиот говор две песни во погрешно издадениот Западнобугарски зборник на
В. Качановски.
На мелничкиот говор една песна. На истото место.
На тетовскиот говор — имено „Лазариците" во зборникот на Јастребов. Има и кај
Милоевиќа, но тие, како обично, се лошо издадени.
Само на јужнобугарските или западнородопските, како христијански така и
мохамедански говори, имаме достатно количество етнографски материјали и дури
монографии, објавени од Чолаков, Хр. Константинов, С. Шишков, П. Славејков, од рускиот
етнограф А. Башмаков и од чешкиот бугарист Конст. Иречек.
И тоа се сите извори за македонската словенска лингвистика и етнографија.
Така нам ни се познати само говорите од Западна Македонија што се доближуваат кон
Албанија. Ни остануваат сосем непознати говорите од Југозападна, Југоисточна и особено од
Северна Македонија, којашто всушност претставува јаболко на раздорот помеѓу Србите и
Бугарите. И ако ние не сакаме да им веруваме на зборот ни на Србите ни на Бутарите, коишто
тврдат дека целото словенско население на Македонија зборува на единствениот српски или
на единствениот бугарски јазик, тогаш ние сме должни да речеме дека непознатото и натаму
си останува непознато, коешто допрва треба да се докажува, да се истражува.
Но референтов, како преподавател во Солунската гимназија „Кирил и Методија", во
1885 и на почетокот на 1886 година од тамошните над 200 ученици што се родум сите
Македонци и меѓу нив нема ни еден Бугарин од странство или Србин макар и од Косовскиот
вилает, имал среќа да добие над 1000 примероци народна поезија и проза од сите краишта
на Македонија и со самото тоа тој добил можност да ги пополни гореозначените празнини за
македонската лингвистика, како и да ги зголеми расположивите наши фактички познавања по
овој предмет. Но не сакајќи да запаѓа во едностранчивост, референтов собирал обрасци за
својот Зборник и по други методи и на разни начини, иако и во тие случаи тој имал работа само
со Македонците, т.е. објектот на големиот српско-бугарски спор. На таков начин, целиот
етнографски матерцјал што тој го има собрано ги претставува следниве категории:
1. Обрасци запишани главно од учениците од пониските класови на Солунската
Кирило-Методиевска гимназија.
2. Речници и глосари на своите селски и домашни говори (над 50), составени главно
од учениците од повисоките класови од спомнатата гимназија.
3. Обрасци и гласори доставени на собирачот од учениците во Скопската,
Битолската, Кукушката и други прогимназии и училишта во внатрешноста на Македонија
преку нивните учители, воспитаници на Солунската гимназија и службеници или на
Бугарската егзархија или на независните македонско-бугарски општини.
4. Обрасци запишани од ученичките од Солунската женска благовештенска
гимназија и предадени на собирачот од директорката на оваа учебна институција нашата
сотатковинка Е. П. Кондратова.
5. Разни важни податоци и информации добиени од собирачот од некои стари
учители, свештеници и заслужни бугарско-македонски дејци, поголемиот дел од кои и
денеска и служат на Бугарската егзархија.
6. Најпосле, набљудувањата и искуствата на собирачот и обрасците што
непосредно тој ги има запишано во времето на својот престој во некои пунктови во
внатрешноста на Македонија.
Содржината на овој МАКЕДОНСКИ ЗБОРНИК е ваква: Историски и јуначки песни вкупно
38. Позначајни од нив се: за Марко Крале, за царот Мурат, за султанката Марга, за Јанкула
Бан, за Болен Дојчин, за цар Лазар, за Муса Кесеџија, за Горѓи Кастриот (Скендербег), за
Мехмед капетан, за Радич или Радица, за Душан Силниот, за Султан Сулејман, за Србинот
добар јунак (варијанта кај Качановски), за Кратовската кралица и др.
Битови песни - женски поседенкарски, ороводни, жетварски, љубовни, свадбени и
други лирски песни вкупно 580 од речиси сите места, градови и села македонски.
Коледарски песни, штедровки, духоени стихови, крштенски, велигденкси,
светинигсолски, ѓурѓовденски, лазарски, митски (самовилски), народни легенди за
скитникот Евреин и др. вкупно 84.
Приказни вкупно 88 од разни македонски места.
Од животниот епос вкупно само 6 од Воден и Гуменџе.
Гатанки вкупно 27 од Кавадарци, Тиквеш, Крушево и Дебар.
Пословици, поговорки и брзоговорки вкупно 140.
Бајачки и клетви само 6.
И 50 речничиња и глосари од своите домашни, селски говори, меѓу кои особено се
истакнуваат со превосходното исполнение Воденскиот, Драмскиот, Неврокопскиот,
Мегленскиот, Разлошкиот, Костурскиот, Велешкиот, Прилепскиот, Охридскиот, Од
солунските села, Скопскиот, Кумановскиот и др.
Сиве расположиви говори, според релативниот интерес за науката на
македонскословенската дијалектологија, може да бидат поделени на следниве три категории:
1) Познати: прилепскиот, охридскиот, костурскиот, кукушкиот, велешкиот или
ќуприлискиот, струшкиот и битолскиот или монастирскиот.
2) Малупознати: тетовскиот или калканделенскиот, авратхисарскиот или женскиот,
струмичкиот или тиверио-полскиот, кратовскиот, серскиот, демирхисарскиот или
железничкиот, штипскиот или стибејскиот, мелничкиот, џумајскиот и дебарскиот.
3) Непознати: солунскиот, епиџевардарскиот или пелскиот, воденскиот или едескиот,
мегленскиот, дојранскиот или полјанинскиот, тиквешкиот или кавадаречкиот, кичевскиот,
ресенскиот, леринскиот или флоринскиот и особено скопскиот, кумановскиот,
кривопаланечкиот, кочанскиот и гостиварскиот.
Освен тоа, во оваа Македонска колекција се влезени уште и следниве инородни
обрасци:
Куцовлашки песни, приказни и глосари вкупно 8.
Албански песни вкупно 4.
Новогрчки песни и приказни вкупно 5.
Што се однесува за статкстичките и општите етнографски материјали за
Македонија референтов располага со податоци од разни извори, и тоа:
1. Годишните статистички извештаи на секретарот на Учебниот оддел на
Бугарската егзархија.
2. Богатите статистички материјали за цела Македонија од Канцеларијата на
Гимназијата Св. Кирил и Методија во Солун што референтов ги добил благодарејќи на
љубезноста на директорот на Гимназијата Г. С. Кандиларов.
3. Исто такви податоци, но веќе од Канцеларијата на Женската благовештенска
гимназија, тој добил благодарејќи на директорката на Гимназијата, погореспомнатата наша
сотатковинка Е. П. Кондратова.
4. Такви богати материјали за статистиката и етнографијата на целата
Македонска провинција, но веќе од друг извор, му биле соопштени на Драганов од покојниот
руско-императорски генерален конзул во Македонија А. А. Јакобсон; не малку усни
соопштенија исто така добил и од наследникот на Јакобсона, Н. Н. Демерих, и особено од И. С.
Јастребов, којшто ја имал поминато вдолж и попреку речиси целата западна половина на
Балканскиот Полуостров во времето на неговата долгогодишна дипломатска служба во тие
места.
5. Вероисповедната статистика на Авратхисарското шш Кукушкото окружје
референтов ја има добиено од секретарот на Буг. егзархијаЛ. Шопов.
6. Статистиката за Воденскиот округ му е доставена од тамошниот стар егзархиски
учител Миндов.
7. Подробната статистика за Пршепскиот округ му е доставена од прилепчанецот К.
Самарџиев.
8. Подробната статистика за учебното дело во Велешкиот округ му е доставена
специјално за Драганов од началникот на сите училишта велешанецот Мискинов во времето на
престојот на првиот во овој град.
9. Статистиката за бугарското учебно дело во Скопје му е составена на истиот начин
и за истата цел од началникот на тамошните училишта егзархискиот намесник Наследников.
Потоа, референтов располага со мошне важни соопштенија за статистиката и општата
етнографија од следниве градови и нивната околина:
Од Серес, доставени од бившите егзархиски учители Тодев и Ангелов и од егзархискиот
делегат протојерејот о. Ивин Ангелов, официјално испратен да отпатува таму и да го извиди
делото на бившиот егзархиски намесник Лештаров, и од Дојран од егзархискиот учител и
воспитаник на Солунск. буг. гимназија Липошлиев-Танков и др.
Земајќи ги предвид сиве овие бројчени показатели, справедливоста не тера да му
обрнуваме внимание и на она што го зборуваат по овој предмет Грците и Србите. За овој дел
од Драгановата колекција постојат исто така годишните учебно-статистички извештаи на
Елинскиот силогос што обично се печатат во големиот цариградски весник Νεολογοσ и во
атинскиот Ανατολική Επινειορησισ. Трудовите пак на српските статистичари Веселиновиќ,
Ковачевиќ, Милоевиќ и други се печатат во новото издание Братство Светога Саве, не
зборувајќи веќе и за Календарот Вардар.
Референтов никогаш не би си дозволил да настапи во Етнографското одделение на
Имп. рус. геогр. друштво со сиве овие материјали кога некој би му поставил обврска да состави
зборник во таквата пожелна полнота што ја бара со сета строгост македонолошката наука. Но
тој се зафаќа само да постави неколку поголеми камење во основата на усрдните и напорни
работи на македонската дијалектологија и етнографија. И за да може предвидуваниот зборник
да се вика во полната смисла на зборот македонски, за заокружување на сето, референтот
предложи да се напечати барем по една страничка, како примери од македонското наречје,
од 18 мошне ретки книги и ракописи што припаѓаат специјално кон небогатата сама по себе, но
не и неинтересна новословенска писменост во Македонија; овие книги се напишани во
периодот од 1762 до 1875 година.
Имајќи еден вака полн Македонски зборник или Македонска христоматија,
непристрасната филолошка критика, којашто е сосем рамнодушна, како што се изрази проф. В.
Јагиќ во рецензијата за книгата на Јастребов, спрема бугарската, српската и другите какви и да
се големи политички идеи, ќе соумее еднаш за секогаш да пресуди што од овој
Македонскословенски зборник му припаѓа на Бугаринот, што - на Србинот, и што не му припаѓа
ни на Србинот ни на Бугаринот, туку само на Словенот Македонец. А македонизми референтот
ги наречува таквите граматички особености што не му се својствени ни на српскиот ни на
бугарскиот јазик, а се среќаваат само во сбласта на таканареченото македонско наречје.

СПб.
11 декември 1887 година П. Драганов

1
В. Тригорович, С. Верковиќ, К. Жинзифов, П. Славејков, Г. Динков, М. Милоевиќ, Ѓ. Пулевски, К. Иречек, П.
Среќковиќ, Бр. Шкорпил, М. Дринов, И. Јастребов.

Архив на Руското географско друштво во С.-Петербург, фонд 1-1887, опис 1, No. 17


Объ изученiи современной Македонiи въ отношенiяхъ этнографическомъ,
статистическомъ и дiалектологическомъ. Сообщенiе Императорскому Русскому
Географическому Обществу по Отдѣленiю Этнографiи 11 декабря 1887г. (Објавено во
“Македонски фолклор“, II, 3-4, Скопје, 1969, 423-428,)

Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот фолклор и националната свест. Истражувања и


записи, II, Студентски збор, Скопје, 1987, 90-99.

You might also like