Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

Создавањето на Грција – бришењето на топонимите

Помеѓу 1913 и 1928 македонските имиња на стотици села и градови беа елинизирани од
страна на Комитетот за Промена на имињата, кој беше задолжен од страна на грчката
влада за, цитирам: “елиминирање на сите имиња кои го загадуваат и нагрдуваат
изгледот на нашата убава татковина и кои им даваат можност на непријателските
народи да извлечат заклучоци кои не и’ се поволни на грчката нација “(Lithoxoou
1992b: 55).
Во 1927 година грчката влада ја издаде директивата со која повикува на уништување на
сите словенски натписи во црквите и забрана за служење во црквите на словенски
јазик. Како продолжение на оваа политика, во 1936 година донесен е законот за
менување на сите словенски лични имиња, заедно со презимињата, да бидат целосно
елинизирани (Human Rights Watch / Helsinki 1994b: 6-7).

Така, започнувајќи од периодот 1918-1925, 76 населени центри во Егејска Македонија


биле преименувани-елинизирани.
Но, веднаш штом процесите на миграција од 1923 завршија и со тоа позицијата на
државата беше зајакната, следуваше наредба од законодавните органи на 17 септември
1926 година, објавена во Службен Весник N2 331, 21 септември 1926 година, и со
одлуката на Советот на Министрите од 10 Ноември 1927 година, објавена во Службен
Весник S2 287, 13 ноември 1927, процесот на преименување на населените места беше
забрзан до неверојатен степен. Следствено, во текот на 1926 година, 440 места во
Егејскиот дел на Македонија биле преименувани, 149 во 1927 година, 835-и во 1928
година, 212, односно само во три години, 1926, 1927 и 1928 година, дури 1.497 места во
Егејскиот дел на Македонија биле преименувани.

Евангелос Кофос, специјалниот советник за Балканските предмети во Министерството


за Надворешни Работи на Грција, во својот извештај запишал:

“Грчката држава, како и повеќето Источно Европски држави во меѓувоениот


период, наметна политика на асимилација на етничките групи. По Првата
Светска Војна и двоумењето во раните дваесети години, одлучи да ги третира
преостанатите словенски елементи како славофони Грци„
(Евангелос Кофос, Национализам и комунизам во Македонија, Аристид Д. Карацас,
издавач New Rochelle, N.Y., 1993, страна 255.)

Иако до крајот на 1928 година повеќето од населените места во Егејскиот дел на


Македонија добиле нови имиња, грчката држава продолжи со процесот на постепено
усовршување на системот на преименување, овозможено преку новите закони и новите
инструкции.
На 3 март 1929 година донесен е посебен закон под број 4.096, објавен во Службен
Весник L99 од 13 март 1929.
Благодарејќи на него, во периодот меѓу 1929-1940, уште 39 места во Егејскиот дел на
Македонија биле преименувани, а и по Втората светска војна (до 1979 год. заклучно)
уште 135 места биле преименувани во овој дел од Македонија. Се проценува дека
вкупно 1.666 градови и села биле преименувани во Егејскиот дел на Македонија во
периодот 1918-1970.
Во 1953 година беше донесен указот бр. 2536 година за колонизирање на северните
територии "со нови колонисти со здрава национална свест" – дека преовладува анти-
македонскиот елемент во овој закон е евидентно со исклучувањето на Турците во
Западна Тракија од таквите мерки.

Како доказ за присилното менување на карактерот на Македонија, верувале или не, е


самата зграда на Парламентот во Атина, каде денес стојат врежани оригиналните
имиња на македонските села, кои Грците насилно ги преименуваа со грчки имиња, меѓу
нив може да се сретнат: Пецово (сменето во Ditto), Баница(Vevi), потоа
Неврокоп,Клисура,Островица,Рупел, Поградец.

Ако Македонија беше отсекогаш грчка, зошто тогаш грчката влада би била принудена
да ги променува имињата на македонските градови, села на грчки?

You might also like