Сведоштва 2001
Панде Петровски (1943-2006), генерал во пензија
Личноста и делото на генерал-потполковник Панде Петровски, поранешен началник на Генералштабот на АРМ, оставија длабоки траги во поновата македонска историја. Иако имаше најкус, само тримесечен стаж како генерал на АРМ, Петровски одигра клучна улога во најтешките моменти од историјата на современата македонска држава кога се бранеше независноста на Република Македонија.
Тој имаше доблест и храброст отвoрено да проговори за случувањата во 2001 година. Петровски во книгата „Сведоштва“ се обиде некои премолчени работи да ги извади на виделина. Тој уште од самиот почеток тврдеше дека она што и' се случуваше на државата во тоа време практично беше војна, односно агресија од една странска држава врз нашата територија со поддршка на внатрешни политички структури. Петровски предвремено беше пензиониран, без да ги исполнува условите за тоа, а подоцна повторно беше повикан на служба во АРМ за да помогне во кризата во 2001. Во едно од своите интервјуа тој изјави: „МПРИ (тим на воени ветерани) во 1998 ни понуди каква армија треба да имаме. Се спротивставив на тоа и предложив моја опција што ја прифати и тогашниот министер Кљусев. Два пати го бранев планот во Брисел кој го прифатија и членките на НАТО. Подоцна пред претседателот Трајковски реферирав и нагласив дека имаме проблеми со МПРИ, што беше фатално за мене. Во јануари од медиумите разбрав дека Панде Петревски оди во пензија“.
Генерал-потполковник Петровски ненадејно почина во неделата. Тој беше роден во битолското село Живојно пред 63 години. Основно и средно образование завршил во родното место и Битола, а потоа и воена академија. Бил на висока функција во ЈНА, подоцна вклучен во формирањето на АРМ. (Б.Т.)