Professional Documents
Culture Documents
ВЕКТОРИ
ВЕКТОРИ
Претставување на векторите
Математичката апстракција дозволува елементите на векторскиот простор
да се наречат вектори иако директно од нив не се очитуваат
количественоста и качественоста. Така, на пример, множеството од сите
полиноми со реални коефициенти со степен не поголем од некој природен
број n претставува векторски простор, па следствено секој полином
претставува вектор.
Операции со вектори
Како што напоменавме операциите со вектори се разликуваат од
операциите со скалари. Според самата дефиницијана поимот операција во
математиката, исходот од оперирањето со вектори треба и самиот да е
вектор.
Собирање вектори
• Комутативност:
• Асоцијативност:
Одземање на вектори
и
Ако на векторот му го додадеме неговиот спротивен вектор: , тогаш се
добива:
Вака добиениот вектор (кој е збир на било кои два спротивни вектори) се
нарекува нулти вектор, нула-вектор или само нула (кога не води до забуна
со скаларната нула!). Овој вектор во однос на сите операции со вектори се
однесува како и нулата во однос на сите операции со скалари, па може да
кажеме дека нултиот вектор во векторскиот простор ѝ соодветствува на
нулата во скаларното поле. За да не се меша (во ознаката) со скаларната
нула, се бележи со големо о -
Множење на вектор
со скалар. Кога се множат вектори често настанува следнава забуна:
множењето вектори се меша со множењето на вектор со број (т.е. скалар).
Множењето на вектор со скалар k се врши на следниов начин:
или
Векторски простор
Векторскиот простор во основа е всушност множество во чии рамки
елементите задоволуваат одредени својства. Векторскиот простор е еден
од основните концепти на вишата математика. Со неговото воведување
возможно е теоретски да се решат голем број проблеми, а како најбитно се
овозможува димензионална апстракција - да се погледне преку третата
димензија (односно максималниот број на просторни димензии кои
човековиот мозок може сетилно да ги разграничи), т.е. да се разгледуваат
простори со повеќе од три димензии. Иако неговата дефиниција и теориска
разработка лежи во линеарната алгебра, концептот на векторски простор е
многу битен и во останатите делови на математиката, а посебно во
аналитичката геометрија.
Векторски потпростори
Слично како што во однос на множеството се разгледува подмножество,
така во однос на векторскиот простор се разгледува векторски
потпростор. Бидејќи самиот векторски простор е множесвто, логички се
наметнува заклучокот дека потпросторот е негово подмножество; но не
било какво подмножество. Имено потпросторот мора да е сам за себе
простор, односно за сите елементи од подмножеството да важат
аксиомите за векторски простор. Само тогаш може да се каже дека едно
подмножество е векторски потпростор. И потпросторите од еден векторски
простор не се еднозначно определени. Од друга страна, бидејќи
потпросторот ги „наследува“ операциите од просторот, доволно е да
покажеме дека, за секои и секои векторот:
, каде со е означено (под)множество вектори од
просторот за кое испитуваме дали е векторски потпростор. Релацијата „е
векторски потпростор од“ се бележи со знакот . Така, ако е
потпростор од пишуваме: .
• ако тогаш
• ако тогаш ( го содржи само нултиот-вектор)