Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 20

Предмет: Туристичка географија

Калифорнија
Сан Франциско, Лос Анџелес

Ментор Изработил
Проф. Д-р. Златко Јаковлев Горан
Ристовски
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Содржина

Вовед

Сан Франциско

Историја

Географија

Клима

Населби

Плажи и Паркови

Демографија

Локална Власт

Лос Анџелес

Користена литература

2
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Вовед

Калифорнија (англиски: California) е сојузна држава во


западот на САД. Таа се граничи со Тихиот Океан на запад и со
Невада на исток. Главен град на Калифорија е Сакраменто.
Други големи градови се: Лос Анџелес, Сан Франциско, Сан
Диего, Анахајм и Оукленд.
Главен град Сакраменто
Најголем град Лос Анџелес
Површина 3. место - Вкупно 410 000 km² - Широчина
400 km - Должина 1 240 km - % вода 4,7 - Латитуда 32° 32′ N
до 42° N - Лонгитуда 114° 8′ W до 124° 26′ W
Население - Вкупно 33 871 648 (2006: 36 842 934) -
Густина 83,85/km² (12. место)
Надморска височина - Највисока точка Маунт Витни
4 421 m Најниска точка Дет Вали -86 m.

3
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Сан Франциско

Обоените убавици, претставници на викторијанската


архитектура во Сан Франциско.

Сан Франциско е четвртиот најголем град во Калифорнија и


четиринаесетиот најголем во САД со 739.426 жители, според
информации од 2005 годинa. Се наоѓа на врвот на Сан
Франциско Полуостровот и е центар на збиднување во заливот
на Сан Франциско. Сан Франциско е втор град по густина на
жители во САД1.

Во 1776, Шпанците биле првите Европејци што перманентно го


населиле Сан Франциско. Тие основале мисија и ја нарекле
според Францис од Асиси. По започнувањето на златната
треска во 1848, градот започнал период на нагол развој. По
катастрофалниот земјотрес и пожар во 1906, Сан Франциско
бил брзо реконструиран и денес е еден од најпрепознатливите
градови во светот.

Сан Франциско е познат по маглата, стрмните ридови,


мешавината на викторијанска и модерна архитектура и по
локацијата на полуостров эаокружен со Тихиот Океан и
Заливот на Сан Франциско. Меѓу најпрочуените делови на Сан
Франциско се вклучуваат мостот на Златната Капија, Алкатраз,
кабелските коли, пирамидата на Трансамерика и кинеската
четврт.

1
Посетители, Историја на Сан Франциско, Град и Општина на Сан
Франциско

4
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Историја

Сан Франциско, полуостровот бил населен уште во 8000 п.н.е.


На 2 ноември 1769, шпанска експедиција предводена од Гаспар
де Портола пристигнала во областа на денешен Сан Франциско
и наишла на неколку мали села формирани од групата Јеламу,
дел од племето на Охлоне2. Шест години подоцна, шпанците ја
оформиле калифорниската мисија Сан Франциско де Асис (исто
позната како Мисија Долорес). Со мисијата била формирана
мала населба како и воена тврдина во пределот познат во
денешно време како Президио.

Мисија на Сан Франциско де Асис (Мисија Долорес)

По осамостојувањето на Мексико од Шпанија во 1821, областа


станала дел од Мексико. Во 1835, англичанецот Вилијам А.
Ричардсон ја изградил првата поголема куќа надвор од областа
на Мисијата Долорес. Куќата била изградена во близината на
едно пристаниште во областа денес позната како Портсмаут
Плоштад. Ричардсон заедно со предводникот на мисијата,
Франциско де Харо направиле урбан план за проширената
населба. Новоформираниот град бил наречен Јерба Буена и
почнал да привлекува американски доселеници. На 7 јули,
1846, за време на Мексиканско-Американската војна,
комодорот Џон Д. Слоут ја прогласил Калифорнија за
американска територија. Два дена подоцна, капетанот Џон Б.
Монтгомери пристигнал и го присвоил Јерба Буена. Градот бил
преименуван во Сан Франциско следната година. И покрај
2
Сан Франциско, Град на ридовите, Имиџ, Скопје, 2007

5
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

привлечната локација како пристаниште и воена база, Сан


Франциско сѐ уште претставувал мала населба во регион со
непристаплива географија.

Кабловска кола на улицата Калифорнија во 1899

Златната треска во Калифорнија привлекла маса на


пронаоѓачи на злато. Сан Франциско бил префериран во однос
на ривал-градот Бениша, и бројот на жители пораснал од 1.000
во 1848 на 25.000 во декември 1849. Можноста за збогатување
била толку привлечна да посадите на бродовите кои
допловувале во Сан Франциско дезертирале од своите позиции
и се упатувале кон златните пронаоѓалишта. Калифорнија брзо
станала официјална држава на САД и американската војска ја
изградила тврдината Поинт крај мостот на Златната Капија.
Војската изградила уште една тврдина на островот Aлкатраз со
цел да се заштити заливот на Сан Франциско. Со пронаоѓањето
на сребро во 1859 и отворањето на рудникот Комсток, бројот на
жители на Сан Франциско уште повеќе се зголемил. Со
зголемувањето на проток на луѓе, криминалот бил во подем и
брегот на Барбари се претворила во дел од градот каде што
владееле криминалот, проституцијата, и коцкањето.

Преземачите се обиделе да ги искористат шансите за


збогатување за време на златната треска. Први се збогатиле
банките како Велс Фарго (основана во 1852) и железничката
индустрија која под водство на т.н. голема четворка (чиј член
бил Лилeнд Стенфорд) ја изградиле првата
трансконтинентална железница. Развојот на пристаништето на
Сан Франциско го направил градот да постане центар на
трговска размена. Реагирајќи на побарувачката и вкусовите на
локалните жители, Ливај Страус отворил продавница за суви

6
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

производи а Доминго Гирардели започнал да произведува


чоколадо. Имигрантите го направиле градот да биде
разновиден: кинеските железнички работници ја креирале
кинеската четврт. Првите кабелски коли започнале да ги
пренесуваат жителите на Сан Франциско по стрмата улица Клеј
во 1873 година. Викторијанките на Сан Франциско почнале да
се намножуваат низ градот. Истовремено, градските татковци
лобирале да се создаде голем урбан парк. Како резултат на
тоа, Паркот на Златната Капија бил креиран. Жителите на Сан
Франциско изградиле училишта, цркви, театри и останати
типични институции на едно граѓанско општество. Президио се
претворил во една од најбитните воени бази на Тихиот Океан.
Кон крајот на 19-иот век, Сан Франциско се претворил во
интернационално прочуен град познат по својот уникатен стил,
раскошни хотели, претенциозни имоти на Ноб Рид и растечката
уметничка сцена.

"Никогаш во историјата модерен империјалистички град не бил


комплетно уништен. Сан Франциско повеќе не постои." – Џек
Лондон по земјотресот и пожарот во Сан Франциско во 1906
година3.

Во 5:12 часот на 18 април, 1906, силен земјотрес го удрил Сан


Франциско и северна Калифорнија. Додека зградите се рушеле,
дупки во гасоводниот систем почнале да предизвикуваат
пожари кои подоцна се прошириле низ целиот град4.
Водоводниот систем престанал да функционира и откако
пожарот беснеел неколку денови, војската од Президио
започнала да минира делови од градот со цел да го изолира.
Повеќе од три-четвртини од градот биле уништени, вклучувајќи
и најголемиот дел од центарот на градот. Во тогашно време се
верувало дека околу 498 луѓе го изгубиле животот, но,
модерните проценки велат дека неколку илјади погинале.
Повеќе од половина од 400.000 жители останале без домови.
3
Сан Франциско, Град на ридовите, Имиџ, Скопје, 2007
4
Историски Сан Франциско: Кратка Историја и Водич, Ричардс Ренд, 1991

7
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Избеглиците се населиле привремено во шаторски населби во


паркот на Златната Капија, во Президио и на плажите низ
градот. Многу од жителите засекогаш се отселиле во
источниот дел од заливот.

Палата на Уметностите во 1915 за време на Панамско-


Пацифичкиот Интернационален Саем
Реконструкцијата на градот била брза. Предлозите да се
реформира структурата на уличниот систем биле одбиени и
градот бил повторно изграден во истата форма како и
претходно. Банката на Италија на Амадео Џианини која
подоцна постанала Банка на Америка (една од најголемите
банки во САД), издала кредити на многу од жителите со
уништени живеалишта. Уништените палати на Ноб Ридот биле
претворени во хотели. Градското собрание било повторно
изградено и градот ја прославил својата реинкарнација со
Панамско-Пацифичкиот Интернационален Саем во 1915
година5.
Сан Франциско подоцна ја прославил својата повторно
здобиена грандиозност со Светскиот Саем во 1939 и 1940
година. За потребите на саемот бил изграден вештачкиот
Остров на Богатството во заливот на Сан Франциско.

5
Посетители, Историја на Сан Франциско, Град и Општина на Сан
Франциско

8
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

БСД Сан Франциско плови под Мостот на Златната Капија во


1942

Географија

Сан Франциско и северната општина Сан Матео

Сан Франциско се наоѓа на западниот брег на САД, на врвот на


Сан Франциско Полуостровот. Во границите на градот

9
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

припаѓаат и поголеми делови од оближните води на Тихиот


Океан и Заливот на Сан Франциско. Неколку острови во заливот
на Сан Франциско се дел од градот, како на пример Алкатраз,
Островот на Богатството, и островот Јерба Буена. На градот
припаѓаат и ненаселените Фаралон Острови кои се наоѓаат во
Тихиот Океан на 43 километри од брегот. Површината на
градот отприлика покрива квадрат од 11 на 11 километри.

Сан Франциско е познат по неговите ридови. За ридови се


сметаат сите извишувања над 30 метри. Во градот има вкупно
43 ридови. Некои населби во градот се наречени според
ридовите на кои се наоѓаат, вклучувајќи ги населбите Ноб Рид,
Пацифички Височини, Руски Рид, Портреро Рид и Телеграф Рид.

Автомобили се симнуваат по кривата улица Ломбард

Во близината на географскиот центар на градот, на југозапад


од центарот има неколку малку населени ридови.
Најдоминантен од нив е Сутро Ридот каде се наоѓа Сутро
Кулата - црвено-бела радио-телевизиска антена. Највисокиот
рид, Дејвидсон Ридот е висок 282 метри. Во 1934 година на
врвот на ридот бил поставел крст кој е висок 31,4 метри6.

Сан Андреас Фрактурата и Хејворд Фрактурата се главните


предизвикувачи на земјотресни активности и покрај тоа што
ниедниот од нив не поминува низ самиот град. Сан Андреас
Фрактурата ги предизвикала и двата големи земјотреси во 20-
иот век, во 1906 и 1989 година. Помали земјотреси се случуваат
во областа мошне често. Можноста за поголем земјотрес има

6
Сан Франциско, Град на ридовите, Имиџ, Скопје, 2007

10
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

големо влијание врэ развојот на инфраструктурата на градот.


Нови згради мораат да бидат градени според највисоките
структурни стандарди, додека постарите згради и мостови
постојано се обновуваат за да ги задоволат истите стандарди.

Обалата на Сан Франциско има пораснато над своите природни


граници. Целокупни населби како Марина, Хантерс Поинт, како
и големи делови од Ембаркадеро се изградени врз подземни
депонии. Островот на Богатсвото бил направен од материјал од
дното на заливот како и од ископините на островот Јерба Буена
кои се копале за време на градењето на Заливскиот Мост.
Таков тип на земјиште е нестабилен за време на земјотреси. За
време на земјотрес, земјиштето може да се претвори во течна
состојба со што градбите врз него претрпуваат големи штети.
Токму тоа се случило во населбата Марина за време на Лома
Приета Земјотресот од 1989 година.

Клима

Маглата го опкружува Мостот на Златната Капија и се


приближува на Криси Полето.

Следниов цитат често, но, погрешно се споменува дека Марк


Твен го кажал: „Најладната зима ја поминав едно лето во Сан
Франциско“ Сан Франциско има калифорниска медитеранска
клима чии карактеристики се благи, но, влажни зими и топли и
суви летa. Но, бидејќи градот е опкружен со вода од три
страни, климата на Сан Франциско е под силно влијание на
ладните струи од Тихиот Океан. Овие струи имаат тенденција
да ги ублажат наглите промени на температури и креираат
мошне блага клима со многу мали промени од сезона до сезона.
Просечната летна температура во Сан Франциско достигнува
до 21 °C и е околу 9 °C пониска од местата кои се малку повеќе
во внатрешноста на Калифорнија, како на пример Ливермор.
Зимите се благи и високите температури за време на денот
достигнуваат до 15 °C, а ниските скоро никогаш не се спуштаат
до нулата. Месеците помеѓу мај и септември се доста суви,

11
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

додека врнежите се релативно чести помеѓу ноември и март.


снегот е исклучително ретка појава со само 10 забележани
снежни врнежи од 1852 до 1995.

Комбинацијата на ладна океанска вода и силни горештини во


централна Калифорнија ја предизвикува карактеристичната
магла на Сан Франциско. Маглата знае да ја покрие западната
половина од градот эа време на целиот ден во лето и рана
есен. Маглата е помалку присутна во источните населби за
време на доцната пролет и во септември и октомври.
Септември и октомври се впрочем најтоплите месеци во
годината. Заради оштрата топографија и влијанието од водата,
Сан Франциско всушност има повеќе микроклими. Високите
ридови во географискиот центар на градот се одговорни за
20% разлика во годишните врнежи помеѓу различни делови од
градот. Тие исто ги заштитуваат населбите на исток од маглата
и ладната клима која што е карактеристична за населбата
наречена Зајдисонце. За оние што живеаат во источниот дел од
градот, Сан Франциско е прилично сончев со просек од околу
160 сончеви денови во годината а само 105 облачни денови7.

Табела 1: Податоци за климата на Сан Франциско


Фе Ма Ап Ма Ав Се Ок Но Де Годин
Месец Јан Јун Јул
б р р ј г п т е к а
Просечна
висока
13 15 16 17 17 18 18 18 21 20 17 13 17
температур
а (°C)
Просечна
ниска
7 8 9 10 10 11 12 12 13 12 10 8 10
температур
а (°C)
Дожд (cm) 10 8 7 3 1 -- -- -- -- 2 6 9 51

Населби

7
Географија на САД, Конти, Скопје, 2008

12
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Кинеска Четврт

Историскиот центар на Сан Франциско се состои од северно-


источниот квадрант на градот се до улицата Маркет на југ.
Тука се наоѓаат Финансиската Четврт и Јунион Плоштадот
којшто претставува туристички, хотелиерски и шопинг центар
на градот. Туристите како и граѓаните на Сан Франциско ги
користат кабелските коли да ги искачат стрмите приоди кон
врвот на Ноб Ридот којшто на времето претставувал дом на
најголемите бизнис ѕверки. Истите кабелски коли се користат
за спуштање кон Рибарскиот Мол кој во минатото бил користен
за прикотвување на рибарските бродови а денес претставува
голема туристичка атракција и центар на збиднување8. Во
истиот квадрант се наоѓаат и Рускиот Рид со светски-познатата
крива улица Ломбард, Северната Плажа која е Сан Франциско
верзија на Мала Италија, и Телеграф Ридот каде што се наоѓа
Коит Кулата изградена во спомен на пожарникарите на Сан
Франциско. Во близина се наоѓа и светски познатата Кинеска
Четврт која била формирана уште во 1860-тите. Тендерлојн е
населба која што многумина ја сметаат за една од населбите со
највисока стапка на криминал.

Областа Ричмонд е голем регион кој се наоѓа на север од


Паркот на Златната Капија и се простира се до Тихиот Океан.
Ричмонд е дом на одделот наречен "Нова Кинеска Четврт", но,
истовремено привлекува и низа имигранти од други делови од
Азија и Русија. На југ од Паркот на Златната Капија се наоѓа
Областа Зајдисонце каде мнозинството на жители се со азиско

8
Географија на САД, Конти, Скопје, 2008

13
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

потекло. Областите Ричмонд и Зајдисонце се главно населени


со жители од средна класа. Јужните делови на Сан Франциско
се населени најмногу со студенти и работници.

Плажи и Паркови

Стакларникот за Цвеќиња во Паркот на Златната Капија

Плажата Бејкер

Океанската Плажа се наоѓа на страната на Тихиот Океан,


додека Плажата Бејкер се наоѓа на живописна локација веднаш
на запад од Мостот на Златната Капија. И двете плажи не се
соодветни за пливање бидејќи водата е студена а струите
можат да бидат смртоносни. Најголемиот и најпознат парк е
Паркот на Златната Капија кој се простира од географскиот
центар на градот, па се до океанот. Пред да постане парк,
истата област се состоела од малку трева и многу песок. Денес,
паркот е посаден со илјадници дрва и растенија донесени од

14
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

други краишта. Во паркот се наоѓаат и атракции како


Стакларникот за Цвеќиња, Јапонската Чајна Градина и
Ботаничката Градина. Президио, бивша воена база, и Криси
Полето се дел од Националната Рекреативна Област на
Златната Капија. Во истата област припаѓаат и островот
Алкатраз и други оближни регионални паркови. Паркот Буена
Виста е најстариот парк во градот и бил оформен уште во 1867
година. Мерсед Езерото е слатководно езеро кое е опкружено
со парк.

Демографија

Број на жители (во илјади) по година

Бројот на жители на Сан Франциско се искачил на историски


максимални 776.733 во 2000 година за време на врвот на
Интернет бумот. Помеѓу 2000 и 2005 година бројот на жители
се намалил за околу 35.000. Со скоро 6.200 жители по
квадратен километар, Сан Франциско е вториот најгусто
населен голем град во САД, веднаш зад Њујорк. Сан Франциско

15
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

е центарот на заливот и заедно со Сан Хозе и Оукланд формира


метро област со над 7 милиони жители. Оваа област е петта
најголема по број на жители во САД според пописот од 2000
година.

Сан Франциско е град каде малцинствата се во мнозинство.


Помалку од 44% од населението се белци. 31% од вкупното
население се азиски Американци од кои најмногу се кинези.
Околу 14% се хиспањоли, додека помалку од 8% се африкански
Американци што е помалку од просекот на државно ниво.
Малкумина од жителите на Сан Франциско имаат живеено во
градот од нивното раѓање. Само 35% од жителите биле родени
во Калифорнија; 39% биле родени надвор од САД.

Локална Власт

Сан Франциско претставува и град и општина, статус којшто го


има уште од 1856 година. Сан Франциско е единствениот град-
општина во државата Калифорнија. Градоначалникот е
предводник и на општината додека Градскиот Совет е
истовремено и Одбор на Надгледувачи. Заради оваа уникатна
ситуација, градот има јурисдикција и врз земјиште кое се наоѓа
надвор од неговите граници. Аеродромот на Сан Франциско се
наоѓа во општината Сан Матео, но, е во власништво и е
управуван од градот и општината на Сан Франциско. Сан
Франциско исто перманентно изнајмува земјиште во долината
Хеч Хечи и дел од изливниот систем во Јосемити Националниот
Парк.

Собрание на Сан Франциско

16
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Според локалниот устав, владата на Сан Франциско се состои


од две еднакви власти. Извршната власт е предводена од
градоначалникот и вклучува други избрани и назначени
функционери, како и јавната професионална служба.
Единаесетте членови на Одборот на Надгледувачи ја
сочинуваат законодовната власт и се предводени од
претседател (Ерон Пескин во 2006). Надгледувачите се
избираат како претставници на одредени области на градот.
Ако градоначалникот почине или даде отказ, претседателот на
Одборот на Надгледувачи ја презема функцијата. Ова се
случило во 1978 кога Даен Фајнстајн ја преземала функцијата
од Џорџ Москони кој бил атентиран. Буџетот на Сан Франциско
во 2005 година се состоел од 5 милијарди долари.

Аклатраз

1,5 милиони туристи годишно го посетуваат Алкатраз.

Туризaмот е главен мотор на економијата на Сан Франциско.


Бидејќи Сан Франциско често се споменува и користи во
музиката, филмот и популарната култура, градот е еден од
најпознатите во светот. Сан Франциско е петиот најпосетен
град во САД од странски туристи, додека Пјер 39 крај
Рибарскиот Мол е третата најголема туристичка атракција во
земјата. Повеќе од 15 милиони туристи го посетиле Сан
Франциско во 2005 година и потрошиле околу 7,5 милијарди
долари. Бидејќи градот има голем број на хотели и ресторани
како и саемски простор од светска класа, Сан Франциско е
еден од десетте најголеми дестинации за конгреси и
конференции во Северна Америка.

17
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Хоризонтот на Сан Франциско вклучувајќи ја Трансамерика


Пирамидата во Финансиската Четврт

Како последица на златната треска, Сан Франциско се


претворил во главниот банкарски и финансиски центар на
западниот брег на САД. Улицата Монтгомери во Финансиската
Четврт е позната како „западниот Вол Стрит“ и е местото каде
што се наоѓа Федералната Банка на Сан Франциско. Во
минатото, на истото место била и Пацифичката Берза. Банката
на Америка, првата банка да започне да издава кредити на
средната класа, била основана во Сан Франциско. Многу
големи финансиски институции, мултионационални банки и
инвеститорски фирми имаат седишта или регионални
канцеларии во градот а тука се наоѓаат и седиштата на шест
од петстоте најголеми компании во САД (Форчн 500). Во Сан
Франциско има мошне силна инфраструктура за нудење на
професионални сервиси; тука можат да се најдат многу
адвокатски фирми, фирми за јавни односи, архитектура, и
графички дизајн. Сан Франциско е еден од десетте глобални
градови и е прогласен за Бета Светски Град9.

Економијата на Сан Франциско сè повеќе се поврзува со таа на


Силициумската Долина на југот. И двете имаат голема потреба
за високо образовани работници со мошне специјализирани
способности. Во последно време, градот станува се повеќе
центар за истражување и развој во биотехнологијата и
биомедицината. Населбата Залив на Мисијата е седиште на
вториот кампус на Универзитетот на Калифорнија во Сан
Франциско како и на многу компании од биотехнолошката
индустрија. Тука се наоѓа и седиштето на Калифорнискиот
Институт за Регенеративна Медицина, државниот институт кој
финансира програми за истражување на матични клетки10.

9
Посетители, Историја на Сан Франциско, Град и Општина на Сан
Франциско
10
Географија на САД, Конти, Скопје, 2008

18
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Националните синџири на продавници не се многу присутни во


градот. Локалната Комисија за Мали Претпријатија ги
подржува локалните трговци со цел поголем дел од
заработувачката да се зачува на локално ниво. Осумдесет и пет
проценти од сите фирми во градот се мали фирми со помалку
од десет вработени. Бројот на жители на Сан Франциско кои
што работат за компании со над 1.000 вработени се има
преполовено од 1977 година наваму.
Во Сан Франциско се наоѓа и музејот за наука Експлораториум,
еден од најпопуларните музеи во Сан Франциско, со над
500.000 посетители годишно.

Лос Анџелес

Лос Анџелес (англиски: Los


Angeles), познат по
скратеницата LA е град
сместен со плажата на Тихи
Океан, на југ на
американската држава
Калифорнија. Овој град
според статистиките во 2005
година, има 3,877,129 што го
прави најголем град во
Калифорнија, и после
Њујорк, втор град по број на
жители во САД. Лос Анџелес
е познат како еден од
најважните културни и
забавни центри. Во градот
се наоѓаат
многубројни училишта, здравствени и научни институции,
театри и музеи. Лос Анџелес е центар на фимлската и
телевизиската индустрија која е сместена во неговото
преградие Холивуд, а со тоа е и важен центар на музичката
сцена како и индустријата за авиони. Градот освен тоа, беше и
два пати домаќин на Олимписки Игри кои во него се одржувале
1932 и 1984 година.

19
Калифорнија Сан Франциско, Лос Анџелес

Користена литература

1. Посетители, Историја на Сан Франциско, Град и Општина


на Сан Франциско
2. Историски Сан Франциско: Кратка Историја и Водич,
Ричардс Ренд, 1991
3. Светска енциколопедија, Три, Скопје, 2008
4. Сан Франциско, Град на ридовите, Имиџ, Скопје, 2007
5. Географија на САД, Конти, Скопје, 2008

20

You might also like