Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 8

С.О.У. “Крсте П.

Мисирков” Демир Хисар

ИСТРАЖУВАЊЕ ПО БИОЛОГИЈА

Тема:
Молекуларна биологија и генетика

Предмет:
Гени, геном, мултипли алели

Ментор: Изработиле:

Проф. Мијаковска Бисера Александар Димовски IV1 клас

Никола Мијаковски IV-1 клас

Стојковска Билјана IV-1 клас

04.12.2009 год.
 Главна Хипотеза

- Генетика претставува наука која ги проучува, осознава и пренесува


знаењата за процесите на наследување и менливост.

 Помошни Хипотези

- Генот претставува најмал материјален носител на наследувањето


дефиниран како определен карактеристичен сегмент од молекулата на
DNA, со определен број нуклеотидни парови, специфичен распоред на
азотните бази во состав на нуклеотидите и има определен генски локус.

- Геном претставува збир на гени во една гамета, во која количеството


наследен материјал е двојно помало во однос на тоа кај една соматска
клетка.

- Мултипли алели се алелите, кои во една популација се застапени


со повеќе од два гени за исто својство.
 Независно променлив фактор

- Генот, основен носител на наследните особини кај организмите.

 Зависно променливи фактори

- Мутиран ген (промени во генски сегменти)

- Вид на мутација

- Мутагени фактори
• План на истражувањето

Работа во 1 група

Членовите од групата се индивидуално задолжени да прибираат


информации од темата на Генетиката, поконкретно, за Ген, Геном и
Мултипли Алели.

• Апарати, прибор и материјали.

- Компјутер

- Интернет

- Учебник по Биологија за II година

- Учебник по Биологија за IV година

ОБРАБОТКА, ОПИС И ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА


ПОДАТОЦИТЕ
Организам претставува морфолошка и функционална единка која
се карактеризира со голем број својства.
Меѓу организмите од различни видови постои голема варијабилност.
Меѓутоа и единките од ист вид, исто така, меѓусебно се
разликуваат. Варијабилноста е резултат, пред се, на разликите во
наследниот материјал.
Во која мерка ќе се манифестираат својствата зависи од наследниот
материјал (гени, DNA, хромозоми), но и од условите на средината во
која организмот живее.
Варијабилност претставува појава на фенотипски разлики помеѓу
организмите а според тоа, Фенотип е севкупноста на својствата не еден
организам (градба, физиологија, надворешен изглед).
Генотип претставува збир на гени во една телесна (соматска)
клетка, со сите карактеристики на наследниот материјал.
Гените по својата функција можат да бидат структурни и
регулаторни.
Структурните гени ја определуваат структурата на протеините, меѓу кои
за процесите на клетката најважни се ензимите.
Бидејќи својствата на организмот зависат од протеинскиот состав и
од ензимите кои ги содржат, значи дека структурните гени преку
кодирање на протеините ги детерминираат сите својства на индивидуата
т.е. видот.
Регулаторните гени ја регулираат функцијата на структурните гени, така
што одредуваат кои протеини, кога и во колкави количини ќе се
синтетизираат во клетките.
Гените претставуваат сегменти од DNA молекулата што значи дека
ги имаат истите својства на DNA, а тоа се:

• Генетска информација – код на постојаност на редоследот на


азотните бази по должината на полинуклеотидните низи во
составот на DNA молекулата, од кој редослед зависи синтезата на
протеините во клетките а од протеинскиот состав зависат
својствата на клетката т.е. индивидуата.

• Мутабилност (Мутации) – промени во наследниот материјал кои се


манифестираат во фенотипските својства на организмот.

• Идентична репликација – Репликацијата на DNA претставува


семиконзервативна продукција на две нови DNA молекули кои се
идентични со оригиналната DNA молекула.

Алелите претставуваат гени сместени на хомологни хромозоми, со


исти генски локуси, одговорни за исто својство.
Генски локус претставува местоположба на гени за едно својство во
хомологниот пар хромозоми.
Според пенетрабилноста и експресивноста, алелите можат да бидат
доминантни и рецесивни.
Хомозиготни алели се алелите на еден ист ген, кои се идентични во
однос на пенетрабилноста и експресивноста.
Хетерозиготни алели се алелите на истиот ген од кои едниот алел е
доминантен а другиот рецесивен.

Во хуманата популација, мултипли алели се алелите кои ги


детерминираат крвните групи од A, B, O системот. Крвните групи се
детерминираат од трите вида алели: I-A, I-B и i. Алелите I-A и I-B во
однос на алелот i се доминантни а меѓу себе се кодоминантни.
Од овие причини во хуманата популација се среќаваат 4 вида крвни
групи: A, B, AB и O.

Антигени во Антитела во Р-ја со антитела


Фенот Генот
еритроцити серум Анти-А Анти-В
О ii нема αиβ - -
А I-A,I-A / I-A,i А β + -
В I-B,I-B / I-B,i В α - +
АВ I-A I-B А,В нема + +

При трансфузија на крв е битно да се детерминира и Rh-факторот на


донаторот и реципиентот.
За да се избегне имунобиолошка реакција при трансфузија на крв
потребно е донаторот и реципиентот да имаат ист Rh-фактор. Генот за
Rh-факторот се обележува со буквите D или d.

Крвта содржи
Реакција со
Група Генотип Застапеност
Антигени во Антитела анти-D
еритроцити во серум

Rh‫٭‬ DD,Dd D нема + 85%

Rhˉ dd нема нема - 15%


ЗАКЛУЧОК

Заклучокот ни придава до знаење дека генот е главен носител на


наследните својства кај сите живи организми и од структурата на гените
зависат сите својства на индивидуите т.е. видовите.
Гените исто така може да се дефинираат како молекуларни
реченици каде зборовите се нуклеотидни “букви”, а во согласност со ова
генетскиот материјал на еден зигот може да се разгледува како “книга”
што е составена од молекуларни реченици.
Гените ја контролираат клеточната биохемија преку одредување на
структурата на ензимите и на други протеини, а ензимите се
катализатори кои ја модулираат целата хемиска (животна) активност во
живите организми.

You might also like