INVESTICISKI FONDOVI 2 Ciklus

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 29

1.

Инвестициските фондови како учесници на пазарот на капитал

Инвестицискиите фондови се најтипични претставници од групата


на млади и ефикасни посредници и учесници на развиениот пазар на
капитал. Тие се финансиски организации или институционални
инвеститори, кои собираат средства од своите вложувачи, и истите ги
пласираат во краткорочни или долгорочни инвестиции, односно во
различни финансиски облици. Инвестициските фондови, претставуваат
финансиска институција, која привлекува средства од малите
индивидуални инвеститори, и на истите за возврат им издава акции или
поретко удели во финансиската актива на фондот. Формираните
средствa на овој начин, инвестициските компании ги инвестираат на
домашниот или на меѓународниот финансиски пазар, во различни
видови на хартии од вредност, остварувајќи при тоа диверзификација на
инвестираните средства. За ефикасно инвестирање на средствата се
грижи портфолио менаџер или стручна екипа на луѓе, кои ја
претставуваат портфолио менаџмент компанијата.
Воглавно, инвестициските фондови ја збогатуваат
институционалната структура на банкарско финансискиот сектор, го
поттикнуваат штедењето и ефикасноста на инвестициите, по пат на
вложувања во најпрофитабилни хартии од вредност. Основата на која
почиваат овие фондови е следнава:
- прибирање и концентрација на мали парични суми од страна на голем
број лица;
- диверзификација на индивидуалниот ризик од вложувањето и,
- поголема вкупна ефикасност од вложувањата, заради фактот што
управувањето со средствата се доверува на професионален, високо
компетентен управувачки тим.
Овие институции имаат способност да допрат до најситните штедачи,
коишто имаат желба да инвестираат но немаат доволно информации кај
е најдобро да ги вложат своите слободни финансиски средства, и затоа
истите ги пласираат во овие фондови. Така мобилизираните средства,
инвестициските фондови ги пласираат или на пазарот на пари или на
пазарот на капитал, најчество во долгорочни хартии од вредност (акции

1
или обврзници). Со ваквиот начин на вложување на средствата во
хартии од вредност eмитувани од компании од различни дејности, на
географска лоцираност и различна ризичност, тие всушност вршат
диверзификација на ризикот. Неопходно е да се потенцира дека
работењето на овие институции е законски регулирано и се
воспоставени ефикасни системи за контрола и ревизија на нивното
работење, што е од огромна важност за заштита на интересите на
инвеститорите (сопствениците на финансиските средства што ги
пласираат кај нив).
Основните карактеристики на овие финансиски посредници на
пазарот на капитал се1:
- тие се финансиски институции што се занимаваат со инвестирање,
реинвестирање, посредување или трговија со хартии од вредност;
- мобилизираните средства ги пласираат во портфолио хартии од
вредност;
- за ефикасно работење на овие фондови се грижи стручен тим, кој
го претставува менаџментот на фондот.
Инвестициските фондови бележат динамичен и експозантен раст и
нивната популарност помеѓу ситните инвеститори е резултат на неколку
причини и тоа:
- тие даваат релативно високи приноси (повисоки од орочените штедни
депозити);
- се релативно сигурни (поради диверзификација на портфолиото) и,
- се со висок степен на ликвидност (бидејќи акциите на фондот може да
се продадaт или на фондот, или на пазарот на капитал, во зависност од
видот на фондот).
Инвестициските компании, имаат важна улога на полето на
финансиските услуги. Тие се средство за индивидуално штедење,
заради остварување на основни или дополнителни приходи. Имено,
повисоките стапки на принос на акциите и обврзниците, во однос на
штедните депозити, нудејќи притоа и ликвидност и релативна сигурност,
ги прават инвестиционите компании денес најефикасно средство за

1
Д-р Гордана Витанова, Финансиски пазари и институции, универзитет „Св. Климент
Охридски“ Битола, Економски факултет-Прилеп 2003 год. стр.227

2
долгорочно штедење. Поради тоа, нивниот обем и број е се поголем,
преземајќи ги традиционалните пазари на останатите финансиски
институции, пред се на банките, во доменот на ороченото штедење и
кредитирање, на пензиските фондови, во областа на пензиските планови
и на осигурителните компании во доменот на животното, но и на другите
видови на осигурување.
Инвестициските фондови, заедно со пензиските фондови и
осигурителните друштва, се носечки столбови на институционалните
инвеститори, чии број и форми се детeрминирани од степенот на
развиеност на финансиската инфраструктура, на одреден финансиски
пазар.
2.Еволутивен развој на инвестициските фондови

За почетоците на инвестициските фондови постојат различни


тврдења. Според некои автори, првите иницијални облици на
инвестициските фондови се јавуваат во 18 век во Шкотска. Други извори
тврдат, тие се појавуваат за прв пат во Холандија во 1822 година,
основани од страна на Кинг Вилјам I и тоа како затворени фондови.
Меѓутоа непобитен е фактот дека првиот инвестициски фонд започнал
со работа во Лондон, во 1860 година. Своето вистинско место, важност и
улога на пазарот на капитал фондовите го добиваат во средината и кон
крајот на шеесетите години од минатиот век во САД. Во 1960 година, во
Америка имало 160 фондови, кои управувале со актива од 17 милијарди
долари. Овие институции во развиените земји, се присутни повеќе од
еден век, а нивниот развој посебно се следи, после појавата на
глобализацијата на светските пазари на капитал (на пр. 1980 година, во
САД биле регистрирани околу 500 фондови, а во 1996 година бројката се
зголемила, на повеќе од 7000).
Анализита на учеството на инвестициските фондови покажуваат
дека нивното присуство и распространетост по региони е различна.
Имено, тие се најприсутни во САД, па во Европа, па потоа следи Африка
и Азија. Според структурата на вложени средства преовладуваат
вложувањата во акции и тоа со 45%, во обврзници со 20% и останатите
се мешани. Треба да се напомене дека таа структура многу се разликува

3
по региони, односно земји. Така што во САД, преовладуваат акциските
фондови и тоа со 50% од пазарниот удел, додека во земјите од ЕУ,
учеството е со околу 36%. Во транзиционите економии, доминираат
обврзничките фондови, со исклучок на Чешка и Хрватска, во кои
најголем удел имаат паричните фондови.2
Во Европа и останатите региони, растот на акциските фондови
заостанувал само заради слабата развиеност на пазарот на хартии од
вредност и немало многу простор за вложување и остварување на
атрактивни приноси. Во последните неколку години, може да се
забележи раст на долгорочните фондови (акциски, обврзници,
мешовити). Акциските фондови, се повеќе развиени во англоамеричките
земји, а обврзничките фондови се повеќе развиени, во земјите
именувани како граѓанско правни држави. Првите, имаат транспарентни
сметководствени стандарди, осигуруваат подобра заштита на
инвеститорите, кои пак под такви услови на заштита, се ориентирани да
инвестираат во фондовите.
Затворените инвестициски фондови, вообичаено издаваат или
продаваат ограничен број на акции, со цел зголемување на капиталот за
одредени инвестициски цели. Ако е потребно, затворените фондови,
можат да го зголемат нивниот капитал во акции, но сепак, не се обврзани
да ги препродаваат акциите, на барање на акционерите. Акционерите
имаат можност да ги отповикаат акциите, ако најдaт некој купувач на
истите, со што акциите од затворените фондови се тргуваат на
секундарниот пазар, а нивната пазарна вредност се моделира, според
влијанието на понудата и побарувачката без разлика на вредноста на
портфолиото.
Од друга страна, отворените инвестициски фондови, кои уште
биле познати како взаемни фондови, примале нови акционери, кои се
обврзани според статутот, да им ги отплатуваат акциите, на барање на
сопствениците по нивната вредност, која се добива преку вредноста на
портфолиото, поделено со бројот на издадените акции. Значи, имателот

2
D. Jurić: Perspektiva razvoja investicijskih fondova u Republici Hrvatskoj, Financijska teorija i praksa
29 (4) str. 385-398 (2005.)

4
на акции во взаемниот фонд, може во било кое време да ги оттуѓи
акциите, без да бара купувач на секундарниот пазар на хартии од
вредност. За да се исплати вистинската сума за акциите, взаемните
фондови мора да ја пресметуваат нивната вистинска вредност, најмалку
еднаш дневно, но повеќето од фондовите, вредноста ја пресметуваат
секој час.
За да постои еден фонд - отворени или затворен - квалификуван
за диверзификација, мора да ги исполнува следниве услови: 75% од
акциите мора да ги реинвестира и мора да поседува повеќе од 10% од
имотот на компанијата. Остатокот од 25% од средствата, можат да бидат
инвестирани во диверзифицирана компаннија. Независно од тоа, дека
диверзификацијата создава инвестиционен ризик, тоа на компанијата му
придонесува даночни олеснувања, на пример, ако инвестициската
компанија распределува 90% од добивката, пред оданочување на
акционерот, може да избегне дупло оданочување, односно може да ги
подели дивидендите и капиталната добивка, а да не биде оданочена.
Речиси сите взаемни фондови се диверзифицирани.

3. Функции и значење на инвестициските фондови на финансиските


пазари

Инвестирањето на пазарот на капитал е доходовна, но и многу


ризична работа. Флуктуациите на пазарите се чести, и многу често
очекувањата не се реализираат. Најдобар начин да се намали ризикот
од промашено инвестирање е вложување во портфолио на хартии од
вредност односно вложување во различни компании, од различни
сектори и меѓусебно независни, односно создавање на т.н. портфолио
(колекција на хартии од вредност), кое ризикот би го одржувал на
прифатливо ниво и би обезбедувал стабилно враќање на инвестираните
средства. Сепак, за да реализира ваквиот начин на инвестирање
неопходно е да се има доволно познавања за случувањата на пазарот на
капитал и поголема количина слободни парични средства за истите да
се инвестираат во купување акции од различни друштва. Овие
ограничувања најлесно мажат да се надминат со здружување на

5
средствата од повеќе индивидуални инвеститори за да се зголеми
расположивиот капитал за вложување во повеќе хартии од вредност и на
тој начин да се изврши диверзификација на ризикот. Вакватa можност на
ситните индивидуални инвеститори им ја овозможуваат инвестициските
фондови. Тие на инвеститорите, им овозможуваат поголемо враќање на
нивните вложени средства, минимизирање на потенциjaлниот ризик, а
инвеститорите своите акции во фондовите, можат секогаш да ги
продадат и да ја претворат својата инвестиција во готови пари.
Функцијата на фондовите е да им овозможи на инвеститорите, да ги
вложуваат своите средства во хартии од вредност и да оставарат поврат
на вложените средства со многу мал ризик.3
Основната причина, поради која инвестициските фондови се многу
атрактивни за вложување, е во тоа што дека преку нив, може да се
остварат поголеми добивки одколку преку класичното вложување на
средства во банки и штедилници. Вложувањето на средства во
инвестициските фондови овозможува и разводнување на ризикот на
вложените средства, пред се поради професионалното управување и
водење на портфолиото, преку следење на основните принципи и
начела на профитабилност, сигурност и ликвидност, како и можноста на
остварување на ниски трошоци во тргувањето со хартии од вредност и
други финансиски облици, поради големиот број на извршување и
трансакции. Исто така е многу важно и постоењето на соодветни
механизми за надзор, контрола и заштита на вложувачите.
Инвестициските фондови со својата инвестициона политика и
програма, утврдуваат каде и во кој износ треба да ги пласираат
средствата, а понекогаш се пропишува долна и горна граница на
пласманите во еден вид на хартии од вредност и на тој начин се решава
проблемот на диверзификација на ризикот, односно неговата дисперзија.
Регулаторните механизми, им наложуваат на инвестициските фондови
редовно да ги информираат своите клиенти за инвестиционите цели,
ризици и трошоци. Ова е неопходно затоа што со вложување во акции во
некој инвестициски фонд, се прифаќа и неговата инвестициона политика,
со сите нејзини ризици и очекувани приноси. Индивидуалните
3
www. mi-group. ba/mi-group/fond. htm

6
инвеститори при избор на инвестицискиот фонд се раководат од
висината на приносот и висината на ризикот. Правило е дека ризикот
оди „рака под рака со приносот“ односно поголем принос оди со поголем
ризик. Така на пример, индивидуалните инвеститори, кои имаат аверзија
спрема ризикот, и очекуваат помал принос, се определуваат за
вложувања во фондови кои вложуваат во обврзници на државата или
пак, во обврзници на големи и сигурни компании. Притоа, овие
инвеститори пред да инвестираат се информираат и за висината на
каматата на депозитите кај банките, а притоа го имаат во вид и фактот
дека банкарските депозити до определен износ се осигурани, кај
инвестициските фондови такво осигурување не постои и како резултат
на тоа ризикот е поголем, а со тоа и очекуваните приноси се поголеми.
Ивестициските фондови можат да стекнуваат принос за своите
инвеститори на три начини, но тоа никако не значи дека им го
гарантираат следново:
1. дивиденда и камати, примени од вложувањето во хартиите од
вредност во портфолиото;
2. при продажба на некоја хартија од вредност, односно ако ја
продадат по цена повисока од набавната, тогаш остваруваат
капитална добивка, која што им се исплаќа на инвеститорите;
3. пораст на вредноста на хартиите од вредност од портфолиото на
фондот, а со тоа и до пораст на набавната цена на акциите на
фондот.
Инвестирањето во инвестициски фондови овозможува реализација
на приход, кој се исплаќа обично двапати годишно. Во практиката овој
приход е познат под името дистрибуциска добивка и зависно од
преференциите на инвеститорот, видот на фондот во кој е инвестирано,
приходот може и автоматски да се реинвестира. Со овие
реинвестирања, се зголемува и вредноста на портфолиото на
инвеститорот.
Доколку пак, инвеститорот сака редовен приход, тогаш вредноста
на портфолиото, по правило останува непроменето, во однос на
почетната вредност, бидејќи постојано му се исплаќа остварената
заработувачка. Како и кај секои други инвестиции, секогаш постои ризик

7
од евентуална загуба. Имено, висината на приходот не е сигурна и не се
знае кога ќе расте или паѓа, бидејќи зависи од случувањата на пазарот
на хартиите од вредност, со кои фондот располага.
Освен што овозможуваат остварување на поголеми приходи со
релативно низок ризик на инвестирање инвестициските фондови се
интересни за инвеститорите и поради следново:
1. едноставно, лесно и брзо купување на акции на инвестиционите
фондови, преку берзански посредници.
2. лесно продавање, односно брзо претварање на хартиите од
вредност во парични средства. Најголем број од инвестицските
фондови се подготвени да ги откупат своите акции од
инвеститорите. За да ја реализира оваа активност, инвеститорот,
треба да го извести фондот за таквата негова намера и тој ќе му ги
исплати средствата во рок од 7 дена врз основа на добиениот
налог, на денот на издавањето на налогот на фондот;
3. инвестициските компании коишто располагаат со повеќе фондови
им овозможуваат на нивните инвеститори да вршат менување на
фондовите во кои инвестираат а кои се во нивен состав. Таквото
менување е битно за инвеститорите затоа што не се ограничени,
напротив имаат можност за финансиска мобилност и истата е
проследена со ниска а понекогаш и без провизија;
4. инвеститорите имаат можност за автоматското реинвестирање,
односно повторно вложување на средствата во фондот без
плаќање провизија;
5. инвеститорот може да се договори со фондот дел од приходите
или главнината, месечно автоматски да му се праќаат на неговата
сметка нему или на било кој, што претходно е одреден од
инвеститорот;
6. редовно и ажурно известување за реализираните резултати.
Инвеститорот од страна на фондот редовно е известуван за
висината на неговите средства, реализирани и исплатени приноси
и сл.;
7. стручниот тим кој раководи со инвестициските фондови
обезбедува гаранција дека доверените инвестициски средства се

8
ефикасно пласирани. Поради тоа, реално е очекувањето дека
средствата пласирани со посредство на инвестицските фондови,
ќе бидат соодветни пласирани и ке обезбедат понизок ризик и
повисок принос. 4
И покрај сите овие предности и позитивности не смее да се заклучи
дека инвестирање во инвестициски фонд е безризично. Познато е дека
ниту едно инвестирање не е без ризик, па затоа и инвестирањето во во
инвестициски фонд има извесен ризик. Имено, не секогаш портфолио
менаџментот може да ги предвиди случувањата и движењата на пазарот.
Пазарите во основа можат да бидат и ирационални, а типичен пример за
тоа е падот на големиот инвестициски фонд Лонг терм Капитал во 1998
година кога, тој се најде пред неизбежна пропаст. Спасувањето било
изведено со средства, од група американски банки и брокерски куќи, кои
оцениле дека пропаста на тој фонд може да предизвика системска криза
од несогледливи димензии. Со своите придонеси, тие направија пакет од
3,6 милјарди долари, со кој било спречено банкротство на фондот.

4.Видови инвестициски фондови

Ивестициските фондови се финансиски посредници на


финансиските пазари кои мобилизираат средства од своите вложувачи
и тие средства ги инвестираат во различни финансиски облици, односно
имот. Постојат голем број класификации на инвестициските фондови, во
зависност од тоа кои критериуми се земаат за приоритетни.
Најзастапена поделба на инвестициските фондови, во која како
критериум е начинот на прибирање на капитал, е нивната поделба на
отворени инвестициски и затворени инвестициски фондови.5:
1. Отворени инвестициони фондови
2. Затворени инвестициони фондови
Според предметот на инвестирање, позната е поделба на
следните типови на инвестициски фондови:

4
М-р Дејан Шошиќ: Инвестициони фондови: Основни карактеристики, Септември 1996 год,
стр. 30-31
5
2000 Mutual Fund Fact Book, Investment Company Institute, May, 2000

9
1. Инвестициски фондови, кои капиталот го вложуваат во хартии од
вредност;
2. Инвестициски фондови, кои инвестираат во недвижности и,
3. Инвестициски фондови, кои капиталот го вложуваат во посебни
финансиски облици, односно инструменти.

4.1 Отворените инвестициски фондови

Отворените фондови се појавуваат уште во 18-ти век. Првиот


модерен отворен фонд е создаден во 1924 година, во Бостон,
Масачусетс. Големата светска криза во 1929 година, кога банкротирале
берзата, голем број затворени инвестициски фондови, ја наметнала
потребата од истражување на причините што довеле до нивен крах.
Токму затоа во 1933 год. во САД е формирана Комисијата за хартии од
вредност со цел, да ги заштити интересите на инвеститорите, грижејќи
се за доследно спроведување на регулативата и законските прописи. Со
донесената законска регулатива секој отворен фонд пред да започне со
работа неопходно е да се регистрира во Комисијата за хартии од
вредност. Бројот на отворени фондови започнал рапидно да расте по
Втората Светска војна.
Отворените инвестициски фондови (mutual funds) се такви
фондови коишто на инвеститорите од коишто прибираат слободни
парични средства им даваат инвестициски купони (акции), а така
прибраниотт капитал потоа го вложуваат, во согласност со политиката на
инвестирање, која е објавена во проспектот на фондот. Карактеристично
за овие фондови, е тоа што тие имаат обврска од своите инвеститори да
ги откупат назад инвестициските купони (акции), и тоа по нивно барање.
Всушност, отворените фондови се колективни инвестиции, кои издаваат
и откупуваат акции во секое време. Инвеститорот, може да ги купува
истите преку фондот, или преку брокерска куќа. Секој инвеститор,
всушност поседувајќи акции во фондот, поседува дел од имотот на
фондот.
Притоа, акциите се откупуваат, по цена која е еднаква или приближно
еднаква на нето вредноста на активата на целиот фонд, односно

10
портфолиото, по еден купон. Цената на акцијата се определува
секојдневно според податоците од заклучните листи за котација на
хартиите од вредност. Имено, секој сопственик на акции на фондот има
право да му ја продаде акцијата на фондот по цена која е утврдена
претходниот ден. Заинтересираните купувачи купуваат акции директно
од фондот, а заинтересираните продавачи ги наплатуваат своите акции,
така што ќе ги продадат директно на фондот.
Отворените фондови, се правично поделени во акции (удели),
кои варираат во цената непосредно, со пропорцијата на варијација на
вредноста на фондот. Секогаш парите инвестирани во нови акции или
удели, создаваат нова повисока цена на акцијата (секогаш акциите ги
откупуваат средствата по повисоката цена на акцијата).
Собраните средства кај отворените фондови се управувани од
професионалци, кои одлучуваат за инвестиционата стратегија, која што
одговара на инвестиционите цели, опишани во проспектот на фондот.
Нивните инвестициони одлуки, се базираат на солидно знаење и
истражување на пазарните услови и на финансиските перформанси на
индивидуалните компании и одредени хартии од вредност, во кои
фондот инвестира. Со менување на економските услови во
окружувањето, фондот треба да ја прилагоди комбинацијата на своите
инвестиции, со прифаќање на поагресивна или по конзервативна
инвестициска стратегија.
Менаџерите на фондот, инвестираат во различни хартии од
вредност, за да обезбедат диверзификација на портфолиото.
Диверзифицираното портфолио го намалува ризикот, со анулирање на
загубите кај едни хартии од вредност, со добивките кај другите.
Всушност, отворениот фонд му обезбедува на просечниот инвеститор,
професионален менаџмент на парите и диверзификација на
инвестиционото портфолио, карактеристично за големите инвеститори и
за богатите инвеститори.
Отворените фондови функционираат во многу развиени земји,
принципот на работа им е ист, но може да се јават нееднаквости во
терминологијата или пак во некои оперативни правила. На пример, во
САД се нарекуваат mutual фондови, во велика Британија се викаат

11
OEICs (Open-Ended Investment Companies), а во останатите земји во
Европа најчесто се среќаваат како SICAVs.
Од вкупно 33.431 отворени фондови во светот, само во САД се
6.594, додека втора земја по број на отворени фондови е Јапонија со
вкупно 5.954.
Индивидуалните инвеститори имаат голем број на предности да
инвестираат во отворените фондови меѓу кои најзначајни се
следниве:
• Професионален менаџмент – Целокупните активности на
фондовите ги извршува професионален портфолио менаџмент.
Индивидуалните инвеститори не мора да имаат стручни познавања
за случувањата на пазарот на хартии од вредност за да менаџираат
со своите средства, туку со инвестирањето во фондовите, таа
одговорност му ја препуштаат на стручен тим да менаџира со нивните
портфолија.
• Диверзификација – Со поседувањето на акции во отворените
фондови, за разлика од поседување на индивидуални акции или
обврзници, се врши диверзификација на ризикот. Имено, со
инвестирање во голем број на хартии од вредност, се разводнува
ризикот, односно ако со поседувањето акции од една компанија се
изгуби постои веројатност со акциите од друга компанија да се
оствари добивка. Поседувањето огромен број акции или обврзници
претпоставува дека загубата од едни ќе биде надоместена со
добивката од други. Овие фондови поседуваат стотици различни
акции, обврзници во различни компании и дејности, а тоа не може да
го направи ситниот инвеститор.
• Економија во обем - бидејќи фондовите купуваат и продаваат
големи количини хартии од вредност, трошоците за трансакции
благодарение на економијата на обемот се далеку пониски, во однос
на трошоците кои би ги имал индивидуалниот инвеститор доколку сам
би вршел трансакции.
• Ликвидност - отворените фондови им овозможуваат на имателите на
акциите, истите да ги конвертираат во готовина, секогаш кога ќе
посакаат.

12
Негативности од инвестирање во взаемен фонд се:
• Професионален менаџмент - многу индивидуални инвеститори не
се целосно сигурни дека професионалци во инвестициските фондови
се навистина компетентни и стручни да извршат добар избор на
хартиите од вредност во кои нивните средствата ќе бидат
инвестирани. Инвеститорите плаќаат провизија за услугата независно
дали од инвестирањето ќе остварат добивка или загуба.
• Трошоци – инвестирањето во овие фондови не е инвестирање без
трошоци, индивидуалните инвеститори имаат трошоци изразени
преку провизијата кој ја плаќаат.
• Даноци – инвеститорите коишто ќе остварат добивка имаат обврска
да платат персонален данок на истата.
Инвестирањето во отворените фондови не е безризична работа,
имено колку е повисока заработувачката толку е повисок ризикот.

Постојат неколку видови отворени фондови и тоа:


1. Фондови во акции;
2. Фондови во обврзници;
3. Хибридни фондови;
4. Фондови во краткорочни хартии од вредност.

Фондовите во акции се делат на :

- Фондови со агресивен раст За овие фондови е својствено што


инвестираат најмногу во акции на мали, растечки компании, со
потенцијал за остварување на апрецијација на капиталот.
- Фондови во акции од земјите во развој, инвестираат најмногу во
сопственички хартии од вредност на компании, со седиште во помалку
развиени делови од светот.
- Фондови во раст и доход инвестираат најмногу во обични акции на
етаблирани компании, со потенцијал за раст на капиталот и остварување
на задоволителни дивиденди.
- Фондови во раст, најголем дел од своите инвестиции ги насочуваат во
добро утврдени компании, со потенцијал за апрецијација на капиталот.

13
Примарна цел на овие фондови, е да ја зголемат вредноста на нивните
инвестиции (капитална добивка), отколку да генерираат готовински тек
од дивиденди.
- Фондови во доход од акции, остваруваат доход со инвестирање во
сопственички хартии од вредност, на компании со задоволителни
дивиденди. Зголемувањето на капиталот, не е примарна цел на овие
фондови.
- Фондови во меѓународни акции, инвестираат најмалку две третини
од нивното портфолио, во сопственички хартии од вредност, на
компании лоцирани надвор од земјата.
- Фондови во регионални акции, инвестираат во сопственички хартии
од вредност, на компании основани во одредни региони во светот, како
што е Европа, Латинска Америка, Азија или пак други земји.
- Фондови во секторски акции, остваруваат зголемување на капиталот,
преку инвестирање во компании, во поврзани дејности или одредени
индустрии, како што се финансиски услуги, здравствена нега, природни
извори, технологија или јавни служби.
Фондови во обврзници
- Општи фондови во корпоративни обврзници, остваруваат поголемо
ниво на принос, со инвестирање на две третини и повеќе во
корпоративни обврзници, кои немаат точно определени ограничувања,
во поглед на просечниот рок на доспевање. Нивниот просечен рок е од 5
до 10 години6.
- Краткорочни фондови во корпоративни обврзници, остваруваат
високо ниво на тековен доход, при постојано инвестирање на две
третини од нивното портфолио, во корпоративни обврзници. Нивниот
просечен рок на доспевање е од една до пет години.
- Општи фондови во глобални обврзници, инвестираат во должнички
хартии од вредност од целиот свет и немаат утврден просечен рок на
доспевање или тој е поголем од пет години. До 25% од хартии од
вредност во нивното портфолио (не вклучувајќи ја готовината), може да
бидат инвестирани во компании лоцирани во САД.

6
A guide to understanding Mutual funds 1999 ICI

14
- Општи фондови во државни обврзници, инвестираат најмалку две
третини од нивните портфолија во државни обврзници и немаат
одредено просечен рок на доспевање.
- Фондови со преоден рок во државни обврзници, инвестираат
најмалку две третини од нивните портфолија во САД државни обврзници
и имаат рок на доспевање од пет до десет години.
- Краткорочни фондови во државни обврзници инвестираат најмалку
две третини од нивните портфолија во САД државни обврзници и имаат
рок на доспевање од една до пет години.
- Високи приносни фондови, остваруваат висок принос на доход, со
инвестирање на најмалку две третини од нивните портфолија, во ниско
рангирани корпоративни обврзници.
- Фондови во хипотекарни обврзници, инвестираат најмалку две
третини од нивните портфолија во хартии од вредност, поврзани со
хипотекарни кредити.
- Општи фондови во национални општински обврзници, инвестираат
најмногу во општински обврзници и имаат просечен рок на доспевање
повеќе од пет години или пак, тој не е определен. Обврзниците
вообичаено се ослободени од федералниот данок на доход, меѓутоа
може да бидат оданочени според државните и локалните закони.
- Краткорочни фондови во национални општински обврзници,
инвестираат најмногу во општински обврзници и имаат просечен рок на
доспевање од една до пет години.
- Општи фондови во државни општински обврзници, инвестираат
најмногу во општински обврзници и имаат просечен рок на доспевање
повеќе од пет години или пак тој не е определен. Обврзниците
вообичаено се ослободени од данок на доход за резидентите на
државата.
- Стратешки доходовни фондови, инвестираат во комбинација на
домашни хартии од вредност со фиксен доход, за да обезбедат висок
тековен доход.
- Хибридни отворени фондови

15
Овие фондови се нарекуваат хибридни затоа што мобилизираните
средства од индивидуалните инвеститори ги пласираат во акции,
обврзници и други инструменти на пазарот на пари.
Фондови за алокација на средствата, претендират за висок вкупен
принос, инвестирајќи во микс на акции, хартии од вредност со фиксен
доход и инструменти на пазарот на пари.
Балансирани фондови, инвестираат во одреден микс на сопственички
хартии од вредност и обврзници, со трикратна цел на одржување на
главницата, обезбедување на доход и остварување на долгорочен
растеж на главницата и доходот.
Фондови со флексибилно портфолио, бараат висок вкупен повраток
на средствата, со инвестирање во обични акции, обврзници и други
должнички хартии од вредност и други краткорочни хартии од вредност.
Фондови со мешан доход, бараат висок тековен доход со инвестирање
во разновидни хартии од вредност, кои креираат доход, вклучувајќи ги
акциите и хартиите од вредност со фиксен принос. Порастот на
капиталот не е примарна цел.

Затворени инвестициски фондови

Затворените инвестициски фондови се карактеризираат со тоа што


уделите или акциите кои им им ги даваат на вложувачите не се должни
истите повторно, да ги откупат од вложувачите. Наместо тоа, со акциите
на затворените фондови, се тргува на берзите на хартии од вредност.
Самиот процент на купопродажба на тие акции е ист, како и кај другите
облици на долгорочни хартии од вредност на секундарниот пазар.
Во зависност од начинот на управувањето инвестициските
фондови се делат на: активно и пасивно управувани фондови.
Постојат битни разлики меѓу активно и пасивно управуваните затворени
инвестициски фондови.
Во активно управуваните фондови, портфолио менаџерите имаат
активна улога во креирањето на портфолиото на инвестицискиот фонд.
Тие вршат анализа на пазарите, пазарните случувања со хартиите од

16
вредност (пораст и пад на нивните цени), монетарните фактори,
случувањата со останатите учесници на пазарите на капитал и низа
други фактори, на кои ја темелат својата инвестициона одлука. Нивната
стратегија е начелно утврдена и во проспектот на фондот, во кои се
дадени основите на инвестирање на фондот, кои што претставуваат
појдовна база во реализацијата на инвестиционата политика. За своите
услуги, тие најчесто наплатуваат провизија од 2% од средствата со кои
управуваат. Портфолио менаџерите на активно управуваните фондови,
држат дополнителни резерви во готовина која ја инвестираат тогаш кога
ќе оценат дека ќе донеси најголем профит.
Пасивно управуваните фондови се карактеризираат со врзување
на портфолиото на фондот, со одреден индекс како на пр. Standard &
Poors 500 и следење на неговите промени.
Затворениот фонд може да оствари добивка ( загуба) на следниве
начини:
- преку пазарно зголемување (намалување) на цените на домашните
акции;
- од приход на дивиденди;
- преку дистрибуција на капитална добивка;

Основни карактеристики на затворените инвестициони фондови се:

Професионален менаџмент- инвестиционото портфолио на


инвестициониот фонд, е професионално управувано од професионален
менаџер на фондот. Затворениот инвестициски фонд прибира средства
за инвестирање, преку продажба на одреден број на акции и менаџерот
ги инвестира така собраните средства, во согласност со политиките и
целите на фондот. Износот, којшто му стои на располагање на
инвестициониот менаџер, не зависи од враќањето и купувањето на
акциите од страна на инвеститорите, бидејќи затворениот фонд не нуди
можност неговите акции да бидат купени, односно вратени од страна на
инвеститорите во било кое време. Затворениот инвестициски фонд, нема
потреба од продажба од хартиите од вредност, коишто ги има во своето
портфолио, заради задоволување на инвеститорите за готовина или да

17
набави хартии од вредност, за да ги инвестира средствата обезбедени
од инвеститорите. Оттука следува дека затворениот инвестиционен
фонд, не е предмет за барањата на инвеститорите за готовина, туку
фондот може своите прибрани средства да ги инвестира во помалку
ликвидно портфолио хартии од вредност. На пример: тоа може да бидат
хартии од вредност, со кои се тргува во земји кои немаат целосно
развиен пазар од хартии од вредност.
Структура на портфолиото - затворниот инвестициски фонд, може да
биде широко диверзифициран и да ги инвестира своите средства во
голем број на различни акции и обврзници. Како резултат на високиот
степен на диверзификација на портфолиото на фондот, влијанието на
промените во цените, на било која акција или обврзница, од неговото
портфолио е минимизирано. Во одредени случаи, некои фондови имаат
недиверзифицирано портфолио, со вложување на средствата во
одреден вид на хартии од вредност. Меѓутоа, во секој случај за
индивидуалниот инвеститор, е многу потешко и посакапо да формира
широко диверзифицирано портфолио, како што го има затворениот
инвестициски фонд, што во основа представува и една од главните
причини, поради кои индивидуалниот инвеститор, се одлучува да купи
акција токму од овие фондови.
Постојат два основи типа на инвестициски фондови - во акции и во
обрзници. Сите затворени фондови во акции, подлежат на ризикот од
промена на вредноста од портфолиото, кое тие го поседуваат и на тој
начин доаѓа до соодветна промена и во НАВ и во пазарната цена на
акциите на фондот. Вредноста на одредена акција, може да се зголеми
или намали, во зависност од деловните активности и финансиските
перфоманси на издавачот на акцијата или пак како одговор на пазарните
и економските услови, кои што влијаат на работењето на издавачот, на
одредена акција или на пазарот на акции.
Од типовите на затворени фондови на домашни акции може да се
издвојат следниве:
- Сопственички балансирани фондови - го баласираат портфолиото
помеѓу САД сопственичките и должничките харии од вредност за да
обезбедат едновремено и капитален прираст и приход.

18
- Сопственички фондови со двојна цел инвестираат примарно во
хартии од вредност на домицилни САД компании и издаваат два вида на
акции на фондот: 1). Акции кои носат приход и добиваат од дивидендите
генерирани од фондот, но не добиваат дел од зголемување на капиталот
на фондот (капиталната добивка на фондот);
2). Капитални акции, чии сопственици добиваат 100% од капиталната
добивка на фондот, меѓутоа ништо од приходите од дивиденди, кои ги
остварил фондот.
-Фондови, кои инвестираат во пораст на сопственички капитал и
приходи, насочени кон комбинација на зголемување на капиталот и
приходите преку инвестирање во САД домицилирани хартии од
вредност.
-Сопственички приносни фондови - се концентрирани на
обезбедување на зголемени приноси, преку инвестирање во домицилни
компании во САД.
-Сопственички специјализирани фондови - инвестираат во
диверзифицирано портфолио првенствено на САД сопственички хартии
од вредност, концентрирани во одредена индустрија или тип на хартии
од вредност.
-Сопственички фондови во компании од јавниот сектор -
инвестираат во хартии од вредност, во компании од јавниот сектор на
САД.
-Фондови со флексибилно портфолио - инвестираат во обични акции,
обврзници и краткорочни хартии од вредност и други видови на
должнички хартии од вредност, од САД.
Затворени фондови во странски акции
Мулти државните фондови, кои инвестираат во зголемување на
капиталот, се насочени кон остварување на капитални добивки, преку
инвестирање на сопственички хартии од вредност, на компании, со
седиште надвор од САД и распространетата мрежа.
Сопственички балансирани фондови во една земја, ги
балансираат нивните портфолија помеѓу сопственички и должнички
хартии од вредност, на компании и влади надвор од САД, концентрирани

19
во одредена земја, заради постигнување и на капитална добивка и на
приносот од дивиденди.
Сопственички фондови во една земја, кои инвестираат во
зголемување на капиталот, се насочени кон остваување на капитална
добивка, преку инвестирање во сопственички хартии од вредност, на
компании со седиште надвор од САД, концентрирани во одредена земја.
Сопственички фондови во една земја, кои инвестираат во
зголемување на капиталот и доходот, се насочени кон комбинација од
капитална добивка и доход од дивиденди, преку инвестирање во
сопственички хартии од вредност, со седиште надвор од САД,
концентрирани во одредена земја.
Сопственички фондови, кои инвестираат во хартии од вредности
од цел свет.
б) Затворени фондови во обврзници
- Домашни затворени фондови во обрзници;
- Конвертибилни фондови инвестираат, првенствено во конвертибилни
САД обврзници и конвертибилни преферцијални САД акции, за да
остварат пораст на капиталот и принос од дивиденди;
- Фондови во должнички корпоративни обврзници, инвестираат
првенствено во должнички хартии од вредност на САД корпорации;
- Фондови во владини должнички обврзници, инвестираат во хартии од
вредност, издадени од владата на САД;
- Фондови во мешани должнички обрвзници, инвестираат во комбинација
од должнички хартии од вредност, издадени од компании и влади од
САД;
- Фондови во должнички општински обврзници - национални обврзници,
инвестираат во американски должнички хартии од вредност, издадени од
државните или локалните власти од САД;
- Фондови во должнички општински обврзници - од една држава
обврзници инвестираат во американски должнички хартии од вредност,
издадени од одредена држава и /или локалните власти од таа држава.
б) Затворен фонд со варанти

20
Варант е тип на хартија од вредност, која му дава на сопственикот
право, но не и обврска да купи акции од фондот, по однапред одредена
цена внатре, во одреден термин.
Тие можат да бидат купени или продадени во било кое време, пред
датумот на извршување ”exercise date”, не носат право на глас и не
донесуваат дивиденти. Сопственикот на варанти во затворен фонд, има
право на купување на акции во тој фонд, на одреден ден во иднина, која
може да трае и по неколку години. Последниот ден на достигнување, не
мора да биде утврден на точно одреден ден во годината, па тоа значи
дека сопственикот на варант може да купи акции во одреден фонд, на
било кој ден, помеѓу два зададени распони.
Варанти, како и акциите можат да бидат купени или продадени на
берза во било кое време, до истекот на последниот ден на
достигнување. Во повеќето случаи, се продаваат одвоено од акциите.
Има неколку причини, поради кои, инвеститорот сака да купи
варанти:
-може да ги купи со заработка ако цената расте;
-со варантите сака да го смали ризикот, односно да го изедначи
портфолиото и така да ги заштити инвестициите;
-може да ги купи со намера за подоцнежна употреба.
г) Затворен фонд со план на сопствениот капитал и штедни шеми за
инвеститори
Сè повеќе и повеќе менаџерски групи на затворени фондови, нудат
посебни планови на капитал и штедни шеми за инвеститори. За ваков
начин на вложување, не е потребен брокер, па се избегнува плаќање на
брокерска провизија.
Парите на индивидуалните инвеститори, се собираат со парите на
останатите вложувачи во шеми. После тоа, се купуваат акции на
пазарот, во име на инвеститорот, обично еднаш месечно, понекогаш и
почесто, зависно од шемата.
Во иднина, ако акцијата ја купил затворениот фонд, кој е поголем
инвеститор и со поголема финансиска моќ, ќе плати пониска провизија
на брокерот, а тоа значи дека и инвеститорот ќе има понизок трошок.

21
Со овие шеми, обично управуваат менаџери на затворени
фондови. Инвеститорот е првиот сопственик на купените акции и
слободен е да купи нови, или да ги продаде истите доколку сака. Секој
пат, кога акцијата се купува во име на инвеститорот, тој добива извештај,
со сите направени трансакции.
Доколку сопственикот, сака акциите да ги продаде, може тоа да го
направи преку брокер или банки. Меѓутоа, за да се избегнат поголеми
посреднички провизии, овие шеми нудат и посебни договори кај
продажбата на акции, така што на сопствениците да им постане
поевтино.
Голем број на затворените фондови, ја пресметуваат вредноста на
нивното портфолио секој ден. Другите, ја пресметуваат вредноста на
нивните портфолија на неделна или месечна основа. Нето вредноста на
фондот е пазарната вредност на хартии од вредност од портфолиото на
фондот, минус трошоците и обврските, поделени со вкупниот број на
издадени акции на фондот. Набавната вредност на фондот се менува, во
зависност од промените на вредноста на хартиите од вредност, кои го
сочинуваат портфолиото на фондот. Бидејќи со акциите на фондот, се
тргува на пазарот на акции, којшто се заснова на побарувачката на
инвеститорите, акциите на фондот, може да имаат повисока или пониска
цена од набавната вредност на фондот. На пример кога за акциите на
затворениот фонд постои огромна побарувачка тогаш тие може да имаат
повисока цена од набавната вредност. Во овој случај се вели дека
акциите на фондот се продаваат со премија, во однос на набавната
вредност на фондот. Може да се случи обратната сиутација. Имено, кога
со акциите на фондот се тргуваат на пониска цена од нето вредноста на
фондот, тоа значи дека, акциите на фондот се продаваат со дисконт, во
однос на набавната вредност на фондот. Тоа најдобро може да се
претстави со пример: ако нето вредноста на фондот по една акција е 100
евра, утврдена врз основа на тековната вредност на неговото
портфолио, а цената на пазарот е 95 евра, во тој случај се вели дека
акциите на фондот се продаваат со дисконт од 10%. Гледано од друга
перспектива, кога акциите се тргуваат со 10% дисконт, во однос на нето
вредноста на фондот, инвеститорот може да купи акција по цена од 95

22
евра, на која одговара вредност на средствата на фондот, во износ на
100 евра.
Во вакви случаи, менаџментот на фондот, може да презема
одредени мерки, за намалување на дисконтот, преку зголемување на
информираноста на пазарот, преку објавување на негови јавни извештаи
и комуникација со јавноста. Затворениот фонд, исто така може да се
обиде и да ја зголеми побарувачката на своите акции, преку нудење на
план за реинвестирање на дивидендите, учество во тендерски понуди
(во кои фондот нуди одкуп на неговите акции, дирекно од акционерите по
НСВ цена), или пак започнување на програма за откуп на акции (во која
фондот ги откупува на отворен пазар).
Некои затворени инвестициони фондови, периодично вршат нивна
конверзија, со статус на отворени фондови, со што се дозволува на
неговите акционери, да ги повратат акциите по НСВ цена. Секако, секоја
од овие мерки, мора да биде одобрена од страна на одборот на
директорите на фондот, во согласност со најдобрите интереси на
фондот. Покрај тоа, се јавуваат и т.н. интервални затворени
инвестициони фондови, кои во одредени интервали (еднаш месечно или
еднаш кавартално), се однесуваат како отворени инвестициски фондови,
т.е ги откупуваат своите акции. Сите овие активности, кои се преземаат
од страна на затворените инвестициони фондови, упатуваат на заклучок,
дека границата помеѓу класичните отворени и затворени инвестициони
фондови полека исчезнува.
Приносот од инвестицијата во затворен фонд, е составен од:
- Зголемување или намалување на цените на акциите
Цените на акциите на затворениот фонд, може да се зголемат или
намалат, во зависност од пазарната побарувачка за нив. Пазарната
побарувачка за акциите на фондот, може да биде под влијание на многу
фактори, вклучувајќи ја перцепцијата на пазарот за фондот или неговиот
инвестиционен менаџер, перцепцијата за видовите на хартии од
вредност или географскиот регион, во кој што фондот инвестира,
инвестиционите перформанси, нето вредноста на фондот и сл.;
- Принос од дивиденда

23
Затворениот фонд може да оствари принос, по основ на каматата
или дивидендата од хартиите од вредност, во кои тој инвестирал. Овој
принос, намален за тршоците на работење на фондот, вообичаено е
дистрибуиран како дивиденда на неговите акционери. Фондовите во
обврзници, го истакнуваат нивниот потенцијал за обезбедување на
дивиденда, како и нивна компаративна вредност, иако и фондовите во
акции можат да остварат принос, од кои би се распределила дивиденда.
Инвеститорите, најчесто можат да се одлучат за фондови, кои
остваруваат приноси, а кои не подлежат на оданочување. Доколку
износот на дивиденди, којшто фондот им го плаќа на своите акционери,
го надмине износот, кој што фондот го остварува од каматите и
дивидендите на хартиите од вредност од своето портфолио во текот на
фискалната година, во тој случај акционерите добиваат принос на
капитал.
- Дистрибуција на капиталните добивки
Доколку фондот оствари профит од продажбата на хартии од
вредност, во текот на календарска година, фондот може да ги
дистрибуира остварените добивки на инвеститорите. Дистрибуцијата на
дивидендите, се остварува еднаш годишно, кон крајот на календарската
година. Ако фондот ги задржи овие добивки, остварени преку продажба
на хартии од вредност, овие капитални добивки ќе бидат предмет на
оданочување.
Затворените фондови прават одредени трошоци, поврзани со
менаџментот на портфолиото на фондот, деловните операции на
фондот, чување на средствата на фондот и услугите на ационерите.
Овие трошоци на работење, се надоместуваат од средствата на фондот,
пред да се изврши дистрибуцијата на приносот на инвеститорот.
Трошоците на фондот, се сумирани во проспект на фондот. Во
полугодишните и годишните извештаи, кои се доставуваат на
акционерите, се обновуваат податоците, поврзани со трошоците на
фондот. Видот и карактерот на трошоците на работење и расходите кои
ги има фондот, не се разликуваат од оние на отворените инвестициски
фондови, со исклучок на провизиите за продажба на акциите назад на
фондот (одложена продажна провизија при излезот и провизијата на

24
откуп), кои кај затворените фондови не постојат, бидејќи фондот не ја
обезбедува таа услуга на акционерите, што всушност претставува
основна разлика во однос на отворениот фонд. За да се избегне
оданочувањето на фондот, затворените фондови мора да исполнат
одредени барања на даночната управа, за изворите на приноси и
диверзификација на портфолиото и мора да го дистрибуираат вкупниот
принос од дивиденди и капитални добивки на нивните акционери на
годишна основа. Што се однесува до акционерите на затворените
фондови, тие мораат да платат данок на добивка од дивидендите и
капиталните добивки, кои им се дистрибуираат. Кога акционерите ги
продаваат своите акции на затворениот фонд, тој остварува добивка,
која е предмет на оданочување или пак загуба.

Инвестицисkи фондови кои капиталот го вложуваат во хартии од


вредност

Според тоа во какви хартии од вредност инвестициските фондови


ги вложуваат мобилизираните средства се разликуваат три типа
фондови, и тоа: фондови кои капиталот го вложуваат (а) во акции, (б) во
обврзници и (в) мешовити фондови, кои инвестираат и во обврзници и во
акции.
а) Фондовите кои вложуваат во акции обично преферираат
вложување во акции на компании, кои котираат на секундарните пазари
на капитал, односно на пазарот преку шалтер. Многу често се
специјализираат по земји (САД, Германија, Јапонија и итн.) или по
определени гранки, дејности, на пример, во енергенти, суровини или
други гранки од високата технологија. Степенот на диверзификација
може да се однесува, како на вложувањето само на домашниот пазар,
така и на инвестирањето во други земји.
б) Фондовите, кои инвестираат во обврзници или други хартии од
вредност - со фиксни приходи, ги карактеризира помало изложување на
ризик од промената на курсевите на хартиите од вредност, бидејќи
варијабилноста на курсот на обврзниците е помала од акциите. Во овие
фондови, вложувааат оние вложувачи, кои имаат аверзија кон ризик и

25
на оние на кои, константниот приход од камати им е поважен од
добивката на курсните разлики. Како и во претходниот пример, во светот
доминираат фондови, кои се специјализирани за вложување на
домашниот пазар и на меѓународниот финансиски пазар.
в) Мешовитите фондови се такви портфолија, кои се состојат од
обврзници и од акции. Предноста на ваквиот вид на фондови, се состои
во нивната поголема флексибилност, т.е. со навремена промена на
структурата на портфолиото, подобро можат да се искористат
поволностите на пазарот на акции, односно обврзници. Во таков вид на
фонд ќе вложуваат, пред се, оние инвеститори кои сакаат, од една
страна, да ги искористат курсните разлики, што во период на пораст
(hausse), им ги дава пазарот на акции, но кои тој ризик во време на
паѓање (baisse) сакаат да го ограничат, со зголемување на влоговите на
фондот на обврзници.

2. Инвестициски фондови кои инвестираат во недвижнини

Поделбата на фондовите, кои инвестираат во недвижнини, е


извршена врз основа на тоа дали доминира вложувањето во станбени
објекти или во во деловни објекти. Основата на ваквото вложување е во
очекувањето да има пораст на цената на квадратен метар деловен
простор односно стан. Успехот на овие фондови се базира врз постојано
растечките цени на градежното земјиште, особено во урбаните средини.

3. Инвестициски фондови, кои капиталот го вложуваат во посебни


финансиски облици, односно инструменти

Фондовите, кои инвестираат во посебни финансиски облици,


односно инструменти, се делат на оние, кои вложуваат: во инстументи
на пазарот- во пари, во стоки, во лизинг и сл.
- Вложувањето во фондови, кои мобилизираните средства ги пласираат
на пазарот на пари, во благајнички записи, сертификати за депозит и сл.
се многу сигурни. Меѓутоа остварените приход на таквите фондови, се

26
пониски, од оние кои вложуваат во хартии од вредност на пазарот на
капитал.
- Вложувањата во стоки, суровини и материјали е многу ризично поради
големата варијабилност на цените на стоките на берзите односно
суровините.
- Посебен облик се фондовите, кои се занимаваат со лизинг или со други
форми на финансиско посредуање.
Инвестиционите фондови во светот се делат и на јавни фондови,
за сите вложувачи и на специјализирани фондови, чии сертификати
можат да ги купат само однапред определени институционални
инвеститори, како на пример: пензиски фондови, осигурителни друштва,
и други.

Инвестициски фондови во Република Македонија

Инвестициски фонд, се основа со здружување на парични


средства, наменети за инвестирање од домашни и/или странски
физички и/или правни лица, преку јавен повик или приватна понуда,
со кои за сметка на инвеститорите, управува друштво за управување,
односно друштво за управување со приватни фондови, при што се
применува принципот на диверзификација на ризикот.
Со Законот од 2009 година, се обезбедува поголема заштита на
малите акционери и за поголема конкуренција на пазарот на капитал, се
намалува сумата што фондот е обврзан да ја собере во своето
портфолио за определен рок, од 500.000 евра на 300.000 евра и
зголемување на периодот до кога треба да се собере овој износ, каде се
предвидува рок од шест месеци. Со новиот закон за инвестициски
фондови се очекува дека ќе се надминат бариерите, кои се важни за
опстанок на фондовите. Република Македонија, во споредба со другите
земји од регионот и од Европската унија, има најстроги правила за
формирање инвестициски фондови. Фондовите во Бугарија треба да
соберат 200.000 евра и тоа во законски рок од една година.
Кај отворените фондови, дадена е минимална големина на фондот
од 300.000 евра, прецизно наведување на надоместоците, кои паѓаат на

27
товар на инвеститорите, ограничување на инвестирањето (РМ, ЕУ и
ОЕЦД), додека кај затворените фондови, минимална основна главнина
од 300.000 евра, со прецизно наведување на надоместоците, кои паѓаат
на товар на инвеститорите, со определување на финансиските
инструменти, во кои може да се вложува.
Инвестицискиот фонд, може да се основа како: отворен,
затворен и приватен инвестициски фонд.
Фондовите се запишуваат во Регистарот на инвестициски
фондови на Република Македонија. Регистарот на фондови го води
Комисијата. Запишувањето на инвестицискиот фонд во Регистарот на
фондови има правно дејство спрема трети лица, наредниот ден од денот
на запишување, во Регистарот на фондови. Пријава за запишување во
Регистарот на фондови, до Комисијата, поднесува Друштвото за
управување, заедно со барањето за издавање на одобрение за работа
на инвестицискиот фонд. Комисијата одлучува за запишување на
инвестицискиот фонд во Регистарот на фондови, со истовремено
издавањето на одобрение за работа на фондот. Со издавањето на
одобрението за работа и запишувањето на инвестицискиот фонд во
Регистарот на фондови, Комисијата, за секој фонд, определува
идентификациски број. Идентификацискиот број на секој инвестициски
фонд, се определува при запишувањето на фондот во Регистарот на
фондови и мора да биде единствен, непроменлив и неповторлив.
Комисијата го регулира и начинот на определување на
идентификацискиот број на инвестицискиот фонд.
Според ЗИФ, во Р. Македонија инвестициските фондови се делат на:
1. Отворени фондови и,
2. Затворени фондови.
Отворен фонд е институција, која континуирано издава удели на
своите инвеститори, со секој нов влог во фондот. За разлика од
претходниот, затворениот фонд е акционерско друштво, кое само
еднаш прибира пари и издава акции за тоа.
Со инвестициските фондови управуваат Друштва за управување со
фондови. Според Законот за инвестициски фондови7, Друштвото за
7
Службен весник на РМ, бр. 12 од 28.01.2009 година

28
управување со инвестициски фондови е дефинирано како друштво, кое
врши работи на основање и управување со инвестициски фондови,
односно вложување на парични средства во свое име и за сметка на
сопствениците на удели во отворените инвестициски фондови и во име и
за сметка на акционерите на затворените инвестициски фондови, како и
врши други работи, утврдени со овој Закон. Едно друштво за
управување, може да управува со повеќе инвестициски фондови.
Друштвото за управување, не смее да има квалификувано учество во
брокерска куќа или банка, во депозитарна банка, која има дозвола за
работа со хартии од вредност во Република Македонија. Работењето на
друштвото за управување и на депозитарната банка, не смеат да бидат
организационо поврзани и во нив, не смеат да работат исти лица. Исто
така, ограничувања се однесуваат на тоа, дека друштвото, не може да
стекнува удели, односно акции во инвестициските фондови, со кои
управува и не смее да врши производство на стоки, да врши услуги или
да врши каква било друга дејност, освен онаа, за кое е регистрирано
според Законот. Најмалиот номинален износ на основната главнина,
потребна за основање на Друштво за управување, изнесува 125.000,00
евра во денарска противвредност, по средниот курс на Народната банка
на Република Македонија, на денот на поднесувањето на барањето за
издавање дозвола за работење на Друштвото за управување, до
Комисијата за хартии од вредност.

29

You might also like