Professional Documents
Culture Documents
Македонските културни дејци: протонационални појави во XIX век - Александар Саздовски
Македонските културни дејци: протонационални појави во XIX век - Александар Саздовски
ISSN 0583-4961
СТАТИИ
УДК 323.1 (=163.3) «18»
316.7-051 (497.7)”18”
Александар Саздовски
незвисен истражувач
Abstract
The article traces the development of Macedonian proto-nationalism in the 19th century,
through the claims for cultural affirmation and distinction and their two key manifestations
- the use of the vernacular language in the literary production, as well as in education, and
the struggle for an independent church. The article locates the emergence of Macedonian
proto-nationalism as early as the beginning of the 19th century when the first manifestations of
cultural awareness and distinction found their expression in the use of vernacular dialects, as
alternative to Greek. Then it proceeds to present the position of the Macedonian proto-national
intellectuals on the need to use the Macedonian dialect in education. Finally, it looks at demands
for an independent church, firstly in the re-establishment of the Ohrid Archbishopric, then
in the Union with the Roman Catholic Church. The article, thus asserts two key arguments,
namely that Macedonian proto-nationalism developed from the beginning of 19th century,
as an independent movement, with its own specific expression and development; and can be
divided into two periods: Pan-Slavic and anti-Greek (from the beginning of 19th century, to the
1840s); Macedonist and anti-Bulgarian (from the 1840s to the outbreak of the revolutionary
movement).
ВОВЕД
„Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто
така, као шчо ни јет наша таткоината ни.“1
Крсте Петков Мисирков
107
ГЛАСНИК 61 1 2017 Александар Саздовски
2001, 68–70.
108
МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ
Меѓутоа, она за што тој тврди дека се чуло пред десетина години, всушност,
е кулминација на еден процес кој почнал да се развива неколку децении прет-
ходно, имено на почетокот на XIX век, најпрвин преку употребата на народниот
јазик во литературната продукција и во просветата, а подоцна и низ стремежот
за сопствена црква. Притоа, може навистина да се зборува за протонационали-
зам најнапред поради тоа што залагањата се барем делумно „национални“, но и
поради тоа што дел од главните актери подоцна ќе бидат директно вклучени во
национално-политичките движења и организации. Во периодот на револуцио-
нерните превирања во Македонија, протонационалните манифестации ќе најдат
израз во различните културно-политички програми и залагања кои покрај пра-
шањето за посебноста на македонскиот народ, ќе го постават и она за создавање
македонска држава. Оттука, развојот на модерниот македонски национализам,
кој хрватскиот книжевен историчар Горан Калоѓера го карактеризира како нај-
динамичниот период во историјата на македонскиот народ,7 е директно и тесно
врзан со протонационалните манифестации во XIX век.
Овој труд ја лоцира појавата на македонскиот протонационализам во перио-
дот кој македонската историографија го означува како „преродба“, или период
на национално будење. Во македонската историографија постојат повеќе обиди
за периодизација на временската рамка на процесот на националното будење и
развиток. Така, за Блаже Конески периодот на национално будење започнува на
крајот од XVIII век и завршува во втората половина на XIX. Блаже Ристовски,
пак, разликува два периода, имено преднационален, кој го опфаќа времето од
античката македонска држава, па сè до крајот на XVIII век, и национален период,
кој, според Ристовски, следејќи го Конески, започнува на крајот од XVIII век, но
трае сè до крајот на Втората светска војна, до кодификацијата на македонскиот
литературен јазик. Секој од овие периоди, пак, е поделен на неколку потпериоди.8
Ендрју Росос е поконкретен и, според него, процесот на националното будење
започнува во 1800 година, а завршува во 1913 година, а, пак, Виктор Фридман
идентификува четири периоди, започнувајќи од 1794 година и завршувајќи со
1913 година.9
Иако македонската историографија нема установено единствена и јасно
определена периодизација на временската рамка на национално будење, сите
овие автори, како и повеќето други кои се занимаваат со споменатава тематика,
зачетоците на овие процеси ги лоцираат на почетокот од XIX век. Без да навлегува
во поопширна дискусија за проблематичноста на „преродбата“ како концепт и
за нејзините политички оптоварувања, како и без опширна теоретска дискусија
за формирањето и создавањето на нациите, кои не се предмет на оваа анализа,
овој труд го истражува развојот на македонскиот национализам, чии зачетоци ги
лоцира во протонационализмот од почетокот на XIX век. Дополнително, трудот
разликува две фази во развитокот на македонскиот национализам, имено фаза
на културен протонационализам (од почетокот на XIX век до втората половина
7 Горан Калоѓера, Македонскиот XIX век, Скопје, 2014, 41.
8 Блаже Ристовски, Столетија..., 9–25.
9 Види: Andrew Rossos, Macedonia and the Macedonians: a History, California, 2008;
Victor A. Friedman, Macedonian Language and Nationalism during the Nineteenth and Early
Twentieth Centuries, Macedonian Review, Vol. 16, No. 3, 1976.
109
ГЛАСНИК 61 1 2017 Александар Саздовски
10
Одредени протонационални манифестации можат да се најдат и пред XIX век, но
нивната спорадичност ги прави аналитички ирелевантни за истражувањето на развитокот
на модерниот македонски национализам.
11 Види: Блаже Ристовски, Историја на македонската нација, Скопје, 2011; Тодор
110
МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ
ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИОТ КОНТЕКСТ
ВО ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА
111
ГЛАСНИК 61 1 2017 Александар Саздовски
112
МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ
113
ГЛАСНИК 61 1 2017 Александар Саздовски
1967, 143.
24 Victor A. Friedman, Macedonian Language…, 283.
25 Блаже Ристовски, Столетија..., 100.
26 Трајко Стаматоски, Македонскиот..., 46.
114
МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ
готвува и граматика на овој јазик, каде што укажува на тоа дека за негова основа
треба да се земе наречјето од „југозападните страни на Македонија“.27 Според
Блаже Ристовски, во ваквите негови залагања Партениј тргнува по примерот на
Договорот од 1850 година потпишан во Виена за заеднички јазик на Србите и
Хрватите, но и од еден општословенски стремеж.28 И навистина, имајќи предвид
дека Партениј Зографски бил руски воспитаник, ваквото тврдење можеби и не
е далеку од вистината.
Залагањата на Партениј нашле поддршка и следбеници во дејноста на редица
учебникари од Македонија, кои исто така ја нагласувале разликата помеѓу двете
наречја и се залагале за македонското наречје како основа на литературниот јазик.
Значајни да се издвојат се стремежите на Ѓорѓи Динката, кој објавува неколку
статии во весникот Македонија на Славејков на македонско наречје, а во 1870
година изготвува и граматика на македонско наречје која ја користи во својата
просветна дејност, како и учебниците на Димитар Македонски од 1867/1868
година. Слично на нив, и Венјамин Мачукоски го најавува подготвувањето на
својата Бугарска граматика на македонско наречје во 1872 година, а неколку
години претходно, во 1868 година слична граматика ќе состави и Кузман Шап-
карев.29 За Мачуковски бугарската граматика е еден од најтешките предмети за
учениците во македонските училишта, што, всушност, се должи на несообраз-
носта на граматичките форми на бугарските граматики со оние на македонското
наречје, додека, пак, Шапкарев посочува дека никој во Македонија не знае да
чита бугарски.30 Кај сите автори, притоа, јасно се забележува разликувањето на
„ние и вие“ и на „наше и ваше“.
Оттука, иако унитаристите се залагале за заеднички македонско-бугарски
литературен јазик, кај сите нив е јасен ставот за различноста помеѓу двете на-
речја, како и залагањето таквиот литературен јазик да се базира на македонското
наречје. Од аспект на македонскиот протонационализам, меѓутоа, значајна е,
исто така, и реакцијата во Бугарија на ваквите залагања на македонските учеб-
никари и просветни дејци. Илустративни се примерите на Партениј Зографски,
кој по објавувањето на своите статии бил наречен Арнаутин кој се обидува да
состави бугарска граматика, а неговиот јазик бил наречен мешаница од бугарски
и српски,31 но и на граматиката на Мачуковски, чие објавување било спречено
поради силниот притисок од бугарскиот печат. Согледувајќи го, меѓутоа, од
една страна ефектот на отпорот кон бугарскиот јазик и ентузијазмот со кој биле
прифаќани учебниците на македонската протонационална интелигенција, во
рамките на Бугарското читалиште во Цариград, кое Ристовски го нарекува „цен-
тар на бугарското национално движење“, во 1869 година се формирала посебна
комисија, во која членувал и самиот Славејков. Задача на комисијата била да ги
преведе бугарските учебници на македонско наречје, со што би се овозможило
бугарската национална пропаганда полесно да навлезе во Македонија.32 Со
27 Блаже Ристовски, Столетија..., 100.
28 Истото, 63.
29 Блаже Ристовски, Македонскиот..., 432–433.
30 Блаже Ристовски, Столетија..., 66–67.
31 Истото, 69.
32 Истото, 65.
115
ГЛАСНИК 61 1 2017 Александар Саздовски
116
МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ
мисла од таа треба да има г. Шапкарев? Тој знае каде пипа. Денеска букварче,
утре други учебни книги, и туку ќе го видиш ти извадил и ти составил и некоја
историја на македонскиот народ (...).“37
Меѓутоа, најважната улога во поглед на македонскиот протонационализам
веројатно му припаѓа на Ѓорѓија Пулевски. Во периодот од 1873 до 1880 година
Пулевски издава три учебници, а истата 1880 година во Софија објавува и ма-
кедонска граматика. Издавањето на учебниците, како што вели тој, доаѓа како
резултат на неговото согледување на конкретната состојба и на неговиот стремеж
како Македонците „да се обрнат кон својот мајчин јазик, да се запознаат себеси и
својата народност“.38 За Пулевски прашањето за литературен јазик претставува
национално прашање.39
Меѓутоа, она што го издвојува Пулевски од другите е фактот што кај него има
јасно и недвосмислено национално маркирање. Така, во 1875 година во Речник
за три језика, Пулевски јасно ќе го одвои македонскиот народ и јазик од другите
соседни народи, потенцирајќи дека тој има сопствена татковина – Македонија.
Тој ќе напише: „Народ се велит људи који се од еден род и који зборувајет ед-
наков збор, и који живувајет и се другарат еден со други и који имајет еднакви
обичаји и песни и веселја (...) а место во које живуват народ се велит отечество
од тој народ. Така и Македонциве се народ и местово нивно е Македонија.“ За
јазикот, пак, Пулевски вели дека е „најсроден со црквенославјанските книги и
тој је старославјански“.40 Поради ваквото свое дејствување, тој ќе се најде на
прво место меѓу носителите на македонскиот антибугаризам, заедно со Венјамин
Мачуковски, во четиритомното издание на т.н. Македонски научен институт во
Софија со наслов Национално-ослободителното движење на македонските и
на тракиските Бугари 1878–1994.41 Дејноста на Ѓорѓија Пулевски, всушност,
ќе го означи преминот меѓу првата и втората фаза од развојот на македонскиот
национализам, односно преминот од културен протонационализам во политички
национализам, кој ќе се изрази низ појавата на револуционерните движења.
Се разбира, во еден ваков краток приказ е невозможно да се претстави во
целост комплексноста на македонскиот лингвистички протонационализам низ
сите негови пројави и манифестации, како ни сите личности кои биле вклучени
во овие процеси, а се секако значајни (браќата Миладиновци, Григор Прличев,
Рајко Жинзифов, за илустрација). Меѓутоа, заедничко за сите нив, без разлика
дали нивните стремежи ги изразуваат од унитаристичка или од македонистичка
позиција, е свеста за различноста на сопственото од туѓото, на „нашето“ наречје
од „вашето“ наречје. Во таа смисла, Ендрју Росос дури и говори за „нашизмот“
како период на „неутрална“ национално-културна идентификација во Македонија,
кој подоцна преминува во „македонизам“.42 Она што е значајно од аспект на про-
37 Блаже Ристовски, Столетија..., 121–122.
38 Цитирано според: Блаже Ристовски, Ѓорѓија М. Пулевски – меѓник во нашата
културно-национална историја, Скопје, 1996, 8.
39 Подетално кај: Билјана Ристовска-Јосифовска, Ѓорѓија М. Пулевски како револу-
117
ГЛАСНИК 61 1 2017 Александар Саздовски
МАКЕДОНСКИОТ ПРОТОНАЦИОНАЛИЗАМ
И ЦРКОВНОТО ПРАШАЊЕ
118
МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ
119
ГЛАСНИК 61 1 2017 Александар Саздовски
ЗАКЛУЧОК
120
МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ
121