Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 16

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (,,Службен весник на Република

Македонија” бр. 58/00, 44/02 и 82/08, 167/10 и 51/11) и врз основа на член 22 став 1 од Законот за средно образование (,,Службен весник на
Република Македонија” бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10,
116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/2012 и 24/2013) министерот за образование и наука ја донесе Наставната програма по програмски
јазици за трета година гимназиско образование.
MINISTERSTVO ZA OBRAZOVANIE I NAUKA
BIRO ZA RAZVOJ NA OBRAZOVANIETO

Скопје, мај 2013


PROGRAMA
NASTAVNA

ПРОГРАМСКИ ЈАЗИЦИ

III ГОДИНА
ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ
1. ВОВЕД

Наставата по предметот програмски јазици на учениците им овозможува проширување на знаењата и здобивање на вештини од
областа на информатиката, како и можност за креативно користење на компјутерот во наставата и учењето.
Според наставниот план за гимназиско образование во природо - математичкото подрачје – комбинација Б, предметот програмски
јазици во трета година има статус на изборен предмет и се изучува два часа неделно, односно 72 часа годишно.

Учениците со овој наставен предмет ќе развиваат способности за успешно користење на интегрирани околини за програмирање при
изготвување на едноставни компјутерски програми што ќе им овозможи успешно да продолжат со понатамошно изучување на
програмирањето. Оспособеноста на учениците за програмирање ќе им овозможи и олеснување во процесот на учење, како и нивно
вклучување во процесот на новите предизвици на животот.

2. ОПШТИ ЦЕЛИ

Ученикот/ученичката:
- да усвојува поими, правила, постапки и процедури за изработка на алгоритми и програми со користење на даден програмски
јазик;
- да се запознае со поимите, правилата, постапките и процедурите за примена на програмирањето и програмските јазици во
компјутерската технологија;
- да се оспособи правилно да користи интегрирани околини за програмирање;
- да се оспособи да изработува програми со одреден програмски јазик;
- да се запознае со концептот аритметички операции, променливи и изрази во програмскиот јазик;
- да усвојува и применува дополнителни специфики на програмскиот јазик;
- да се оспособи за изработка на едноставни програми со структури за избор (две или повеќе можности) и повторување;
- да се оспособува за комбинирање различни техники при изработка на готови програми;
- да се оспособи за изготвување на програми со едукативна, креативна и/или забавна содржина;
- да усвојува поими, правила, постапки и процедури за изработка на проекти со програмирање;
- да усвојува поими, правила, постапки и процедури за изготвување на продукти со програмирање;
- да се оспособува да истражува и да ја оценува точноста, релевантноста, соодветноста и можностите на електронските
информациски извори;
- да го проширува и продлабочува стекнатото информатичко знаење низ практично реализирање на програми во изучените
програмски јазици;
- да се оспособи да ја планира и организира својата работа на конкретен алгоритамски проблем;
- да се оспособи да комбинира елементи во нова целина;
- да се оспособи да изготви целосен проект.

3
3. КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ

Програмско подрачје 1: Програмирање и програмски јазици (5 часа)


Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката: - Повторување за концептите за
Програмирање и програмски Програмирање програмирање и програмски
- да знае за концептите за јазици Програмски јазик јазик.
програмирање и програмски Машински јазици - Дискусија за природни и
јазик; Историјат на програмските Асембли / вештачки јазици, програмирање,
- да се запознае со историјатот на јазици (машински, асембли- симболички јазици програмски јазик, примери на
програмските јазици; симболички, виши програмски Виши програмски програмски јазици.
- да умее да направи дистинкција јазици) јазици
помеѓу програмски јазици на Императивни - Презентација на историјатот на
пониско и повисоко ниво Поделба на програмски јазици: јазици програмските јазици.
(предности и недостатоци); - според намена; Декларативни
- да се запознае со поделба на - според начин на обработка јазици - Презентација на различните
програмските јазици според на податоци Процедурални поделби на програмските јазици.
намената; јазици
- да се запознае со поделба на Актуелни програмски јазици Објектно – - Разгледување на готови
програмските јазици според ориентирани пример програми во различни
начинот на обработка на јазици програмски јазици со цел
податоците; Функциски јазици утврдување на типот на јазикот.
- да умее да направи јасна Логички јазици
разлика помеѓу јазици со FORTRAN - Запознавање со актуелните
структурен/процедурален, Lisp, Prolog, програмски јазици.
објектно-ориентиран или Basic, Pascal
функциски пристап; Cobol, C, - Истражување на популарноста
- да умее да ги наброи актуелните C++, Java на одредени програмски јазици
програмски јазици и истите да ги C#, Python во минатото и сега.
класификува според начинот на
обработка на податоците.

Програмско подрачје 2: Претставување на податоци во компјутер. Општи типови на податоци (11 часа)
Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката:
- да ги осознае начините на Општо претставување на Броен систем - Запознавање со начините на
4
претставување на броеви, знаци, броеви, знаци, слики, звук претставување на броеви,
слики и звук во компјутер; Бинарен броен знаци, слики и звук во компјутер.
Бројни системи систем, - Дискусија за бројни системи,
- да знае да објасни што е Бинарен броен систем, декаден броен бинарен броен систем и
позиционен броен систем; декаден броен систем, систем, презентација за конверзија на
октален и хексаденаден броен октален броен броеви од бинарен во декаден
- да разликува бинарен, октален, систем систем, броен систем и обратно.
декаден и хексадекаден систем; хексадекаден - Презентација за специфична
Конверзии помеѓу бројни броен систем конверзија на броеви во
- да умее да прави конверзија од системи (бинарен <-> декаден) следните бројни системи:
еден во друг броен систем за (бинарен <-> октален <-> Бајт бинарен <-> октален <->
конкретните бројни системи: хексадекаден) хексадекаден.
бинарен <-> декаден и бинарен Бит - Вежби за совладување на
<-> октален <-> хексадекаден; техниките за конверзија.
Пример за операција со Конверзија - Презентирање вежби за
- да знае да изврши операција бинарни броеви – собирање совладување на операција
собирање на два броја во Тип на податок собирање на бинарни броеви.
бинарен броен систем Повторување за бит и бајт. - Повторување за бит и бајт.
Мерки за количество податоци - Презентација на мерки за
- да објасни што е бит, бајт, збор и количество податоци.
како се претставуваат целите Претставување на целите - Дискусија за примена на
броеви во компјутерот; броеви во компјутер. Опсег на бинарниот броен систем и
броеви кои може да се запознавање со еден начин на
- да умее да наведе неколку претстават претставување на целите
различни типови на податоци. броеви во компјутер.
Општи типови на податоци - Претставување на некои општи
типови на податоци.

Програмско подрачје 3: С++ и околина за развој (8 часа)


Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката:

- да го познава историјатот на С++ Историјат на С++ и актуелна Преведувач - Презентација на историјатот на


и да знае дека постојат повеќе примена. Стандарден С++ Програмер С++ и актуелната примена на
видови („ароми“) на јазикот наспроти C++/CLI Интегрирана јазикот.
околина за - Запознавање дека постојат

5
- да знае правилно да користи Запознавање со основните програмирање повеќе видови („ароми“) на
интегрирана околина за елементи на интегрирана Изворна програма јазикот преку пример за некои
програмирање; околина за програмирање Извршна разлики помеѓу стандарден С++
програма наспроти C++/CLI.
- да знае да ја објасни структурата Едноставна С++ програма Коментар - Запознавање со основните
на едноставна програма во С++; (како функција main() ) Величина елементи на интегрираната
Идентификатор околина за програмирање која
- да ги познава основните Основни елементи на Исказ (наредба) ќе се користи.
елементи на програмскиот јазик; програмскиот јазик (азбука на Клучен збор - Повторување на процесот за
јазикот, градбени делови, Оператор креирање и преведување на
- да знае да дефинира и да користи коментари, величини, Аритметички програма.
типови на променливи: int, float, идентификатори, искази, операции - Повторување за елементите на
double, char, bool; клучни зборови, исказ за Изрази една програма напишана во С++
доделување) Константа преку пример програма.
- да се потсети и да ја знае Променлива - Дискусија за аритметичките
синтаксата и функцијата на Податоци во С++ ; Тип на операции, изрази, величини во
наредбите за влез, за излез и за - променливи; променлива С++ (константи и променливи).
доделување на вредности на - типови на податоци; int - Потсетување на основните
променливи; целоброен, знаковен, реален, float типови на податоци во С++ (int,
логички double float,double, char, bool).
- да се оспособи за изработка на char - Изработка на програми со
едноставна програма со Читање и печатење на bool вклучување на доделувања,
редоследна структура; вредности на податоци Оператор за аритметички пресметки, читање
Синтакса на наредбите за влез доделување на вредности од тастатура и
- да се оспособи да дебагира и за излез прикази на екран.
едноставна програма. Наредба за излез - Прикажување на функцијата на
Изработка и извршување на Наредба за влез дебагерот.
едноставни програми и
дебагирање Дебагирање

Програмско подрачје 4: Класи и објекти во С++ (8 часа)


Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката
- да се запознае со концептите на Вовед во објектно – Објектно - Презентација на концептите на
објектно ориентираното ориентираното програмирање ориентирано објектно – ориентираното
програмирање; (ООП) програмирање програмирање преку примери од
- да умее да ги распознава Класа реалноста и дискусија околу тоа

6
елементите на ООП (класи, Класи, објекти, функции- Објект - Дискусија околу елементите на
објекти, функции-членки, членки, податочни членки Инстанца ООП (класи, објекти, функции-
податочни членки) и нивната Функција-членка членки, податочни членки) и
функција; Дефинирање на класа со ф-ја Податочна членка нивната функција.
- да умее да разликува објект од членка Функции-членки - Презентирање на синтаксата
класа; за поставување за креирање на класа.
- да ја осознае синтаксата за Податочни членки, функции за на вредности (set) - Презентација на формата и
креирање на класа; поставување и преземање Функции-членки функцијата на функциите за
- да ја осознае формата и за преземање на поставување и преземање.
функцијата на функциите за Конструктори вредности (get) - Презентација на улогата на
поставување и преземање; Конструктор конструкторот.
- да ја знае улогата на Одделување на интерфејс од Интерфејс - Изработка на пример задачи за
конструкторот; имплементација Имплементација примена на изучените концепти
- да се оспособи за примена на за конструкција на класи и
изучените концепти во Изработка на програми кои изработка на програми.
конструкција на класи и содржат дефиниција на класа - Запознавање со техниката за
изработка на програми; и примена на објекти – одделување на интерфејс од
- да знае за можноста за инстанци од таа класа имплементација.
одделување на интерфејс од
имплементација.

Програмско подрачје 5: Структурни делови и код во ООП (6 часа)


Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката:
Контролни структури за избор Споредбен израз - Практична изработка на
- да умее да изработи програми со (услов) програми со контролни
контролни структури за избор; Контролни структури за Логички израз структури за избор (минимум и
повторување Структура за максимум од два/три броја,
- да умее да изработи програми со избор од две подредување на три броја по
контролни структури за Примена на наредбите можности неопаѓачки/нерастечки
повторување; break и continue во структурите Блок од искази редослед).
за повторување (блок, сложен - Практична изработка на
- да умее да изработи програми со исказ) програми со контролни
наредбите break и continue во Структура за структури за повторување
контролни структури за избор од повеќе (пресметување на збир и
повторување; можности производ, табелирање на
Услов вредности на функции,

7
- да умее да ги вклучи изучените Логички испитување на својства на цели
структури во објектно ориентиран оператори броеви – прост број, палиндром,
програмски код. Циклус нзд).
Структура за
повторување на - Практична изработка на
циклус до програми со наредбите
исполнување на break и continue во контролни
услов структури за повторување.
Бројач
Структура за - Изработка на програми со
повторување на конструкција на класи и примена
циклус со броење на објекти – инстанци на
на циклусите класите.

Програмско подрачје 6: Функции. Функции – членки на класа (10 часа)


Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката
- да умее да го објасни поимот Потсетување за повикување Библиотека - Презентирање на примери на
функција; на функција, предавање на на функции функции и пример програми кои
- да се потсети за потребата и вредности во функција преку користат функции.
предностите од користење параметри и за примена на Прототип на - Дискусија за синтаксата на
(повикување) на функции и за функции функција прототип на функција.
препознавање на проблемски - Дискусија за повикот на
ситуации во кои треба да се Функции од математичка Параметар функција, повик на функција-
примени функција; библиотека Аргумент членка и предавањето на
- да ги запознае основните Повик на параметри.
математички функции од Функциски прототипови и функција - Изработка на програми во кои
библиотеката cmatx (fabs, sqrt, принуда на аргументи Локална се повикуваат математички
pow, ceil, floor, sin, cos); променлива функции.
- да се оспособи за изработка на Правила за делокруг Глобална - Изработка на функции (дел од
функции и нивно повикување од Функции без параметри и променлива нив нека се претходно
главната програма; функции со повеќе параметри Референца изработени програми).
- да се оспособи да решава Обременување на - Изработка на програми кои
проблеми со примена на Референци и референцни функција искористуваат функции преку
функции; параметри повик.
- да се оспособи за правилно - Дискусија за локални и
пренесување на вредности преку Обременување на функции глобални променливи.

8
параметар и преку референца; - Дискусија за пренесување на
- да се запознае со правила за вредност преку вредносен и
делокруг и да се оспособи да референцен параметар.
разликува глобални од локални - Дискусија за правила за
променливи; делокруг, локални и глобални
- да се оспособи да препознава и променливи.
реши проблем со обременување - Изработка на функции без
на функции; параметри (на пр. печатење на
- да се оспособи да решава текст) и функции со повеќе
проблеми со примена на параметри (на пр. замена на
функции без параметри и вредности на две променливи).
функции со повеќе параметри; - Дискусија за концептот за
- да се оспособи да го примени обременување на функции и
знаењето за функции при негова примена.
изработка на функции – членки - Изработка на ОО програми со
на класа. вклучување на изучените
концепти.
Програмско подрачје 7. Низи и вектори (24 часа)
7.1. Еднодимензионални низи (14 часа)
Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката:
- да умее да ги објаснува и Структура на податоци – Структура на -Дискусија за структури на
дефинира поимите: структура на еднодимензионална низа (во податоци податоци
податоци и еднодимензионална С-стил), дефинирање, - Објаснување и дискусија за
низа како структура од податоци; декларирање и Еднодимензи- еднодимезионална низа како
- да ја осознае потребата од иницијализација на онална низа едноставен пример за структура
користење на структура на еднодимензионална низа на податоци
податоци – еднодимензионална Член на низа - Дискусија за декларирање и
низа; Пристапување и операции со дефинирање на еднодимезио-
- да знае да декларира, дефинира членовите на Индекс на член на нална низа преку примери со
и користи еднодимензионална еднодимензионална низа, низа програмски код.
низа; поминување низ - Дискусија за индекс на низа.
- да умее да пристапува до член еднодимензионална низа Поминување
од еднодимензионална низа; низ низа - Практична изработка на
- да знае да користи повторување Работа со повеќе низи програми со еднодимензио-
со броење на циклусите при Сортирање на нални низи (основни операции
достапување до сите елементи Сортирање на низа по низа со низи, пресметување на
просечна вредност, наоѓање на

9
од низата(поминување низ растечки и опаѓачки редослед минималната/максималната
низа); (осврт на временска Пребарување во вредност во низа, сортирање на
- да умее да изработува програми сложеност) низа низа, пребарување во низа).
со користење на
еднодимензионални низи; Пребарување во низа (осврт Временска - Практична изработка на
- да се запознае со алгоритми за на временска сложеност) сложеност програми со предавање на
сортирање на еднодимензионални низи на
едносимензионална низа; Предавање низи на функции Низа од објекти функции (на пр. функција која го
- да знае да анализира временска враќа збирот на елементи на
сложеност на алгоритми за Креирање на низа, читање/печатење на
сортирање на еднодимензионални низи од низа...).
еднодимензионална низа; неколку објекти
- да се запознае со алгоритми за -Креирање на програми со
пребарување на Креирање на класи кои повеќе низи кои решаваат
еднодимензионална низа; содржат еднодимензионални ситуации од секојдневиот живот.
- да знае да анализира временска низи како податочни членки
сложеност на алгоритми за - Изработка на програми кои
пребарување на Класен шаблон <vector> од вклучуваат еднодимензионални
еднодимензионална низа; стандардната библиотека на низи од објекти од дадена класа
- да умее да изработува програми С++ (пр. наоѓање просечна оценка за
со функции чии аргументи се даден предмет за дадена низа
еднодимензионални низи; од ученици...).
- да умее да креира програми во
кои се користат - Изработка на програми кои
еднодимензионални низи од вклучуваат изработка на класа
неколку објекти; која има еднодимензионални
- да умее да креира класи кои низи за податочна членка (пр.
содржат еднодимензионални Класа ученик, податочна членка
низи како податочни членки Низа оценки од различни
- да умее да го применува предмети...).
класниот шаблон <vector> од
стандардната библиотека на - Изработка на програми кои
С++ како замена за вклучуваат употреба на класен
еднодимензионална низа во С- шаблон <vector> наместо
стил. стандардни еднодимензионални
низи.

10
7.2. Текстуални низи и класата string(6 часа)
Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката:
- да осознае дека текстуална низа Текстуална низа (низа од Текстуална - Објаснување и дискусија за
(низа од знаци) е вид на знаци) како низа текстуална низа како вид на
еднодименионална низа еднодимензионална низа, еднодимензионална низа.
- да ја познава синтаксата за декларирање/дефинирање на Елементи на
декларација и дефинирање на текстуална низа текстуална низа - Дискусија за декларирање и
текстуални низи; дефинирање на текстуална низа
- да ја познава и користи Функции за работа со Индекс на член на преку пример со програмски код.
логичката организација на низа текстуални низи текстуална низа
од знаци; - Практична изработка на
- да ги знае најчесто користените Запознавање со класата string Фукнции за програми со текстуални низи (на
програмски функции за работа и можноста за примена при текстуална низа пр. колку пати се појавува буква
со низи од знаци; работа со низа од знаци во реченица, замена на мали со
- да умее да напише алгоритми и Поминување големи букви, пребројување на
програми за задачи со низ текстуална зборови во реченица, проверка
текстуални низи, со користење низа дали збор е палиндром,
на изучените функции за работа составување на реченица од
со текстуални низи; Класата string дадени зборови...).
- да умее да напише алгоритми и
програми за задачи со - Практична изработка на
текстуални низи како објекти од програми со текстуални низи
класата string. како објекти од класата string.

-Креирање на програми кои


решаваат ситуации од
секојдневниот живот.

7.3. Дводимензионални низи – матрици (4 часа)


Цели Содржини Поими Активности и методи
Ученикот/ученичката:
- да дефинира и опишува Повеќедимензионални низи. Дводимензионалн - Дискусија за
дводимензионална низа – Дводимензионални низи а низа - матрица повеќедимензионални низи и
матрица како систем на (матрици) како пример на матрица како пример на таква
организација на податоците; повеќедимензионални низи. Член на матрица низа.

11
- да дефинира и опишува начин - Презентација на примери од
на пристапување до секој од Дефинирање, декларирање и Индекс на член секојдневието каде што се
елементите на матрица; иницијализација на на матрица вклучени матриците.
- да разликува двоиндексна дводимензионални низи - Дискусија за декларирање и
променлива, индекс, вредност (матрици) Ред дефинирање на матрици преку
на двоиндексна променлива; пример со програмски код.
- да креира и практично да Колони - Изработка на програми со
реализира внесување и Креирање и печатење на едноставни читања/печатења на
печатење на матрици; матрици, изминување низ Дијагонала матрици.
- да разликува и да оперира со матрица - Дискусија за индекси на член
ред, колона и елемент од на матрица.
матрица; - Дискусија за ред, колона,
- да креира и практично да Операции со ред, колона и дијагонала на матрица.
реализира програми за елементи од матрица - Практична изработка на
основните операции со матрици; програми со матрици
- да креира и практично да (собирање/множење на
реализира програми за елементите, собирање на
едноставни проблеми врзани со елементи од дијагоналата,
матрици. пребројување на
позитивни/негативни,
парни/непарни... членови во
матрица).
- Креирање на програми кои
решаваат ситуации од
секојдневниот живот.

12
4. ДИДАКТИЧКИ ПРЕПОРАКИ

- Насоки за меѓупредметно поврзување (интегрирано планирање, односно целно и содржинско поврзување меѓу сродни предмети и
подрачја):
• мајчин јазик (синтакса, семантика и граматика);
• математика (цели броеви, реални броеви, координатен систем, геометриски тела, формули, функции и работа со различни типови на
податоци);
• информатика (оперативни системи, програма за цртање, програма за уредување текст и програма за табеларни пресметки);
• ликовно образование (креативно и визуелно осмислување кај некои задачи);
• сите останати предмети чии содржини претставуваат содржини на изработување на проектни задачи.

Препораки за користење на годишниот фонд на часовите


За секоe предвидено програмско подрачје предложен е одреден годишен фонд на часови, односно:
- Програмирање и програмски јазици - 5 часа;
- Претставување на податоци во компјутер. Опши типови на податоци – 11 часа;
- С++ и околина за развој – 8 часа;
- Класи и објекти во С++ - 8 часа;
- Структурни делови на код во Објектно ориентирано програмирање - 6 часа;
- Функции. Функции – членки на класа – 10 часа;
- Низи и вектори – 24 часа;
- Дводимензионални низи - 4 часа.
Од предвидениот вкупен фонд на часови по наставните програмски подрачја дозволени се мали отстапувања согласно знаењата на
учениците, претходната подготовка на учениците за работа со компјутер, дополнителната опрема со која располага училиштето и слично.
Во овој контекст, некои содржини ќе се повторуваат повеќе пати за сметка на други кои ќе се работат со помал фонд на часови.

Наставни средства:

- учебник за програмски јазици избран на ниво на училиштето, одобрен од министерот;


- литература: се препорачува користење на учебник од проектот на Владата ,, Превод на 500 стручни научни книги и учебници “, Пол Дејтел,
Харви Дејтел: С++: КАКО СЕ ПРОГРАМИРА, , глава 2 – Вовед во С++ програмирање, глава 3 - Вовед во класи и објекти, глава 4 -
Контролни наредби –прв дел, глава 5 - Контролни наредби - втор дел, глава 6-Функции и вовед во рекурзија, глава 7- Низи и вектори, Арс
ламина, Скопје 2010
- Интернет, образовни софтвери;
- Интегрирана околина за програмирање и демо програми;
- списанија;
- аудио-визуелни средства.

13
5. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

Во текот на наставата по информатика се препорачува формативно следење кое вклучува изработка и водење портфолио на учениците
што опфаќа:
- собирање на показатели (ученички изработки на компјутер) за секој ученик посебно;
- тековни (формативни) однапред подготвени евалвациони листи за секој ученик посебно кои се изработуваат по конкретната негова
активност.

На крајот на секое тримесечје, врз основа на сознанијата од формативното оценување се реализира микросумативното оценување.
Согласно природата на програмата по предметот програмски јазици оценувањето може да се реализира усно, практично, со презентација и
слично.
Ученикот се оценува со бројчана оценка.

6. ПРОСТОРНИ УСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Програмата во однос на просторните услови се темели на Нормативот за простор, опрема и наставни средства за средно образование
донесен од страна на министерот за образование и наука.

7. НОРМАТИВ ЗА НАСТАВЕН КАДАР

- Завршени студии по:


- информатика VII/1, наставна насока и применета насока со педагошко-психолошка и методска подготовка;
- математика-информатика VII /1, наставна насока;
- компјутерска техника, информатика и автоматика, VII /1 со педагошко-психолошка и методска подготовка;
- завршени дипломски четиригодишни студии од областа на информатиката, информациските или информациско - комуникациските
технологии на акредитираните универзитети во РМ или во странство со домашна акредитација и со педагошко-психолошка и методска
подготовка.

14
8. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Ученикот/ученичката:
- знае поими, правила, постапки и процедури за изработка на проекти и програми со користење на компјутер;
- умее да изготви продукти со компјутерски програми;
- знае да истражува и да ја оценува точноста, релевантноста, соодветноста и можностите на електронските информациските извори;
- умее да применува правила, постапки и процедури за решавање на одредени проблеми;
- ја планира и ја организира својата работа на конкретна задача со компјутер;
- комбинира различни техники за програм при реализација на одредена задача;
- стекнатото знаење за работа на компјутер може да го користи за креативно изготвување на продукти;
- истражува и пронаоѓа начини за изработка на текстови, цртежи, презентаци, тестови, готови продукти и слично со едукативна,
контролна, креативна и/или забавна содржина со користење на корисничките програми;
- комбинира елементи во нова целина;
- изготвува целосен проект и готов продукт.

9. ПОЧЕТОК НА ПРИМЕНА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА


Датум на започнување: 1.09.2013 година

15
10. Потпис и датум на утврдување на наставната програма

Наставната програма по програмски јазици за трета година на гимназиското образование, на предлог на Бирото за развој на
образованието, ја утврди

Министер

------------------------------------------

Спиро Ристовски

REPUBLIKA MAKEDONIJA
MINISTERSTVO ZA OBRAZOVANIE I NAUKA
Br.11-5181/1
20.09.2013 god.
SKOPJE

Изготвил: работна група формирана со решение бр. 02-502/2 од 14.03.2013 година, координатор Гордана Јанакиевска, раководител на
одделение
Контролирал: Трајче Георгиевски, раководител на одделение
Одобрил: м-р Митко Чешларов, раководител на сектор
Директор: м-р Весна Хорватовиќ,

16

You might also like