Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 13

Упатство за користење на

електронската здравствена картичка

в.0
Содржина
1. ВОВЕД ................................................................................................................................. 3
2. ОПШТИ УПАТСТВА ЗА РАБОТА СО ЕЗК ................................................................................ 4
2.1. Предуслови за користењето на картичката ..................................................................... 4
2.2. Работа со ЕЗК картичка ....................................................................................................... 5
2.3. Изглед на картичката ........................................................................................................ 11
2.4. Мерки на претпазливост .................................................................................................. 12
1. ВОВЕД

Овој документ ги опишува основите на користењето на електронската здравствена


картичка (ЕЗК). Електронската здравствена картичка спаѓа во групата на таканаречени паметни
картички (smart card) и како таква овозможува заштитен пристап до апликации, снимање на
податоците на картичката и подоцнежен пристап до нив.

За користење на картичката потребно е, освен самата картичка, да се има и читач на


паметната картичка, како и програмска поддршка за работа на читачот.

Сликите во примерите, како и соодветните упатства во овој документ, се однесуваат на


производите кои се содржат во инсталацискиот пакет 1.26.
2. ОПШТИ УПАТСТВА ЗА РАБОТА СО ЕЗК

2.1. Предуслови за користењето на картичката

Електронската здравствена картичка односно паметната картичка (smart card) поседува


чип кој служи како медиум за чување на податоци на картичката. Пред отпочнување со работа
со картичката потребно е картичката да се стави во читачот на картички кој во контакт со чипот
на картичката ги презема податоците од истата. Ако читачот прв пат се користи потребно е да
се изврши инсталација на уредот. Со двоен клик на инсталациската датотека се започнува
инсталацијата, после што е потребно повторно да се активира компјутерот (да се направи
рестарт).

Ако читачот не е инсталиран или споен на компјутерот, при активирање на апликацијата


ќе се појави следната порака: „No smartcard readers detected“ (Не е пронајден ниту еден читач
на паметни картички) (слика 1). Во тој случај, затворете ја апликацијата и проверете го читачот
на картички). Кога читачот е уредно инсталиран и споен на компјутерот, во првото поле
„Smartcard reader“ ќе се појави називот на Вашиот читач (слика 2).

Слика 1. Известување за непостоење на читач на картички


Слика 2. Апликација со вчитан назив на читачот

Со цел картичката правилно да функционира, вметнете ја картичката во читачот на


картички со чипот завртен нагоре. После тоа може да се активира апликацијата наменета за
работа со картичките. Важно е да се забележи дека за време на целокупната работа со
картичката, картичката мора да остане вметната во читачот на картички

2.2. Работа со ЕЗК картичка

После вметнувањето на паметната картичка во читачот на картички, со двоен клик на


соодветната икона (слика 3) активирајте ја апликацијата за работа со картичките (слика 4). Во
апликацијата се отвора прозорец за логирање во кој е потребно да се впише PIN-от кој секој
корисник за себе го поставува при првото користење на картичката.

Слика 3. Иницијализирање на апликацијата

Забелешка: Текстот кој е испишан на иконите (слика 3) варира во зависност од тоа како е
поставен при инсталацијата на апликацијата и дополнително може да се менува.
Слика 4. Вчитување на податоци од картичката – впишување на PIN

За картичката правилно да функционира, при првото користење задолжително мора да


се постави PIN.

Поставување на PIN извршуваме со притисок на копчето „Change PIN“ (слика 5 бр. 1). Со
избор на опцијата Change PIN се отвора нов прозорец на апликацијата кој се состои од три
полиња за внесување на PIN (слика 5 бр. 2). Во првото поле впишете го моментално важечкиот
PIN, а во второто и третото поле впишете го новиот PIN кој сте го избрале.
Слика 5. Примена на PIN

Минимален број на знаци за внесување на нов PIN е пет (иако се препорачува да се


внесат осум знаци). PIN може да содржи само броеви.

Доколку содржината на второто и третото поле за впишување на новиот PIN не си


одговара меѓусебно, копчето „OK“ (за потврдување на промената) ќе биде неактивно (слика 6),
сè додека во двете полиња не го внесете истиот PIN (слика 7). Исто така, ако погрешно го
внесете моменталниот PIN ќе се појави известување за погрешно внесен PIN (слика 8).

После успешната промена на PIN-от, се отвора прозорец со пораката „User PIN changed“
(Корисничкиот PIN е променет) (слика 9).
Слика 6. Погрешно внесен нов PIN

Слика 7. Правилно внесен нов PIN

Слика 8. Порака при погрешно внесен PIN


Слика 9. Потврда за промена на PIN-от

Бројот на впишувања на неисправен PIN е ограничен на 10 обиди. Картичката го бележи


бројот на едноподруго неточни внесувања на PIN. Ако таа бројка се надмине картичката
автоматски се заклучува (слика 10) и во тој случај потребно е да се контактира Help Desk или
надлежното лице во најблиската подрачна канцеларија на издавачот на картичката.

Слика 10. Порака после десетто погрешно внесување на PIN

Откако ќе внесете точен PIN, овозможено Ви е читање на податоците од картичката.


Податоците од картичката ги вчитувате со притисок на копчето „Load Data“ (слика 11).
Слика 11. Вчитување на податоци од картичката

Пишување на податоци на картичката возможно е само после успешно спојување на


серверот. Спојувањето на серверот започнува со клик врз копчето 'Connect to Server'. После
успешното спојување на серверот, копчето 'Write Data' станува активно и можат да се менуваат
податоците на картичката.

Освен медицинските податоци, картичката содржи и криптографски клуч и сертификат.


Ова овозможува користење на картичката за пријава во системот, како и за автентификација и
безбедно испраќање на податоци.
2.3. Изглед на картичката

Надворешниот изглед на картичката (слика 12 и слика 13) е пропишан со нормите ISO/IEC


7810 и ISO/IEC 7811-1 и содржи:

• Единствен матичен број на сопственикот на картичката (ЕМБ)

• Име и презиме на сопственикот на картичката

• Датум од кога картичката важи

• Сериски број на картичката

За двојазичните картички, податоците на картичката, односно името и презимето на


сопственикот, освен на македонски, се наоѓаат и на друг јазик (слика 14).

Слика 12. Податоци на картичката

Слика 13. ЕЗК картичка


Слика 14. Двојазична ЕЗК картичка

2.4. Мерки на претпазливост

Вашата нова паметна електронска здравствена картичка е пластифицирана картичка со


вметнат чип. Направена е со цел да Ви овозможи многу напредни функционалности и
едноставен и брз пристап до здравствените податоци. Точно заради тоа важно е да се
забележи дека самите морате да водите грижа за Вашата картичка и Ви препорачуваме
картичката да ја чувате од оштетувања и да ја ставате во паричник, футрола или во облека, како
и да водите сметка картичката, а посебно чипот на картичката, механички да не се оштети.

При користење картичката може да се оштети со невнимателно и неправилно ракување.


Некои од начините на кои можете да ја оштетите картичката се следните:

• секое неприродно свиткување на картичката

• секое оштетување причинето со остар предмет

• секоја деформација причинета од силен удар врз било која површина

• секој обид на одвојување на било кој составен дел од картичката (на пр. чип)

• било кое видливо оштетување на картичката и/или на било кој нејзин составен
дел

• секој обид на електронско влијание и/или попречување на електронското


однесување на картичката (на пр. држење на картичката до антената на
мобилниот телефон)

• секое потопување во течно и/или полутечно средство


• изложување на картичката на силна сончева светлина, топлина или пламен (на
пр. на командната табла на автомобилот оставен на сонце)

Со цел за заштита на безбедноста на податоците не се препорачува:

• Оставање на картичката во читачот ако не ја користите или не сте во близина на


Вашиот компјутер

• Откривање на PIN-от на други лица или запишување на PIN-от на видливо место


и/или покрај картичката

• Оставање на картичката на јавни места (на пр. на работното место)

Во случај да ја загубите картичката или се сомневате дека друго лице го знае вашиот PIN
потребно е да го контактирате Help Desk или надлежното лице во најблиската подрачна
канцеларија на издавачот на картичката и да ја поништете картичката.

You might also like