Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Новогодишни капи

Состојки
200 гр мелени ореви
200 гр мелени бисквити
200 гр шеќер во прав
120 гр маргарин
100 гр гел прелив од шумско овошје (или некој друг со црвена
боја)
1/2 сок од 1 лимон
малку црвена боја
уште, за украсување
стопено бело чоколадо
малку кокос
фондан маса за белите топчиња

Новогодишните капи беа идеја со повод и моја лична


импровизација. Главен момент кога се осмислуваше, беше како да
се добие убава црвена боја и вкусни колачи. Овој гел прелив го
добив од една пријателка која професионално се занимава со
слаткарство и најчесто оди во набавка на големо. Во
малопродажба се уште не сум запознаена дали го има. Мислам
дека добра замена би била, убав црвен и добро желиран мармалад
за него.

Од наведените состојки направете компактна смеса. Кинете


топчиња колку орев одприлика, а можи и помали ако сакате,
обликувајте ги конусно за да наликуваат на новогодишните капи.
Оставете ги на ладно место (не во фрижидер) за убаво да се
стегнат.

Стопете го чоколадото и секоја капа макнете малку ја со


широкиот дел и веднаш намакајте ја во кокос.

Од неколку локуми и шеќер во прав направете си фондан маса од


која ќе обликувате ситни топчиња за врвовите на капите, но не
заборавајте и нив да ги намакате предходно во кокос.

Зрна кафе
Состојки
250 гр шеќер
1 филџан вода(0,75мл)
125 гр маргарин
100 гр мелени ореви
100 гр мелени бисквити
80 гр чоколадо
1 лајче мелено кафе
Глазура
100гр чоколадо
3 лажици масло

1
Состојките за овој колач се исти како и за бајадера,така
слободно можете да ги правите двата вида на колачи.
1. Се вари сируп од шеќер и вода. Се вари 3-4 минути од како
ќе проврие.

2. Се трга од ринглата, се додава прво маргаринот и се меша


додека се растопи.

3. Потоа се додаваат мелените бисквити и ореви, чоколадото и


кафето и сето тоа фино се изедначува.

4. Кога ќе олади смесата, се обликуваат мали топчиња и во


секое топче со чепкалка се притиска по средината за да се
добие облик на зрно кафе.

5. Се ставаат топчињата во замрзнувач околу 30мин. Потоа се


прелеваат во растопена чоколада, повторно се поминува со
чепкалката преку колачот и се остава на целофан да се стегне
глазурата.

Глазура
- На пареа се топи чоколадото и маслото.

Миндали - колач

Состојки
200 гр бело чоколадо
6 лажици масло
200 гр шеќер
16 лажици вода
250 гр маргарин
3 реда чоколадо
200гр мелени бадеми
200 гр мелени бисквити
суви кајсии (или аранчини,урми,суво грозје...)

Па ајде јас по Штипски ќе си ги наречам Миндали (бадеми или


бајами) колач
Во сад на рингла се ставаат шеќерот и водата да вријат 5мин.
Се трга настрана и се додава маргаринот и чоколадото да се
растопат. Потоа се додаваат бисквитите и мелените бисквити. Се
остава да се олади. Се прават долги елипсовидни форми и внатре
се става урма ,кајсија .... Се оставаат во замрзнувач и се
прелеваат со бело чоколадо.
Глазура
Во сад на пареа се топи 200гр бело чоколадо и маслото додека
да се добие хомогена сјајна смеса.И се прелеваат по двапати
колачите(миндали)

2
Посни баунти со нишесте

Состојки
300мл вода
3 лажици нишесте
6 лажици шеќер
200гр кокос
100гр маргарин
2 лажици шеќер во прав
300гр чоколада за готвење
8 лажици зејтин

Прекрасни колачи, снежно бели и совршени за празнична трпеза.


Подеднакво се убави и со вода, а кој сака може водата да ја
замени со млеко.
Нишестето се вари во зовриената вода со шеќер и се остава да
се олади. Маргаринот се мати со 2 лажици шеќер во прав и се
додава кон варениот крем од нишесте. На крај се додава кокосот
и убаво се замесува смесата. Треба да биде погуста.
Целата смеса може да се стави во калап, па да се сече на
штанглички или дирекно во силиконски калапи обложени со
чоколада.

Чоколадата се топи со 8 лажици зејтин и се премачкуваат


калапите (2-3 пати по потреба), па се полнат со смесата и се
оставаат да се изладат. Подеднакво се убави и со бела и со
црна чоколада.

Ароматични колачи
Состојки
* За темниот дел
150 гр брашно
1/4 пак. прашок за печење
75 гр шеќер во прав
75 гр маргарин
2 лажици какао
* За светлиот дел
150 гр брашно
1/4 пак прашок за печење
75 гр шеќер во прав
75 гр маргарин
2 лажици ренадана кора од портокал
1 лажица ликер од портокал (екстракт од портокал)

Од наведените состојки измесете две теста, едно светло и едно


темно и оставете ги во фрижидер 1 час.
Обликовајте го жолтото тесто во вид на салама, а црното
расучесто го во правоаголна форма со дебелина од половина

3
сантиметар. Ставете го жолтото тесто на почетокот и заролајте
ролат.
На работната маса истурете малку кокос и врз него поминете ја
ролната од тесто за убаво да се налепи. Завиткајте ја во
фолија и повторно оставете во фрижидер да одстои барем
половина час. Бидејќи одстојувањето овој пат е со цел за добро
да се здрви ролатот за сечење, за побрзо, јас ја оставив во
замрзнувачот додека малку не се подздрви.
Сечете парчиња со дебелина од околу 1/2 см (дури можи и малку
подебели по желба), редете ги врз пек хартија и печете ги на
160 степени околу 10-15 мин. Кога благо ќе заруменат, иако се
меки се уште-готови се. Со ладење убаво ќе се си здрват.

Забелешка
Бидејќи со печењето кокосот малку ми отемна, а сакав да им го
појачам изгледот, рабовите на колачите ги премачкав со стопено
бело чоколадо и ги намакав во кокос.
Наместо ликер од портокал ставив (експеримантално) 2 лажици
сируп од Слаткото од мандарини на ЛилиН и плус малку екстракт
од портокал. И после неколку дена мирисот на портокал измешан
со доза на какао убаво се сеќаваше само со отворање на
кутијата во која стоеја.
Овие колачи доколку добро ги затворите во кутија можат да
одстојат подолго време и колку стојат, толку се поубави за
јадење.

Љубовни колачи

Состојки
250 гр путер
200 гр шеќер во прав
2 лажици јаболков оцет
10 лажици ладна вода
1 лажичка сода бикербона
1 лажичака рум
600 гр брашно
10 лажици џем од сливи

Овие љубовни колачи може да си ги подготвите и со повод и без


повод, бидејќи се прекрасни, вкусни и најбитно љубовни!
Лесни за подготовка, потребни ви се само калапчиња, со чија
помош полесно ќе ги направите. Ако немате, употребете шема
нацртана на хартија и полека со остар нож исечете форми.

Подготовка на тесто
Путерот и шеќерот пенасто ги матиме. Додаваме оцет, вода и рум
и кратко промешуваме. Додаваме брашно и сода. Препорачливо е
да се користи меко брашно, бидејќи треба да се добие бисквитно
меко тесто. Убаво се меси, гледајте што помалце да месите со
рака и тестото да остане ладно, да не се стопи путерот низ
раце, бидејќи така ќе омекне многу тестото и ќе почне да се

4
лепи. Препорачливо за овие теста е да се користи миксер и да
се избегне месењето со раце. Се става во фрижидер 1 час да
одмори и да се олади.
На набрашнета маса развлекуваме тесто, кое треба да биде
потенко, бидејќи ќе се преклопува. Се сечат форми како
цветови. Едната форма во средина се сече во форма на срце. Таа
се става одозгора. Се стискаат двете корички и во средина се
исполнува со џем од сливи (малини, капини - црвен џем).
Се редат во тава и се печат на 170 степени, околу 15-20 мин.

Убавото кај овие љубовни колачи е нивниот изглед, посебно


добриот вкус и верувајте секого пријатно ќе изненадите со
вакви колачи.

You might also like