Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 11

318 Finite Element Analysis

17
Нелинеарна анализа
17.1 ВОВЕД
Во претходните поглавја, методот на конечни елементи беше разгледуван со усвојување на следните
претпоставки:
(i) Врската помеѓу дилатациите и напоните е линеарна и
(ii) Врската помеѓу дилатациите и поместувањата е исто така линеарна
Со ова е добиена равенката [k] {δ} = {F} каде што [k] и {F} не зависат од поместувањата {δ} . На
овој начин од добиените равенки во методот на конечни елементи, се пресметуваат потребните
поместувања со решавање на линеарни алгебарски равенки само еднаш.
Во инженерството се среќаваат многу проблеми каде што врските помеѓu дилатациите и
напоните не се линеарни. Со интезивниот развој на компјутерската техника, истражувачите се
зафаќаат со студиозни анализи на конструкциите со вклучување на вистинските криви на зависност
помеѓу дилатациите и напоните и промената на геометријата на конструкцијата под дејство на
натоварувањата.Во1993 Меѓународното здружение за лушпи и просторни конструкции организира
меѓународен семинар за Нелинеарна анализа во Токио,каде што биле презентирани 68 трудови.Во
ова поглавје ќе бидат презентирани повеќето видови на нелинеарности кои што се среќаваат кај
конструкциитеи методите кои што се користат за решавање на истите.

17.2 НЕЛИЕНАРНИ ПРОБЛЕМИ


Различните нелинеарни проблеми во МКЕ може да се групираат во следните три категории, врз
основа на изворот од каде што произлегува нелинеарноста:
1. Проблеми на материјална нелинеарност
2. Проблеми на геометриска нелинеарност и
3. Проблеми на истовремена материјална и геометриска нелинеарност

1. Проблеми на материјална нелинеарност


Врската помеѓу дилатациите и напоните во материјалот, т.е. конститутивниот закон не мора да е
линеарна, а понекогаш зависи и од времето. На пример, вистинската крива на зависност помеѓу
дилатациите и напоните кај бетонот е како што е прикажана на Сл. 17.1. Дури и за челикот, ако се
проучува однесувањето на конструкцијата после појавата на течење, врската помеѓу дилатациите и
напоните е нелинеарна. Од таму, Young−овиот модул на еластичност зависи од деформацијата.
Покрај овие основни нелинеарни зависности, има и други, посложени конститутивни зависности,
како што се пластичноста, ползењето (течењето), кои што ги прават проблемите нелинеарни. Кај
проблемите од теоријата на почви, скоро сите проблеми се поврзани со пластичното однесување на
почвата.
Нелинеарна анализа 319

Напон

Дилатација

Сл. 17.1 Врска дилатација-напрон кај бетонот


Напон

Дилатација

Сл. 17.2 Врска дилатација-напон кај челикот

2. Проблеми на геометриска нелинеарност


Кај многу проблеми, врските помеѓу дилатациите и поместувањата не се линеарни. Овде мора да се
земат во предвид вистинските зависности помеѓу дилатациите и поместувањата (равенка 2.5) на
место на линеарната зависност помеѓу дилатациите и поместувањата (равенка 2.6). Проблемите на
големи поместувања како што се затегнатите конструкции и состојбата после извиткување кај
гредите, плочите и лушпите се уште едни од проблемите кои што припаѓаат на оваа категорија.

3. Проблеми на истовремена материјална и геометриска нелинеарност


Доколку кај проблемите на големите поместувања, проучувањето на состојбите после извиткување,
и.т.н., вклучуваат и нелинеарни конститутивни зависности, потребно е заедничко проучување,
како на материјалната, така и на геометриската нелинеарност истовремено.
320 Метод на Конечни Елементи

17.3 АНАЛИЗА НА ПРОБЛЕМИ СО МАТЕРИЈАЛНА НЕЛИНЕАРНОСТ


Материјалната нелинеарност е резултат на нелинеарноста со која се опишува конститутивната
матрица [D]. Карактеристиките на материјалот се определуваат екпериментално со спроведување на
едноаксијални тестови. Овие резултати се сосема доволни да се спроведе нелинеарна анализа на
хомогени материјали. За каков и да е материјал, доколку има потреба да се спроведе нелинеарна
анализа, неопходно е да се воспостават нелинеарните односи за сите членови во конститутивната
матрица, што претставува најголемото ограничување во добивање на нелинеарно решение за сите
материјали. Во ова поглавје е објаснета нелинеарната анализа за изотропни материјали, која што
може на сличен начин да се прошири и за останатите материјали, доколку се познати нелинеарните
карактеристики.
Се разгледува материјал со карактристични нелинеарни криви на зависност и соодветните криви
на зависност сила-деформација, како што е прикажано на Сл. 17.3. Напоните од дејство на
натоварувањата во конструкцијата се различни во различните точки. Од тука произлегува дека и
Young-овиот модул е различен од точка до точка. Во анализата со МКЕ, се претпоствува дека
модулот е ист во целиот елемент, меѓутоа се разликува од елемент до елемент. Матрицата на крутост
се составува од сите елементи, така што постапката која што следува се однесува на составувањето
на нелинеарната матрица на крутост. За поедноставување, индексот ‘e’ е изоставен во сите
изведувања. Во литературата се среќаваат следните три методи за земање во предвид на
материјалната нелинеарност:
1. Инкрементална постапка
2. Итеративна постапка и
3. Комбинирана постапка
Товар

напон

Издолжување Дилатација

Сл. 17.3

1. Инкрементална постапка
Кај овој метод, товарот се нанесува во одреден број на еднакви инкременти. Вообичаено се земаат 8
или 10. Со поголем број на инкременти се добива подобро решение. За секое ниво на натоварување,
се составуваат равенките и се пресметуваат инкременталните поместувања. На Сл. 17.4 е прикажана
оваа постапка. Точката А на кривата сила-поместување го претставува времето кога се разгледува
i-тиот инкремент на товарот ∆ Fi . Во овој момент е познато нивото на напони во (i-1)-та итерација.
Во зависност од ова ниво на напони, се земаат карактеристиките на материјалот и се составува
матрицата на крутост [ki – 1]. Вообичаено се зема тангентниот модул. Инкрементниот товар ∆ Fi ,
може да се претстави со изразот
Нелинеарна анализа 321

k i −1 l∆δ q = l∆ F q
i i ...(17.1)
F

B
Fi
 Fi ki –1
Fi –1 AI

δ
(F0,δ0) δ i - 1 ∆
  i δ i

Сл. 17.4 Инкрементална постапка

Со решавање на горната линеарна равенка се добиваат инкременталните поместувања ∆δ i .


Потоа се доаѓа до следната точка B, каде што
i
δi = δ0 + ∑ ∆δ j и ...(17.2)
j =1

i
Fi = F0 + ∑∆F j ...(17.3)
j −1

Во горните равенки δ 0 и F0 се почетните товари и помествања. Најчесто овие вредности се нула.


На тој начин, со линеаризација на карактеристиките на материјалот за мал инкремент, решението се
движи од точка до точка додека не се достигне вкупниот товар.
Инкрементална постапка на Runge-Kutta со средишна точка
Опишаната инкрементална постапка може да се подобри со користење на постапката на Runge-Kutta
со средишна точка. Оваа постапка е прикажана на Сл. 17.5. Овде, точката A соодветствува на крајот
од инкрементот (i-1). Се бара решение за i-тиот инкрементален товар ∆Fi . Во основната постапка, се
доаѓа до точката B и се избира соодветната точка која одговара на B′ како поместување. Кај
постапката на Runge-Kutta најпрво се зема точката C која што одговара на инкрементот на
∆F
товарот _ i со основната постапка. Во зависност од нивото на напоните во оваа точка, се избираат
2
карактеристиките на материјалот и се пресметува матрицата на крутост ki −
1 . Потоа се враќа
2

постапката во точката A и се пресметува инкременталното поместување за товарот ∆Fi со користење


на матрицата на крутост ki − 1 . Ова доведува до точката E и поместувањето кое што одговара на E ′ .
2
Од опишаната постапка може лесно да се заклучи дека добиениот резултат е подобар.
322 Метод на Конечни Елементи

Меѓутоа, ова бара дополнителни пресметувања за определување на ki − 12 . Оваа постапка е подобра

отколку земање на инкремент на товарот и користење на основниот метод со кој што решението ќе

биде во точките D и D′,


ki ki + ½ ki + ½
B
Fi +1
D E
 ∆F
2 C Точно

 ∆F
2
Fi
A
Load

A' B' E'


qi qi+1

qi+1
Основно Модифицирано

Поместувања

Сл. 17.5 Постпка на Runge-Kutta со средишна точка

2. Итеративна постпка
Оваа постапка е развиена на концептот на наоѓање на товар кој што одговара на почетни дилатации.
На тој начин, ќе биде покажано како да се пресмета товарот кој што одговара на почетните напони во
материјалот.
Нека со ε0 биде означена почетната дилатација, а со ε конечната дилатација (види Сл. 17.6).
Еластичната дилатација е дадена со
Напон

0 ε 0 ε Дилатација
e
ε

Сл. 17.6
Нелинеарна анализа 323

oε t = lεq − lε q
e
0 ...(17.3)

Нека со ∆δ се означи векторот на виртуелени поместувања. Тогаш

∆ε = B ∆δ l q ...(17.4)

и напоните се,
lσ q = D oε t = D clεq − lε qh
e
0 ...(17.5)

∴ Работата на внатрешните сили е:

z l∆ε q T
σ dV

= zl ∆δ q T
B
T
D clεq − lε qh dV 0

= ∆δ l q{ zT
B
T
D ε − lq z B
T
D ε0 l q} dV
= ∆δl q {zT
B
T
D B δ − lq z B
T
D ε0 l q} dV ...(17.6)

Работата на надворешните сили е: = {∆δ}


T
lFq
...(17.7)
Со изедначување на работите на внатрешните со работата на надворешните сили, се добива

z B
T
C B δ dV − F + lq z B
T
l q
D ε 0 dV

т.e., lq
k δ = F + F0

каде е F0 = z B
Овој член може да се нарече товар кој што одговара на почетната дилатација. Овој концепт на
T
D ε 0 dVl q ...(17.8)

пресметување на почетниот товар што одговара на почетната дилатација се користи во итеративна


постапка опишана подолу:
Нека F0 е почетниот товар, а δ 0 почетната дилатација. Вкупниот товар кој треба да биде приложен
нека е F (види Сл. 17.7)
Со користење на тангентниот модул, може да се најде и состави матрицата на крутост ko. Ако со
∆δ1 се означи поместувањето од вкупниот товар F, тоа може да се пресмета од равенката
l q lq
k 0 ∆δ 1 = F ...(17.9)
Во шемата прикажана на Сл. 17.7 тоа одговара на изнаоѓање на A1
∴ δ 1 = δ 0 + ∆δ 1 ...(17.10)
Со користење на равенката 17.8, се определува еквивалентниот товар Fe1 што одговара на поместувањето
δ 1 , како
T
z
Fe1 = B D ε 1 = B D B δ 1
T
l q z ...(17.11) l q
324 Метод на Конечни Елементи

A1 A2
F
Fe2 ki B2
1
k0
Fe1 1 B1
Товар

F0 ,δ0 δ 1 δ 2
Поместување

Сл. 17.7 Итеративна постапка


Потоа се наоѓа разликата помеѓу вкупниот товар и се пресметува Fe1. Точката B1 одговара на Fe1.
Неурамнотежената сила е F-Fe1. Во точката B тангентниот модул може да се добие од кривата на
каректеристиките на материјалот и потоа да се извршат пресметки со крутоста [k1], за да се дојде до
точта A2 за приложениот товар F-Fe1. Потоа се определува еквивалентниот товарFe2 кој одговара на
2
δ2 = δ 0 + ∑ ∆ δ . Постапката се повторува додека неурамнотежениот товар има занемарлива вредност.
i =1

Модифицирана постапка предложена од Oden [3], на шематски начин е прикажана на Сл. 17.8.
Кај овој метод, се користи униформна матрица на крутост k0. На овој начин се потребни повеќе
итерации за да се постигне конечната вредност, но секако има значителна заштеда на време за
пресметување на матрица на крутост во секој чекор.

k0
k0 1
1

k0
1

F 0, δ0 δ 1 δ 2 δ 3 δ

Сл. 17.8 Модифицирана итеративна постапка


Нелинеарна анализа 325

3. Комбинирана постапка
Комбинацијата на итеративната и инкрементална постапка се користи за зголемување на точноста.
Кај оваа постапка, вкупниот товар се дели на одреден број на инкрементални товари. За секој
инкремент на товарот се користи итеративната постапка за да се добие поместувањето. Со овој
метод се зголемува точноста за сметка на потребното време за пресметување.
17.4 АНАЛИЗА НА ПРОБЛЕМИ СО ГЕОМЕТРИСКА НЕЛИНЕАРНОСТ
Во досегашните излагања се претпоставува дека нема особена промена во геометријата на
конструкцијата под дејство на товарите. На тој начин, матрицата на трансформација за врска на
локалните и глобалните величини останува константна за цело време на анализата и важат следните
односи:
n s
δg = L δ
T
lq ...(17.12)

nk s = L k lLq и
g
T
e ...(17.13)

nF s = L l F q
g
T
e ...(17.14)

каде што индексот g се однесува на глобалните величини, а индексот l на локалните. [L] е матрица
на ротација (трансформација).
Кај кабелските конструции, поместувањата се големи, па оттаму промената во геометријата од
влијание на товарите не смее да се занемари. Постојат обиди овој проблем да биде третиран на
начин како кај лушите. На елементот на слика Сл. 17.9, со линијата 1-2 е прикажана почетната
положба. После товарењето елементот доаѓа во положба 1' - 2'. Така, наклонот на елементот во
однос на глобалната оска x се менува од θ во θ + ∆θ . Според тоа се менува и матрицата на
трансформација L. Значи, L не е константна за цело време на анализата, туку е функција од
поместувањето. Ова може да се изрази како [L] = [L{δ}]. Следува дека и матрицата на крутост се
менува со поместувањата. Овој вид на нелинеарни проблеми може да се анализираат со
инкременталната, итеративната или комбинираната постапка на сличен начин како и проблемите на
материјална нелинеарност.
y u2
xl2
2'
v2
u1
θ+∆θ
1'  xl1
v1 2

θ
1

Сл. 17.9 Геометриска нелинеарност


326 Метод на Конечни Елементи

1. Инкрементална постапка

Ако товарот е зголемен од {Fg} во {Fg + ∆F g}, тогаш равенката 17.14 може да се напише како

nF s + n∇F s = c L
g g + ∆L h clF q + l∆F qh
T
l l

= L
T
lF q + L l∆F q + ∆L lF q +
l
T
l
T
l ∆L
T
l∆F q l

Со занемарување на малите големини од повисок ред, претходната равенка ќе биде

Fg + ∆Fg = Ln s T
lF q +
l L
T
l∆F q + l ∆L
T
lF q l

бидејќи [Fg] = [L]T {Fl}, претходната равенка се редуцира во

n∆F s =
g L
T
l∆F q + l ∆L
T
lF q l ...(17.15)
Од основните равенки за рамнотежа во методот на деформации се знае дека,

L
T
l∆F q =
l kg n∆δ s g

∴ Равенката 17.15 се редуцира во


n∆F s =
g kg n∆δ s + g ∆L
T
lF q l ...(17.16)

Во претходната равенка , членот [∆L ]T[Fe] ја претставува промената во равенката на рамнотежа


од влијание на промена во геометријата. Подетално, овој член е:

lF q = ∑ lF q l∆Lq
n
T
∆L l l i i ...(17.17)
i =1

l q b∆δ gg = ∂ lLq δ
∂ L
∂ bδ g g ∂ bδ g g
меѓутоа ∆Li = i i
g

L ∂ l Lq ∂ lLq ∂ lLq OP
=M
MN∂ dδ i ∂ dδ i ... ∂ nδ s PQ
i i i
...(17.18)
g g g n
1 2

l q ∑bF g n s
n
T
∴ ∆L Fe = e i Gi ∆δ g
i =1

Со замена во равенката 17.16, се добива

n s n s ∑ bF g n s
n
∆Fg = k g ∆δ g + e i Gi ∆δ g
i =1
Нелинеарна анализа 327

F I
GG ∑ b F g n∆δ sJJ
n
= k g ∆δ g +
H K
e i Gi g
i =1

= k g + kG n∆δ s g ...(17.19)

каде е
∑ bF g
n
kG = e i Gi
i =1

Вообичаено во конечната анализа станува збор за глобалните вредности, но заради


поедноставување, индексот ‘g’ е испуштен од изразите, па равенката 17.19 може да се напише како

l∆F q = c k + kG h l∆δ q ...(17.20)


За продолжување од фазата i кон фазата i + 1, равенката 17.20 е

ck + kG h o∆δ t = ∆F
i i +1 i +1 ...(17.21)
Така, за да се добијат дополнителни поместувања од влијание на геометриската нелинеарност,
потребни се матриците на крутост [k] и [kG] на почетокот на инкрементот. Тоа значи дека е потребно
поголемо време за пресметување. Треба е да се воочи дека за пресметување на [kG] не е потребно
повторно пресметување на матрицата на крутост. Единствено е потребно да се извршат
модификации во матрицата на трансформација [L].
2. Итеративна постапка
Овој метод е доста едноставен и директен. За почетна геометрија, се составува матрицата на
трансформација. Со ова се пресметува,
T
k 0 = L0 k l L0 ...(17.22)

T
F0 = L0 Fl ...(17.23)
Потоа, со решавање на равенките на рамнотежа,
l q
k 0 δ 1 = F0 ....(17.24)

се добиваат вредностите δ во првата фаза. Со користење на овие поместувања се определуваат


новите координати на јазлите. За новата геометрија, претходната постапка се повторува за да се
пресметаат поместувањата δ 2 од втората фаза. Постапката продолжува се додека нема значителна
промена во поместувањата. Иако постапката е релативно едноставна, таа ги поседува сите
ограничувања на итеративните техники, т.е. конвергенцијата е бавна и бара значително време за
пресметување.

3. Комбинирана постапка
Наместо нанесување на вкупниот товар во секоја итерација, доколку се нанесува товарот во
инкременти и за секој инкрементален товар се примени итеративната постапка, може да се добијат
подобри резултати. Оваа постапка бара доста поголемо време за пресметување.
328 Метод на Конечни Елементи

17.5 АНАЛИЗА НА ПРОБЛЕМИ СО ИСТОВРЕМЕНА МАТЕРИЈАЛНА И


ГЕОМЕТРИСКА НЕЛИНЕАРНОСТ
Истражувачите во оваа област се обиделе да анализираат одредени проблеми со истовремено
вклучување на материјалната и геометриската нелинеарност. Со ова се анализира вистинското
однесување на конструкцијата од влијание на товарите. Oden [3] предложил генерализирана
математичка основа за инкрементална и итеративна постпка и во оваа референца може да се најдат
бројни други референци за нелинеарната анализа.

ПРАШАЊА

1. Накратко објасни ги видовите на нелинеарностите кои се среќаваат во анализата на конструкциите


2. Објасни ја инкременталната постапка за анализа на проблеми со материјална нелинеарност
3. Објасни ја инкременталната постапка на Runge-Kutta со средишна точка и дискутирај ги
предностите и недостатоците во однос на стандардната инкрементална постапка.
4. Објасни ја итеративната постапка и модифицираната итеративна постапка за анализа на
проблеми со материјална нелинеарност.
5. Објасни ја итеративната постапка за анализа на проблеми со геометриска нелинеарност кај анализа
на конструкциите
Литература
1. SEIKEN–IASS Symposium on Non-linear Analysis of Shells and Spatial Structures, Tokyo, Japan
Oct 20–22, 1993.
2. Bhavikatti S.S. and Siddamal J.U., Non-linear Analysis of Reinforced Concrete Shells Using
8-Noded Degenerated Shell Element, Proceedings SEIKEN – IASS Symposium on Shells and
Spatial Structures, Tokyo, Japan Oct 20–22, 1993 pp. 315–322.
3. Oden J.T, Finite Element Applications in Non-linear Structural Analysis, Symposium on Application
of Finite Element Methods in Civil Engineering, ASCE, Venderbilt University, 1969.

You might also like