New Sky 2

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 14

Годишно глобално планирање

за наставата по англиски јазик за петто одделение


со три часа неделно за деветгодишното основно образование
учебна 2013/2014 година
ОУ “Dim~e Angelov Gaberot Demir Kapija

Учебник: NEW SKY 2


Автори: B. Abbs, I.Freebairn, D. Bolton
Издавач: Pearson Longman

Предметен наставник:
Годишен глобален план за наставата по англиски јазик за Vодделение за деветгодишно
основно образование

Часови на наставниот процес

Реден Програмски содржини / Вежби за У

Реализација
број Наставни теми Разра утврдување и т
ботка продлабочув в
на ање на р
наста знаењето со д
Се
внит практична у
е примена в
един а
ици њ
е
пр 1 We live in Ние живееме во Вембли исто
Wembley too! така! 7 6 2 15 IX- X
во
по 2 Is that bag yours? Дали е тоа твоја чанта? 6 6 5 17 X – XI
лу
го
3 How far is it? Колку е далеку тоа?

ди 6 6 4 16 XI- XII
е
вт 4 It’s going to be fun Ќе биде забавно
7 7 1 15 I - II
ор
о 5 You must hold my Мораш да ме држиш за рака
hand 5 7 4 16 II - IV
по
лу 6 I go by train Јас одам со воз 6 6 2 14 IV – V
го
7 He doesn’t have to Тој не мора
ди 5 5 5 15 V-VI
е

Вкупно: 42 43 23 108 IX - VI

1. Целите на наставата во петто одделение се фокусира ученикот/ученичката:

 Да се оспособи слухово и визуелно да препознава нови зборови и куси изрази и да го разбере нивното
значење;
 да може да продуцира и репродуцира зборови и едноставни јазични изрази;
 да може да чита со разбирање куси и едноставни искази и текстови за идентификување на конкретни
информации;
 да се оспособи да пишува зборови по спелување и едноставни јазични искази со правилна употреба на
интерпункцијата;
 да може да води едноставна комуникација на ниво на усвоениот вокабулар и со примена на јазични
функции блиски на возраста на учениците;
 да се здобие со знаења за други култури.

2. Конкретни цели:
Ученикот/ученичката:
1. Компонента - Лексички единици
 да го разбира на значењето на лексичките единици од содржините на темите и нивно
репродуцирање и употреба во соодветни говорни ситуации;
2. Компонента - Граматички структури
 ученикот/ученичката да разбира, разликува и што поправилно да користи:
 Present Continuous Tense со идно значење во потврдна, прашална и одречна форма;
 Прилози за време на Present Continuous Tense со идно значење;
 Разликува помеѓу Present Simple Tense и Present Continuous Tense;
 Прилози за време на Present Simple Tense и Present Continuous Tense;
 Бројни и небројни именки;
 Главни и редни броеви;
 Описни придавки;
 Модалниот глагол would (учтива форма);
 Формата going to за идни желби и планови;
 Прилози за место;
 Модалниот глагол must;
 Глаголската именка (gerund);
 How much и how many;

3. Компонента - Јазични функции


 да може да води едноставна комуникација во соодветни говорни ситуации со примена на јазичните
функции во разновидни ситуации и активности: претставување, давање основни податоци за име,
адреса, возраст, телефонски број, националност, прашување и кажување на време, искажување
секојдневни обврски, искажување планови, опишување на градот и неговите обележја, барање и
давање информации за правец, искажување болка, заблагодарување и извинување, кажување на
прости и редни броеви и математичките операции со нив, поставување прашања со Why, Which и
How, нудење, прифаќање, одбивање, и следење модели за културно однесување.

4. Компонента - Слушање со разбирање


 да може да го разбере значението на лексичките единици, едноставни изрази и фрази.
5. Компонента - Говорење
 да ги изговара и соодветнода ги применува лексичките единици во едноставни искази во рамките
на предвидените јазични функции и граматички структури.
6. Компонента - Читање
 да ги препознава и чита фонетските симболи;
 да ги воочува разликите меѓу писмото и изговорот на почесто употребуваните зборови;
 да се оспособи да чита со разбирање куси реченици, дијалози и куси текстови;
 да чита и разбира упатства, инструкции, натписи и пораки;
 да го препознава и разбира значењето на интерпункциските знаци;
 да чита со идентификување на конкретни информации во даден текст.

7. Компонента - Пишување
 правилно да ги пишува зборовите што претходно биле усвоени за изговор и читање;
 да пишува правилно едноставни реченици, пораки и сл. од аспект на структура и интерпункција.

8. Компонента - Култура
 содржините од културата не се изучуваат изолирано како посебна компонента, туку се вклучени во
сите компоненти на изучување на јазикот со цел да се создаде чувство за воочување на
културолошките разлики преку воспитни и социолошки содржини како основа за развивање на
толеранција и емпатија кон другиот и различниот, во овој случај преку одбележување на
празниците.
3. Дидактика:
 се почитува принципот на меѓупредметно поврзување по однос на целите и содржините со акцент на
интегралното поврзување со содржини од мајчиниот јазик;
 основа со интеграција на различни компоненти за успешно мултисензорно (визуелно, аудитивно,
тактилно идр,) и холистичко учење со опфат на когнитивните, афективните и моторните аспекти на
учениците;
 постепена ориентација кон поизразена експлицитност на јазичните структури и постапно
воведување на граматичкиот метајазик при што ученикот/ученичката свесно ги применува и користи
јазичните структури;
 напори за воедначено развивање на говорната и писмената комуникација;
 обрнување на подеднакво внимание на сите јазични вештини: разбирање при слушање и читање,
говорната и писмената комуникација.
 разновидност на активностите: игри, драматизации, одличен избор на песни и стихотворби,
поттикнување на креативност и фантазија;

Наставни средства:
 комплет од ученички систем „New SKY 2“ кој потполно ги задоволува интересите, потребите и барањата
на учениците од оваа возраст и во соодветствува со наставниот план за англиски јазик за петто одделение
изготвен од страна на МОН и БРО на РМ; Учебникот е централна компонента за презентирање на нови
јазични содржини потпомогнати од прекрасниот избор на слики, цртежи, илустрации и фотографии за
одлична визуелна потпора за усна и писмена обработка на содржините, комуникативните активности,
игрите, песничките, стихотворбите и приказните и им овозможува на учениците со интерес и леснотија да
ги остварат целите на часовите и програмата и да стекнат самодоверба;
 прирачен материјал:
 Учебникот „New SKY 2“ е концепиран од 8 теми (целини) со вкупно 40 лекции, 4 приказни, ,
текстуален запис од песничките и тест за утврдување и следење на личниот напредок на
ученикот/ученичката на крајот од секоја тема, речник по лекции и преглед на граматичките
структури со што во потполност соодветствува на неделниот и годишниот фонд на часови за
петто одделение во деветгодишното основно образование; од овие 8 теми, во петто одделение
ќе се обработат 7, затоа што содржината на третата тема не е предвидена во учебниот план и
програмата на МОН за петто одделение во деветгодишно основно образвание.
 Работна тетратка која ја следи концепцијата на учебникот, има приказна – загатка на секои
десет лекции, две едночинки и текстуален запис од песничките со што се овозможува
современо и прецизно вежбање на усвоеното знаење со акцент на унапредување на
вештините, креативноста и самодовербата во употребата и користењето на англискиот јазик;
 CD за потпора на реализацијата на наставата кој го содржи аудио материјалот од учебникот;
 Multi-Rom за учениците со одлична основа за интерактивно вежбање на англискиот јазик;
 Test Master Multi-Rom со тестови со аудио записи;
 Прирачник за наставниците;
 Други извори на учење: Интернет пристап, образовни софтвери, предмети од непосредната
околина, постери, итн.
Ред.бр. НАСТАВНА ТЕМА БРОЈ 1: Ние живееме во Вембли исто така Реализација
Наставни содржини / единици
1. 1. Запознавање на учениците со наставниот материјал I недела IX
2. 2. Обработка на дијалог: “И ние живееме во Вембли!“ I недела IX
3. 3. Вежби: “И ние живееме во Вембли!“ I недела IX
4. 4. Граматика – обработка на Present Simple Tense, прилози за честота II недела IX
5. 5. Вежби: Present Simple Tense, прилози за честота II недела IX
6. 6. Обработка на дијалог: “Што правиш?“ II недела IX
7. 7. Вежби: “Што правиш?“ III недела IX
8. 8. Граматика – обработка на Present Continuous Tense III недела IX
9. 9. Вежби: Present Continuous Tense III недела IX
10. 10. Граматика - обработка на Present Simple Tense и Present Continuous Tense IV недела IX
11. 11. Вежби: Present Simple Tense и Present Continuous Tense IV недела IX
12. 12. Обработка на текст: “Јас сакам да играм фудбал“ IV недела IX
13. 13. Изразување хоби и интереси,употреба на глаголска именка I недела X
14. 14. Вежби: Изразување хоби и интереси,употреба на глаголска именка I недела X
15. 15. Повторување на темата I недела X
1. Цели и задачи: Цел на првата целина и тема е ученикот/чката да се потсети на вокабуларот за членовите на
семејството, да ги употребува правилно формите на Present Simple / Present Continuous, да ги употребува прилозите
за честота, да зборува за секојдневните активности, за своите интереси и хоби, да ја користи правилно глаголската
именка, да се запознава со учебникот, да се воспостават правила за однесување во училницата со цел разбирање на
значението на лексичките единици и правилна употреба и репродукција и да го следи својот личен напредок.

2. Форми на работа: фронтална, индивидуална групна или работа во парови.


Методи на работа: монолошки, дијалошки / разговор, демонстративен, аудио-визуелен, текст-метод, гроз метод,
итн.

3. Вокабулар (фразите и изразите се наведени во речникот во учебникот)


family members, everyday activities, sports.
Hey! Watch out! Sorry! That’s all right. Are you ok? I’m fine. Come here! How are you doing? I’m ok, thanks. I don’t
believe you! You’re joking! (Dad), don’t! Here comes (Tessa). (you’re) in a hurry. What’s the rush? I can’t stop. Nice to
meet you.

4. Услови за работа: Наставникот во соработка со одделенскиот раководител се консултира за ученикот/чката,


вложува напори ученикот/чката да го засака англискиот јазик, тимски да соработува со соученикот/чката и што е
можно повеќе да се употребува L2. Наставникот претходно се подготвува за час и ги обезбедува нагледните
средства: комплет од ученички систем „New SKY 2“, ЦД плеер / компјутер, ЦД, креди во боја, фотографии од
членови на семејството, слики/постери ос спортисти и сл.

5. Корелација: мајчин јазик, ликовно, физичко

6. Средства и постапки за вреднување: Се вреднува залагањето и постигањето на ученикот/чката, прибира


показатели за нивото на успешноста во постигањата, мотивираноста за учење, соработката со соучениците итн. и
вреднувањето е интегрален дел од часот. Наставникот води евиденција за напредокот на секој ученик по
завршетокот на часот согласно целите, задачите и содржината на часот и собира податоци за портфолиото на секој
ученик (во Прирачникот за наставници има предлози за засебни активности кои се пригодни за оваа намена).

7. Забелешки
Ред.бр. НАСТАВНА ТЕМА БРОЈ 2: Твоја ли е оваа чанта? Реализација
Наставни содржини / единици
16. 1. Обработка на дијалог: “Твоја ли е оваа чанта?“ II недела X
17. 2. Вежби: “Твоја ли е оваа чанта? Ikt https://www.ef.com/english- II недела X
resources/english-grammar/countable-and-uncountable-nouns/
18. 3. Граматика – изразување присвојност (присвоен генитив, присвојни заменки) II недела X
19. 4. Вежби: изразување присвојност III недела X
20. 5. Обработка на дијалог: “Имаме ли домати? III недела X
21. 6. Вежби: “Имаме ли домати?“ III недела X
22. 7. Граматика – бројни и небројни именки, some / anyIKt https://www.englisch- IV недела X
hilfen.de/en/exercises/confusing_words/some_any.htm
23. 8. Вежби: бројни и небројни именки, some / any IV недела X
24. 9. Обработка на текст: “Нема многу сообраќај“ IV недела X
25. 10. Вежби: “Нема многу сообраќај“ I недела XI
26. 11. Граматика – употреба на much / many / a lot of Ikt I недела XI
https://www.ego4u.com/en/cram-up/vocabulary/much-many
27. 12. Вежби: much / many / a lot of I недела XI
28. 13. Проект: Храната која што ја јадам II недела XI
29. 14. Изработка на диктат II недела XI
30. 15. Повторување на темата II недела XI
31. 16. Тест 1 III недела XI
32. 17 Поправка на Тест 1 III недела XI
1. Цели и задачи: Цел на втората целина и тема е ученикот/чката да го повтори вокабуларот од областа на
училишни предмети, места во градот и и да го усвои вокабуларот за храна. Да поставува прашања со Whose и да
одговара на нив. Правилно да ги употребува присвојните заменки и да изразува присвојнист со употреба на
присвојниот генитив. Правилно да ги употребува формите на глаголот have got и да зорува за местата во градот. Да
разликува ројни и небројни именки и да ги употребува some/any/much/many/a lot of. Ученикот треба да го следи во
учебникот, да ги пополнува празните места во вежбите со еден од понудените зборови, да комуницира според
дадена комуникациска структура во парови, да чита на глас, да глуми по улоги, да именува предмети дадени на
фотографиите, да определува предмети според нивната боја, да ја пее и научи песничката, да го изработи проектот,
писмено (со правилна интерпункција и спелинг) да наведе податоци за себе и да го следи својот личен напредок.
Ученикот/чката се труди правилно да реагира на заповедите и задолженијата дадени од наставникот, со што
поправилна репродукција на англиските фонеми и правилно употребување на вокабуларот и другите јазични
компоненти при вербалните и пишаните кратки искази, повторува, прашува кога не е јасно, го чува и правилно
користи учебникот, се труди да го разбира значението на лексичките единици, што е можно поправилно да ги
усовршува вештините за комуникација ; соработува со соучениците и наставникот за време на сите активности,
внимава на час, културно се однесува и е редовен во изработката на домашните задачи.
2. Форми на работа: фронтална, индивидуална групна или работа во парови.
Методи на работа: монолошки, дијалошки / разговор, демонстративен, аудио-визуелен, играње улоги итн.
3. Вокабулар (фразите и изразите се наведени во речникот во учебникот фрази и изрази наведени во речникот во
учебникот): adverbs of frequency, everyday activities, school subjects, food, places in town.
What’s the matter? (This) is disgusting! Have a look! Excuse me… Come on. Here’s… Would you like a taste? Yum! Don’t
panic! Thank you so much for… I hope you’re well. We can just see the sea. I must stop now. Love from…
4. Услови за работа: Комплет од ученички систем „New SKY 2“, ЦД плеер / компјутер, ЦД, креди во боја,
слики/постери од учолиште, училишни предмети, храна, постери од градот и сл.
5. Корелација: мајчин јазик, ликовно, ЗО
6. Средства и постапки за вреднување: Се вреднува залагањето и постигањето на ученикот/чката, прибира
показатели за нивото на успешноста во постигањата, мотивираноста за учење, соработката со соучениците итн.
затоа што вреднувањето е интегрален дел од часот. Наставникот води евиденција за напредокот на секој ученик по
завршетокот на часот согласно целите и содржината на часот.
7. Забелешки:
Ред.бр. НАСТАВНА ТЕМА БРОЈ 3:Колку е далеку тоа? Реализација
Наставни содржини / единици
33. 1. Обработка на дијалог:“Колку далеку е тоа?“ III недела XI
34. 2. Вежби: “Колку далеку е тоа?“ IV недела XI
35. 3. Обработка на текст: “Најдолгите нозе“ IV недела XI
36. 4. Вежби: “Најдолгите нозе“ IV недела XI
37. 5. Граматика – Comparative и Superlative на кратките придавки I недела XII
38. 6. Вежби: Comparative и Superlative на кратките придавки I недела XII
39. 7. Обработка на текст: “Повозбудливо е!“ I недела XII
40. 8. Вежби: “Повозбудливо е!“ II недела XII
41. 9. Граматика - Comparative и Superlative на долгите придавки II недела XII
42. 10. Вежби: Comparative и Superlative на долгите придавки II недела XII
43. 11. Редни броеви III недела XII
44. 12. Проект: Споредување – опишување на животни III недела XII
45. 13. Повторување на темата III недела XII
46. 14. Подготовка за тест 2 IV недела XII
47. 15. Тест 2 IV недела XII
48. 16. Поправка на тест 2 IV недела XII
1. Цели и задачи: Цел на третата тема е ученикот/чката да го усвои вокабулароет од областа животни, да опишува
животни и луѓе, да зборува за своите интереси и хои, да ги усвои описните придавки. Ученикот/чката треба да ги
научи редните броеви, да научи да ги употребува формите на Компаратив и Суперлатив. Ученикот/чката треба да
разбира прчитан текст, да одговара на прашања од истиот, да изработува проект и да го следи својот личен
напредок. Извршува задолженија од наставникот, внимателно го следи часот, активно учествува во работата со
партнер/ групна работа, се труди правилно да реагира на барањата и укажувањата на наставникот, песничките и
аудио материјалот со што поправилна репродукција на англиските фонеми, игра улоги од дијалозите и приказната,
го чува и правилно користи учебникот, се труди да го разбира значението на лексичките единици, што е можно
поправилно да ги усовршува вештините за усна и писмена); внимава на час, културно се однесува и е редовен во
изработката на домашните задачи ипроектот.
2. Форми на работа: фронтална, индивидуална групна или работа во парови.
Методи на работа: монолошки, дијалошки / разговор, демонстративен, аудио-визуелен, бура на идеи, играње
улоги итн.
3. Вокабулар (фразите и изразите се наведени во речникот во учебникот):
ordinal numbers, adjectives, animals, hobbies
It depends. Hurry up. Don’t push! It looks (awesome). Wow! That’s all. Cool or what? Guess what … Anybody (famous)?
Yeah! Guess who?
4. Услови за работа: Наставникот соработува со ученикот/чката правејќи позитивна клима во училницата,
употребува едноставни фрази и изрази на L2. Наставникот употребува: учебник, компјутер / ЦД плеер, ЦД-а,
работна тетратка, креди во боја, флеш карти, постери за животни, хоби и сл.
5. Корелација: мајчин јазик, ликовно, природни науки.
6. Средства и постапки за вреднување: Се вреднува залагањето и постигањето на ученикот/чката, прибира
показатели за нивото на успешноста во постигањата, мотивираноста за учење, соработката со соучениците итн. и
вреднува за време на наставата. Наставникот води евиденција за напредокот на секој ученик по завршетокот на
часот согласно целите и содржината на часот.
Ред.бр. НАСТАВНА ТЕМА БРОЈ 4: Ќе биде забавно
Наставни содржини / единици
51. 1. Обработка на дијалог “Ќе биде забавно“Икт www.agendaweb.com III недела I
52. 2. Вежби: “Ќе биде забавно“ III недела I
53. 3. Граматика – going to за идно време IKT https://www.ego4u.com/en/cram- III недела I
up/grammar/future-1-going-to/exercises
54. 4. Вежби: going to за идно време IV недела I
55. 5. Обработка на дијалог “Ајде да одиме на пливање“ IV недела I
56. 6. Вежби: “Ајде да одиме на пливање“ IV недела I
57. 7. Граматика – барање и давање предлози I недела II
58. 8. Вежби: барање и давање предлози I недела II
59. 9. Обработка на дијалог “Што ќе правиш на..?“ I недела II
60. 10. Вежби: “Што ќе правиш на..?“ II недела II
61. 11. Граматика – Present Continuous со идно значење (потврдна форма) II недела II
https://agendaweb.org/verbs/present_continuous-exercises.html
62. 12. Вежби: – Present Continuous со идно значење (потврдна форма) II недела II
https://agendaweb.org/verbs/present_continuous-exercises.html
63. 13. Граматика - Present Continuous со идно значење (прашална и одречна форма) III недела II
64. 14. Вежби: Present Continuous со идно значење (прашална и одречна форма) III недела II
https://agendaweb.org/verbs/present_continuous-exercises.html
65. 15. Повторување на темата III недела II
1.Цели и задачи: Цел на оваа тема е ученикот/чката да го усвои вокабуларот од областа на музиката, да научи правилно да ги употребува
формите на Present Continuous со идно значење, да го збогати вокауларот со зборови што изразуваат активности, да ја употребува формата
going to за идно време, да дава и одговара на предлози. Да разбира слушнати дијалози, да чита текстови, да одговара на прашања од
истите, да составува реченици по дадени информации, да пишува писмо за планови во иднина, да поставува прашања и да одговара на
нив.
Ученикот/ученичката наоѓа, поврзува, класифицира, составува и употребува кратки изрази и описи, реагира на наредби, покажува и,
поставува кратки прашања, дава одговори, игра едукативни игри за погодување и сл. Ученикот/чката се труди правилно да реагира на
заповедите од наставникот и песничките со што поправилна репродукција на англиските фонеми и графеми, го чува и правилно користи
учебникот, се труди да го разбира значението на лексичките единици, што е можно поправилно да ги усовршува вештините, соработува
со соучениците во работата во парови и игрите, но и со
наставникот за време на сите активности, внимава на час, редовен е во домашните задачи и културно се однесува.

2. Форми на работа: фронтална, индивидуална групна или работа во парови.


Методи на работа: монолошки, дијалошки / разговор, демонстративен, аудио-визуелен, аудио-визуелен, метода со анкета,
играње улоги итн.
Методи за активна настава: грозд,бура на идеи
3. Вокабулар (фразите и изразите се наведени во речникот во учебникот):
music, activity verbs, activities
What sort of (jobs)? Things like that. I’m not going to tell you. It’s a secret. Come on. Tell me. Here they are. I don’t care. What a
pain! I don’t believe it! There’s nothing good on (TV). I’m hopeless at (swimming). I’ve got a good idea. Wait for it! (It’s going to
be) so cool! Can you do me a favour? Go on! Don’t be so mean! You’re a star!
4. Услови за работа: Наставникот употребува: учебник, компјутер / ЦД плеер, ЦД-ата, работна тетратка, креди во боја,
флеш карти, и сл.

5. Корелација: мајчин јазик, ликовно, музичко.

6 Средства и постапки за вреднување: Се вреднува залагањето и постигањето на ученикот/чката, прибира показатели за


нивото на успешноста во постигањата, мотивираноста за учење, соработката со соучениците итн. Наставникот води
евиденција за напредокот на секој ученик согласно целта и содржината на часот за да сеподготви идеалното портфолио.

7. Забелешки:
Ред.бр. НАСТАВНА ТЕМА БРОЈ 5: Мораш да ме држиш за рака Реализација
Наставни содржини / единици
64. 1. Обработка на дијалог: “Мораш да ме држиш за рака“ IV недела II
65. 2. Вежби: “Мораш да ме држиш за рака“ IV недела II
66. 3. Граматика – модален глагол must – правила и забрани IV недела II
67. 4. Вежби: модален глагол must – правила и забрани I недела III
68. 5. Обработка на дијалог: “Би сакал ли чипс?“ I недела III
69. 6. Вежби: “Би сакал ли чипс?“ I недела III
70. 7. Обработка на дијалог: “Дали би сакал да...?“ II недела III
71. 8. вежби: “Дали би сакал да...?“ II недела III
72. 9. Граматика – употреба на учтива форма на would II недела III
73. 10. Вежби: употреба на учтива форма на would III недела III
74. 11. Проект – Моето омилено ТВ шоу III недела III
75. 12. Презентирање на проекти III недела III
76. 13. Повторување на темата IV недела III
77. 14. Подготовка за Тест 3 IV недела III
78. 15. Тест 3 IV недела III
79. 16. Поправка на Тест 3 I недела IV
1. Цели и задачи: Цел на шестата тема е ученикот/чката да го усвои вокабуларот од областа на храна, ТВ програми, да
научи да ги употребува правилно модалниот глагол must и учтивата форма на would, да зборува за правила, да бара и дава
дозвола, да порачува храна од мени, да дава и одговара на покани, да зборува за ТВ програми, преку разнообразни
активност: поврзување, слушање, повторување, слушање дијалози, покажување, подредување, идентификување, глумење,
класифицирање, составување вербални или писмени искази и описи, поставување прашања и давање одговори, играње
едукативни игри и сл. Ученикот/чката се труди соодветно да реагира на активностите што наставникот ги реализира за
време на часот, поправилно репродукцира англиските фонеми, ги препознава и користи во усна и пишана форма јазичните
структури, се труди да го разбира значението на лексичките единици, што е можно поправилно да ги усовршува вештините
при вербална или пишана комуникација и разбирањето на слушнат или прочитан текст / дијалог, соработува со соучениците
во работата во парови и игрите, но и со наставникот за време на сите активности, внимава на час, редовен е во изработката
надомашните задачи и културно се однесува.

2. Форми на работа: фронтална, индивидуална групна или работа во парови.


Методи на работа: монолошки, дијалошки / разговор, демонстративен, аудио-визуелен итн.

3. Вокабулар (фразите и изразите се наведени во речникот во учебникот):


activity verbs, food, TV programmes
How (amazing)! There it is! Stop it! Don’t be so bossy! Be careful. Look out! Er, sorry. Yes, I think so. (Chips) are bad for you.
Anything to drink? Me too, please. It’s me. Nothing much. What’s on? It sounds (a bit boring). (It’s) on quite late. See you later!
4. Услови за работа: Наставникот соработува со ученикот/чката правејќи позитивна клима во училницата со употреба на
учебник, компјутер / ЦД плеер, ЦД-а, слики/ постери со храна, работна тетратка, креди во боја и флеш карти.

5. Корелација: мајчин јазик, ликовно и животни вештини

6. Средства и постапки за вреднување: Се вреднува залагањето и постигањето на ученикот/чката, прибира показатели за


нивото на успешноста во постигањата, мотивираноста за учење, соработката со соучениците итн. и вреднувањето е
интегрален дел од часот. Наставникот води евиденција за напредокот на секој ученик за индивидуалното портфолио.

7. Забелешки:
Ред.бр. НАСТАВНА ТЕМА БРОЈ 6: Јас одам со воз Реализација
Наставни содржини / единици
80. 1. Обработка на дијалог: “Јас одам со воз“ I недела IV
81. 2. Вежби: “Јас одам со воз“ I недела IV
82. 3. Обаработка на текст: “Долг е патот до училиштето“ II недела IV
83. 4. Вежби: разговор за патување II недела IV
84. 5. Обработка на дијалог: “Можеш ли да ми го покажеш патот?“ II недела IV
85. 6. Вежби: “Можеш ли да ми го покажеш патот?“ III недела IV
86. 7. Давање насоки III недела IV
87. 8. Вежби: давање насоки III недела IV
88. 9. Обработка на текст: “Што е супер во светот на спортот?“ IV недела IV
89. 10. Вежби: “Што е супер во светот на спортот?“ IV недела IV
90. 11. Придавки и прилози IV недела IV
91. 12. Вежби: придавки и прилози I недела V
92. 13. Проект – Пишување разгледница I недела V
93. 14. Повторување на темата I недела V
1. Цели и задачи: Цел на претпоследната тема е ученикот/чката да го усвои вокабуларот за патување, места во градот, да
зборува за патот до училиштето, да бара и дава насоки и инструкции, преку интересни активности: дополнување на
испуштени букви во зборови, слушање и извршување задачи во врска со аудио дијалогот/текстот, повторување,
покажување, класифицирање, составување и употребување во вербална и/или пишана форма кратки изрази и описи, и учи
песнички и ролји од приказната, поставува кратки прашања, дава одговори, слуша, размислува и одбира точен или
погрешно назначен предмет, искажува допаѓање или недопаѓање, игра едукативни игри и сл. Ученикот/чката се труди
правилно да реагира за време на целиот тек на часот, се труди за поправилна репродукција на англиските фонеми и
реченичната интонација, се труди да го разбира значението на лексичките единици, што е можно поправилно да ги
усовршува вештините и соработува со соучениците во работата во парови и игрите, но и со наставникот за време на сите
активности, внимава на час и културно се однесува.

2. Форми на работа: фронтална, индивидуална групна или работа во парови.


Методи на работа: монолошки, дијалошки / разговор, демонстративен, аудио-визуелен, итн.

3. Вокабулар (фразите и изразите се наведени во речникот во учебникот):


travel, places in town, adjectives
Excuse me. Anyway,… When I was your age, … (Dad’s) not (very) well. Hmm! That’s funny! It’s quite near here. I see. You can’t
miss it. It isn’t far. Have a nice day!
4. Услови за работа: Наставникот соработува со соученикот/чката правејќи позитивна клима во училницата, употребува
едноставни фрази и изрази на L2. Наставникот употребува: учебник, компјутер / ЦД плеер, ЦД-ата, слики од часописи,
работна тетратка, креди во боја, флеш карти, работен лист и евалвационен лист за крај на темата.

5. Корелација: мајчин јазик, природни науки, ликовно, животни вештини,

6. Средства и постапки за вреднување: Се вреднува залагањето и постигањето на ученикот/чката, прибира показатели за


нивото на успешноста во постигањата, мотивираноста за учење, соработката со соучениците итн. и вреднувањето е
интегрален дел од часот. Наставникот води евиденција за напредокот на секој ученик по завршетокот на часот согласно
целите, задачите и содржината на часот.

7. Забелешки:
Ред.бр. НАСТАВНА ТЕМА БРОЈ 7: Тој не мора да.... Реализација
Наставни содржини / единици
94. 1. Обработка на дијалог: “Тој не мора да...“ II недела V
95. 2. Вежби:“Тој не мора да...“ II недела V
96. 3. Граматика – обработка на have to II недела V
97. 4. Вежби: упореба на have to III недела V
98. 5. Обработка на дијалог: “Дали е тој забавен? III недела V
99. 6. Вежби: “Дали е тој забавен?“ III недела V
100. 7. Вежби: опишување на луѓе IV недела V
101. 8. Обработка на дијалог: “Тоа е за заштита на Лондон“ IV недела V
102. 9. Граматика – инфинитив со to IV недела V
103. 10. Вежби: инфинитив со to I недела VI
104. 11. Повторување на темата I недела VI
105. 12. Подготовка за Тест 4 I недела VI
106. 13. Тест 4 II недела VI
107. 14. Поправка на тест 4 II недела VI
108. 15. Утврдување II недела VI
1. Цели и задачи: Цел на последната тема е да го освежи сето она што е научено низ пригодни активности со опфат на
сите лексички единици, граматички структури и јазични функции, да се повтори вокауларот за облека, да се усвои
вокабуларот за географски зборови и описни придавки, да се зборува за училиштето, да се опишуваат луѓе и да се
употребува формата инфинитив со to, преку интересни активности: дополнување на испуштени букви во зборови, слушање
и извршување задачи во врска со аудио дијалогот/текстот, повторување, покажување, класифицирање, составување и
употребување во вербална и/или пишана форма кратки изрази и описи.

2. Форми на работа: фронтална, индивидуална групна или работа во парови.


Методи на работа: монолошки, дијалошки / разговор, демонстративен, аудио-визуелен, аудио-визуелен, играње по улоги,
метод со симулација, бура на идеи итн.

3. Вокабулар (фрази и изрази):


clothes, personality adjectives, geographical words
I’m not sure yet. Don’t leave it too late. Don’t forget…. That’ s such a drag! Don’t be so (silly)! Excellent! It’s amazing! How do
you mean? How does (it) do that?
4. Услови за работа: Учебник, компјутер / ЦД плеер, ЦД-ата,, слики од часописи, работна тетратка, креди во боја итн.

5. Корелација: мајчин јазик, ликовно, музичко и географија.

6. Средства и постапки за вреднување: Се вреднува залагањето и постигањето на ученикот/чката, прибира показатели за


нивото на успешноста во постигањата, мотивираноста за учење, соработката со соучениците итн. Вреднувањето е
интегрален дел од часот.

7. Забелешки:
ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА
НА УЧЕНИЦИТЕ

Следење на постигањата на учениците

Во текот на наставата редовно се следат и вреднуваат постигањата на учениците, се прибираат


показатели за нивните активности, мотивираноста за учење, соработката со другите и сл.
(формативно оценување). Секоја активност на часот при која учениците ја искажуваат
јазичната активност, било на рецептивно, репродуктивно или продуктивно ниво, дава можност
за воочување на напредокот и негово вреднување. Тоа
значи дека евалвацијата се врши како интегрален дел на самиот наставен час, а не како изолиран
чин. Многу е важно при постапките на проверка на знаењето, како и оценувањето на ученикот,
тие постапки да не се разликуваат од вообичаените активности на часот, односно учениците не
треба посебно да се издвојуваат од групата при проверката на усното јазично реагирање. Битно
е поголем акцент да се стави на позитивните аспекти на напредокот на учениците, т.е. на она
што ученикот го знае, а не она што не го знае. Важно е секој напредок да се награди соодветно,
бидејќи на младите ученици им е потребна повратна информација за остварениот успех, што
може да биде усна пофалба или позитивна реакција изразена преку гест или ми-
мика или, пак, со насмевка од страна на наставникот, нацртан цвет и сл.

Вpеднувањето на напредокот на учениците ќе се врши описно во текот на училишната година


при што наставникот има обврска во посебна тетратка континуирано да води забелешки за секој
ученик посебно за неговото напредување согласно компонентите на јазикот предвидени со
наставната програма за петто одделение. Со цел на родителите да им се овозможи увид во
напредувањето на нивните деца и во нивниот процес на учење пожелно е да се воведе Европско
јазично портфолио кое придонесува учениците да ја развијат свеста како учесници во
наставниот процес. Портфолиото ги води кон сфаќање на учењето како процес на стекнување на
знаења и вештини во кој активно учествуваат. Притоа ги поттикнува на разми-
слување за успешните стратегии на учење, за проценка на постигнатите знаења и вештини, како
и за индивидуалните желби и планови за напредување и учење на странскиот јазик.

На крајот на првото полугодие и на крајот на учебната година, учениците ќе бидат


оценети со бројчана оценка.
МЕТОДИ НА РАБОТА
 Метод на директна настава;
 Метод на индиректна настава;
 Метод на игра;
 Метод на решавање проблеми;
 Истражувачки (откривачки) метод;
 Текст метода;
 Метод на усно изразување;
 Аналитичко – синтетичка метода;
 Метод на објаснување;
 Дијалошка метода;
 Монолошка метода.
 Демонстративна метода

ФОРМИ НА РАБОТА
 Фронтална,
 Групна,
 Индивидуална,
 Тандем – работа во парови.

СРЕДСТВА И МАТЕРИЈАЛИ ЗА РАБОТА


 Визуелни;
 Аудитивни;
 Аудио – визуелни средства и средства со кинетички својства.
СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

1. Постојано информирање на родителите преку различни форми:


 Писмено преку огласна табла, имформативни листови, брошури, испраќање на
пораки.
 Усно преку средби сандачиња за пораки, индивидуални разговори.
2. Одржување на родителски средби:
 Работилници по повод празници.
 работилници со теми за едукација на родители (самодоверба самоконтрола,
јакнење на детската личност, идеи за игри во домот).
 повикување на стручни соработници за одржување на отворени трибини на различни
теми
3. Вклучување на родители како:
 Волонтери за изведување на активност во катче.
 Набљудување на активностите во училницата.
 Родител стручен соработник, односно извор за добивање на нови имформации
 Вклучување на родител во изработка на дидактички материјал.

СОРАБОТКА СО ПОШИРОКАТА ОПШТЕСТВЕНА СРЕДИНА

 Локална самоуправа,
 кино, театар, пошта,
 здравствени институции,
 занаетчиски работилници.

СОРАБОТКА СО СТРУЧНИ ИНСТИТУЦИИ

 Биро за развој на образованието


 Музичко училиште
 Дом на културата
 Педагошки факултет и др.

You might also like