Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

Работен лист за заокружување на цели и децимални броеви со одредена точност и на одреден број значајни

цифри

Заокружување со користење на бројна права

На бројната права е прикажано заокружувањето на 27,16 на едно


децимално место

Скратено тоа се запишува на следниот начин:

27,16 = 27, 2 на едно децимално место

Примери: Заокружи ги броевите 4, 655 и 0,8723 на

• 2 децимални места 4, 65 5 = 4, 66
• 1 децимално место

Задачи:
1. Со користење на бројна права запишете ги следните броеви точно на едно децимално место:
a. 6,14 c. 6, 71 e. 6,91 g. 6, 41 i. 6, 08
b. 6, 25 d. 6,38 f. 6,99 h. 6, 75

2. Запиши ги следните броеви точно на 1 децимално место


a. 3, 22 c. 0,82 e. 0, 65 g. 6, 02 i. 1,19
b. 4,36 d. 0, 76 f. 4,98 h. 7, 07

3. Запишете ги следните броеви точно на 2 децимални места


a. 6, 231 c. 0,965 e. 4, 204 g. 4, 003 i. 0, 205
b. 0, 782 d. 4, 025 f. 6,107 h. 0, 028

4. Заокружи ги следните броеви според барањата

точност 6, 4183 0, 7062 0, 0215 9, 6008 7,1808 0,3144 6, 2999 4, 0818


3 д.м.
2 д.м.
1 д.м.

5. Седум пријатели треба да ја поделат сметката за ручек која изнесува $183 рамноправно помеѓу нив,
a. Колку платил секој од нив? (вашиот одговор дајте го со точност од две децимали)
b. Ако секој човек ја платил таа сум, тогаш нема да можат да ја платат сметката. Зошто е тоа така? Што
треба да направат за да можат да ја платат сметката?
6. Заокружи го бројот 0, 7459368 на
a. 4 д.м. b. 5 д.м.
7. а) Колкав е периметарот на правоаголник со димензии 6,12 cm и 4, 77 cm точно на
i. 2 д.м. ii. 1 д.м.
б) Колкава е плоштината на истиот тој правоаголник на
iii. 2 д.м. iv. 1 д.м. v. 3 д.м.
8. Многу често кога заокружуваме треба да имаме чувство на исправност. Кажете што е проблемот во следните
две ситуации:
a. Една училишна сала има капацитет од 456 седишта. Одговорниот за музичките приредби го заокружил
овој број на најблиска десетка, и го распродал наредниот концерт.
b. Еден мост им максимална дозволена носивост од 15, 75 тони, но пред него е поставен знак кој ја
прикажува масата заокружена на најблизок цел број?

9. Во продолжение е дадена домашната на Ayaan. Запишете го точниот одговор за секоја негова грешка
a. 7, 44999 = 7,5 (1дм ) b. 0,399 = 0, 4 ( 2дм ) c. 0, 00493 = 0, 01( 2дм )

10. Заокружи:
a. 84,98 (1дм ) c. 7,895 ( 2дм ) e. 0, 0489 (1дм )
b. 60,9999 ( 3дм ) d. 7,9949 ( 2дм )

11. Едно мерење е запишано точно на едно децимално место како 3, 4 cm . Кои од следните мерења може да
го претставува точното мерење
a. 3, 4499 cm c. 341mm e. 0,342 m
b. 34, 7 m m d. 33,81mm f. 3,35cm

ЗНАЧАЈНИ ЦИФРИ

Заокружувањето на една односно две или повеќе децимални места не секогаш ни ја дава точната апроксимација
на некој број, пример 6381278, 68 кој ако го заокружиме на 1дм или на 2дм нема воопшто да го запише во по
едноставна форма, во таков случај многу е покорисно да се заокружи на одреден број значајни цифри.

Дефиниција: Значајните цифри ја прикажуваат релативната важност на цифрите во бројот така што
првата не нулта цифра се смета за најважна.
ЕИ С Д E
2 9 1 4 = 3000 (1sf )

Првата не нулта цифра е 2 која се наоѓа на позицијата единици илјади во овој случај заокружувањето на 1 значајна
цифра е исто што и заокружување на најблиска илјадарка

Пример 1: Да се запише бројот 83562 на

• 1sf • 2sf
ДИ ЕИ С Д Е ДИ ЕИ С Д Е
8 3 56 2 
1sf
→ 80000 8 3 5 6 2 →
2sf
84000

Пример 2: Во следната табела прикажани се следните броеви заокружени според барањата

Број 67341 23, 478 0, 003286


3sf 67300 23,5 0, 0329
2sf 67000 23 0, 033
1sf 70000 20 0, 03
Задачи

1. Запиши ги броевите на 1 sf
a. 420 d. 48 f. 91265 h. 0, 0032
b. 8314 e. 4,81 g. 10034 i. 7, 0036
c. 396

2. Запиши ги броевите на 2 sf
a. 962 d. 17638 f. 26,92 h. 133, 68
b. 489 e. 17,34 g. 0, 00389 i. 8, 035
c. 6183

3. Препиши ја и дополнија следната табела

Број 613752 1, 6831 0, 004753


3sf
2sf
1sf

4. Заокружи ги следните броеви според барањата:


a. 0, 0046572 ( 3sf ) c. 0, 00022278 ( 2sf )
b. 0, 0189 (1sf ) d. 0,399 ( 2sf )

5. Ramsingh заокружувал на следниот начин


i. 6348 ≈ 6000 (1sf ) iv. 0, 08942 ≈ 0, 089 ( 2sf )
ii. 6348 ≈ 6400 ( 2sf ) v. 0, 0356 ≈ 0, 03 (1sf )
iii. 816952 ≈ 8 (1sf ) vi. 899 ≈ 800 ( 2sf )
b. Кои од нив (заокружувањата) се точни?
c. Запишете ги точните одговори за оние кои Ramsingh погрешил?

6. Заокружи го бројот 82736 на:


a. 1sf b. 2sf c. 3sf d. 4sf

7. Заокружи го бројот 0, 003565 на:


a. 1sf b. 2sf c. 3sf d. 4sf

8. Еден број заокружен на 1sf e 60 . Запишете пет примери кои можат да го претставуваат бројот?

9. Замислете дека ваша работа е да запишете наслов за еден весник. За секој од примерите прикажани подолу
определите дали ќе го запишите бројот заокружен или цел – точниот број во вашиот наслов. Доколку правите
апроксимација запишете го бројот кој ќе го искористите
10. Заокружи го бројот 8134767 на:
a. 4sf b. 3sf c. 2sf d. 1sf

11. Еден цел број заокружен на 1sf e 5000 Кој е:


a. Најголемиот број кој што може да биде тој број?
b. Најмалиот број кој што може да биде почетниот број?

12. Пресметај те: 0, 053 ⋅1, 4


a. Точно
b. Точно со точност од две децимални места
c. Точно со точност од една значајна цифра?

13. Пресметај те 0, 6234 :17, 2


a. Точно на две децимални места
b. Точно на три значајни цифри

You might also like