алкалоид

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

„ЗДРАВЈЕТО, ПРЕД СЕ.

АЛКАЛОИД
РАЗВОЈОТ И ПАТОТ НА АЛАКОЛИД

ЈАНА ИВАНОВА | ИНОВАЦИИ | 15.02/2019

PAGE 0
ПОЧЕТОК
„Алкалоид“ започнал со работа на 15 август 1936 година, со два
погона и само со 15 работници, кои произведувале 350 килограми
фармацевтски суровини. Десетина години подоцна, фабриката го
зголемила обемот на производството за десетпати додека
во 2016 година, „Алкалоид“ бил водечко фармацевтско друштво во
Македонија и шесто по големина во Југоистччна Европа, со 1.600
вработени, од кои 1.200 во Македонија и над 300 во странство.
На 20 септември 2016 година, во хотелот „Александар палас“ била
прославена осумдесетгодишнината од основањето на „Алкалоид“,
а свечено обраќање имал генералниот директор Живко Мукаетов.

ШТО
ПРЕТСТАВУВА
АЛКАЛОИД?
Алкалоид е
македонско трговско друштвоза производство на лекови,
преработка на билни суровини, производство на козметички и
хемиски производи. Има фирмaќерка („Алкалоид КОНС“), како и
13 подружници надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на
Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија,
Швајцарија, Бугарија, Романија, Украина, Русија и САД).
Друштвото е доминантен капитал во сопственост на приватни
акционери, од кои 5,05% се странски инвеститори.

PAGE 1
ПОЧЕТОК
Основна дејност на Алкалоид АД Скопје е
производство на
фармацевтски,
хемиски и козметички производи и
производи од билно потекло. Покрај
основната дејност Алкалоид АД Скопје,
согласно уписот во судскиот регистер,
може да обавува и трговија на големо и
надворешно-трговски промет со прехранбени и
непрехранбени производи. Претежна дејност е
производство на фармацевтски производи.

Акциите на Алкалоид АД Скопје, котираат на


официјалниот пазар на Македонската берза за
хартии од вредност од 2002 година.

Познато е дека првите производни погони, од


кои израсна Алкалоид биле во приватна сопственост на
семејството Огњановиќ. На почетокот петнаесетина работници во
два погона произведувале околу 350 кг фармацевтски суровини.
Фабриката претставува никулец на една нова стопанска гранка не
само на овие простори, туку и во поширокиот регион.

АЛКАЛОИД
На странските пазари, според последните податоци, Алкалоид
пласира над 70 отсто од производството, факт што ја потврдува
извозната ориентација како доминантна определба на
компанијата. Алкалоид во меѓувреме станува препознатлив и со
новиот проактивен маркетиншки концепт и корпоративниот

PAGE 2
европски имиџ. Меѓу приоритетите остануваат грижата за
вработените, акционерите, животната средина, деловните
партнери, здравствениот систем и пред се' - здравјето на луѓето.

Реализираните инвестиции, промените и зголемениот обем на


работа, особено во последните неколку години ја наметнуваат
потребата од надградба на постоечкиот и инсталирање на
модерен информативен систем и интеграција и консолидација на
севкупната софтверска мрежа.

Во пресрет на 70-годишниот јубилеј, почнува имплементацијата


на SAP, податочен софтверски систем, вреден над два милиона
евра, кој со своите модули целосно ги интегрира сите деловни
сегменти на компанијата. Со тоа Алкалоид останува лидер и во
оваа област со оглед на тоа што тоа е првиот матичен SAP што
една компанија го инсталира во земјата. Од ноември 2002 година
компанијата котира на официјалниот пазар на Македонската
берза на долгорочни хартии од вредност. Алкалоид прв во
Македонија го отвора и потврдува својот легимитет пред јавноста
и транспарентно ги прикажува билансите и финансиското
работење пред сите потенцијални инвеститори. Алкалоид е
избран за најтранспарентна котирана компанија на Берзата за
2003 година, додека неговата акција е најликвидна и најтргувана
на Македонскиот пазар на долгорочни хартии од вредност.

Во последните 20 години Алкалоид во своето осовременување има


вложено меѓу 70 и 80 милиони евра, а паралелно со воведувањето
нови технологии, се менува и структурата на вработените во полза
на високо стручните кадри. Алкалоид во својата визија останува
на определбата дека најголемата инвестиција за една компанија е
во човекот и во неговата едукација за управување со нови
технологии, што несомнено е важно за развојот и битисувањето на

PAGE 3
компанијата, чија успешна приказна продолжува со нови
предизвици.

Производи
Алкалоид како фирма присутна на незнамшто повеќе од 1 деценија
располага и произведува со голем број различни производи кои се
користат насекаде низ светот. Некои од нив се-

-Кафетин

Лекот „кафетин“ (Caffetin®) е


убедливо најраспространетиот и
најпознатиот производ на
„Алкалоид АД Скопје“. Лекот бил
лансиран е во 1957 година и
станал многу продаван производ
на подрачјето на поранешна
Југославија, а покрај тоа се продавал и на пазарите во 15 земји,
меѓу кои и Русија, Бугарија и Романија.

-Бекутан

На 8 март 1978 година, „Алкалоид“ започнал со производството на


производите од програмата „Бекутан“, кога технологот Блажо
Ставров и фармацевтот Софка Солеска рачно го изработиле
кремот „Бекутан“ во количество од три килограми кои им ги
подариле на децата во
една градинка.
Постепено,
производниот асортиман
се проширувал и во 2018
година опфаќал 26
производи со над 50
различни пакувања.

PAGE 4
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
Во 2017 година, „Алкалоид“ ја добил наградата за најдобра
општествено одговорна практика во категоријата „Однос кон
вработените“ што ја доделуваат Министерството за економија и
Координативното тело за општествена одговорност. Притоа,
„Алкалоид“ ја добил оваа награда за спроведениот проект
„Имплементација на системот за управување со таленти“.
Почнувајќи од 2009 година, „Алкалоид“ дури осумпати ја освоил
оваа награда за општествена одговорност, во повеќе категории: за
етичко управување (за проектот „Кодекс на етичко и бизнис-
однесување), за однос кон вработените (за проектите „Менаџмент
со човечки ресурси 20098-2011“ и „Имплементација на системот за
управување со таленти“), за вложување во заедницата (за
проектите „Политика за општествена одговорност на Алкалоид
АД - Симбиоза за поздрав живот и иднина“, „Биди ми пријател“ и
„Поддршка за спортот и националните тимови“) и за однос кон
животната средина (за проектот „Обновливи извори на енергија и
енергетска ефикасност при инвестициски активности“).[10]

PAGE 5

You might also like