Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

10:30-14:33

Гого
- воведот
-Музиката по текот на целата сцена е емпатиска. Односно, додека оди по улицата
песната во позадина добро се поклопиува со ритамот на целата сцена (дури до
моментот на т.н. точка на синхронизација, кога стихот од песната ке се поклопи
совршено со подголтнувањето на апчето). Исто така и музиката која оди во
позадина, на делот од сцената каде почнува да му делува таблетата, се
поклопува на некој начин со неговата емоција и она што веројатно почнува да му
се случува во главата поради дејствието на апчето. Тогаш и звукот кој го
произвдува тркалото на точакот, кој продолжува во текот на сцената заедно со
музиката, како некој позадински ритам, почнува да се слуша како отчукување на
срце или часовник што ни укажува на тензичната состојба на ликот и да речемне
“замрзнувањето” на времето.

Стела
-Додадена вредност- Под додадена вредност подразбираме изразна и
информативна вредност со која некој звук ја збогатува сликата, затоа главно
додадена вредност има во моментот кога ликот ја голта таблетата, начинот на кој
се синхронизира стихот од песната со подголтнувањето на ликот, става силен
акцент на таа сецена и воедно ја прави по воочлива. Исто така и звукот кој го
произведуваат клучевите кои ги вади од џебот, кои не природно гласно се
слушаат, ни укажуваат на следувањето на важна информација.

-Голем дел од додадената вредност на филмот,ја носи и текстот, односно тој го


насочува тоа што го гледаме. Така што овој филм е говорно центричен, и во
сцената која ја издвоивме, главно има глас во офф кој ни ги кажува информациите
за тоа што се случува на сликата.

-Во оваа сцена, векторизацијата е начинот на кој ни е прикажана временската


димензија. Односно драматизацијата на кадрите, и усмерувањето кон некоја цел
што воедно ни создава чувство на исчекување.

- За пристапите на слушање може да се каже дека каузалното преовладува низ


целата сцена, бидејќи каузалното слушање го користиме за да добиеме што
повеќе информации за причината на настанувањето на звукот, без разлика дали
изворот на звукот е видлив и звукот носи додатни информации или не. Додека
сведено слушање може да се јави главно во моментите кога трае позадинската
музика, доколку се фокусираме на квалитетот и обликот на звукот. Тоа може да се
поврзе исто така и со акузматска музика, бидејќи во целата сцена не ни е познат
изворот на позадинската музика.
Исто така акузматски звук се појавува во моментот кога ликот разговара со
девојката во влезот, а во позадината, значително потивко, се слуша нечии
разговор од извор кој не го познаваме.

Кристијан
- Аудиовизуелна дисонанца (контрапункт)- се јавува кога почнува да му делува
апчето а во позадина се појавува некој звук на црцорење на птици, кој се поврзува
со вртењето на точакот, и зуењето од сијалицата,кои продолжуваат, односно, се
преливаат во песната која следува, а за тоа време, ја гледаме девојката како
разговара со него. Но исто така тие звуци се пренагласени, односно ни укажуваат
на разбиструвањето и изоштрувањето на звукот и сликата и засилувањето на
перепцијата, кои му се случуваат на ликот поради дејствието на таблетата.

-Звукот може да се каже дека се одвува по внатрешна логика, во моментите кога


ликот се движи по улицата, се додека да влезе во зградата. А надворешна логика,
кога во сцената сака да ни укаже на дејствието на таблетата, и се појавува како
слика од мозокот а воедно и звук кои ја сечат сцената, исто така и звуците кои се
појавуваат и додека девојката му зборува се некој вид на надворешна
интервенција

- Со тоа што звукот има улога да го поврзе протокот на слики, во оваа сцена се
појавува оверлапинг, односно музиката од една сена продолжува во другата
сецена. Тоа го има во моментот кога ликот излегува од барот каде музиката од
звучниците преоѓа во позадинска музика додека тој се движи по улицата, се до
сцената кога влегува во влезот од зградата, каде исто така при помената на
сцената, музиката продолжува и прекинува кога тој ке почне да се качува по
скалите. Оверлапинг е искористен и во промената на кратките кадри додека
девојката разговара со него, истите звуци продолжуваат во секој следен кадар со
тоа што се додава нов звук, и на крај преогја во музика. Таму има и одклонување
од реалното време со што се спојуваат сликите во еден проток.

Тео
-Интерпункција може да се каже дека претставува некој вид на нагласување, па
затоа главни места каде е искористен тој елемент се кога ликот го вади апчето
заедно со клучевите, нагласеноста на звукот на клучевите претст. Некој вид на
интерпункција, исто така голтањето на апчето, како и со звукот кој се произведува
при вртењето на точакот.
А под звучен декор може да се спомнат звуците кои се во позадината додека се
движи по улицата ( колите), и додека разговараат со девојката во влезот, односно
туѓиот разговор кој потивко се слуша но ни дава некој облик за просторот во кој се
наоѓаат.
- Конвергенција се јавува кога ликот го голта апчето, како што спомнавме
предходно, тука се синхронизираат звукот на подголтнување, со гласот од песната
која оди постојано како позадинска музика.
-Нагласена тишина, има во моментите кога тој се качува по скали, чекорите се
прилично гласни и ни укажуваат на празниот влез.

- Точки на синхронизација е моментот кога се сретнуваат еден звучен и еден


визуелен елемент. Така, во оваа сецена, како точка на синхронизација преку
гласот во офф, може да се земе моментит пред тој да го земе апчето, кога кажува
“at the end how much worse can it get“ со што ни ја акцентира важноста на сцената.

-А како звук вон кадар, кој претставува амбиентален звук, може да биде самата
музика која ја исполнува сцената во делот кога се движи по улица, а како
внатрешен звук, звукот на точакот кој преоѓа во музика, и на некој начин се
поврзува со отчукување на саат и на срце, со што го поврзуваме и со духовната и
внатрешна состојба на ликот.
Музиката се појавува како просторно временска раскрсница, кога тој оди по улица,
и слушаме глас во офф придружен од песна.

You might also like