Laboratoriska Vezba 01

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

Факултет за електротехника и информациски технологии

Институт за телекомуникации

Канали и пропагација

Лабораториска вежба бр.1

Име и презиме:

Индекс бр.:

Модул:
Канали и пропагација Лабораториска вежба бр. 1
Споредба на модели за детерминистичко слабеење
Споредба на модели за детерминистичко слабеење при простирање
на радио бран

Вовед
Во лабораториската вежба ќе бидат споредени приемните моќности добиени на излез од приемната
антена при три различни претпоставени модели на слабеење:
1. Слабеење при простирање во слободен простор
2. Слабеење при простирање над рамна земја
3. Слабеење според емпириските резултати добиени според Хата-Окумура моделот

1. При простирањето во слободен простор, приемната моќност во антената се пресмета според


Фрисовата равенка
2
⎛ λ ⎞
PR = PT GT GR ⎜ ⎟ , (1)
⎝ 4πd ⎠
според која приемната моќност опаѓа за 6 dB при секое удвојување на растојанието (односно 20 dB
на секои 10 km). Во (1), GT и G R се природните засилувања на предавателната и приемната антена,
λ е брановата должина на радио бранот, а d е растојанието меѓу предавателната и приемната
антена.

2. При простирање над рамна земја, во приемната антена се собираат два радио брана (директен и
рефлектиран), од каде, според моделот на два брана (анг. two-ray model), произлегува дека
моќноста во приемната антена е определена според
2
⎛ λ ⎞ 2 ⎛ 2πhT h R ⎞
PR = PT GT GR ⎜ ⎟ × 4 sin ⎜ ⎟, (2)
⎝ 4πd ⎠ ⎝ λd ⎠
каде hT и hR се висините на предавателната и приемната антена над земјата.

3. Моделот Хата-Окумура е модел добиен до долготрајни емпириски мерења на средното


слабеење на радио сигналот во различни урбани и рурални средини во фреквентен интервал од 150
MHz до 1500 MHz; при што се добиени графици од кои може да се „отчита“ слабеењето на
сигналот во функција од растојанието и фреквенција во различни урбани средини. Врз основа на
овие графици, Хата утврдил емпириски математички зависности со кои е поедноставена
употребата на моделот.
За урбани средини, Хата ја утврдил следниот израз за медијаната на слабеењето
L50 (dB ) = 69.55 + 26.16 log( f c ) − 13.82 log(ht ) − a (hr ) + (44.9 − 6.55 log(ht ))log(d ) , (3)
каде
150 ≤ f c ≤ 1500 (MHz )
30 ≤ f c ≤ 200 (m )
1 ≤ d ≤ 20 (km ) . (4)

2
Канали и пропагација Лабораториска вежба бр. 1
Споредба на модели за детерминистичко слабеење

Во оваа лабораториска вежба треба да се изврши споредба на приемните моќности добиени на


излезот од приемната антена според претходно објаснетите (3) модели на слабеење. За таа намена
ќе се употреби Matlab скриптата: vezba_1_KanaliPropagacija.m.

Задача 1: Проучете ги деталите од matlab скриптата. Идентификувајте ги влезните променливи


со кои се задава работната фреквенција, брановата должина, предавателната моќност и
растојанијата предавател-приемник.
Врз основа на тоа, дополни го соодветните вредности:
Почетната работната фреквенција е поставена на ___________ MHz.
Почетната бранова должина е поставена на _________________ m.
Почетната предавателна моќност е поставена на _____________ dBm.
Растојанието помеѓу предавателот и приемникот е поставено на _____________ m.

Задача 2: Изврши ја matlab скриптата. Скицирај ги графиците на приемната моќност добиена


според 3-те модели за слабеење при простирање кога работната фреквенцијата е 900 MHz.

Priemna moknost za razlicni propagacioni modeli


Pr(d) (dBm)

0 1
10 10
d(km)

3
Канали и пропагација Лабораториска вежба бр. 1
Споредба на модели за детерминистичко слабеење
Задача 3: Изврши ја matlab скриптата. Скицирај ги графиците на приемната моќност добиена
според 3-те модели за слабеење при простирање кога работната фреквенцијата е 1500 MHz.

Priemna moknost za razlicni propagacioni modeli


Pr(d) (dBm)

0 1
10 10
d(km)

You might also like