Download as odt, pdf, or txt
Download as odt, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Јоаким Крчовски живеел и работел на преминот од XVIII во XIX век.

Немаме
податоци за неговото раѓање, времето и местото, како ни за смртта. Се претпоставува дека
презимето го добил според турскиот назив за Кичево - Крчово и дека најверојатно бил родум
од таму. Учителствувал во Паланка и Кратово и со тоа, тој е еден од првите наши
манастирски учители.
Крчовски отпечатил пет книги:
• „Слово исказаное заради умирание“, печатена 1814 г. во Будим и е анонимна, но
според стилот и јазикот, му припаѓа нему. Тоа е првата книшка на народен македонски
јазик, составена од проповеди наменети за воспитување во христијански дух.
• „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, отпечатена исто 1814 г. во
Будим. На насловната страна е даден податокот: списана от хаџи Јоаким даскала - од
каде дознаваме дека бил учител во едно од манастирските училишта каде наставата се
одвивала на македонски народен јазик.
• „Сија книга глаголаемаја митарства“, 1818 г. во Будим. Тука дава уште податоци за
себе - дека е монах и дека неговото презиме е Крчовски. Митарства е поголемо дело
од 62 страници каде има апокрифни текстови за патувањето на човечката душа по
смртта за да стигне во рајот. Оваа книга има верско-морализаторски карактер.
• „Чудеса пресвјатија Богородици“, 1817 г. во Будим.
• „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. во Будим. Оваа книга е најголема, со 310
страници и претставува зборник од различни слова со религиозно-поучен карактер.

Крчовски користел текстови од Евангелието и Стариот Завет за да ги поучи луѓето да


го поправат својот карактер и да живеат според христијанскиот морал. Според него,
пијанчењето е најголем грев, но и другите пороци: лакомството, суеверието, лажењето,
крадењето итн. Тој е револтиран од социјалната нееднаквост на луѓето и ја велича
наобразбата и учителите.
Неговите дела одиграле важна улога во верската и моралната просвета.
Зацврстувањето на верата значело и зацврстување на националната свест. Неговите текстови
не се со оригинална содржина, тоа се преводи или преработки на христијански текстови, но
важно е тоа што се напишани на народен македонски јазик - на кратовско-кривопаланечки
говор, со примеси од западните говори, и црковнословенски елементи. Затоа тие
претставуваат почеток на новата македонска литература.

You might also like