Sociologija 2017

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

Sociologija -2017

Според Емил Диркем што е предмет на проучување на социологијата?


Која социолошка ориентација е сродна на функционализмот?
Кој оснивач на социологијата смета дека проучувањето на општеството треба да биде
научно, односно базирано на научно засновани докази?
Која современа социолошка ориентација го објаснува општеството како “систем кој не може
да опстане доколку неговите структурни делови не ја извршуваат својата улога”?
Со цел да добијат податоци за истражуваната појава, социолозите проучуваат и пишани
документи (весници, историски материјали, книги и сл.). Кој метод го употребуваат во ваков
случај?
Кој метод на истражување треба да се употреби за да се добијат податоци за тоа какво е
мислењето на странските и домашните туристи за Охридското кале?
Со кој поим во социологијата се изразува културната посебност на еден општествен слој или
група во општеството?
Концептот на културниот релативизам се јавува како противтежа на концептот наречен:
Во кој случај јазикот има етничката функција?
Сфаќањето според кое “сите култури се различни и еднакво вредни и за ниту една култура
не треба да се изрекуваат вредносни судови од аспект на сопствената култура” се нарекува:
Јазикот, религиските верувања, нормите, обичаите, бракот се елементи кои се срекаваат
речиси во сите култури. Кое е нивното заедничкото име?
Зборовите, гестовите, мимиките преку кои припадниците на одредена култура го дознаваат
појмовното значењето на нештата се нарекуваат:
Кога две различни култури доаѓаат во допир и активно влијаат една на друга тогаш
настанува процес на:
Преку кој елемент се изразува симболичката заснованост на културата?
Која функција ја има јазикот кога тој се употребува во литературата или во уметноста?
Во 1955 година во Америка се формирало младинско движење кое внесувајќи нови
вредности ја загрозувало доминантната култура. Ова е пример за :
На кој начин се пренесуваат културните содржини од генерација на генерација во едно
општество?
Хипхоперската културата во Македонија не ја загрозува доминантната култура, туку ја
збогатува со нови елементи. Затоа таа претставува:
Кој бил првиот индикатор за постоење на културата?
Процесот на социјализација на поединецот трае:
Кои се агенси на примарната социјализација на личноста?
Која е пораката на поговорката “Ако сакаш да знаеш кој си, види кои ти се другарите”?
Кој од долунаведените НЕ е чинител (агенс) на секундарната социјализација?
Според кој индикатор може да се утврди степенот на социјализираност на поединецот?
Најголем број од луѓето се конформираат во општеството, а тоа значи дека тие:
Каков вид на однесување манифестира еден поединец кој ги прифаќа вредностите и нормите
на однесување на својата култура, но постојано творечки се ангажира и создава нови
вредности?
Марко одлучи да го продолжи средното образование во медицинско училиште. Но, одлуката
ја промени откако слушна дека неговите другари ќе се запишат во гимназија. Што може да
се заклучи од овој пример?
Кој поим во социологијата ги објаснува заемните односи меѓу поединците и групите во
општеството?
Која од наведените форми на интеракција во ниту еден случај не претставува интеракција
кој ги зближува и поврзува луѓето?
Од што зависи како ќе биде ценета и рангирана една општествена улога ?
Кој од наведените елементи не влијае при одредувањето на општествената положба на
поединците и групите во општеството?
Како се нарекуваат барањата на општествената заедница од поединците правилно и
доследно да си ги извршуваат своите општествени улоги?
Кога другите луѓе изразуваат почит, респект кон некој поединец заради неговото потекло
или заради извршување на некоја ценета улога, тогаш велиме дека поединецот има:
Доколку е познат вкупниот број на кривични дела на определен простор и во одредено
време, тогаш станува збор за:
Која од наведените институции може да донесе норма со правен карактер?
Девијантното однесување на поединците и групите во општеството се зголемува секогаш во
периоди кога тие се:
Кај која од наведените видови на општествени норми санкцијата за нејзиното прекршување
ја извршува државата?
Кој од наведените елементи во рамките на една култура претставува нејзин најтраен
составен елемент кој воедно е и најотпорен на промени?
Поединец вработен во една институција ја злоупотребува функцијата и не ги почитува
правилата кои што ги има потпишано со договорот за вработување во таа институција.
Поединецот во овој случај има прекршено:
Кој социолог го оформил поимот за формална организација?
Групите кои им служат на поединците за споредба се нарекуваат:
Облик на формална организација која се базира на крути организациски принципи, според
Макс Вебер се нарекува:
Каква општествена група е нацијата?
Однесувањето на група поединци се темели на следење на одредени обичаи и навики врз
основа на кои постапувале и други поединци претходно. Кој вид на социјално дејствување е
карактеристичен за овие поединци во нивното однесување?
Каква општествена функција имаат воспитанието и образованието на младите во
општествениот живот?
Биосоцијалната врска помеѓу членовите на едно семејство се нарекува:
Во основата на сите видови религии се:
Најстара монотеистичка религија е:
Која религија на Далечниот Исток е етичка?
Според кој социолог основната функција на образованието е пренесување на вредностите и
нормите на општеството од генерација на генерација?
Како се нарекува брачниот однос на еден маж со повеќе жени?
Кога во една општествена заедница доаѓа до уредување и насочување на односите меѓу
луѓето со помош на политиката, таа заедница е:
Кога според Вебер се јавува политиката?
Според карактерот на власта и политичките институции, државите може да бидат:
Како се нарекува големата и широко распространета, формално и хиерархиски поставена и
уредена религиска организација?
Како се нарекува најмалата и слабо организирана, краткотрајна религиска организација?
Во кој век христијанството се поделило на православно и католичко?
Како се наречени религии според кои до личен спас може да се дојде доколку човекот на
овој свет живее во согласност со моралните правила?
Како се нарекува секторот кој го опфаќа трудот кој се вложува во земјоделството,
шумарството или рибарството?
Во периодот на Инустриската револуција трудот на населението се преместува од:
Која функција на религијата сакаме да ја истакнеме кога велиме „религијата го одржува
општествениот поредок преку традиционалните вредности“ ?
Како се нарекува најстариот облик на моногамно семејство во кое мажот има доминантна
улога во семејството над сите други негови членови?
Која општествена институција поседува легитимна моќ да ги уреди односите во
општеството?
Кога во рамки на семејството ја нагласуваме потребата за обезбедување и трошење на
материјални средства за живот на неговите членови тогаш е истакната неговата:
„Цврсто поврзан систем на верување и практики кои се однесуваат на светите нешта и кои
ги поврзуваат приврзаниците на овој систем во единствена морална заедница“ се нарекува:
Со кој поим се означува бројот на живородени деца во една држава?
Селските населби можеме да ги именуваме и како:
Каков вид на движење на населението претставуваат наталитетот и морталитетот ?
Каков вид на движење на населението претставуваат миграциите?
Која од наведените карактеристики е специфична за населението кое живее во урбаните
подрачја?
Според Томас Роберт Малтус и неговите предвидувања за порастот на населението и
производството на храна во светски рамки, бројот на населението се зголемува според:
„Збир на луѓе кои живеат на одредена територија во одредено време и на неа го
организираат својот живот“ е определба на поимот:
Доколку извршиме поделба на населението според: занимањата, положбата во занимањето,
големината на приходите и сопственоста дознава каква е неговата:
Доколку извршиме поделба на населението според нивото на писменост или степенот на
школска подготовка тогаш сме ја прикажале неговата:
Како се нарекуваат во социологијата колективните дејствувања кои водат кон забрзување,
изведување или спречување на општествените промени?
Како се нарекува група на луѓе која се нашла случајно на некоја локација и не комуницира
помеѓу себе?
Каква општествена група се поединците на автобуска постојка?
Демократијата која била практикувана во градот – држава Атина е позната како:
Што претставува јавноста ?
Како се нарекува групата на луѓе која е собрана на едно место и од која се очекува да
реагира во согласност со ситуацијата?
„Најшироко граѓанство кое е свесно за актуелните општествени прашања и за политичките
настани во една држава се нарекува:
Значаен фактор на општествената стратификација покрај богатството и угледот претставува:
Кој фактор, според Карл Маркс, влијае на поделба на општеството на класи?
Како се нарекува процесот на интегрирање на малцинските групи во општеството?
Како се нарекува стратификацискиот систем кој претставува екстремна форма на
нееднаквост во која некои луѓе се поседувани од други како нивна сопственост ?
Со кој поим во социологијата се објаснува движењето на поединците и групите во
општеството?
Тврдењето дека сите култури се еднакво вредни и им овозможува на своите членови
интеграција во општеството, претставува:
Социјалната стратификација значи:
Кој ја конструирал стратификациската скала според која во современите општества можат
да се разликуваат шест стратуми: висок слој со повисок висок слој и понизок висок сло,
потоа среден и низок слој исто така со по два подслоеви ?
Кој од наведените системи на стратификација е карактеристичен за современите
индустриски општества во кои постои развиена поделба на трудот?
Врз основа на кој од наведените критериуми се определува припадноста на поединецот кон
одреден општествен слој?
Како се нарекува општествената мобилност која ги означува сите поместувања во
општествената стратификација меѓу припадниците на две или повеќе последователни
генерации на исти семејства?
Кој вид на општествена мобилност (подвижност) е најрелевантен показател за мерењето на
степенот на отвореност на стратификацискиот систем ?
Злосторствата кои ги извршиле нацистите врз Евреите и Ромите за време на Втората светска
војна се потпираат на ставови и емоции кои во социологијата се нарекуваат:
Каква општествена подвижност ќе направи медицинска сестра која после 15 години работен
стаж на село, станува медицинска сестра во специјализирана болница во главен град?
Каква мобилност претставуваат поместувањата кои настануваат во форма на движење
нагоре — надолу во рамки на еден стратификациски систем?
Доколку на припадниците на една етничка група им е забрането да влегуваат во одредени
локали, да конкурираат на огласите за вработување и секогаш се третираат како подредени и
помалку вредни станува збор за:
Движењето на општеството кое предизвикува постојани промени, не не влијае врз
промената на основниот производен однос се нарекува:
Според Макс Вебер, промената, односно развојот на капитализмот е резултат на:
Реформските општествени промени во сите сфери на општествениот живот преку кои
настанува преод од едно во друго општествено уредување се нарекуваат:
Кој од наведените поими се поврзува директно со постиндустриското општество?
На кој сектор припаѓаат дејностите угостителство, хотелиерство, консалтинг услуги,
рекламирање?
За каков процес станува збор кога одредени односи на заемност и меѓузависност ќе се
воспостават на светско ниво?
Кој од наведените социолози тврди дека наспроти процесот на глобализација се одвива и
процес на натамошни поделби на национална и националистичка основа ?
Која од наведените организации има за цел да ги заштитува децата и нивните права во
глобални односно светски рамки ?
Изјавата на една компанија дека треба да се затворат шест од осумте фабрики за да се
премести производството во странство, каде трошоците за плата се пониски укажува на:
Генетската технологија денес овозможува да сеподобрат квалитетот и репродукцијата на
растителниот и животинскиот свет што спаѓа во полето на:
За кој вид методолошка постапка станува збор доколку истражувачот активно се вклучи во
животот и активностите на групата којашто е цел на неговото истражување и истата ја
проучи?
Студентите на Институтот по социологија констатирале дека бројот на разводи во
Македонија во последните години се зголемува. Одлучиле овој проблем детално да го
проучат земајќи ја како примерок скопската населба Ѓорче Петров. Кој метод треба да го
применат во ова истражување?
Поимот култура ги опфаќа јазикот, обрасците на однесување, идеите, симболите, гестовите,
светите предмети и др. Со нивна помош луѓето ја остваруваат комуникацијата меѓу себе и го
дознаваат значењето на појавите и процесите во општеството. Кое е заедничкото име за сите
овие елементи?
Сигурно сте слушнале за народната изрека која гласи: „Седи си мадро да не ти е
модро“ или „Врзи го коњот таму каде што газдата ти рекол“. Кажано со јазикот на
социологијата, со овие изреки на луѓето им се препорачува нивното однесување да биде:
Каков тип на општествена група претставуваат 30 работници во едно претпријатие?
Како една од најважните општествени групи семејството истовремено може да го
класифицираме во редот на:
За да може едно општество да се нарече демократско, тоа треба да задоволува неколку
услови. Кој од долунаведените услови не ù припаѓа на демократијата?
Суверенитет на една држава значи:
Сите членови на семејството Крстески се ангажирани во работата на продавницата
за мешовита стока сместена на приземјето на нивната куќа. На тој начин нивното
семејство извршува:
Во заеднички разговор на родителите и нивната ќерка донесена е заедничка одлука:
по завршувањето на основното образование, ќерката Анела да се запише во средното
медицинско училиште. Овој стил на договарање е карактеристичен за:
Со кој од религиските елементи т.е. компоненти на религијата верникот се обидува да стапи
во „контакт“ со „оностраното битие“?
Организирани акции од страна на значителен број луѓе со цел да се променат или да се
спречат некои промени, некои состојби во средината, општеството и пошироко, и
дејствуваат надвор од главните текови на политичкиот систем се нарекуваат:
Каква група се посетителите на концертот на еден познат пејач кој се одржува во голема
сала?
После 10 години поминати како службеник во локалната самоуправа, Бајрам добива
исто работно место во Владата на Р. Македонија. Каква општествена подвижност
остварил Бајрам?
Кога еден службеник по поминати 10 години во локалната самоуправа, заминал на
работа како министер во Владата на Македонија, и сега има поголема плата, службен
стан и автомобил, велиме дека направил:
Историски се случува луѓе со посебни културни белези да влезат во составот на
друга држава во која мнозинството од населението припаѓа на друга култура со различни
белези од нив. Тие себеси се доживуваат како различни од мнозинското население. Како
се наречени овие групи?
Кој од навдените органи припаѓа на Организацијата на обединетите нации ?
Кој фактор има клучна улога во социјализацијата на поединецот од раѓањето до периодот на
зрелоста?
Која современа социолошка ориентација го објаснува општеството како “систем кој не може
да опстане доколку неговите структурни делови не ја извршуваат својата улога”?
Која форма на организација Вебер ја смета за најдобра?
Постоењето на турски зборови во македонскиот јазик, турски јадења во македонската
кујна и обратно се последица на допирањето/мешањето на турската и македонската
култура во време на Отоманската Имерија. Како се нарекува во социологијата овој процес?
На запад се јадат школки, но не и мачки кои се јадат во дел од светот и се сметаат за
деликатес. Евреите не јадат свинско месо, а во Индија тоа месо се јаде, а се избегнува
говедското. На запад љубењето се смета за нормален дел од сексуалниот чин, а во многу
други култури тоа е непознато или се смета за одвратно. Сето ова говори за однесувања кои
ги изразуваат:
Помалите општества, какво што е ловечко собирачкото, се стремат да бидат:
Индустриските општества опфаќаат мноштво на супкултури. Во нив живеат повеќе
заедници едни покрај други кои ги негуваат своите обичаи и начин на живот, и затоа тие
општества се:
Припадниците на народот Ибрис имаат посебен начин на живот. Придаваат особено значење
на хигиената и не дозволуваат да им фалат заби зашто само така се сметаат себеси за убави.
Мажите носат кратки коси, жените долги, а девојките се украсуваат со разни украси. Секој
настан од нивниот животот е пропратен со богати ритуали. Овие особености на народот
Ибис се дел од:
Со кој исказ најдобро се опишува поединецот- комформист?
Групата на врсници најголемо влијание врз поединецот има во:
Секој човек поминува низ еден период од животниот циклус во кој тој, вообичаено, решава
важни проблеми: се вработува, основа брак, создава семејство, животот го сфаќа сериозно и
го засилува чувството на одговорност. Овој период, во однос на другите трае подолго време
и во него човекот е најпродуктивен. За кој период станува збор?
Воспитувачка од една детска градинка се обидела, преку игри, да ги научи децата да не
бидат себични, туку меѓусебно да ги споделуваат играчките. Сметала дека на овој начин
децата ќе навикнат да бидат потрпеливи, ќе стекнуваат доверба едни во други, а сето тоа ќе
им помогне да изградат подоцна здрави социјални односи. Овие игри се дел од еден процес
наречен :
Кооперацијата и размената се:
Кога две лица се дополнуваат и бараат компромис околу нивните крајно воспоставени
интереси, тогаш тие:
Со кој поим се објаснуваат, постапките на несоодветно однесување на поединците кои
одбиваат да живеат според пропишаните општествени норми кои ги прифатиле најголем
број луѓе во заедницата?
Каков облик на интеракција остваруваат политичките партии во трката за власт?
Дарко очекува да биде успешен во обавувањето на адвокатската професија, но очекува исто
така дека ќе биде успешен сопруг, родител, сосед, другар. Како се наречени во
социологијата ваквите очекувања од извршувањто на сопствените улоги?
Лицето П.К. сака да купи стан од лицето К.П. кој продава стан. Каков вид интеракција
остваруваат лицата во ова купопродажба?
Лицето Ј.Ј. е студент (бруцош) на Правниот факултет, живее во студентски дом, а учи во
читалната на универзитетската библиотека. За прв пат е одвоен од семејството и сѐ уште не
може да се навикне на новите услови за живот. Како се нарекува во
социологијата периодот на адаптација низ кој треба да помине Ј.Ј.?
Во која од наведените општествени единици постои најголема формална организација?
Највисокиот судски орган, Врховниот суд се избира од:
Семејството составено од родители и нивните деца е:
Во семејството X не се придава особена важност на врските со роднините и локалната
заедница, туку е изразен индивидуалистичкиот живот и потрошувачки амбиции. На
сопружниците им е најважна брачната и родителската љубов. Воспоставени се тесни
емоционални врски и грижа за децата. За какво семејство станува збор?
Во државата Аданок некои политички партии се формирани според верска, а други според
етничка припадност. Трети се сметаат за земјоделски, зелени, работнички, десни,
леви партии. За што се доказ овие партии?
Денес луѓето од различни причини ја напуштаат својата и се населуваат во други држави.
Тие таму се разликуваат од мнозинското население по јазикот, обичаите,
културата и претставуваат:
Некои категории на возрасни луѓе, врз база на поединечни случаи, формираат став дека сите
млади луѓе се неспособни, нетрпеливи, некултурни, самоуверени и без работни навики,
поради што создаваат искривена слика за младите. Со кој термин во социологијата се
објаснува оваа појава?
Од што зависи како ќе биде рангирана/вреднувана една општествена улога/професија
во современото општество?
Папуанците се домородно население во Нова Гвинеја кое брои се на се 3000 жители. Се до
1970 година живееле изолирано, во посебни делови од земјата, поради што се сметаат за
недоволно цивилизирани. Канибализмот (човекојадството) бил дел од религијата,
традицијата и културата на ова население се до 1950 година. Зборуваат папуански јазик.
Постои тврдење дека возрасните Папуанци се сеќаваат на своите предци дури 50 генерации
наназад. Каква група се Папуанците?
После пет години како работник во фабрика за изработка на електронски уреди, Јове успева
да се вработи (повторно како работник) во една успешна странска компанија за изработка на
акомулатори за возила. Каква општествена подвижност остварил Јове?
За разлика од Вајсиите и Судрите, на Париите им бил забранет пристап во храмовите.
Присилени биле да живеат изолирано. Ги работеле највалканите работи во индиските
градови: одзатнувале канализациски одводи, чистеле вециња, ги собирале умрените
улични животни. Каква општествена група биле Париите?
Елена својата кариера ја започнала како млада омажена жена. На 25 години станала
менаџер на фирма, а подоцна станала и сопственик на фабрика. Но, низ својот кариерен пат
имала безброј непријатни доживувања и фрустрации. „Никогаш не ме сфаќаа сериозно
моите соработници и бизнис партнери‟ - нерадо се сеќава Елена. „На деловните состаноци
ме гледаа и ми се потсмеваа, бидејќи изгледав помлада од своите години. Често знаеа да
кажат: што ли ќе ни кажува сега ова детиште? Многу често се случуваше на деловните
ручеци или службените патувања некој од бизнис партнерите да ми се додворува.
Доживуваа вистински шок кога ќе го видеа венчалниот прстен на мојата десна рака‟. Со кој
од долунаведените поими најдобро се дефинира состојбата во која се наоѓала Елена?
Какви промени во општествената структура најчесто предизвикува еволуцијата?
Модерните технологии, какви што се: информатичката, телекомуникациската и дигиталната,
поттикнуваат еден процес целата земјина топка да функционира како една заедница. За кој
процес станува збор?
Односот во кој поединците или групите настојуваат да постигнат една иста цел подобро и
повеќе од друго лице или група во однос на тоа друго лице или група, се нарекува:
„Светскиот поредок пати од нееднаквости и личи на разнобојна ткаенина во која фигурираат
држави, за кои се значајни различности и заеднички грижи. Преполн е со спротивставени
интереси на државите“. На кој светски процес нѐ упатува овој став на еден современ
социолог?
Во автомобилската индустрија се случи чудо. САД беше прва по производство на
автомобили, а денес е трета. Деловите за тие автомобили се изработуваат во многу земји во
светот па има дури и повеќе исти производители на тие делови, а само се склопуваат во
нивните фирми. Светот е преполн со разновидни автомобили. На кој светски процес упатува
оваа констатација?
Според кој мислител противречностите помеѓу двете основни класи се причина за
општествените промени?
Која истражувачка метода се користи за да се утврдат социјалните односи помеѓу членовите
во една група?
Субјективните реакции на поединците во објективни ситуации ги истражуваат
претставниците на:
Како е наречен пристапот со кој Карл Маркс го објаснува групирањето на луѓето во
различни општествени групи?
Што ги прави припадниците на едно општество различни од припадниците на друго
општество?
На кој вид култура припаѓа најновиот модел на мобилен телефон?
Кој концепт е спротивен на етноцентризмот?
Секоја генерација не создава одново култура, туку таа се пренесува од генерација на
генерација и се надградува со помош на:
Родителите му забраниле на Пеце да се дружи со група врсници од соседното маало
бидејќи забележале дека тие лошо влијаат врз него. Со кој исказ ќе ја оправдаш одлуката на
родителите на Пеце?
Периодот од животниот циклус во кој човекот носи важни одлуки односно се вработува,
создава семејство и е најпродуктивен се нарекува:
Кој од наведните примери е фактор на секундарна социјализација?
Во кој период од животниот циклус кај поединецот се случуваат најголемите физиолошки
и социјални промени: растење на телото, полно созревање, нагло менување на
расположението?
Кој е основниот социолошки поим со кој се објаснуваат односите меѓу поединците и
групите во општеството?
Во каква интеракција се наоѓаат учесниците на олимписките игри?
Која институција може да донесе правна норма?
Кој од наведените елементи е карактеристичен за секоја организација?
Зошто училиштата се општествени институции?
Која е разликата помеѓу формалните и неформалните организации?
Поделбата на трудот и поделбата на улогите се карактеристики за:
Што претставува бирократијата за Вебер?
Како се нарекува примарната општествена група заснована на бракот и сродството?
Социолозите велат дека од семејството зависи во каква личност ќе се развие детето. Со кој
исказ го докажуваат ова тврдење?
Како се нарекува верската организација која се залага за одвојување на Црквата од од
државата?
Методистите во Велика Британија бројат околу 700 000 члена и се залагаат за одвојување на
Црквата од државата. Каква религиска организација се методистите?
Каква група е публиката на фудбалски натпревар?
Како социологот Гиденс ги нарекува организациите кои се борат за легитимно освојување
на власта преку избори?
Наспроти аритметичката прогресија со која се одвива растот на материјалните добра
неопходни за опстанок на населението, според Малтус населението го следи темпото на:
Колкава е процентуалната застапеност на мажите и жените во една држава и на кои
возрасни групи им припаѓаат, може да одговори оној кој има познавања за:
Мартин Лутер Кинг беше лидер на едно колективно дејствување во Америка кое имаше за
цел укинување на расната дискриминација врз црнечкото население. Со кој поим во
социологијата се објаснува ваквото дејствување?
Махатма Ганди го водел индискиот народ до национално ослободување применувајќи
ненасилни методи на борба. Сметал дека целта може да се постигне со силна верба, јак дух,
почитување на разликите, со работа. Како се нарекува во социологијата ваквото колективно
дејствување во рамките на една држава?
Постоењето на разлики меѓу луѓето во однос на материјалното богатствo, начинот на живот
и угледот е доказ дека во општеството постои општествена нееднаквост. Со кој поим во
социологијата се објаснува оваа состојба?
Според стратификациската скала на Лојд Ворнер, лекарите припаѓаат на:
Која од наведените форми се смета за екстремна форма на нееднаквост меѓу луѓето?
Возрасните често знаат да кажат за младите дека се неискусни, нетрпеливи, некултурни, без
работни навики. Како се нарекуваат ваквите ставови?
Со што се соочуваат жените во една држава во која се истакнуваат полово родовите разлики
и притоа се потценува улогата на жената?
Како според Карл Маркс се определува класната припадност на поединците?
Доколку за традиционалните општества се карактеристични традицијата, обичаите,
ориентацијата кон духовните нешта, што е карактеристично за модерните општества?
Која општествена подвижност треба да ја направи поединецот за да не му се промени
општествениот статус?
Како се нарекува процесот кој води кон поголемо поврзување и соработка меѓу државите и
народите?
Кој од навдените органи не припаѓа на Европската Унија?

You might also like