Renita Ere

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Порано таквите прозни облици ги викале „песни во проза“. Песната, онаа во стих, подразбира извесен степен на повишена емотивност.

Во
кратката прозна форма степенот на (експлицитно пројавената) емотивност е спуштен понекогаш под нулата: допирот со замрзнатиот метал може
да жегне како и допирот со вжештен.

Да се раскаже, колку што е можно пократко, една приказна, да се изнесе неочекуван поглед врз еден факт, или да се прикаже само една
необична слика - тоа се, главно, трите можности со кои располага овој прозен облик. Без оглед за што ќе се одлучи, кратката прозна форма има
секогаш мошне малку редови за да го реализира својот потфат. Краткоста тука е секако едно тешко ограничување, но и извор на дополнително
задоволство - нешто како чувство на оној кој поминал низ иницијација со препречена цел.

Да се биде краток: во најдобрите случаи тоа значи на читателот да му се остави мошне широко поле на можни асоцијации.

За да заживее самостојно, кратката прозна форма мора да содржи во себе една згусната енергија. Парадоксот, апоријата, апсурдот се честопати
гориво кое ја обезбедува таа енергија; изненадувањето, иронијата, хуморот се искри кои го предизвикуваат согорувањето

You might also like