рерона

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Зошто Франција е толку воздржана кон идните проширувања, имајќи предвид

дека Западен Балкан е од стратешки интерес за ЕУ?


Точно е дека во говорот во Софија претседателот Макрон јасно кажа дека наскоро ќе
нема проширување зашто ЕУ мора прво самата да се реформира. Тоа е порака до
Германија – да ја поттурне внатрешната реформа во Унијата и тоа нема никаква
врска со Балканот и со тоа што може или не може да стори секоја од земјите во
постигнувањата и реформите. Тоа е главната поента. Второ, проширувањето и ЕУ-
интеграцијата се непопуларни во јавното мислење на Запад, особено во Франција.
Макрон се плаши дека поддршка на проширувањето може негативно да му се одрази
дома што, според мене, не е точно, но тоа е неговата позиција и беше јасен за тоа.

Ако во јуни Северна Македонија не добие датум за пристапни преговори, каква


порака ќе испрати ЕУ до другите земји во регионот кои имаат отворени
прашања, како Србија и Косово – кога оние што ги решаваат проблемите со
соседите, не се наградени?
Прво, може да ја загрози владата на С. Македонија зашто таа го презеде ризикот,
изврши низа унапредувања со Бугарија, со Грција и за тоа не е наградена. Тоа е
првото прашање. Второ, претседателот Вучиќ нема никаква намера наскоро да го
реши косовското прашање. Но, ако С. Македонија не биде наградена по се што
направи, тогаш нема поттик. Зошто претседателот Вучиќ би презел нешто за
решавање на прашањето со Косово, ако С. Македонија, која го реши својот проблем,
не добие датум за старт на преговори што не е голема работа, тоа е само отворање
преговори. Трето – да, лицемерно е тоа што претседателот Макрон на последниот
самит за Балканот во Берлин ја пофали С. Македонија за се што направи, а од друга
страна ја држи позицијата да не се отворат преговори. Тоа е лицемерно.

До кој степен исходот од европските избори е фактор во равенката за


проширувањето?
Не сум сигурен дека ќе има големо влијание, иако има други што го тврдат
спротивното. Во најдоброто сценарио, исходот нема ништо да промени – Европскиот
парламент гласаше за извештаите, Европската комисија имаше позитивна оценка за
старт на преговори. Не гледам дека тоа ќе се промени зашто по изборите балансот на
сили во Европскиот парламент нема многу да се промени. Значи, при најдобро
сценарио, ништо нема да се промени. Во случај на најлошо сценарио, во
националните влади ќе има повеќе неподготвеност што и без тоа веќе постои,
вклучувајќи и земји како Франција, во која на власт е про-ЕУ влада. Тоа не е дури ни
евроскептична влада, за жал…
Дали Албанија, поради политичките превирања, повеќе е товар за македонското
ЕУ-портфолио и можноста наредниот месец земјата да добие датум за старт на
преговори?
Мислам дека ставањето на С. Македонија и Албанија во „пакет“ е вистинско прашање
зашто за тоа во Франција се дебатираше уште лани. Некои порачуваа дека двете
земји треба да се одвојат, на С. Македонија да и се даде датум за преговори, но на
крајот беше донесена одлука двете земји да не се двојат. Ако оваа одлука остане и
овој јуни, можно е С. Македонија да стане жртва, зашто на Албанија се гледа како на
држава што заостанува зад С. Македонија. Значи, има вакви дебати и се плашам дека
двете земји повторно нема да се одвојат.

You might also like