Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Технички опис на конструкцијата

Намената на оваа конструкција е административна зграда која се наоѓа во Скопје, со


сеизмички хазард IX, отчитана од сеизмолошка карта на Република Македонија, според
локацијата на објектот. Составена е од приземје и три ката, со катна висина од 3.00m.
Фундирана е на тип на почва II.

Испитувањето на сеизмичка отпорност е направена на веќе димензионирана конструкција


со следните димензии:

 Димензии на столбови: 50х50 cm


 Димензии на фасадни столбови: 20х20 cm
 Димензии на греди: 40х55 cm
 Димензии на парапетни греди: 20х55 cm
 Дебелина на плочи: 14 cm
 Дебелина на скалишно платно: 25 cm

Конструкцијата е армиранобетонска, изведена со МБ30 дополнително додадена во


софтверот од причини што испитувањето е направено според македонски стандарди, за
разлика од софтверот што е програмиран со Еврокодови, со следниве карактеристики:

 Модул на еластичност: Е=31 500 MPa


 Поасонов коефициент: v=0.2
 Модул на лизгање: G=13 125 MPa
 Специфична тежина: 25 kN/m3
 Коефициент на термичка експанзија: 1*10-5 1/°C

Направени се следниве две анализи:

1. Статичка анализа – анализа направена според правилникот ПБАБ – 87


2. Сеизмичка анализа – анализа направена според правилникот ПИОВСП – 81
Математички модел
Конструкцијата е конципирана како скелетен конструктивен систем со столбови и греди
моделирани со теорија на линиски елементи и ѕидови и плочи моделирани со теорија на
површински елементи. Материјалот од кој е изведена конструкцијата е рачно внесен во
софтверот со погоре прикажани карактеристики во техничкиот опис. Конструкцијата
според граничните услови е моделирана како вклештена.

Гредите и столбовите се товарени со линиски товари, додека ѕидовите и плочите се


товарени со површински, дадени во условот, а преземени од правилникот за проектирање
на асеизмички конструкции.

You might also like