Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 137

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитет ,, Св. Климент Охридски ’’ – Битола

Факултет за туризам и угостителство - Охрид

МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Превенција на малолетничката
деликвенција во Република Македонија

Кандидат: Ментор:

Бобан Смилевски Проф. Д-р Пере Аслимоски

Досие бр. 473

Охрид, 2018 година.


Магистерски труд______________________________________________________________________

Содржина

Абстракт...............................................................................................................................4
Abstract................................................................................................................................5
Вовед.....................................................................................................................................6
Дел 1- Избор и дефинирање на проблемот...................................................................9
Општествена оправданост на темата...............................................................................10
Цели на истражувањето.....................................................................................................12
Хипотетичка рамка...........................................................................................................13
Методолошка рамка..........................................................................................................14
Дел 2- Малолетничка деликвенција во Република Македонија...........................16
1. Поим и дефинирање на малолетничка деликвенција.................................................17
1.2. Елементи на дефиницијата.........................................................................................20
1.3 Основни карактеристики на малолетничката деликвенција....................................23
2. Феноменологија на малолетничката деликвенција....................................................26
2.1. Малолетнички криминал во Република Македонија во период од 1981 до 2000
година ( врз основа на податоци од пописните години во нашата држава)...............27
2.2. Обем, движење и учество на малолетничкиот криминалитет во Република
Македонија во период 1981-2000 година........................................................................28
2.3. Структура на пријавениот криминал во Република Македонија (1981-2000)...29
2.4. Малолетнички криминал во Република Македонија во последните години (2010-
2016)....................................................................................................................................30
3. Етиологија на малолетничка деликвенција.................................................................35
3.1. Биолошки теории .......................................................................................................35
3.2. Психолошки теории....................................................................................................36
2.3.Социолошки теории.....................................................................................................39
Дел 3-Превенција на малолетничка деликвенција...................................................43
1. Значење и видови на превенција..................................................................................44
2.Субјекти за превенција на малолетничка деликвенција.............................................48
2.1 Субјекти на примарна превенција..............................................................................48
2.1.1.Училиштето како субјект за превенција на малолетничката деликвенција.......49
2.1.2. Семејството во превенцијата за малолетничка деликвенција............................54
2.1.3. Државата ..................................................................................................................57
2.1.4. Општествените организации и институции..........................................................59

~2~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2.1.5.Невладините организации .......................................................................................61


2.1.6. Средствата за јавни кумуникации .........................................................................62
2.2. Субјекти на секундарна превенција..........................................................................63
2.2.1 Органи за старателство и центри за социјална работа..........................................64
2.2.2. Органите за внатрешни работи...............................................................................64
2.2.4 Јавните обвинителства .............................................................................................67
2.2.5. Судии за прекршоци................................................................................................68
2.2.6. Судовите...................................................................................................................69
2.2.7. Органите надлежни за издржување на кривичните санкции.............................70
Дел 4-Превентивна улога на меѓународните и националните документи за
малолетничка деликвенција..........................................................................................72
1. Meѓународни инструменти за заштита на правата на децата...................................73
1.2. Меѓународни документи за заштита на правата на децата...............................73
2.Национални инструменти за заштита на правата на децата....................................76
2.1. Закон за правда на децата..........................................................................................76
2.1.1 Санкции за кривични дела и прекршоци................................................................79
2.1.2 Постапка спрема малолетници................................................................................83
2.1.3 Постапка на медијација............................................................................................84
2.1.4Судска постапка за малолетници.............................................................................84
2.1.5Постапка спрема малолетници за сторени кривични дела (поведување
постапка,подготвителна постапка,постапка пред совет на малолетници и правни
лекови).................................................................................................................................86
2.1.6Прекршочна постапка................................................................................................91
2.1.7Заштита на малолетниците жртви на кривични дела............................................92
3. Државен совет и општински совети за превенција.....................................................93
3.1 Извештај за следење на имплементацијата на Законот за малолетничка правда во
центрите за социјална работа во Република Македонија (април-јуни 2017
години)................................................................................................................................95
Дел 5-Анализа на истражувањето.................................................................................97
1.Анализа на резултатите од анкетата за малолетници..................................................99
2. Анализа на резултатите од анкетата за професори,педагози и психолози............116
3.Анализа на резултатите од интервјуата.....................................................................130
Зaклучок............................................................................................................................132
Користена литература......................................................................................................135
~3~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Абстракт

Малолетничката деликвенција како вид на негативна појава во која што директно се


вклучени најмладите претставува сериозен проблем на секое општество.
Проширувањето на оваа појава предизвикува потреба од изнаоѓање нови начини и
средства за нејзино спречување и правилна социјализација на децата. Создавањето
безбедно општество како и хуманизирањето на односите со најмладите претставува
еден предуслов за правилен развој и функционирање на општеството.

Со овој труд ќе се настојува да се афирмира превенцијата како најмоќен пристап во


спречувањето на малолетничката деликвенција и во хуманизирањето на односите со
малолетниците кои дошле во судир со законот, да го афирмира процесот на
социјализација и ориентирањето на младите кон темелните вредности како темел за
успешна превенција, но и да ги посочи можностите за проширување на
превентивните капацитети во општеството.

Клучни зборови: малолетник, деликвенција, превенција, социјализација,


превентивни мерки

~4~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Abstract

Juvenile delinquency is a negative phenomenon that directly involves the youngest


population and is a serious problem for every society. The extension of the delinquency
causes needs for finding new ways for its prevention, as well as proper socialization of
children. Creating a safe society and humanizing the relationships with the youngest is a
precondition for proper development and functioning of the society.

This will help with the affirmation of the prevention, which is the most powerful
approach in decreasing the percentage of juvenile delinquency and in humanizing the
relationships with the juveniles who had conflict with the law. Also, this will help with the
affirmation of the process of socialization and orientation of the youngest towards
fundamental values, that will serve as a basis for successful prevention and will point out
the possibilities for expanding the preventive capacities in the society.

Key words: juvenile, delinquency, prevention, socialization, preventive measures

~5~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Вовед
Девијантното однесување може да стане општествен проблем кога тоа е
континуирано, хронично, широко распострането и кога поголемиот дел од
населението го доживува како закана за општата добросостојба на општеството. Тоа
девијантно однесување добива уште поголема тежина кога е сторено од страна на
најмладата популација во општеството.

Малолетничката деликвенција претставува негативна општествена појава во која


што како главни чинители се јавуваат децата кои немаат наполнето осумнаесет
години. Малолетничката деликвенција како општествено негативна појава се повеќе
се проширува и претставува сериозен проблем на секое денешно општество.

Врз децата како популација која што во понатамошниот развој треба да биде
носител на општеството секако дека влијаат негативните појави. На секое
општество останува задачата за правилно вредносно ориентирање на децата како и
заштита на најмладата популација од малолетничката деликвенција.

Општеството мора превентивно да делува во однос на малолетничката деликвенција.


Да ги ориентира младите кон темелните вредности со помош на сите расположливи
средства и институции, да ги заштитува од негативните влијанија, како и да ги
изградува во правилни личности.

Превенцијата, треба да ја разбереме како систем на мерки и активности кои ги


преземаат или треба да ги преземаат сите субјекти во општеството и државата кои
имаат права, должности и одговорности да постапуваат во областа на заштитата на
децата и граѓаните од секаков вид деструкции, и тоа пред да настанат последиците
на нивна и општествена штета.

Кога станува збор за малолетничката деликвенција и превенцијата, тука можеме да


вклучиме голем број на субјекти кои што имаат должности и одговорности за да ги
заштитат децата од овој негативен феномен.

Во едно општество не е можно сите поедници да се правилно социјализирани.


Секогаш имало и ќе има поедници кои што ќе се однесуват девијантно. Но, на
општеството е да овозможи превенција за сите во него, а доколку дојде до некое

~6~
Магистерски труд______________________________________________________________________

негативно однесување правилно да се реагира за тоа да нема последици по другите


поединци.

Во превенцијата против малолетничката деликвенција учествуваат повеќе субјекти.


Како што еден фактор не може сам да предизвика негативно однесување така и само
еден субјект сам не може да го спречи истото. Потребна е добра соработка помеѓу
сите што се дел од овој проблем за полесно справување и намалување на
малолетничката деликвенција.

Како главни субјекти кои што можат превентивно да делуваат во спречување и


сузбивање на малолетничката деликвенција можеме да ги споменеме семејството и
училиштето. Покрај нив секако треба да напоменеме и низа други фактори и
субјекти кои што можат да влијаат во намалувањето на малолетничката
деликвенција. Само дел од тој мозаик се уште и полицијата, медиумите и центарот
за социјална работа.

Борбата е заедничка, на целото општество, на институциите, на семејството, се со


цел заштита на децата и нивно ориентирање кон вистинските вредности и
дистанцирање од девијантните појави.

Што се однесува до структурата на магистерскиот труд, истиот е составен од пет


дела.

Во првиот дел зборуваме за општествената оправданост на темата која што ја


обработивме во овој труд. Разјаснета е методолошката како и хипотетичката рамка
на спроведеното истражување.

Во вториот дел зборуваме општо за малолетничката деликвенција во Република


Македонија. Дефиниран е поимот малолетничка деликвенција и разработени се
елементите од дефиницијата. Појаснети се и етиологијата и феноменологијата на
малолетничката деликвенција.

Во третиот дел даваме осврт на превенцијата на малолетничката деликвенција.


Појаснето е зошто е потребна превенцијата и во какви облици може да се
применува. Станува збор за училиштата, медиумите како и за семејството како
основен и пресуден фактор во превенцијата на малолетничката деликвенција.

~7~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Во четвртиот дел е разработена превентивната функција на меѓународните и


националните правни норми за малолетничката правда, и постапувањето со
малолетниците во рамките на институциите. Разгледани и анализирани се
превентивните аспекти на најзначајните меѓународни документи од оваа област ,
како и Законот за правда на децата кој исто така има првенствено превентивна
улога за малолетничката деликвенција. Исто така станува збор и за Државниот
совет за превенција на малолетничкото престапништво, за Центарот за социјални
работи и други институции кои што се занимаваат со проблемот на малолетничката
деликвенција.

Во петтиот дел се презентирани резултатите од истражувањето кое што го


спроведовме за превенцијата на малолетничката деликвенција.

~8~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Прв дел

Избор и дефинирање на проблемот

Децата – тие се нашите утрешни судии- Горки

Воспитувањето на децата е работа во која мораме да знаеме како да


го трошиме времето за да не го изгубиме- Жан Жак Русо

~9~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Општествена оправданост на темата

Малолетничката деликвенција претставува форма на девијантно однесување затоа


што во себе содржи кршење на нормите од страна на најмладата популација односно
децата. Оваа форма на девијантно однесување станува предмет на внимание на ниво
на целото општество затоа што голем дел од нормите што се кршат се сметаат за
значајни и затоа се дел од законската регулатива на земјата.

Треба да се забележи дека голем дел од однесувањата што се идентификувани како


малолетничка деликвенција не се кривични дела, туку релативно тривијални форми
на девијантност. Сепак и тие тривијални форми на девијантност можат да бидат
подеднакво опасни за општеството како и кривичните дела, од самиот факт што се
сторени од млади лица кои што ако не се спречат навремено понатаму многу тешко
ќе се контролираат од страна на општеството.

Малолетничката деликвенција е проблем присутен во секое општество. Феноменот


кој постојано се зголемува, и секојдневно се појавува со нови облици на девијантно
однесување мора да биде еден од основните приоритети на секое општество.

Малолетничката деликвенција ги опфаќа најмладите припадници на општеството.


Општеството мора да се грижи за децата, за нивната безбедност затоа што
безбедноста и добрите услови за живот на најмладите се предуслов за развој на
самото општество. Општеството во кое што најмладите запаѓаат во проблеми и
негативни однесувања ќе има тешки последици по неговиот понатамошен развој

Општествата кои што се среќаваат со малолетничкиот криминал (а малолетничкиот


криминал е застапен буквално во сите) не смеат со потценување и со непосветување
доволно внимание да гледаат на овај веќе за нив сериозен проблем. Мора да има
соодветна општествена реакција за да се намали малолетничката деликвенција.

~ 10 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Периодот на транзиција кој во Република Македонија трае од 1990 година, се


означува како многу сложен период во кој се извршени крупни политички,
економски и други промени во општеството и државата. Тоа, за напредокот и
перспективата, на долги патеки, претставува вкупно унапредување на општеството
со нови облици на демократија и економски раст, но од друга страна, детерминира (
“произведува”) криминализација во која младата популација се најде во редот на
најзагрозени вредности.

Ако се има предвид дека повеќе од 10 % од вкупниот криминал во Република


Македонија е криминал сторен од малолетни лица,дека се зголемува бруталноста и
насилството, ако се имаат во предвид и другите карактеристики на малолетничката
деликвенција, тогаш, сесема е оправдано да се актуализираат прашањата за
превенција на оваа појава.

Во овој труд зборуваме за превенцијата како фактор за намалување на


малолетничката деликвенција, сметајќи дека со добра и ефективна превенција во
голем број ќе се смали малолетничката деликвенција и ќе се хуманизира
општествениот однос кон децата и малолетниците кои се во судир со законот.

Работењето со оваа категорија на лица односно малолетниците треба да биде поттик


и голема одговорност на сите кои што се вклучени во тој процес. Се работи сепак за
млади лица кои што на адекватен начин треба да се социјализираат и прераснат во
вистински личности.

Превенцијата е заснована на многу фактори кои што треба сериозно да ја сфатат


комплексноста на проблемот, затоа што со нивно затајување само се зголемуваат
проблемите а во нашиов случај најмладите скршнуваат од својот пат, што многу
често доведува до девијантни однесувања.

Училиштата, семејството, невладините организации, средствата за јавно


информирање се оние кои што со добра работа, со залагање и почитување на
вистинските вредности, со пренесување на тие работи на децата ќе ги
социјализираат и секако превентивно ќе дејствуваат за да се намали малолетничката
деликвенција.

~ 11 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Цели на истражувањето

Основната цел на овој труд е:

 Да се афирмира превенцијата како основна содржина и столб на


општествената реакција на малолетничката деликвенција.
 Да се согледа хуманата димензија како посебна вредност на превенцијата која
овозможува заедницата со своите институции и мерки да ги хуманизира
односите во попречувањето и сузбивањето на малолетничката димензија.
 Да се анализираат и вреднуваат превентивните капацитети на најзначајните
субјекти во остварувањето на превентивната функција и врз основа на
таквата анализа да се посочат дополнителни можности за подобрување на
превенцијата посебно во рамките на семејството, училиштето, медиумите,
владините и невладините институции
 Да се вреднува соработката како темелен принцип во остварувањето на
малолетничката деликвенција, да се согледа во која мера институциите
функционираат координирано и синхронизирано во остварувањето на
превентивната заштита. Врз основа на добиените сознанија да се предложат
сопствени ставови и погледи за развивање на поефективно и поконзистентно
функционирање на институциите како превентивна мрежа на локално ниво за
попречување на малолетничката деликвенција.
 Да се согледаат ставовите и вредносната ориентација на јавноста за
состојбите и тенденциите во превенцијата на малолетничката деликвенција

~ 12 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Хипотетичка рамка
Во трудот се поставени неколку хипотези кои што со текот на самото истражување
се предмет на потврдување.

Главна хипотеза:

 Со зголемување на капацитетот на институциите и превентивните мерки , се


зголемува хуманизирањето на општествениот однос кон малолетните
деликвенти и истовремено се зголемува ефикасноста во попречувањето и
сузбивањето на малолетничката деликвенција
 Социјализацијата на младата личност и нејзиното ориентирање кон
темелните вредности е најмоќното средство во превенцијата на
малолетничката деликвенција

Помошни хипотези:

 Спроведувањето на меѓународните и националните прописи за превентивен


третман на малолетничките деликвенти, ја зголемува хуманоста и
ефикасноста во спречувањето на малолетничката деликвенција
 Зајакнувањето на социјалните политики има за последица похуман и
поефикасен пристап во спречувањето на малолетничката деликвенција
 Превенцијата на малолетничката деликвенција преку училиштето може во
голема мера да се зголеми посебно со вредносно ориентирање на младите кон
темелните вредности: живот, мир, слобода, демократија, добрина, хуманост,
солидарност, правичност, толерантност и други темелни вредности.
 Можностите за превенција на малолетничката деликвенција преку
семејството не се во целост искористени

~ 13 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Методолошка рамка

Во текот на изработката на овој магистерски труд користени се повеќе научни


методи и техники, во зависност од податоците кои треба да се добијат со цел
доаѓање до што пообјективни факти за проблемот кој што го истражуваме. Во
трудот се применувани анализа на содржина, анкета, интервју, метод на дедукција,
метод на компарација, статистичка метода.

Со анализата на содржина, вршиме анализа на поголем број меѓународни и


национални правни документи, документи од судска практика, од работа на
центрите за социјални работи и другите институции, како и содржини од стручна
литература за превенција на малолетничкта деликвенција, кои што можат да ни
овозможат подобар пристап за решавање на проблемот што го истражуваме.

Со анкетата, вршиме испитување на ставовите и мислењата на младите и на


стручните лица кои што се вклучени во проблемот со малолетничката деликвенција
и превенцијата од малолетничката деликвенција. Со помош на анкетни прашалници,
кои што се конструирани за потребите на истражувањето, со прецизна формулација,
јасни и недвосмислени прашања, добиваме пообјекивна слика за истражуваниот
проблем.

Со помош на интервјуата, ги добиваме мислењата и ставовите на стручните лица


кои што директно се инволвирани и се занимаваат со превенцијата на малолетничка
деликвенција.

Разгледувајќи ја теоретската методологија на темата како потреба се јави употребата


на дедуктивна метода, со која поаѓајќи од општото кон посебното, добиваме
конкретни одговори за истражуваниот проблем.

~ 14 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Со методот на компарација, ги воочуваме и споредуваме сличностите и разликите


во дејствувањето на надлежните органи и институции кои што се занимаваат со овој
проблем, како и застапеноста на малолетничката деликвенција во другите земји.

Со статистичката метода, правиме статистичка обработка на податоците до кои


што дојдовме во текот на истражувањето. Тоа го правиме со цел да се прикаже
застапеноста на овој проблем во нашата држава во претходните години, како и
показателите како нашата земја се справува со малолетничката деликвенција.

Поради ограниченоста на истражувањето кое ќе се реализира во општина Кичево и


ограниченоста на примерокот, добиените сознанија секако не можат да се користат
за донесување егзактни (дефинитивни ) заклучоци, но сепак ќе бидат од значење и
во прилог на темата која се обработува.

~ 15 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Дел2

Малолетничка деликвенција во
Република Македонија

~ 16 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

1. Поим и дефинирање на малолетничка деликвенција

Секое проучување на одредена општествена и криминална појава, најпрво е


условено од одредување на поимот и дефинирањето на таа појава. Кај
малолетничката деликвенција како општествено негативна појава, имаме проблем
околу одредувањето на истите. Проблемите настануваат поради постоењето на
многубројни дефиниции кои што авторите ги изнесуваат врз основа на различни
критериуми. Кога зборуваме за малолетничката деликвенција, оваа состојба е
условена од големиот број на истражувања кои постојано доведуваат до нови
сознанија. Затоа, во право се оние автори кои што тврдат дека постојат толку
дефиниции за малолетничката деликвенција, колку што постојат автори1.

Проблемот уште толку се продлабочува и со фактот што во литературата за оваа


појава се употребуваат различни поими, како: малолетничка запуштеност,
малолетничко престапништво, малолетничка деликвенција, неприлагодена младина,
младина со лошо поведение, асоцијално поведение и уште многу други поими за кои
може да се каже дека се синоними за една иста појава.

Имаме една општа поделба кога станува збор за дефинирањето, а тоа е на потесни и
пошироки сфаќања за дефинирањето на малолетничката деликвенција. Со
поширокиот поим на дефиницијата за малолетничка деликвенција се опфаќаат сите
манифестации на девијантно и асоцијално поведение (пушење, бегање од дома,
бегање од училиште, непристојно однесување спрема постарите, некултурен однос и

1
М.Милутинивиќ,сп.труд,стр.220-222

~ 17 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

сл.) ситните деликти (крадење, коцкање, посета на локали кои се на лош глас) како и
вршење на кривични дела од потежок тип.

Потесните дефиниции за малолетничката деликвенција се задржуваат само на


повредата на правните норми од полесен и потежок вид, а уште потесно само
повреда на кривично-правните норми и тогаш се именува како малолетнички
криминал. Тогаш кога го употребуваме поимот малолетнички криминал тој се
идентификува со општиот поим на криминалитет, како и кај возрасните. Кога
станува збор за малолетничка деликвенција, тука се има за цел да се изразат
посебностите кај малолетниците кога се јавуваат како сторители на казнени дела,
како и посебниот систем на санкции што се применуваат кон нив и посебностите во
постапувањето со малолетниците кога тие се наоѓаат пред органите на казнениот
прогон.

Во дефинирањето на малолетничката деликвенција треба да се тргне од неколку


работи кои се важни за утврдување на природата на оваа негативна појава. Како
што веќе напоменавме, оваа појава се заснова врз определена група од населението
односно малолетниците. Неказнивоста или казнивоста на малолетникот зависат од
кривичните законодавства на секоја земја.

Некои земји ја определуваат само долната граница на возраст со која што се


одредува неказнивоста, други ја одредуваат само горната граница на возраст со која
се одредува системот на санкции, а трети ја одредуваат и долната и горната граница.
Ова се должи на тоа што државите тргнуваат од различни критериуми и се
потпираат на искуства, традиција, култура на живеење и на други социјални
фактори. Во современото кривично право се има некоја тенденција горната старосна
граница да се одредува што повисоко.

За да се одреди поимот на малолетничка деликвенција треба јасно да се одреди кои


поведенија ќе се сметаат за деликвентни. Со воведувањето на поимот деликвенција
во криминологијата се прави разлика на поведението на малолетниците од истото
поведение кај возрасните, со настојување да се изрази посебна кривично-правна
положба на малолетните лица. Ќе се обидеме да ги групираме дефинициите со сите
битни елементи за да се приближиме кон поимот” деликвентно однесување”.

~ 18 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Во првата група спаѓаат сите оние поведенија што се инкриминирани во кривичното


законодавство и се сметаат и за криминални поведенија и кај возрасните лица. Ова
со други зборови значи изедначување на малолетничката деликвенција со
малолетничкиот криминалитет и тука се застапени сите дела предвидени со КЗ што
ги направиле малолетни лица. Ова гледиште е присутно и во нашата држава, и кај
нас со тоа ги опфаќа сите кривични дела, но не и другите казнени деликти (престапи
и истапи кои го носат кфалификативот општествено опасни поведенија). Причината
за ова е што нашето кривично законодавство не го дефинира поимот малолетничка
деликвенција или малолетен деликвент, туку само ја одредува неговата положба во
процесното кривично право. Голем број сметаат дека ова гледиште е формално и
тесно бидејќи не води доволно сметка за личноста на малолетниот деликвент.
Малолетникот е во центарот на вниманието на малолетничкиот криминалитет, а
кривичното дело е повод да се разгледува и расправа за личноста на деликвентот. Се
води сметка за заштитата на општеството од криминал, но не се води грижа за
заштита на малолетникот. Праксата ни покажува дека кога се во прашање
малолетниците, некои поведенија можат да бидат поопасни од кривичните дела што
се случајно сторени, како што се оддавање на скитање, одбегнување од училиште,
злоупотреба на дрога и слично. Тоа ни укажува дека и кога е сторено кривично
дело, тое е индикатор дека со личноста на малолетникот и нејзиниот развој, не е
нешто во ред и е неопходна социјална и кривично-правна интервенција заради
социјализација на личноста.

Во втората група се оние поведенија кои во поимот на малолетничката деликвенција


покрај кривичните дела, ги вбројуваат и повредите на некои други закони. Ова
сфаќање е застапено во САД, каде покрај федералните прописи влегуваат и
прописите на општините,државите со кои се регулираат општествените односи.

Третата група ја сочинуваат оние сфаќања според кои се надминуваат недостатоците


од претходните. Тие се јавуваат во огромен број, но заедничко им е тоа што сметаат
дека малолетничката деликвенција го опфаќа кршењето на кривично-правните
норми и другите правни норми што во една средина се сметаат за негативни.

~ 19 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

1.2. Елементи на дефиницијата

Основниот елемент кој служи за разграничување на малолетничкиот криминалитет


од останатиот вид на криминалитет е возраста на сторителот на кривичното
дело,означена како малолетна возраст, а сторителот како малолетник.

Категоријата малолетно лице, малолетник настанува во кривичното право како


потреба да се издвојат оние лица кои поради својата биолошка, емоционална,
психолошка и социјална незрелост не треба да се третираат и да се казнуваат на ист
начин како и возрасните2.

Старосните граници се законска категорија. Во Кривичниот законик на Република


Македонија, во делот што се однесува на општите правила за казнување на
малолетните лицаимаме неколку категории:

 како помлад малолетник се смета она лице кое во време на извршување на


кривичното дело наполнило 14 години, а не наполнило 16 години.
 постар малолетник е онаа категорија на малолетници кој во времето на
извршување на кривичното дело наполнил 16, а не наполнил 18 години.
 исто така е определен и поимот дете, како малолетник кој во времето на
извршување на делото не наполнил 14 години.
 помлад полнолетник се однесува на полнолетен извршител кој во времето на
извршување на кривичното дело не наполнил 21 година, што значи лице на
возраст од 18 до 21 година.

Вака определените старосни граници на малолетноста се едно од многубројните


решенија. Определувањето на горните и долните старосни граници е различно во
многу држави. Со Пекиншките правила,истакнато е барањето долната старосна
граница да не смее да биде прениско определена, а во нејзиното определување да се
имаат во предвид емотивната,менталната и интелектуалната зрелост. Поставувањето
на ова правило има и пошироко значење, во таа смисла што границата над која
малолетникот влегува во казненоправната зона треба да е блиска до границата над
која тој станува субјект на другиправа и должности (способност за брак, работна
способност итн.). Би постоела голема дискрепанција на правата и должностите кога

2
Љупчо Арнаудовски,Малолетничко престапништво,Скопје 1981 год,стр.25.

~ 20 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

малолетникот би ги сметале за субјект на казнено право на некоја прениска возраст,


далеку под онаа на која може да остварува други права и должности.3

Ќе споменеме неколку различни определувања на старосните граници на земјите низ


светот (табела 1 и 2)

Држави Поставена долна старосна граница


Бурма 7 години
Шри Ланка 7 години
Египет 7 години
Индија 7 години
Ирак 7 години
Сирија 7 години
Израел 9 години
Јордан 9 години
Филипини 9 години
Велика Британија 10 години
Турција 11 години
Иран 11 години
Франција 13 години
Полска 13 години
Австрија 14 години
Романија 14 години
Унгарија 14 години
Бугарија 14 години
Норвешка 14 години
Република Македонија 14 години
Данска 15 години
Финска 16 години

3
Владо Камбовски,Казнено право-Општ дел,Култура 2004,стр.1063

~ 21 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Држави Поставена горна старосна граница


Египет 15 години
Ирак 15 години
Бурма 16 години
Пакистан 16 години
Индија 16 години
Израел 16 години
Австрија 18 години
Унгарија 18 години
Германија 18 години
Холандија 18 години
Данска 18 години
Франција 18 години
Јапонија 20 години
Финска 21 година
Шведска 21 година
Некои држави на САД 21 година

~ 22 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

1.3. Основни карактеристики на малолетничката


деликвенција и малолетничкиот деликвент

Малолетничката деликвенција како широк општествен проблем постојано бележи


пораст. Во продолжение ќе напоменеме некои карактеристики кои се својствени за
малолетничката деликвенција и малолетничките деликвенти.

 Малолетничките групи и банди претставуваат една од најизразените


карактеристики на малолетничката деликвенција кои вршат разни кривични
дела-кражби, тепачки по улиците, разбојништва и слично. Групното
извршување на кривични дела претставува еден од најкарактеристичните
феноменолошки белези на малолетничкиот криминалитет.4 Групното
извршување подразбира два или повеќе малолетника во преземање на
криминално дејство. Оваа карактеристика е нагласена токму кај
малолетниците заради чувството на несигурност како составен сегмент на
личноста,потоа поради потребата од подршка при самото извршување на
кривичното дело како и манифестацијата на моќ и сила пред другите негови
врсници.
Што се однесува до малолетничкото криминално здружување во Република
Македонија, засега не се регистрирани голем број на повеќебројни банди,со
елементи на цврста хиерархиска поставеност. Но, има голем број на кривични
дела кои што се извршени во група, која група е формирана спонтано, без
организација и најчесто со цел вршење на провални кражби. Тоа се најчесто
оние дела каде што едно лице не може само да ја изврши кражбата, поради
фактот што е потребно повеќе сила за да се совлада влезната пречка, бара
повеќе алати, повеќе луѓе за да се извадат предметите, така што еден
извршител не би можел тоа сам да го направи.
Многу често при групното извршување, позади планот за кражба стои и
полнолетно лице, кое што ги организира и им кажува што да прават тие
малолетници и како да го извршат делото.

4
www.wikipedia.org

~ 23 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

 Една од карактеристиките на малолетничкиот криминалитет е рецидивизмот.


Тоа е посебна категорија на криминогено однесување, што подразбира
повторно извршување на кривични дела од едно лице. Рецидивизмот кај
малолетниците е особено изразен во последните години, по што може да се
констатира дека криминогеното однесување младите се почесто го прифаќаат
како животна определба или свој стил на однесување. Повратот, повторот,
рецидивот или како што уште се нарекува рецидивизмот е едно од најболните
прашања во криминолошката наука. Сите автори кои се занимаваат со
проучување на криминалот се сложни во тоа, дека без разлика колкав е
процентот на повтор во различните држави, тој расте со огромна брзина и
дури со поголем процент од самиот криминалитет воопшто.
Под повтор во кривично-правна смисла се подразбира сторување на
кривичнодело од страна на лице кое веќе еднаш е осудено за сторено
кривично дело.
Ако се земе предвид дека преку половината од вкупниот криминал отпаѓа на
повторниците, тогаш станува јасно дека проблемот на повторот спаѓа во
редот на оние проблеми и појави што најмногу го преокупираат современиот
криминал. Швајцарскиот автор Ервин Фреј, на пример, со право ја изразил
мислата дека практичната задача на криминологијата ќе биде исполнета кога
еднаш ќе се реши овој проблем.5

 Агресивноста и насилството исто така се едни од карактеристиките на


малолетничката деликвенција. Агресијата и насилството како модел и стил на
однесување е присутен кај младите кои често се анксиозни, фрустирани и со
многу низок степен на толеранција, што се одразува и во зголемен број на
физички напади во поново време меѓу средношколската младина.

 Учеството на малолетните сторители во имотните кривични дела е исто така


карактеристика на малолетничката деликвенција. Нивното учество е за
одбележување во областа на имотните деликти, бидејки целта им е здобивање
со материјална корист. Најголемо е нивното учество во одземање на
патнички моторни возила, тешки кражби, разбојништва и сл. Вкупниот

5
Богдан Златариќ,Проблеми поврата.Белград 1971,стр.340.

~ 24 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

процент на дела кои што малолетниците ги сторуваат е најголем за делата од


имотниот криминал и бележи постојан пораст.

 Епизодноста, минливоста и краткотрајноста во вршењето на деликтите се


исто така важни карактеристики кај малолетничката деликвенција. Поради
тоа треба да се постапува поблаго и попопустливо за делата кои што се во
доменот на помалку тешки деликти за да не дојде до етикетирање и
криминална кариера.6

- Карактеристики на малолетничкиот деликевнт

Малолетниците кои што се склони кон поведенија кои што се општествено


неприфатливи и казниви, на некој начин се разликуваат од останатите нивни
врсници. Тој израз на деликвентно однесување и изразуање на негативно
поведение може да биде резултат на повеќе фактори. Во следниот дел ќе се
обидеме да ги прикажеме карктеристиките односно причините и факторите, кои
се како главни предуслови за малолетникот да стане деликвент.

- тешкотии во емоционално и социјално созревање


- преживеани стресови
- недостаток на самопочитта
- негаивно влијание на врсници
- депресија
- намалена комуникативност
- недоверба кон непознати
- желба за доминација
- пасивност
- ограничени интереси
- несигурност
- отсуство на вина исрам
- непочитување на авторитети

6
Г.Кајзер,Криминологија,Скопје 1995 год,стр.274

~ 25 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2. Феноменологија на малолетничката деликвенција


Малолетничката деликвенција е од редот на оние кримонолошки феномени кои во
континуитет се следат и истражуваат. Тврдењата на голем број автори
декамалолетничката деликвенција е во постојан пораст се потврдуваат7. Меѓутоа,
поради различните теоретски пристапи,различното дефинирање на самата појава
како и обработката на податоците при истражувањата, често се добиваат сосема
различни квантитативни изрази на нејзините феноменолошки карактеристики.

Евиденција за малолетничката деликвенција кај нас, според различни критериуми


водат: Јавните обвинителства за поднесени пријави од страна на надлежните органи,
покренатите подготвителни постапки и одлуките по предлогот за примена на
санкции; Републичкиот завод за статистика, евиденција за малолетните сторители на
кривични дела според посебни обрасци; Органите за внатрешни работи, за која може
да се каже дека е најпотполна бидејќи ги опфаќа како сторените кривични дела, така
и прекршоците од страна на малолетни лица; Министерството за правда и основните
судови водат збирни податоци за малолетните лица на кои им се изречени санкции
за сторените прекршоци; Центрите за социјална работа исто така водат евиденција
за децата и малолетните сторители на кривични дела и други деликвентни
поведенија.

Ќе се обидеме да ги прикажеме квантитативно податоците што се добиени од


истражувањата на малолетничкиот криминал во Република Македонија.

7
Е.Кајзп,сп.труд,стр.142

~ 26 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2.1. Малолетнички криминал во Република Македонија во период


од 1981 до 2000 година (врз основа на податоци од пописните години
во нашата држава)

Квотата на криминалитетот спаѓа во оној вид на статистичко-методолошки постапки


кои што го доведуваат во релација вкупното население со пријавениот криминалитет
и масата на сторители на кривични дела. Всушност, квотата претставува показател
за тоа колкав дел од криминалот направен од малолетниците припаѓа на секои 1.000,
10.000 или 100.000 малолетни лица. Таа се пресметува со точно определени
математички формули. Тоа значи дека ако сакаме да ја пресметаме квотата на
криминалитет, вкупниот број извршени кривични дела во определен временски
период се дели со бројот на население (во нашиов случај сите малолетници) и се
множи со 100.000.

Годинa Вкупно Вкупно Вк.квота


Вкупно Квота Вкупно Квота
на КД КД мал.и
деца 100.000 населен.малолет. 100.000
попис деца малолет. деца
1981 555117 314 56.56 178205 906 508.40 166.35
1991 487952 1254 256.99 160859 2543 1580.89 585.22
2000 426280 572 134.18 165422 2533 1531.24 524.76

Според показателите од табелата можеме да констатираме дека во 1981 година, на


секои 100.000 неполнолетно население во просек припаѓаат по 166 кривични дела,
додека во 1991 година квотата е зголемена за огромни 3,5 пати и изнесува 585
кривични дела на вкупното неполнолетно население, и тоа при опаѓање на
малолетната популација. Во 2000 година, повторно кога имаме опаѓање на
малолетната популација, квотата на малолетнички криминал нема забележлив раст
во однос на 1991 година, но сепак е за три пати поголема од 1981 година. Тоа во
превод значи дека малолетничкиот криминалитет се зголемува со огромна брзина
иако немаме зголемување на малолетното население.

~ 27 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Година Вкупно Вк.квота


Вкупно Вкупно Квота Вкупно Квота
на пријаве. мал.и
деца пријаве.деца 100.000 населен.малолет. 100.000
попис Малолет. деца
1981 555177 512 92.22 178205 1447 811.99 267.12
1991 487952 2020 413.98 160859 4786 2975.28 1049
2000 426280 1032 242.09 165422 4292 2594.58 899.78

Од оваа табела може да се констатираат повисоки износи на зачестеност на


пријавените малолетни сторители. Тоа е разбирливо со оглед на тоа дека бројот на
пријавени малолетни сторители е секогаш поголем од бројот на пријавени кривични
дела, како резултат на групното извршување на делата. Во однос на показателите
бележиме зголемување на квотата од дури 400 % во 1991 година во однос на 1981
година.

2.2. Обем, движење и учество на малолетничкиот криминалитет во


Република Македонија во период 1981-2000 година.

Во периодот од 1980до 2000-та година во Република Македонија, органите за


внатрешни работи, пријавиле вкупно 310.893 кривични дела од сите видови
криминалитет. Од нив околу 30% се кривични дела каде извршители се малолетници
и деца. Малолетниците од 14 до 18 години сториле 50.102 кривични дела, а децата се
извршители на 20.026 кривични дела. Најекстремните отстапувања се во период од
1992-1994 година.

Кога ќе ги погледнеме показателите и од другите држави, карактеристично е


совпаѓањето во однос на малолетничкиот криминал со соседните земји. Ова особено
важи за оние држави си кои бевме во поранешната југословенска федерација.
Периодот на најголемо учество на криминал се поклопува со периодот на воени
судири.

~ 28 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Војната како форма на општествена дезорганизација проследена со парализирано и


со пристрасно работење на полицијата и на органите на правосудството, по правило
создава поволни услови за пораст на криминалитетот, ја слабее инхибицијата, а ги
охрабрува примитивните нагони и на тој начин придонесува за привремена
трансформација на обемот, структурата и карактеристиките на криминалните
однесувања.8

2.3. Структура на пријавениот криминал во Република Македонија


(1981-2000)

 вкупно пријавени кривични дела од областа на класичниот криминалитет


извршени од малолетници и деца – 99.60 %
 вкупно пријавени кривични дела од областа на недозволена трговија,
извршени од малолетници и деца – 0.22%
 вкупно пријавени кривични дела од областа на организиран-економски,
заедно со кривични дела против државата, човечноста и меѓународното право
извршени од малолетни и деца- 0.08 %

Малолетничкиот криминалитет како појава отсекогаш бил најмасовенво кривичните


дела од таканаречениот класичен криминалитет. Во тој класичен криминалитет
спаѓаат всушност оние кривични дела кои што се насочени против
општоприфатените вредности во општеството. Материјалните добра се најчести
објекти за напад кога станува збор за класичниот криминалитет.

Тоа е така затоа што тие се најдостапни за нив и се лоцирани во нивна непосредна
близина. Како кај сите видови криминал, така и кај општиот криминал се случуваат
огромни промени, како во поглед на објектите за напад така и во однос на начинитe
на самото извршување на кривичното дело и употребените средства при
извршувањето. Во минатото најзагрозени биле пазарите и продавниците кои што
биле главен објект за напад, при што им биле одземани и крадени работите кои што
ги продаваат. Во сегашно време тоа се проширува во куќите, становите, моторните
возила при што се крадат пари, злато, скапи апарати за домаќинство, компјутерска

8
Gassin R.,Criminologue,Paris,Dalloz 1988,стр.327.

~ 29 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

опрема и слично. Класичниот криминал е доминантна форма на противправното


однесување на најмладте со вкупно учество од 99 % во вкупниот малолетнички
криминал.

Кај кривичните дела од областа на недозволена трговија, најголем број кривични


дела за предмет на кривичното дело го имаат опојните дроги, односно
психотрoпните супстанци и прекурзорите. Овие кривични дела зафаќаат 0.22 % од
вкупниот малолетнички криминалитет,но со оглед на штетноста на дејствата мора
превентивно да се постапува и покрај ниското учество, поради тоа што овој вид на
криминал е во постојан пораст во последните години низ целиот свет.

Организираниот и економскиот криминалитет за кој што се пријавени малолетници


е со незначително учество во вкупниот малолетнички криминал, односно
процентуално тука се опфатени 0.08 % од вкупниот малолетнички криминал.

2.4. Малолетнички криминал во Република Македонија во


поновиот период ( 2010 – 2016 година )

Во понатамошниот дел ќе се обидеме квантитативно да ги прикажеме податоците од


малолетничкиот криминал во Република Македонија во периодот од 2005 – 2016
година. Ќе видиме како се движел статистички бројот на пријавени и осудени
малолетни лица во Република Македонија.

 Пријавени лица во судир со законот

Поднесен предлог за Постапката не е Подготвителната Вкупно


изрекување казна- поведена постапка е
Година мерка запрена
2016 86
379 122 587

2015 503 166 103 772

2014 607 171 194 972

~ 30 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2013 700 174 131 1005

2012 869 142 152 1163

2011 890 177 177 1244

2010 1096 166 257 1519

Според статистичките податоци од табелата можеме да заклучиме дека бројот на


пријавени лица за кои е поднесен предглог за изрекување на мерка-казна постојано
се намалува во последните години. Бројот на поднесени предлози за изрекување на
мерки за малолетниците кои што се во судир со законот во 2016 година е скоро за
три пати помал од бројот на поднесени предлози за изрекување на казна во 2010
година.

 Осудени лица во судир со законот

Деца во судир со законот 16-


Деца во судир со законот од 14-16 години 18 години
Дисциплински Мерки на Заводски Воспитни Вкупно
мерки засилен мерки мерки осудени
Годин надзор Вкупн малолетн
а Вкупно Затвор о ици

2016 11 100 8 119 4 345 349 468

2015 14 56 3 73 8 267 275 348

2014 11 87 9 107 3 351 354 461

2013 17 100 6 123 350 350 473

2012 27 180 13 220 2 500 502 722

2011 33 122 7 162 9 376 385 547

2010 22 180 9 211 14 523 537 748

~ 31 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Според податоците од табелата за осудени деца кои што биле во судир со законот се
забележува дека како најчесто определена мерка или казна се воспитните мерки.
Како најчесто изрекувана воспитна мерка кај помладите малолетници е мерката на
засилен надзор. Кај постарите малолетници имаме и изрекување на мерка затвор
која што во 2016 година била изречена на 4 малолетници кои што биле во судир со
законот.9

9
http://www.stat.gov.mk/

~ 32 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

 Осудени лица во судир со законот по посебни кривични дела


Кривични дела
2016 2015 2014 2013 2012 2011 2010

Вкупно 468 348 461 473 556 722 547


Кривични дела против
животот и телото 70 43 47 39 43 79 59
Кривични дела против
слободите и правата на
човекот 7 2 5 1 5 1
Кривични дела против честа и
угледот 7 1 2
Кривични дела против
половата слобода и половиот
морал 2 13 14 5 8 12 7
Кривични дела против
здравјето на луѓето 13 7 5 13 7 15 7
Кривични дела против имотот
257 198 268 354 409 513 403
Кривични дела против јавните
фин., платниот промет и
стопанството 1 5 3 3 9 7 13
Кривични дела против
општата сигурност на луѓето и
имотот 4 2 6 4 4 6 1
Кривични дела против
безбедноста на јавниот
сообраќај 2 28 14 24 26 39 35
Кривична дела против
службената должност 22 2
Кривични дела против
правосудството 2 3 3 2 3 1
Кривични дела против
правниот сообраќај 1 1 1 1 1
Кривични дела против јавниот
ред 79 42 100 25 43 36 17

~ 33 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Кривични дела против


човечноста и меѓународното
право 1 1 1 1
Кривични дела против
животната средина и
природата 1 2 1
Кривични дела против
вооружените сили 1 2

Според податоците од оваа тебела се забележува дека имаме голем број на различни
кривични дела кои што малолетниците ги извршувале последните години во
Република Македонија. Тоа што лесно се забележува и е карактеристика на
малолетниците кои што биле во судир со законот и се осудени, е тоа дека најголем
дел од делата кои што ги извршиле спаѓаат на групата на кривични дела против
имотот. Во секоја поединечна година имотните кривични дела го заземаат првото
место по најчесто правени кривични дела од страна на малолетниците.

~ 34 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

3. Етиологија на малолетничка деликвенција


Етиолигијата на малолетничката деликвенција е едно од најинтересните
истражувани подрачја во криминологијата. Тоа се должи на тоа што преку
одговорите на прашањата сврзани со етиологијата на малолетничката деликвенција
можат да се стекнат сознанија за етиолигијата на криминалитетот во целина, како и
на тесната врска помеѓу малолетничката деликвенција и рецидивизмот. Прашањето
за етиолигијата на малолетничката деликвенција и криминалитетот е старо колку и
самите појави, додека научниот интерес трае од првите зачетоци на овие негативни
појави. Поради огромниот број на научници кои што се занимавале со проучување
на причините за појава на малолетничкиот криминалитет, имаме огромен број на
теориски концепции за криминогените фактори што доведуваат до оваа појава. Во
овој труд ќе направиме осврт на некои од нив.

3.1. Биолошки теории

Биолошките теории во центарот на своето внимание го ставаат човекот,поради што


се означуваат како антрополошки. Исто така тргнуваат од претпоставките дека
девијациите се условени од биолошките фактори, поради што се означуваат како
биолошки. Ставот од кој тргнува оваа теорија е дека биолошките карактеристики и
наследните својства се одлучувачки фактори за девијантно однесување.

Во биолошките теории треба да се напоменат и антрополошките теории како видови


на биолошки теории. Најзначаен претставник на антрополошката школа е Чезаре
Ламброзо кој се смета за основоположник на биоантрополошката школа. Ламброзо
создава теорија за атавистички тип на роден злосторник. Атавизмот претставува
појавување на психички и физички особини, кои со еволуцијата се изгубени, но кои
влијаат на тоа да човекот наследувајќи ги, се однесува агресивно. Ламброзо сметал
дека криминалитетот е последица на наследни атавистички карактеристики на
дамнешни предци.

Треба да се напомене дека антрополошките сфаќања за причините на криминалитет


се отфрлени како резултат и благодарение на емпириските истражувања. Имено,
стигматите на дегенерација кај родениот тип на злосторник од Ламброзо во
неговите антрополошки истражувања се пронајдени и кај војници, студенти и кај

~ 35 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

друга неделиквентна популација на население, речиси во ист процент како и кај


деликвентите.10

Теориите за наследување на девијантните диспозиции, причините за девијантноста


ги наоѓаат во наследните својства на личноста. Така се развиени теории за
наследување на нагони за кражби, убиства и слични девијации. Една група која што
била предводена од Нициферо го свтрува вниманието кон психата на личноста и
создава психоконституционален тип на деликвент, кој она што го носи во себе го
добива преку наследените особини.

Расната теорија, го објаснува криминалитетот како вродени склоности и наследни


диспозиции кај припадници на одредена раса. Иако крајно неиздржлива, оваа
теорија има голем број на свои застапници.

Психопатолошките теории, девијантната личност ја гледаат низ призмата на


менталните и емоционални растројства од конституционален вид.

Во биолошките теории според својата суштина се вбројуваат и ендокринолошките


теории, кои што сметаат дека криминалното поведение е резултат на неправилно
работење на ендокрините жлезди. Тука треба да се спомене расната теорија, која го
објаснува криминалитетот како вродени склоности кај припадници на одредена раса.

3.2. Психолошки теории

Психолошките теории тргнуваат од самата личност и одделните психолошки


својства. Психолошките теории го уважуваат дејствувањето на разни психолошки
недостатоци и вродени склоности на личноста, како и влијанието на општествената
средина.

Многу луѓе интуитивно ги бараат причините за криминогеното однесување во


генетските диспозиции, споредувајќи ги децата со нивните родители или со други во
блиско сродство.

10
М.Елиот,Злочин у савременом друштву, Веселин Маслеша,Сараево 1962,стр.270

~ 36 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Основната единица на наследните особиние ген, и се наоѓа во хромозомите. Гените


се нанижани во хромозомите,, а хромозомите ги има во сите соматски клетки
организирани исто така во по два хромозомски низови, кои се спирално поставени.
Секој ген е носител на некоја соматска или функционална особина.11

Клинефелтеров синдром, како карактеристика на мажите со прекубројни X


хромозоми во различни варијанти ( XXУ, ХХХХУ, ХХХSS ). Посебен интерес во
криминалистичката психологија постои за мажите со прекубројни У хромозоми
(ХУУ). Прекубројноста на У хромозомите, во криминалистиката се нарекува
“хромозом на злосторството”, бидејќи истиот е пронајден кај повеќе извршители на
убиства и тешки кривични дела ( нормалниот маж има ХУ, а нормалната жена ХХ
хромозоми). Класичен Клинефелтеров синдром е со ХХУ хромозоми и се
карактеризира со евнухоидно однесување, генитална неразвиеност и ментална
заостанатост. Овој синдром го има во поголем процент кај деликвентите, од
неделиквентите, а кај нив доминираат секундарните деликти, а помал број од нив
извршуваат кражби или убиства.

Психоаналитичката теорија поаѓа од тоа дека девијантното однесување е резултат на


подсвесните сили. Основоположник е Зигмунд Фројд. Теоријата на Фројд опфаќа
три значајни подрачја: склопот на личноста, динамиката на личноста и разојот на
личноста.

Личноста претставува склоп на три делови: ТОА или ИД, ЈАС-ЕГО и НАД –ЈАС или
СУПЕР-ЕГО. Сите овие делови имаат посебни функции и однесувањето на личноста
е производ на содејство на овие три системи.

ТОА или ИД е резервоар на психичката енергија. Овој дел ја претставува снагата на


мотивите и нагоните внатре во човекот. Тоа е биолошка структура во која доминира
принципот на задоволство како цел. Задоволството според Фројд, се постигнува на
два начина: преку рефлексни активности кои се вродени автоматски ( кивање,
трепкање) , и преку примарни процеси кои претставуваат посложени психички
реакции ( најдобар пример кај нормалните луѓе е ноќниот сон, за кој Фројд верувал
дека претставува исполнување на желбите).

11
Лилјана Баткоска, Криминалистичка психологија, Охрид 2013

~ 37 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Со ЕГО- то диктира принципот на реалноста, со помош на секундарните процеси.


Секундарните процеси претставуваат дискриминативноста, помнењето,
перцепцијата, мислењето и слично. Главната задача на ЕГО-то е да најде реален
начин за задоволување на ИД- от. ЕГО-то е извршител. Енергијата не ја поседува,
туку ја прима од ИД-от, односно “ЕГО-то е разумен слуга на неразумниот
господар”, а неразумниот господар е ИД-от кој бара од него да ги задоволи сите
потреби.

НАД-јас е внатрешен претставник на традиционалните вредности на општеството.


Главните негови функции се да ги кочи импулсите на ИД-от (особено сексуалните и
агресивните), да го убеди ЕГО-то да ги замени реалните цели со морални, да тежнее
кон совршенство. Сите три структури делуваат заедно, а генерализирано ИД-от е
биолошка структура, ЕГО-то е психолошка структура, а СУПЕР-ЕГО –то е
социјална структура.

Помеѓу енергијата на телото и психичката енергија постои мост, а тој мост е ИД-от и
инстинктите. Сите инстинкти ја сочинуваат вкупната количина на енергија која му е
на располагање на човекот. Според Фројд, инстинктите можат да се поделат на
инстинкти на животот и инстинкти на смртта.12

Теоријата на интелегенција била застапувана од Фергусон, Барт и Фаст.


Интелегенцијата е еден од најчесто споменуваните фактори за појава на
малолетничка деликвенција. Според оваа теорија престапниците најчесто биле
недоволно интелегентни лица, кои што не се во состојба да ја сфатат штетноста и
тежината на своите постапки. Со истражувањата во тој период се дошло до заклучок
дека помеѓу деликвентите има значајно поголем процент со помала интелегенција.

Новите истражувања покажале дека разликата помеѓу интелектуалните способности


на малолетните деликвенти и нивните врсници кои што не се деликвенти е мала.
Ниското интелектуално ниво може да преставува пречка за образовно напредување,
неадекватно проценување на разни животни ситуации, но тоа не може да биде
најбитен и единствен фактор за деликвентно однесување. Тоа претставува само еден
од многуте услови кои придонесуваат да се појави деликвентно однесување.

12
Лилјана Баткоска, Криминаистичка психологија, Охрид 2013

~ 38 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Теоријата на фрустрација тргнува од фрустрацијата како битен фактор за


предизвикување на девијантно однесување. Агресијата како централна категорија на
теоријата на фрустрација се смета за последица на ограниченоста во постигнувањето
на некои намери и потреби. Фрустрацијата претставува психолошка состојба која
доаѓа како последица од лишувањето да се оствари некоја сакана цел.

Носителите на оваа теорија се Долард и Милер. Голем дел од девијантните


однесувања имаат нагласена агресија. Но сепак неприфатливо е гледиштето дека
секоја фрустрација води кон агресија затоа што фрустрација може да се
манифестира и преку разочараност, или повлекување во себе, чувство на
инфериорност и други реакции кои немаат агресивен карактер кон средината. Исто
така не секоја агресија е деструктивна, односно некогаш таа може да биде насочена
кон постигнување на општествено-прифатливи цели, на општествено прифатлив
начин.

3.3. Социолошки теории

Теоријата за аномија за прв пат била применета за објаснување на девијантноста од


страна на Емил Диркем. Таа била дел од неговата класична студија за
самоубиството. Емил Диркем пробувал да разјасни зошто кај луѓето кои што се дел
од индустријализираните општества има поголема веројатност од извршување на
самоубиство, отколку што е тоа случај кај другите општества.

Тоа според него се должи на тоа што во традиционалните општества правилата биле
добро познати и широко прифатени. Како што доаѓа до растење кај општеството тоа
станува похетерогено и доаѓа до брза општествена промена, па така општествените
норми можат да станат нејасни и неприменливи. Тој оваа ситуација ја нарекол
аномија, и верувал дека таа е главната причина за самоубиства во
индустријализираните земји.

~ 39 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Теоријата на контрола смета дека напнатоста е универзална. Тоа би значело дека


секој сака повеќе од она што лесно може да го добие. Според тоа секоја индивидуа
има добра причина да биде девијантна. Прашањето е, зошто тогаш огромен број од
индивудуите се конформираат.13 Хирчи смета дека луѓето се конформираат кога
имаат обврски со други луѓе и кога се врзани за конвенционалното општество,
училиштето и црквата. Одговорот пак на Елиот е дека овие општествени обврски не
наградуваат за конвенционалното однесување. Според теоријата на контрола, до
девијантно однесување доаѓа тогаш кога слабеат врските на поединците со
општеството.

Социолошката теорија на поткултура и контракултура ја застапува Кохен и таа


спаѓа во редот на изразено класните теории и ја подвлекува разликата помеѓу
културата која што е застапена во пониските општествени групи во однос на
општата култура на определено општество. Поради тоа што пониските слоеви
неможат да ја прифатат и да се однесуваат во сообразност со глобалната култура на
општеството, доаѓа до формирање на деликвентна поткултура или контракултура,
каде што носителите пројавуваат агресивност кон носителите на глобалниот систем
на културни вредности.

Современите општества, било да е социјалистичко или капиталистичко, со изразени


внатрешни спротивности, со карактеристики на класни општества, со изразени
тенденции на хуманизација на односите меѓу луѓето, одредени со општествено-
економските односи чиј носител е младата генерација ги нагласуваат овие судири.
Создавање на услови за развој на младата личност, обезбедување на место во
општеството каде што припаѓа, е во спротивност со општиот развој на општеството.

Огромната невработеност на младите, тешкотиите околу стекнување на работно


место, решавање на другите социјални и материјални проблеми, се појави кои на
негативен начин ја одредуваат положбата на младите на која тие реагираат со
недозволени и дозволени средства, вклучувајќи ги и оние што претставуваат
деликвентно однесување.

13
www.wikipedia.org

~ 40 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

За современите општества големо значење има брзиот развој на средствата за


производство чиј одраз врз севкупниот развој на општеството е непосреден.

Република Македонија, чиј повоен развој се карактеризира со брз стопански равој,


преку индустријализација и преструктуирање на целокупното стопанство, со
настојување да се излезе од неразвиеноста, предизвика промени во целокупната
структура на општеството. Дојде до зголемување на бројот на индустриски
работници, се намали селското население, се промени образовната структура, нужно
индустријализацијата ја следеа процеси на урбанизација и миграциони движења.
Ова се во основа позитивни процеси, но заради динамиката со која се остваруваа,
често пати нивното непланско остварување, едновремено предизвика низа негативно
последици кои имаа одраз врз положбата на младата популација и појава на
деликвенција.

Периодот после 1990 година каде што дојде до распаѓање на претходниот


социјалистички систем со стапување во фаза на транзиција од еден во друг
политички, правен, социјален систем се карактеризира со стагнација во целокупниот
развој. Распаѓањето на претходниот систем со сите негови добри и лоши страни
доведе до тоа да младата популација се влоши во сите домени од нејзиното живеење
што резултираше со зголемена малолетничка деликвенција. Таа состојба создаде
нови проблеми и зголемено значење на етиологијата на малолетничката
деликвенција, односно да се објаснат и проучат причините кои што доведуваат до
оваа негативна појава. На нивото на посебните криминогени фактори сврзани со
малолетничката деликвенција, посебно место добиваат “микрогрупни фактори”. Во
оваа група на фактори, со значење за настанување но и за спречување на
малолетничката деликвенција, семејството добива значење како примарна група.

Исто така во новите општествени услови во кои развојот на општеството се


програмира врз општа и стручна образованост на населението, училиштето добива
нова улога и презема нови задачи.

Ако целиотконцепт на малолетничка деликвенција во сите нејзини сегменти,


настанува и се гради врз личноста на сторителот на казненото дело-деликтот, врз
личноста која се одредува како малолетна нејзината најважна и најбитна
карактеристика, тогаш станува јасно дека криминогени фактори што ги одредуваме
како поединечни и се однесуваат или произлегуваат од личноста на деликвентот,

~ 41 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

имаат големо значење во објаснувањето на оваа појава. Ни кај еден друг вид на
криминалитет или деликвенција личноста на сторителот на деликтот нема толку
големо значење за објаснување на етиологијата на таа појава како кај
малолетничката деликвенција

Сите компоненти за настанувањето на деликтот, за криминалното однесувањето на


деликвентот, за преземање на казнени и други мерки како реакција на таквото
поведение, основите на казнена одговорност на малолетникот, се изведуваат од
биофизичките, психолошките и интелектуалните, емоционалните карактеристики и
способности на малолетникот. Не е случајно што најголемиот дел од истражувањата
за етиологијата на малолетничката деликвенција тргнуваат од личноста на
малолетникот.14

14
М.Петровиќ,Личност у етиологији деликвенције,Београд

~ 42 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Дел 3

Превенција на малолетничка
деликвенција

~ 43 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

1. Значење и видови на превенција

Малолетната популација која е предмет на анализа на овој труд е постојано


изложена на влијанија од сите природни и општествени појави. Во секое општество
се тежнее кон тоа да со процесот на социјализација секое дете се развие во физички,
ментално и социјално здрава личност.

Но, во секое општество не е можно сите единки да се развијат како позитивно


социјализирани личности. Тоа се должи на многу фактори но пред се како главни се
јавуваат наследните особини и негативните влијанија од социјалната средина. Тој
дел од популацијата во процесот на растење ќе се однесува деструктивно или
деликвентно. Во овој контекст под превенција ќе подразбираме прво да се попречи
појавата на деликвентно однесување, а доколку дојде до тоа на време да се
интервенира со потребните мерки.

Во секое општество правилната социјализација на најмладата популација треба да


биде еден од основните принципи. Општеството мора да се потруди да не дојде до
деликвентно однесување на децата. Тоа ќе го направин со вредносно ориентирање
на младите лица кон вистинските темелни вредности. Со правилното вредносно
ориентирање децата ќе се изградат во вистински личности во општеството, имуни
на секаков вид на негативни влијанија и појави кои што се случуваат во
општеството.

За секое општество важи тезата дека подобро е да се спречи негативното однесување


на децата, отколку да се лечи од кога тоа ќе се случи. Со вредносното ориентирање
на децата кон вистинските вредности во животот, ќе се намалат негативните
однесувања на децата, како и малолетничката деликвенција во целост, а со тоа
општеството ќе ја изврши својата превентивна улога.

Безбедносните науки, во поглед на мерките кои треба да се преземат за попречување


и ефикасна заштита од сите видови деструкции, а и социопатолошките однесувања,
се повеќе им даваат предност на превентивните мерки, во однос на репресивните. На
тој начин се унапредува и хуманизира криминалната политика и се елиминираат

~ 44 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

индивидуалните и општествените штети. Во рамките на овој магистерски


труд,превенцијата треба да ја разбереме како систем на мерки и активности кои ги
преземаат сите субјекти во општеството и државата кои имаат права, должности и
одговорности да постапуваат во областа на заштитата на децата и граѓаните од
секаков вид деструкции и тоа пред да настапат последиците на нивна и општествена
штета.

Меѓународната заедница создава правен систем и институции со кои се грижи да го


попречи загрозувањето на децата и младината. Исто така и националните држави се
стремат да воспостават правни системи и институции за ефикасна правна и
социјална заштита на децата и младината.

Во попречувањето и сузбивањето на малолетничката деликвенција, превентивните


мерки треба неопходно да се преземат ако се сака тие да бидат благовремено
заштитени, особено од деструкциите кои ја деградираат и морално ја уништуваат
младата личност. Во оваа област, станува збор за заштита на млади луѓе кои се
наоѓаат во процес на ментално и физичко созревање.

Во нашата држава, Република Македонија, воспоставен е безбедносен систем за


категорија деца и малолетници кој што се состои од:

 правни документи и норми- меѓународни конвенции и документи кои нашата


земја ги ратификувала и национални правни акти како Устав, Закони со кои
се уредува заштитата на малолетниците;
 институции кои што вршат безбедносна функција- приватни и државни
безбедносни органи и инспекции како и бројни невладини организации
 мерки што тие ги преземаат при вршењето на функцијата (превентивни, само
по исклучок и репресивни).

Превентивната функција , се остварува преку три вида превентивни мерки:

 мерки на општа генерална превенција. Тука спаѓаат изградба на


демократско општество, правна држава со изградени државни институции

~ 45 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

кои ќе бидат способни да ги извршуваат своите функции со кои што ке го


гарантираат интегритетот и суверенитетот на својата територија,
воспоставување на демократско општество и стабилни економски и
политички односи.
 мерки на посебна социјална превенција. Тука се вбројуваат мерките на
социјалната политика за самото население како што се социјална и
здравствена заштита, заштита на деца и малолетници, вработеност, заштита
на други социјални случаи и слично.
 мерки на индивидуална превенција. Во овој вид на превенција се
вбројуваат сите индивидуални мерки према поединци кои се вбројуваат во
групата на потенцијални деликвенти.

Превентивните безбедносни мерки на меѓудржавен и меѓународен план можеме да


ги анализираме преку документите на ООН, Европската Унија, Конвенциите,
Меѓународното казнено право и билатералните договори, со кои се регулираат
прашањата од областа на заштита на децата и младината.

Во градењето на современата превенција за заштита на младата популација има


потреба на организиран начин да се вклучат експертите од културно-образовните
институции (педагози, психолози, социолози, лекари), невладини и родителски
асоцијации, државните репресивни органи (судови, обвинителства, органи за
внатрешни работи), организациите од делот на приватна безбедност и слично.
Граѓаните во оваа сфера би имале значајна улога во превенцијата преку создавање
на соодветни облици на свест за градење на безбедносна култура како интегрален
дел од општата култура. Ваквата практика треба да се применува во повеќе држави
во определени региони или простори кои меѓусебно се поврзани по разни основи и
на тој начин превенцијата би се претворила во меѓународен ефикасен фактор за
заштита на овој вид непроценливи човекови добра.

Со подобрување на превенција на малолетничката деликвенција ќе имаме видви


резултати во намалувањето на овој вид на општествен проблем. Успешната
превенција претставува најсилно средство и благовремена реакција на општеството
во отстранување на причините кои водат во криминалитет, а е поефикасна доколку
се реализира на што помала возраст од младата популација.

~ 46 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Како пресудни фактори во таа превенција на малолетничката деликвенција можат да


се напоменат неколку.

Училиштето како институција во која децата треба да се воспитуваат, да им се


прикажуваат темелните цивилизациски вредности, да ја јакнат нивната самодоверба,
да им укажуваат на потенцијалните опасности, да ги едуцира за прифаќањето на
различностите на социјален, етнички или било каков однос и многу други работи
кои што училиштето мора да им ги пренесе на децата за тие да чекорат по
вистинскиот пат. Исто така училиштето мора да соработува со родителите и другите
чинители во локалната средина низ различни форми на дејствување како и да ги
едуцира родителите и да им дава неопходна помош во третирањето на децата со
проблематично однесување.

Семејството има огромна улога во социјализацијата на детето. Семејството како


прва социјална средина на новороденчето мора да му помогне да ги прифати
хигиенските и други основни навики, моралните вредности, општествените
вредности, религиските сфаќања и слично.

Средствата за јавно информирање исто така влијаат врз стимулирањето и


стишувањето на агресијата. Резултатите кажуваат дека покрај позитивните
влијанија како што се навремено информирање, презентирање на настаните и
појавите , презентирање на нови сознанија, при информирањето и опишувањето на
деструктивните настани, особено врз лица со недоволно стабилен карактер вршат
негативно влијание. Затоа со средствата за јавно информирање треба да се внимава
за да не се постигне спротивен ефект кај малолетниците.

~ 47 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2. Субјекти за превенција на малолетничка


деликвенција

Превентивната функција за малолетничката деликвенција која што се извршува во


општеството може да биде реализирана од страна на повеќе субјекти. Со
остварување на превентивната улога општеството во голема мера ќе придонесе за
спречување и сузбивање на малолетничката деликвенција. Превенцијата на
малолетничката деликвенција опфаќа две подрачја.

Првото подрачје уште можеме да го наречеме антиделиктно или примарно, односно


тука имаме превентивни мерки и акции што имаат за цел по пат на отстранување на
противречностите во општествено-политичките, економските, социјалните,
културните и другите односи да создаваат правилен развој на младата генерација и
обезбедување на сигурен правен, социјален и материјален статус и положба.
Второто подрачје, подрачје на постделиктна активност или секундарна превенција,
каде што се мерките, акциите и постапките на надлежните државни и општествени
органи и служби, со преземање конкретни мерки против малолетните деликвенти,
настојувајќи да ја сузбијат малолетната деликвенција.

2.1. Субјекти на примарна превенција

Примарната превенција има за цел преку разни мерки и активности кои што се на
располагање правилно да ја социјализира младата личност и да ја насочи на
вистинскиот животен пат. Со оваа превенција се прави напор за децата преку
правилно воспитување да станат имуни на извршувањето на негативни однесувања.
Во оваа превенција секако дека главно место заземаат училиштето и семејството
кои што ја имаат таа главна улога во вредносното ориентирање на личноста на
детето. Во продолжение ќе ги споменеме најбитните субјекти на примарната
превенција.

~ 48 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2.1.1. Училиштето како субјект за превенција на малолетничката


деликвенција

Училиштето претставува прва организирана општествена институција која што


после семејството го прифаќа детето и на организиран начин преку воспитно
образовни мерки врши негово социјализирање. Преминот на детето од семејството
во училиштето е првата фаза во која детето се одделува од средината во која што
сите му посветувале посебно внимание и љубов и каде што во многу случаи му се
прогледувало низ прсти дури и кога правело поголеми грешки. Сега во училиштето
детето треба да ја обезбеди својата индивидуалност, но и да се согласи да стане дел
од една поголема група со исти права, обврски и одговорности како него.

Во училиштето детето треба да ги прифати новите правила на однесување и да


почне да се оспособува за колективен заеднички живот со неговите врсници.
Почетните денови и недели од оваа фаза претставуваат многу сложен процес на
премин од едни во други односи. Во таа фаза помеѓу родителите и наставниците
треба да се воспостави многу блиска соработка за да се избегнат несакани последици
по детето заради одделувањето од семејството. Грешките кои што можат да се
направат во овој период можат да остават такви негативни последици кои што во
натамошниот развој на детето многу тешко ќе се корегираат.

Училиштето е онаа институција која на младото дете му дава знаења, го оспособува


за примена на одредени вештини или тежнее да му создаде навики кои што ќе му
бидат потребни во понатамошното школување и во неговиот живот.

Во училиштето детето се среќава со поголема група на свои врсници кои што се


избрани не по негова воља и се среќава со поинаква дисциплина од онаа што била во
неговото семејство. Исто така ќе се сретне со феноменот авторитет кој што ќе мора
да се научи да го слуша и почитува. Детето во училиштето доаѓа со некои научени
нешта, а тука ќе учи уште многу нови работи. Училиштето врши и корекции на оние
работи и лоши навики кои детето ги има стекнато пред да почне со образовниот
систем во училштето.

Основните училишта во целината на образовниот систем се сметаат за темел врз кој


ќе се надградуваат другите поголеми степени на образование. Во тоа училиште
детето ги добива почетните, но базични знаења за природата, човекот, општеството,

~ 49 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

преку природните и општествените науки. Детето тука добива доволен фонд на


знаења кои што ќе му помогнат во неговиот понатамошен равој.

После завршувањето на основното ушилиште во развојот на детето како вистинска


личност, доаѓа нова фаза, а таа е средното училиште. Во овие училишта се
продолжуваат активностите на училиштето преку кои се втемелуваат вистинските
вредности кај децата.15 Тука децата се веќе во фаза каде што имаат одговорност за
сторени деликти и се кфалификувани како малолетници и постари малолетници.
Треба да се внимава многу затоа што кај оваа популација во процесот на
сопцијализација доаѓа до постепено слабеење на влијанието од родителите па и
професорите. Тоа се должи на тоа што децата се поприсутни во пошироката
социјална средина и врз нив влијаат повеќе надворешни фактори кои што можат да
влијаат на нивното однесување. Затоа училиштата имаат поголема обврска децата да
ги насочат кон вистинските вредности, а да ги отргнат и да им ги покажат
последиците од негативните појави.

Наставниците и професорите се најизразените фактори преку кои училиштето треба


да ја изврши својата воспитна функција спрема децата. Наставниците и професорите
од првиот ден кога ќе влезат во училницата, па се до нивниот престанок на работата,
постојано се наоѓаат во динамична и креативна активност, поврзана со потреба од
иновации при извршување на нивната образовно-воспитна дејност, како барање на
најдоброто помеѓу традиционалното и современото.

Наставникот или професорот има централно место во социјализирањето на младите


деца и дека во тој долг и многу сложен процес тој ја негува и оплеменува душата на
детето кое утре треба да биде граѓанин од кој општеството ќе има корист.
Учителите треба да се чувствуваат како најсреќни луѓе. Тие добиваат доверба, да ги
школуваат најмладите кои што се надеж на родителите и општеството, правилно да
ги воспитаат, да им ги втемелат основните животни вредности и да ги оспособат за
продуктивен живот. На нив е одговорноста од обични деца да направат личносто врз
кои подоцна ќе се потпираат родителите и општеството. Во периодот додека се кај
професорите се обични деца, но тие подоцна треба да бидат одговорни граѓани на
општеството, треба да бидат онаа потпора, столб, кој треба да е јак, витален и
способен да го носи многу сложениот и тежок товар на животот.

15
Татјана Велкова,Безбедносна култура и воспитување,Штип 2002 год

~ 50 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Кога училиштето не ги остварува своите функции и задачи тогаш почнуваат да се


случуваат настани и состојби кои можат да имаат негативно влијание врз
социјализацијата на учениците и може да стане фактор кој влијае врз одредени
форми на деликвентно однесување. Кога во училиштата изостанува дисциплина,
кога програмите и плановите за работа не ги следат успешно современите состојби
во науката и не се соодветни на динамиката на психолошкиот развој на децата,
учењето станува меморирање на податоци кои не соодвестуваат со потребите на
децата.

Во училиштето може да се случуваат многу деликвентни однесувања на кои


професорите треба да постапуваат со посебно влијание. Мора да се делува
превентивно за таквите појави да се минимизираат, но и кога ќе се случат
последиците да се намалат, со сторителите внимателно да се постапува како и да се
заштитат другите деца укажувајќи им за штетните последици од таквите поведенија.

Вандализмот над училишниот имот и кражбата на лични предмети се однесувања


кои што се многу застапени во училиштата16. Тоа може да биде индикатор за
однесување, кое ако не биде запрено навреме и ако со тие деца не се постапува
правилно од страна на училиштето, може да прерасне во криминално однесување.
Помеѓу другите негативни појави и однесувања кои секојдневно се случуваат во
училиштата во Република Македонија но и во светот, секако дека треба да го
спомнеме насилството во училиштата. Насилството кое може да е изразено преку
најразноразни форми како тепачки помеѓу учениците, насилно однесување на
професорите спрема учениците, насилно однесување на учениците спрема
професорите и слично. Агресијата помеѓу младите во вакви случаи е голема, па
имало многу случаи каде што овие насилства се завршувале се потешки последици.
Решавањето на меѓусебните проблеми мора да биде на конструктивен начин, со
комуникација и дијалог, со градење на доверба и почитување.

Професорите и наставниците мора да бидат способни да ги откриваат навреме


децата со агресивно однесување, и со разговори, со посебни активности спрема нив
да им помогнат и да ги хуманизираат нивните односи со другите деца. Не смее да се
остава да дојде до некој настан кој како што рековме може да има и сериозни

16
Вилијам Сендерс,1981 год

~ 51 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

последици, а пред тоа професорите и органите од училиштето да не преземат


никакви активности.

Конфликтите кои се случуваат во училиштата не треба да се сфаќаат секогаш како


негативно поведение. Всушност, тие се нормална појава во секое општество, па и во
училиштата. Проблемот настанува кога професорите не ги воочуваат настанатите
конфликти или ги воочуваат но слабо реагираат на однесувањата на децата пуштајќи
ги конфликтот да прерасне во насилство, без претходно да ги прекинат, да
разговараат со нив, и да им помогнат во решавање на конфликтот..

Не само различното мислење, туку и секоја друга различност по етничка,


религиозна, полова, културна и друга основа не смее да биде проблем кој може да не
загрозува и од кој треба да се плашиме. Иако секојдневно се случуваат разноразни
насилства и конфликти кои што имаат ваква позадина, со правилно менаџирање на
професорите и училиштата, различностите може да претставуваат богатство кое ни
овозможува подобро да го разбереме светот околу нас.

Понатаму, корупцијата и привилегирањето на некои ученици можат негативно да


делуваат врз некои други ученици. Алкохолизмот, употребата на дроги се феномени
кои како многу негативни исто така се застапени во секојдневието во училиштата.
Училиштата и професорите мора да изнаоѓаат начини како овие средства кои многу
штетно влијаат врз самите деца кои што ги конзумираат, како и врз другите деца во
училиштето, да не се внесуваат во училиштето и да не се користат од страна на
децата. Мора постојано да им се укажува на последиците кои што настануваат со
употреба на тие средства и начините како да се заштитат од тие негативни појави
кои што земаат се поголем замав помеѓу малолетниците.

Криминологијата утврдила одредена шема на однесувања кои што доведуваат до


малолетничка деливенција:

 појава на тешкотии во учењето и заостанување


 конфликти со родителите на таа основа
 бегање од училиште често проследено со бегање од дома
 создавање контакти со млади деца кои се наоѓаат во иста или слична состојба
 вршење на полесни криминални дела мотивирани од егзистенцијални и
неегзистенцијални потреби

~ 52 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

 оддавање на конзумирањее алкохол,цигари и дрога

Неуспехот во учењето многу често доведува до неуспех во воспитувањето, и


негативен став кон училиштето и вредностите што тоа ги промовира. Ученикот кој
има постојани порази во учењето се обидува тоа да го компензира со агресивно и
асоцијално однесување со цел да го сврти вниманието на другите кон себе. 17

Превентивното значење на училиштата се огледа во можноста за навремено


согледување, констатирање и сигнализирање на причините кои што може да доведат
до деликвентно однесувања кај децата. Професорите и училиштето треба постојано
да им укажуваат на децата за вистинските вредности кои што треба да им бидат
патоказ во нивниот живот. Постојано да се прават програми и активности во кои
децата ќе работат на меѓусебна толеранција, прифаќање на различните од нив (било
да е религиски, етнички, полово), хуманизирање на односите, почитување на
другите како и да им укажуваат на штетните последици доколку не се придржуваат
до тие вредности18. Треба секојдневно да се укажува на штетните последици по
децата од за жал се поприсутните зла на нашето современо време. Алкохолот и
дрогата се повеќе земаат замав помеѓу малолетниците и тие на секаков начин треба
да се тргнат од нив. Мора постојано да се организираат трибини, состаноци на кои
ќе се кажува на нивната штетност,како и последиците што можат да ги трпат од
конзумирањето на тие средства. Училиштето има обврска и должност да изгради
правилни и вистински личности кои што ќе бидат носители на секое општество,и од
таа улога не смее да се одалечи. Училиштето мора да развива добра соработка со
родителите и институциите за што полесно да се извршува таа превентива функција.

Педагогот и психологот во координација со професорите и наставниците се должни


да му сигнализираат на семејството за негативните поведенија на детето.
Училиштето со родителите треба да воспоставува добра конекција и соработка, за
евентуалните индиции за детето дека може посериозно да изрази негативно
однесување, навремено да бидат забележани и да биде корегирано неговото
однесување и тоа дете повторно да се врати кон вистинскиот пат на правилно
воспитување и правилен развој. Кога родителите не се во можност да делуваат на
детето при пројавено деликвентно однесување, училиштата треба да се советуваат и

17
www.wikipedia.org
18
М.Јухас,Школото како воспитен центар,1963 год

~ 53 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

координирано да дејствуваат со другите институции кои се задолжени за тој


проблем.

2.1.2. Семејството во превенцијата за малолетничка деликвенција

Семејството е основната клетка на општеството и природна асоцијација на луѓето,


меѓусебно поврзани во роднински врски. Во семејството и од него, детето ги добива
првите сознанија за светот околу себе, а со тоа се детерминира начинот на неговото
размислување, првите навики, емотивната стабилност и неговиот систем на
вредности. Од тука најголемата одговорност за правилната грижа, за правилното
воспитување и развој на детето му припаѓа токму на семејството. Семејството ја има
задачата да го израсне и правилно да го социјализира младото дете.

Социјализацијата се однесува на процесот со кој младото дете ги учи и ги


интернализира соодветните ставови, вредности, уверувања и однесувања на
конкретната култура и општеството. Семејниот терапевт од САД овој комплексен
процес на социјално учење и социјализација на младата личност го нарекува
создавање луѓе.19

Социјализацијата е процес што трае целиот живот. Секој со кого поединецот доаѓа
во контакт може да влијае врз процесот на социјализација на неговата личност
меѓутоа, во најголем дел, социолозите тврдат дека главни фактори на
социјализацијата се семејствата и училиштата. Семејството ја има прво можноста да
го социјализира детето кон конкретно множество идеи, вредности, убедувања и
однесувања што членовите на тоа семејство ги сметаат за соодветни. Иако
семејството не може целосно да влијае и да ги контролира надворешните влијанија
врз своето дете, може значајно да влијае во обликувањето на степенот до кој детето
ќе биде изложено на многубројните фактори што влијаат на неговата социјализација.

Но, денес не можеме да зборуваме за единствен вид на семејство, како во економска


и социјална така и во воспитна смисла. Овој период на транзиција на нашето
општество секое семејство различно го минува и доживува, период кога се рушат
традиционалните семејни вредности и односите во семејството и се менува системот

19
Вирџинија Сатир,1972 година

~ 54 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

на мислења, вредности и ориентации. Имено, сите промени што ги носи


современиот начин на живеење влијаат врз менување на семејните односи,
културно-воспитната клима во семејството, создавајќи нови лични и семејни
проблеми, предизвикувајќи негативни социјални појави и можност за девијантни
однесувања на членовите.

Влијанието на семејството е големо и значајно, а тоа можеме да го сублимираме


преку следниве непобитни факти кои што се значајни во процесот на социјализација
на секое дете:

 новороденчето го прифаќа семејството како прва социјална средина


 влијанието на семејството е особено значајно за прифаќање на хигиенските и
други навики, основниот систем на морални и општествени вредности,
религиски сфаќања и слично
 влијанието врз детето е поголемо кај поавторитетните семејства во оние
средини каде што нема други облици на одгледување на децата како
градинки

Современиот живот кој се претвори во борба за подобри материјални и економски


услови за живот како и постојаната трка за профит, резултира со тоа во семејствата
да останува помалку место за семејна топлина, љубов и хармонија. Најчуствителни
се секако децата кои незадоволството од ваквите состојби често ги изразуваат на
деструктивен начин. Општоприфатено е дека: Функциите на семејството може да се
остварат само во усогласени и функционално адекватни семејни услови. Наспроти
тоа, семејствата во кои доаѓаат до израз различни елементи или облици на
структурална разореност и функционална дезорганизација, стануваат центар на
девијантни притисоци, кои се манифестираат и преку деливентно однесување.
Оттаму, во кримонолошката наука, со право владее општото уверување дека
објаснувањто на деликвентното однесување не може да се замисли без согледување
на негативните услови и влијанија на кои се изложени ти есемејни групи.20

Во таа смисла, посебно е значајна дезорганизацијата на семејството што се изразува


во непотполност во структурата и во конфликтноста на меѓусебните односи. Притоа
ако непотполното семејство е предизвикано од фактори кои се надвор од влијанието

20
Жарко Јашовиќ,Малолетничка деликвенција,Скопје 1988

~ 55 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

на самото семејство (на пример смрт на еден од родителите), состојбата е со помало


негативно дејство врз формирањето на личноста на детето. Ако пак непотполното
семејство е предизвикано од субјективно фактори како на пример развод, вонбрачен
живот и слично, тогаш негативното влијание е поизразено.

Формите на нарушена клима во односите помеѓу родителите, како и односите


помеѓу родителите и децата претставуваат важни криминогени фактори. Во некои
семејства како на пример во семејствата на алкохоличари и наркомани, тие односи
помеѓу родителите и децата можат да бидат на многу ниско ниво, дури проследени
со неправедни и физички казни кон детето,кои што на развојот на детето влијаат
многу негативно и претставуваат основа за негово понатамошно девијантно и
криминогено однесување21. Овие семејства кои што за жал не се спремни да
дејствуваат како превентивен фактор во развојот на своите деца, се оние семејства
со висок ризик и во тие случаи институциите во државата мора да преземат мерки и
активности и да ја преземат улогата за воспитување на децата за тие да се развијат
во вистински личности.

Родителите при своето воспитување мора многу да внимаваат за да не дозволат


преку нивното воспитување на некој начин негативно да влијаат врз своите деца.
Многу од родителите грешат со крутиот, ригиден стил на воспитување уште во
раното детство, при што од детето се создава покорен и послушен објект. Но, од
друга страна не смее да се има ни многу попустлив однос каде што све му се
дозволува на детето при што доаѓа до вградувањена лоша слика кај детето дека се
му е дозволено и нема ограничувања за него. Синдромот презафатени родители, кои
во современиот свет се пофеќе е застапен, може негативно да влијае врз детето.
Наоѓајќи се осамени и незадоволни од посветеното внимание прибегнуваат кон
алкохол, дрога и разноразни негативни однесувања.

Затоа се алудира на способноста на родителите да ги намалат факторите на ризик


кои што можат негативно да влијаат на детето и да ги насочат кон деликвентно
однесување. Родителите мора да бидат кооперативни наместо конфликтни.
Родителот некогаш бил дете, а неговото дете допрва треба да стане родител во текот
на својот живот. Воспитувањето на децата е напорна активност, но секогаш полесно
е да се воспитува, отколку да се исправа и превоспитува од кога ќе се случи некоја

21
W.Middendorf,Hamburg,1960 год.

~ 56 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

негативна ситуација. Затоа родителите треба да се информираат, надоградуваат, учат


и прифаќаат совети за да бидат што подобри родители за своите деца.

Семејните процеси се најважни за развојот на сите деца. Мора на своите деца


родителите да им остават простор за самостојност и креативност. Многу е важно за
децата секогаш да се има време, да се разговара, да се втемелуваат односи на
взаемна доверба, да се помага во кој било вид активности на децата. Притоа,
секогаш добриот предлог и потег на детето мора да се награди,а лошиот да се
отфрли со јасно укажување за неисправноста за таа постапка.

Целосната посветеност кај детето ќе втемели вистински вредности. Несебичност,


скромност, одговорност и вистинољубие, правичност, искреност се само дел од
вредностите од кои треба да произлезат сите други материјални и духовни
вредности. Доколку све ова се постигне, кај младата личност ќе биде создаден
вредносен систем што ќе го води детето во текот на животот по вистинскиот пат и
во согласнот со општествените барања и норми.

Тешко е да се одговори на прашањето дали во вакви лоши општествено-економски


услови семејството може да одговори на предизвиците. Но, едно е сигурно,
семејството и родителите не смее да се чувствуваат беспомошно, туку мора да
вложат многу напор, умешност, време и неисцрпна родителска грижа и љубов. Тоа
мора да го направат поради себе, тоа мора да го направат поради своите деца за кои
што имаат задача и одговорност да ги извадат на вистинскиот пат, затоа што децата
се нивно огледало и тоа се оние личности со кои родителите ќе се гордеат понатаму
во својот живот. Да им втемелат вредности со кои што ќе можат да бидат
почитувани од сите во општеството и од самото општество. Вредности со кои што
ќе ги отргнат и ќе ги направат имуни на сите оние страшни негативни влијанија кои
што насекаде низ општеството ни се случуваат.

2.1.3. Државата

Парламентот и Владата на Република Македонија претставуваат највисоки органи


на извршната и законодавната власт во државата, па отука нивната важност во

~ 57 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

генералната превенција мора да се огледа во донесување на квалитетни законски


решенија со што на најдобар начин ќе ја регулираат општествено-економската
положба на најмладата популација. Овие закони не само што треба да имаат
предност во однос на другите туку треба и да бидат лишени од било каква дневно-
политичка аспирација.

Од суштествено значење е општеството преку своите институции и органи,


политиката на економскиот, социјалниот и културниот развој, поставеноста на
правниот систем, својот развој да го остварува преку девизата која вели дека
младата генерација е иднината на општеството, на младите светот останува и
развојот да се планира врз неа и нејзините способности. Врз основа на тоа треба
постојано да се грижи, да гради политика и да презема мерки и акции за создавање
на поволни услови за развој на младата популација.

Тоа се оние мерки и активности со што се доведува до создавање поволни


материјални услови за развој и воспитување, изграден концепт за морално и
општествено-политичко, хуманистичко воспитување, форми и облици на работа со
неа, врз сопствените традиции и култура и врз хуманистичките и цивилизациските
достигања на времето во кое се остваруваат.

Овие цели можат да се оставарат само врз основа на плански и систематски


спроведувани акции за подобрување на стандардот на младите, почнувајќи од
семејството, училиштата, работните организации до создавањето на услови за
позитивно потврдување на младите преку трудот и резултатите од него и сите други
институции што го организираат животот на младите.

Основна точка на сите овие институции поставени во систем на една држава, мора
да биде афирмација и потврдување на младата личност како творец и креатор на
општеството.

Многу често се доаѓа до идеја за формирање на независни лоби групи, кои ќе бидат
составени од обични луѓе, но и од екперти, кои постојано ќе аргументираат и ќе
укажуваат на недоследностите и на пропустите кои државата ги прави во
третирањето на најмладите. Општествените организации и сојузите на младите не
смеат да мируваат и треба постојано да ја потсетуваат власта дека постојат и дека
мораат да имаат добри услови за живот. Не смее да се доведе општеството во

~ 58 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

ситуација да остане немо на некои пропусти кои државата ќе ги направи на штета на


младите. Мора да се стори се за да заживее и да остане жива идејата за општо добро
и благосостојба на децата затоа што тоа така мора да биде во едно здраво општество
каде што на најмладите треба да им се обезбедат добри услови за нивна
социјализација, и секако да се побара одговорност од носителите на јавни функции
кои се најповикани за младите а не си ги исполнуваат обврските за кои што се
избрани.

2.1.4. Општествените организации и институции

Превентивната улога на општествените организации и спортските здруженија врз


најмладата популација е изразена во насочено, креативно и корисно организирање
на нивното слободно време. Слободното време претставува збир од активности на
кои личноста може по свое убедување да им се препушти, било во желбата да се
одмори, да се забавува или да ги развие своите способности и и да се здобие со
знаења или доброволно да учествува во општествените активности по
ослободувањето од професионалните, училишните или од општествените обврски.22
Од дефиницаја можеме да ја согледаме функцијата на слободното време, во смисла
дека во него се задоволуваат потребите на личноста, се разбира по нејзина слободна
волја. Овие активности кои индивидуите ги прават можат да имаат пресудно
влијание како на позитивните, така и на негативните карактеристики на младите.

Како што вели францускиот криминолог Сецалди дека престапништвото кај младите
е резултат на злоупотребата на слободното време.23 Слободното време секако нуди
можност за добар развој на човекот, но доколку неправилно се користи, отвара
простор за формирање на негативен ефект кај нив. Затоа општествените организации
и спортските здруженија мора да ја продолжат активноста за која што се формирани,
со што ќе ја остварат превентивната функција.

Зголемувањето на бројот на свои членови за што поголем број на млади лица бидат
вклучени во тие активности исто така треба да се реализира плански. Мора да се
доделуваат повеќе финансиски средства од буџетот на државата за овие организации
да не бидат оставени сами на себе и да дојде до нивно згаснување. Овие организации

22
Barron,Thr juvenile in delinquent societi,New York 1965
23
Вилијам Е.Томпсон,Малолетничка деликвенција

~ 59 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

и се потребни на државата, но најмногу на младата популација која преку нив


правилно се социјализира и изградува.

Спортските здруженија, културно уметничките друштва, аероклубовите се само дел


од општествените организации кои што огромен број на деца ги изградуваат во
здрави личности, отргнувајќи ги од сите пороци кои што секојдневно земаат се
поголем замав, организирајќи го нивното слободно време и затоа тие мораат не
само да работат во исто темпо туку ако е можно и да се зголемува нивниот број и да
се унапредува степенот на правилно работење и социјализирање на најмладите.

Кога се анализира човекот и неговата положба во реалниот свет, скоро без исклучок
се анализира и феноменот култура. Ова е поради фактот што културата е производ
на човекот и општеството и е главна содржина на човековата биолошко-
психолошка творба и на општеството како хомогена социјална средина на која и
припаѓа во определено време.

Институциите од областа на културата како театри, балетот, операта, музеите,


библиотеките, галериите и многу други, ја развиваат духовноста и ја подигаат
културата кај младата популација. Преку подигање на општата култура, во тие
рамки се развива и безбедносната култура како посебен облик на свест.
Безбедносната култура можеме да ја анализираме како дел од општата култура на
човекот како поединец, на луѓето кои живеат во определена средина, односно на
општеството како целина.

Безбедносната култура кај човекот најдобро е да се проценува и вреднува, според


неговиот однос кон вредностите кои се услов за живот на човекот и развитокот на
општеството. Овие институции како и најразличните организации мораат да
продолжат да ја остваруваа нивната активност за правилна социјализација и
хуманизација на општеството. Мораат да привлекуваат се поголем број на млади
луѓе и да ја оправдаат улогата на едни од најглавните субјекти кои што на младите
им ги вкоренуваат вистинските вредности на животот.

~ 60 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Истражувањата покажуваат дека малолетничката деликвенција е во правилно


пропорционален однос со неангажманот на младите во овие организации и
здруженија.24

2.1.5. Невладините организации

Невладините организации, како форма во која граѓаните се здружуваат за


остварување на општокорисни цели и остварување на граѓанските права претставува
понова форма на општествено, граѓанско организирање. Кај нас невладините
организации се појавуваат и почнувааат да функционираат некаде паралелно со
транзицијата со идеја и цели кои заслужуваат почит и подршка од целото општество.

Се појавуваат многу невладини организации од областа на заштита на децата, а со


реализацијата на овие проекти се вклучуваат и многу други невладини организации
низ целата земја. Засилените активности и конзистентноста на невладините
организации имаат карактер на превенирање кај младите,во зависност од
конкретниот проект што се реализира25. Невладините организации најчесто добиваат
пари, односно се финансираат од влади и од агенции за меѓународна соработка на
странски држави. Парите на невладините организации исто така може да се добијат
со финансирање од организацијата на ОН за правата на детето-УНИЦЕФ. Иако
активностите и залагањата наневладините организации се транспарентни, сепак за
потребата од организирано влијание врз подобрување на вкупниот економски статус
на најмладите треба допрва да се достигне.

Ефектите од невладините организации често се огледаат во одржување на семинари,


изготвување на прирачници или предлог планови, но потоа некако се стагнира.
Прашање е дали активностите на невладините организации се протегаат и спуштаат
на поголемиот дел од најмладата популација со реална помош во остварување на
социјално загрозените, жртвите на семејно насилство, децата со пречки во развојот и

24
Ж.Јашовиќ,Програми превенције социопатолошких понашања младих,1991
25
34 Јашовиќ Жарко, Примарна и секундарна превенција

~ 61 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

други маргинални групи, или само се останува на прирачниците и семинарите во кои


е разговарано за тие групи.

Сепак, невладините организации имаат голем удел во превенивната улога кај


малолетниците. Тие мораат постојано со своите проекти кои се насочени кон
најмладата популација да си постават за цел на младите да им ги посочат и
унапредат основните етички норми кои ќе им помогнат правилно да се развијат и
прераснат во вистински личности. Мораат исто така и да им укажуваат на
проблемите и негативните појави со кои што младите се среќаваат, како и да
помагаат и постојано изработуваат проекти за потикнување на свеста кај
општеството и за оние лица кои се од оние групи кои што имаат некои проблеми и
се критични групи од населението и на кои навистина им е потребна помош и од
државата и од самото општество.

2.1.6. Средствата за јавни кумуникации

Средствата за јавни комуникации мораат да придонесуваат за афирмација на


позитивнит вредности. Тие имаат значајна улога кај превенцијата за најмладата
популација. Основната функција на средствата за јавна комуникација е тие да
остваруваат позитивно воспитно влијание кај најмладите преку афирмација на
хуманистичките вредности.

Средствата за јавни комуникации во ова време во кое што ние живееме имаат
огромна сила на влијание и продорност помеѓу младите затоа што тие претставуваат
значаен што им ги открива вистините од животот, ги насочува и ангажира нивните
потенцијали, помага за изградување на критериуми за селекција на позитивното од
негативното, за формирање систем на вредности и норми, за формирање на
вистинска, хумана и позитивна вредност.

Но, како што тие можат позитивно да влијаат на младите, тука средствата за јавна
комуникација можат да предизвикаат негативно влијание преку пласирање на
информации, ставови и вредности што поведението кај младите го обликуваат и
потикнуваат во негативна насока. Затоа превентивната активност во ова подрачје се

~ 62 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

состои во изградување на систем за селекција и контрола кон негативните содржини


и создавање претпоставки тие да не допираат кај младите лица или препораките што
се пласираат, да создаваат одбивност кај младите спрема негативните вредности, и
тие да изградуваат став на неприфаќање на истите сметајќи ги како неприфатливи и
некорисни за нив.26

Информативните куќи, издавачите на списанија и книги и сите оние кои што се во


можност на јавноста да и пласираат свои размислувања треба да водат сметка за
содржините што ги пласираат и издаваат и да се избегнуваат оние содржини кои кај
младата личност предизвикуваат и стимулираат лесен живот, неработливост и
слично. За ова да биде остварливо постојано треба да се следат содржините што се
пласираат преку овие средства, и да се проверува и оценува нивното влијание кај
младите како и да се преземаат конкретни мерки доколку тоа е негативно по нив.

Во нашата земја во ова поле има огромен простор за преземање на активности и


мерки, затоа што имаме во многу средства на комуникација, огромен број на
порнографски, криминалистички и други содржини кои го имаат баш тоа негативно
влијание кај најмладите. Пазарот и киосците се преполнети со шунд литератураи
видео материјали каде што младите имаат пристап до нив и можат многу лесно да ги
купат. Потребна е широка општествена акција со конкретни мерки со која ќе се
отстранат или барем намалат овие негативно влијанија,особено порнографијата која
е лесно достапна и во која се искористуваат децата.

2.2. Субјекти на секундарна превенција

Во секундарната или постделиктна превенција акцентот е ставен на преземањето на


мерки, активности и постапки кои што надлежните институции во државата ги
преземаат од кога ќе се случи некој негативен настан во кој што извршител е
малолетни лице. Со ови мерки и активности се настојува за да се намалат штетите од
делото, како и посебно постапување со детето кое што е извршител, со цел врз
детето да се остават што е можно помалку негативни последици од настанот. Во
продолжение ќе споменеме некои од субјектите на секундарната превенција.

26

~ 63 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2.2.1. Органи за старателство и центри за социјална работа

Органите за старателство и центрите за социјална работа во својата превентивна


улога, грижата и заштитата на младите лица се ангажираат за остварување на повеќе
активности. Органите за старателство и центрите за социјална работа се ангажираат
на следење на појавите, координација на иницијативите за преземање превентивни и
репресивни мерки, преку благовремено откривање на малолетничката запуштеност,
престапништво и деликвенција, учество во постапката што се води спрема
малолетниците пред правосудните органи, при што особено значење има задачата за
проучување на личноста на малолетникот и давање на предлози за решавање на
случајот и негово учество во извршувањето на воспитните мерки.

Професионалното и стручно ангажирање на овие органи во изнесените домени има


огромно значење во остварувањето на превенцијата кај најмладата популација.
Улогата на овие органи се остварува низ мерки и активности кои што имаат пред се
социјален карактер, но и елементи на репресија.

2.2.2. Органите за внатрешни работи

Полицијата која што е составен дел од извршната власт во својот мандат има
широко дефинирани надлежности кои што се однесуваат на одржувањето на редот и
мирот во општеството. Во рамките на своето дејствување како сервис на граѓаните,
преку преземањето мерки во вршењето на задачите полицијата може да има
превентивна, реактивна и репресивнафункција.

Превенцијата не смее да се сфати само како изолирана активност од редовното


работење на полицијата, затоа што превентивната работа на полицијата треба да го
намали обемот на репресивна и реактивна интервенција. Превентивната работа на
полицијата го намалува степенот на однесување кај малолетните лица кое е
забрането и кое предизвикува реакција и на другите органи во кривичноправниот
систем.27 Превенција по самата своја дефиниција значи спречување на сите

27
Инкстер,1992 год.

~ 64 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

криминални и девијантни однесувања и градење на здрави односи кои се темелат на


доверба и разбирање помеѓу граѓаните и полицијата. За да може полицијата успешно
да ја извршува својата превентивна функција потребно е да се земат во предвид
некои аспекти.

Најпрво, тоа е обуката и постојаното усовршување на полициските службеници и


полициската изведба, а тука многу важна е и информираноста на граѓаните за тоа
што го работи полицијата и сите нивни промени и новини во делот на полициското
работење. Обуката на службениците е од огромно значење и претставува постојана
ориентација на службата насочена кон развивање на компетентни извршители кои
што ќе ги познаваат активностите на своето работно место. Не смее да се дозволи
полициската организација да импровизира со обуката на своите вработени.
Полициските службеници мора да демонстрираат разумно расудување, праведност,
комуникациски способности, како и да поседуваат солидно познавање од прашањата
од областа на социјалната структура,културата и заедницата.

Значајно во развојот на полицискиот службеник е и градењето на позитивни ставови


и однесувања кон граѓаните, познавање на вештините и правилна примена на
овластувањата. Познавање на карактеристиките на населеното место, традицијата на
живеење, културата, обичаите, исто така претставуваат дел од градењето на
позитивниот пристап кој службениците мораат да го достигнат во нивното
работење. Промовирањето на сопствената работа исто така е еден од аспектите кон
развивање на превентивната функција. Доколку имаме измени кои бараат итност во
предупредувањето на граѓаните и нивно запознавање со новините во работењето на
полицијата со цел да се намали недозволенито однесување на граѓаните, тие треба да
знаат и да им се посочи дека таквите однесувања се забранети.

Превентивната функција може да биде остварлива во оној степен во кој јавноста ќе


ја даде својата доверба и на секаков вид и преку различни форми ќе соработува со
полицијата. За полицијата исто така е од големо значење е да застапува нулта
толеранција на асоцијално и девијантно однесување кај малолетниците. Во една
сублимирана форма полицијата мора:

 да ги отстрани причините и факторите кои генерираат деликвентно


однесување кај младите

~ 65 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

 да ги отстрани поволните услови кои помагаат да се извршуваат кривични


дела
 да ја зајакне откривачката дејност и соодветниот третман на малолетниците
кои извршиле кривично дело
 да планира активности кои ќе бидат во функција на спречување на
малолетницитеда сторуваат кривични дела.

Во своето работење полицијата се среќава со малолетници во ризик кои што се


склони кон алкохолизмот, употреба на дрога, скитање, социјално запуштени деца.
Несоодветното постапување на малолетниците во ризик и не преземање на мерки ќе
предизвикаат само зголемен број на малолетници кои ќе бидат извршители на
прекршоци.28 Превенцијата бара квалитетен пристап кон проблемите, силен
аналитички центар, евидентирање на сите поединечни случаи за да се види реалната
состојба. Полицијата потоа прави една анализа и се планираат мерки и активности
што ќе бидат преземени за непосредно превентивно дејтвување. Правилникот за
начинит на вршење на полициски работи го третира прашањето за спречување
кривични дела. Основните насоки со кои што полицијата дејствува за тоа да се
спречи се следните;

 прибирање на податоци и информации за состојби, настани кои можат да


придонесат да се случи некое кривично дело,
 следење на состојабата со присуство на полициски службеници на терен на
местата и во времето кои е критично,
 подигнување на безбедносната култура кај граѓаните и едукација како
потенцијалните жртви да се заштитат самитe себе и сопствениот имот
 потикнување на соработка со други надлежни служби и интитуции.

Превентивното работење на полицјата и нејзините полициски службеници бара,


пред се стручност, целосна посветеност кон работата и добра подготовка преку
анализа и планирање на мерките и активностите што ќе се преземат. Едукацијата на
полициските службеници, посебно на оние кои што работат со малолениците, е
значајна не само од аспект на обука за примена на полициски овластувања, но многу
повеќе од сензитивизирање за социјалните аспекти во превенцијата на

28
32 Оливер Бачановиќ: Полицијата и жртвите, Штип 1997

~ 66 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

малолетничкото престапништво, и во тој контекст за идентификување на факторите


кои влијаат на појавата и динамиката.29

Полициските службеници кои што работат со намјладата популација, во своето


постапување и пристап треба да имаат развиено позитивни ставови и да бидат
свесни за предизвиците со кои што денес се соочуваат најмладите. Треба да имаат
познавање од области како што се психологија, социолигијата и воспитната работа.
Со тоа се создава обврска на полицијата да се посвети повеќе во едукација на своите
вработени, но и на создавање на услови за подобра работа. Треба да се развиваат
проекти и програми за работа кои што ќе се темелат на претодно добро направена
анализа на проблемите, како и за начините на кои што тие проблеми можат да се
решат.

При изработката на превентивните програми вниманието треба да се насочи кон


процесите на социјализација, преку вклучување на основните носители во процесот
на социјализација на децата како што се семејството, училиштата медиумите. Покрај
превентивната функција, полицијата во општеството ја врши и реактивната и
репресивната функција. Тоа во пракса би значело дека колку е појака превентивната
функција на полицијата толку ќе биде намалена реактивната и репресивната
функција.

Реактивната функција на полицијата во зависност од времетио на одговор, значи и


превентивно дејствување, затоа што брзата реакција на полицијата најчесто значат и
откривање на сторителот и на спречување на истиот да изврши друго кривично дело.
Чувството на загрозеност и несигурност кај граѓаните нема да го снема ако во
нивното место се случило убиство,а полицијата не го открила сторителот.

2.2.4. Јавните обвинителства

Јавните обвинителства како органи на кривичниот прогон, надлежни се за


покренување на подготвителна постапка спрема малолетните лица кои што се
сторители на кривично дело. При одлучувањето по кривичните постапки кои што се
поднесени против малолетни лица, тие можат да го применат начелото на

29
Ј.Пинател,Криминологија и социјална полиција,Загреб,1955

~ 67 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

опуртунитет како основа за неотпочнување на кривична постапка против тоа


малолетно лице.

Ова можат да го направат од гледиште на увереноста дека не е целесообразно да се


води таа постапка против малолетното лице затоа што самата постапка може да
предизвика обратни ефекти по самата личност. Но, за да може јавното
обвинителство да одлучува мериторно и да ги изведе елементите врз кои оценува
дали да се води или да не се води постапката, нужно е тоа претходно да ја познава
личноста на тоа малолетно лице, да има изградено свои ставови и критериуми брз
основа на кои го применува начелото. Со отфрлањето на пријавата за малолетното
лице кое што извршило кривично дело, грижата за него не смее да престане.

Самата оценка дека против тоа лице не треба да се води постапка и да се примени
некоја кривична санкција, не треба да значи дека не треба да се преземат некои
други социјални мерки на реакција или третман од страна на некои други органи за
воспитување. Затоа, обвинителството секогаш кога нема да покрене постапка против
некое малолетни лице, треба предметот да го достави или да го извести органот за
старателство тој да презема мерки во согласност со функцијата, надлежностите и
овластувањата.

Треба да се има во предвид дека стореното кривично дело од страна на некој


малолетник, е индикатор дека нешто негативно се случува со тоа лице, а кај
најмладата популација не смее да се стекнува впечаток дека тие не се одговорни за
своите постапки. Фунцкијата се остварува и преку учество во главниот претрес и во
предлагањето мерки и активности кои што треба да се преземат кон тоа малолетно
лице.

2.2.5. Судии за прекршоци

Во групата на органи што репресивно делуваат и реагираат на малолетничката


деликвенција се и судиите за прекршоци. Отука, превентивната функција на судиите
а прекршоци во однос на малолетната деликвенција, се сведува на репресивниот дел,
на примената на санкции спрема родителите на малолетните престапници и спрема
самите малолетни лица кои што сториле тежок прекршок. Со оглед на тоа дека овие
органи на малолетникот можат да му изречат и затворска казна, правилното
оценување на случајот, запознавањето на личноста на малолетникот деликвент и

~ 68 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

правилното изведување на оценката како казната која што му е пропишана ќе се


одрази врз психичката состојба на малолетникот и неговиот натамошен развој, е од
огромно и суштинско значење.

Неправилното постапување врз детето може да предизвика негативни последици кои


што ќе бидат со трајни последици по него. Затоа е нужно и кај овие органи да
постојат специјализирани судии кои што ќе ја познаваат проблематиката на
малолетничката деликвенција, како и карактеристиките на личноста на малолетниот
деликвент, нивната положба во кривично-правниот сиситем, и врз основа на сите
овие сознанија да постапуваат во даден случај на најцелесообразен начин. Во
постапката судиите не се задолжени, но треба да соработуваат со другите органи кои
што можат да помогнат како што се органите за старателство и центрите за
социјална помош, точно поради фактот што за личноста на малолетникот деликвент
при одлучувањата да имаат што повеќе сознанија.30

2.2.6. Судовите

Малолетниот деликвент, во материјалното и процесното кривично право, има


посебна положба, која се должи на тоа што малолетната личност е личност во развој
и поради тоа не е во состојба да го разбере значењето на своите постапки и да
управува со нагласениот воспитен карактер, како и самата постапка што се води
против него, така и воспитниот карактер на санкциите што се применуваат. Во
остварувањето на овие цели и овој карактер на кривичната постапка,одговорноста на
судот е голема.

На таа основа на судот му е доверено следењето на извршувањето на санкциите што


се применуваат спрема малолетните лица. Заради успешноста во остварувањето на
оваа функцијасе предвидува потреба од создавање на специјализирани судови за
малолетници, специјализирани одделенија или судии специјалисти за малолетници
кои што ќе имаат специјализирани познавања за личноста на малолетникот.
Карактеристично за оваа постапка е тоа што низ неа веќе се остварува воспитно
влијание. Ако тоа не се прави, нејзиниот репресивен карактер може да оствари
негативни ефекти по малолетникот со трајни последици.

30
Д.Цотиќ,Три начина реаговања на асоцијално понашање малолетника

~ 69 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Улогата на судијата во водењето на постапката, во организирањето на проучувањето


на личноста на малолетниот деликвент како основа за понатамошен избор на
санкција спрема него, ангажманот во правилна примена и извршување на санкцијата
е од пресудно знашење. Врз надзорот во извршувањето на применетите кривични
санкции,како и за постигнатите ефекти,судијата врши оценка и проценка на своите
постапки и одлуката за санкцијата со можност да ја ревидира,измени или замени со
друга санкција. Судот и судијата имаат задачи во сузбивање на малолетничката
деликвенција и на поширок превентивен план.

Преку анализа и следење на својата работа и преку неа на малолетничката


деликвенција, судот постојано настојува да дојде до нови сознанија поврзани со
малолетничката деликвенција,причините кои доведуваат до неа како и формите низ
кои таа се јавува. Тука соработува со стручни органи и институции, предлага мерки
и активности, измена на законски прописи што треба да ја унапредат превенцијата и
сузбивањето на малолетничката деликвенција.

2.2.7. Органите надлежни за издржување на кривичните санкции

Во репресивниот дел од превенцијата големо значење имаат органите и


институциите надлежни за издржување на кривичните санкции што се применуваат
спрема малолетниците. Во извршувањето воспитни мерки и алтернативните мерки,
од суштествено значење е стручноста, ангажманот и учеството на органот за
старателство и центрите за социјална работа во чија надлежност се наоѓаат овие
мерки.31

За успешно остварување на овие мерки, добрата организираност, професионалноста,


стручноста и агилноста, постојаноста, како и примената на методи соодветни на
нивната нерелаксивна природа со претпоставка за остварување на ефектите што се
очекуваат од нивната примена. Во овој дел од превенцијата и сузбивањето на
малолетничката деликвенција, во врска со новите феноменолошки карактеристики и
зголемениот рецидивизам, зголемениот број на малолетни лица кои што на некој
начин покажуваат тешкотии во својот развој, од особено значење
сеспецијализираните институции за извршување на заводски воспитни мерки.
31
Љ.Арнаудовски,Вонз.воспитни мерки

~ 70 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Поставувањето на овие институции врз барањата на современата криминолошка и


пенолошка мисла ,врз добра организација, со стручни и способни кадри,да
применуваат современи методи на третман и постапување со малолетните лица, е од
суштествено значење. Може да се заклучи дека ниеден орган и ниедна институција
не делува надвор од веќе поставениот систем. Обратно, координацијата на
активностите на сите органи,на сите инстиитуции во рамките на еден осмислен и
добро организиран систем на превенција, може даде добри резултати.

~ 71 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Дел 4

Превентивна улога на меѓународните и


националните документи за
малолетничка деликвенција

~ 72 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

1. Meѓународни инструменти за заштита на правата на


децата
Потребата од постоењето на посебна меѓународна регултива во однос на субјектот
на заштитат кога се во прашање малолетниците, се должи на нивната потреба за
специјална заштита и внимание, нивната ранливост, разликите помеѓу нив и
возрасните, односно определбата за посебна засилена заштита и развиток на
малолетниците, со елиминирање или потисувње на сите ризични фактори од тој
предизвик: принципт дека на детето, со оглед на физичкта и психичката незрелост
му е потребна посебна грижа и заштита.

1.2. Меѓународни документи за заштита на правата на децата

Кога станува збор за малолетните лица треба да се истакне основното сфаќање кое
што е прифатено од Конвенцијата за правата на децата дека детето е човечко
суштество кое што нема наполнето осумнаесет години ако врз основа на законот кој
се однесува на детето, полнолетноста не се добива порано32. Треба да се истакне
дека Конвенцијата претставува прв меѓународен правен инструмент кој што содржи
стандарди кои имаат универзален карактер, а се однесуваат на правата на
малолетните лица односно децата.

Најголем број од одредбите не претставуваат нови права затоа што тие се веќе
предвидени со постојните инструменти на ООН за човекови права, особено со
Универзалната декларација за човекови права. Кога станува збор за прекршување на
законот од страна на малолетни лица, членот 40 од Конвенцијата вели дека детето
има право на третман што го унапредува неговото чувство на гордост и вредност,
земајќи ги во предвид возраста и реинтеграцијата на детето во општеството. Тоа
значи дека детето ќе има основни права, гаранции, правна или друга помош за своја
одбрана.

32
Конвенција за правата на детето,член 1

~ 73 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Во Конвенцијата се наведува дека никој не смее да биде лишен од слобода освен врз
основа на закон во одредени случаи. Во членот 6 се наведува дека пресудата на
малолетникот се иззрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат
исклучени во дел од постапката. Апсење, притвор или затвор за детето мора да се
изрекуваат во согласнот со законот и да се користат како последна мерка и во
најкусо можно траење.

Кога станува збор за малолетниците кои што се во конфликт со законот може да се


истакне значењето и на некои други меѓународни инструменти, како што се:

 стандардите на ОН за минимум права за остварување на малолетничка правда


 Насоки на ОН за превенција на малолетничката деликвенција- Ријадски
насоки
 Стандардни минимум правила на ОН за мерки за незатварање- Токиски
правила
 Насоки на ОН за акција за децата во казнено-правниот систем
 водичот на ОН за заштита на малолетници лишени од слобода, такнаречени
Хавански правила
 европска конвенција за правата на децата од 1996 година
 препораките на Советот на Европа :
 препораки на Советот на Европа за општествени реакции на малолетничка
деликвенција од 1987 година
 препораки на Советот за Европа за општествените реакции на
престапништвото на младите во поглед на оние лица што доаѓаат од
семејство на мигранти ,1988 година

Од големо значење за превенцијата на малолетничката деликвенција е и препораката


за улогата на раната психосоцијална интервенција во спречување на малолетничката
деликвенција која е донесена во 2000 година. Програмите за рана психосоцијална
интервенција треба да опфатат активности кои ќе промовираат заштитна функција.
Како дел од активностите и мерките се да помогнат за стекнување на социјални
вештини и вештини за совладување на проблемите, создавање кохезија помеѓу
семејствата, создавање безбедна средина и слично.

~ 74 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Меѓутоа, и покрај постоењето на низа меѓународни инструменти со кои се


пропишуваат и предвидуваат начините за однесување со малолетниците кои што се
во судир со законот, сепак, најзначајно е нивното имплементирање на национално
ниво. Како што истакнува и Odonnel, примарната одговорност за имплементацијата
на меѓународните стандарди кои што се однесуваат на малолетничката правда и на
децата лежи на националните влади, иако констатира дека во најголем дел држави
во светот се направени измени во постапувањето со малолетни лица, пред се со
обвинети и осудени лица.

Во република Македонија, до 2007 година, прекршочната одговорност на


малолетните лица беше уредена со Законот за прекршоц, кој беше единствен
документ во кој беше опфатена таа материја. Закон за прекршоци на општ начин ги
уредуваше прашањата за прекршоците, одговорноста, постапката и санкциите. Во
2007 година е донесен Законот за малолетничка правда со кој посебно се уредува
постапувањето со децата во ризик и малолетните лица кои што се сторители на
некое дејствие што со законот е определено како кривично дело.

~ 75 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2. Национални инструменти за заштита на правата на децата

За правилно и ефикасно функционирање на една држава, потребно е националнте


регулативи и закони да бидат добро поставени. Кога станува збор за регулативите за
децата, тие во нашата законска регулатив се пропишани со посебен закон со кој се
обезбедува посебен третман на најмладата популација. Тоа е Законот за правда на
децата, кој го разработивме во следниот дел, и со него се прoпишани посебните
постапувања од страна на институциите и општеството кога станува збор за
малолетници кои што изразиле негативно однесување.

2.1. Закон за правда на децата

Правдата на децата (малолетничката правда) во Република Македонија се


имплементира, засега, низ законски „реформи” што во суштина, хронолошки
наброени, се огледаат во:
- носење на Законот за малолетничка правда во 2007-та година,
- 2 измени на овој закон со единствена одредба за пролонгирање на неговата
примена во 2008-та година,
- еден Закон за измени и дополнување на ЗМП во 2010-тата и накрај,
- носење комплетно нов закон- Законот за правда на децата во 2013-та

Со овој закон се уредуваат постапувањето со малолетните сторители кои што


извршиле дејствие што со закон е определено како кривично дело или прекршок, се
определуваат условите за примена на мерките за помош, воспитни и алтернативни
мерки и за казнување на малолетниците, положбата на органите кои што
учествуваат во постапката со малолетниците и извршувањето на воспитните и
аслтернативни мерки и казни. Целта на законот е остварување на заштита на
малолетниците од криминал, насилство или кој било друг начин на загрозување, на
нивните права и слободи, нивниот правилен развој, зашита на малолетните
сторители на кривични дела од поврат, нивно превоспитување, социјализација,
помош и заштита во постапката пред судот и другите органи. Остварување на сите
права на децата загарантирани со Уставот на Република Македонија, Конвенцијата
за правата на детето, како и другите меѓународни документи ратификувани согласно
Уставот на Република Македедонија.

~ 76 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Основните начела на овој закон се следните:

 на малолетникот не може да му се изрече санкција за дејствие кое пред да е


сторено не било со закон определено како кривично дело33
 на малолетникот во постапката пред органите му се гарантираат сите права
што ги имаат и полнолетните обвинети лица, како и посебните права што
произлегуваат од конвенциите и ратификуваните меѓународни договори
 од мерките и санкциите согласно овој закон секогаш им се дава предност на
превентивните, заштитните и воспитните мерки
 санкцијата што му се изрекува на малолетникот треба да одговара на неговата
личност, потребата од неговото воспитување, превоспитување, развој, заради
обезбедувањена најдобар интерес за малолетникот
 судска постапка се спроведува само во случај ако малолетникот сторил дело
за кое со закон е предвидена казна затвор од три години или потешко дело.

Во законот се пропишува постапувањето со малолетниците, односно мерки на


помош и заштита. Спрема малолетното лице кое во време на извршувањето на
кривичното дело или прекршокот, не наполнило 14 години- дете во ризик не може
да се изрекуваат санкции предвидени со овој закон. Спрема него се применуваат
мерки за помош и заштита. Може да се применат овие мерки само доколку центарот
за социјална работа смета дека тоа е потребно. Мерките исто така можат да се
применат и на членовите од семејството доколку го занемариле вршењето на своите
права во поглед на заштита на личноста на детето. Мерките за помош и заштита
можат да се применат и на помлад и на постар малолетник во ризик.

За дејствието на дете кое што со закон е пропишано како кривично дело или
прекршок, како и за дејствие на помлад и постар малолетник во ризик кое е
определено како кривично дело за кое е пропишана казна затвор до три години или
прекршок најпрво се известува центарот за социјална работа надлежен во местото на
живеење на малолетникот. Центарот за социјална работа постапува по известување
на училиштата, Министерството за внатрешни работи, семејството или од друга
институција во која малолетникот е згрижен и се воспитува. Центарот исто така
може да констатира извршување на такви дејствија или околности на состојба на
ризик и врз основа на свои сознанија. Примените известувања се заведуваат во

33
Член 3 од Закон за малолетничка правда

~ 77 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

посебни регистри што се водат во центарот, а чија содржина и начин на водење ги


донесува Министерството за труд и социјална политика преку подзаконски акти.

Откако ќе се прими известувањето, центарот во рок не подолг од седум дена, а во


некои итни случаи и не подоцна од 24 сати, го повикува детето, односно помладиот
или постариот малолетник во ризик како и неговото семејство и покренува постапка
од доверлив карактер. Разговорот со детето и семејството го води стручен тим кој е
составен од педагог, социјален работник, дипломиран правник и психолог. На
разговорот задолжително има и адвокат кој што го избира семејството, кој што ќе ги
заштитува правата и интересите на помладиот или постариот малолетник во ризик.
Од завршувањето на разговорот, адвокатот во рок не подолг од седум дена треба да
даде правно мислење во писмена форма.

Ако стручниот тим не го прифати мислењето на адвокатот или пак адвокатот не даде
свое мислење во законскиот рок, центарот е должен да побара од надлежниот судија
за малолетници да донесе одлука за натамошно делување. Врз основа на прибраните
известувања од разговорот, како и спроведениот разговор со семејството и детето,
односно помладиот или постариот малолетник во ризик стручниот тим во рок од 30
дена изготвува програма за мерки и активности што треба да се преземат. Најдолго
во рок од 10 дена после донесувањето на програмата стручниот тим повторно
разговара со семејството на помладиот или постариот малолетник во ризик со цел
непосредно да се увери дали родителите или старателот можат да водат грижа за
него и дали можат да бидат отстранети причините за неговото однесување.
Стручниот тим ги запознава родителите со програмата, заради нивното активно
учество и ги предупредува за последиците од нивното несоработување со центарот.
Се состануваат најмалку еднаш во месецот. Мерките можат да траат до наполнување
на 18 години на детето.

Доколку родителите или старателот не ја спроведуваат програмата, се известува


надлежниот судија за малолетници кој во рок од три дена донесува одлука и му дава
насоки за делување на центарот. Ако со дејствието што со закон е определено како
кривично дело, помладиот или постариот малолетник во ризик прибавил имотна
корист или предизвика штета на друг, центарот посредува помеѓу помладиот или
постариот малолетник во ризик со оштетениот со цел да се врати имотната корист
или надоместување на штетата на оштетениот. Откако ќе се донесе постапка за

~ 78 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

посредување, постапката може да трае не подолго од 30 дена. Ако посредувањето е


неуспешно, оштетениот може во рок од 30 дена да поднесе предлог до судијата за
малолетници за конфискување на имотот од лицето врз кое е пренесен имотот или
надоместок на штетата.

Центарот води интерна евиденција за примената на мерките на помош и заштита од


страна на центариот или судијата за малолетници,а податоците од сите центри се
доставуваат до Регистарот за примена на мерки за помош и заштита што го води
Министерството за труд и социјална политика.Во центрите се формираат
специјализирани одделенија или стручни тимови за малолетници,кои што следат
специјализирана обука од најмалку четири до десет дена во годината во земјата или
странство.

2.1.1. Санкции за кривични дела и прекршоци

За дејствие кое што со закон е определено како кривично дело или прекршок кој е
направен од страна на малолетник, сообразно се применуваат одредбите од
Кривичниот законик, како и одредбите од Законот за прекршоците и други закони во
кои што се пропишани прекршоци. Посебните одредби што важат за малолетници
кои што сториле кривично дело се применуваат под условите предвидени во
одредбите на овој закон и врз полнолетни лица кога им се суди за дела кои што ги
сториле како малолетници, а по исклучок и врз лица што сториле кривично дело
како помлади полнолетници.

На помлад малолетник кој што извршил дејствие што со закон е определено како
кривично дело, може да му се изречат само воспитни мерки.

На постар малолетник за извршување на дејствие што со закон е определено како


кривично дело може да му се изрешат воспитни мерки, а по исклучок и казна или
алтернативна мерка.

На малолетник извршител на дејствие кое е определено со закон како прекршок


може да му се изречат прекршочни санкции.

На малолетник можат да му се изречат и мерки на безбедност под услови определни


до Кривичниот законик и со овој закон.

~ 79 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Конфискација на имот и имотна кориист прибавени со кривични дела и прекршоци


на малолетници се врши согласно општите услови определени со Кривичниот
законик.

Целта на овие санкции се состои во обезбедување на заштита и помош на


малолетниците, за да се обезбеди нивно воспитување и превоспитување како и
влијание во иднина тие да не вршат нови кривични дела.

Казна што се состои во лишување од слобода на малолетникот, надлежниот суд


може да изрече само кога целта на воспитните мерки, казнувањето или
алтернативните мерки не може да се постигне со мерки на помош и заштита.
Доколку имаме потешка санкција надлежниот суд посебно ги образложува
причините за нејзиното изрекување.

Понатаму во законот се наведени воспитните мерки. Можат да се изречат следниве


воспитни мерки за малолетници кои што сториле кривично дело или прекршок:

 дисциплински мерки укор или упатување во дисциплински центар за


малолетници
 мерки на засилен надзор од страна на родителите или старателот,центарот
или згрижувачкото семејство
 заводски мерки упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен
дом34

При изборот на воспитната мерка судот ќе ја земе предвид возраста на малолетното


лице, степенот на душевната развиеност, психичките својства, побудите од кои го
сторил делото, дотогашното воспитување, средината во која што живеел, тежината
на делото, дали порано спрема него била изречена воспитна мерка или казна
малолетнички затвор и сите други околности што влијаат врз одредувањето на видот
на мерката заради постигнување на нејзината цел определена со закон.

Укорот како дисциплинска мерка се изрекува ако е доволно и само прекорување


намалолетникот за стореното кривично дело. При изрекувањето на укорот на
малолетното лице ќе му се укаже на штетноста од неговата постапка и ќе добие

34
Закон за малолетничка правда,член 31

~ 80 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

предупредување дека во случај на повторно извршување кривично дело спрема него


може да биде изречена друга кривична санкција.

Судот пак, изрекува мерка упатување во дисциплински центар за малолетици кога е


потребно со соодветни краткотрајни мерки да се изврши влијание врз личноста и
поведението на малолетникот. Малолетното лице на кого му е изречена оваа
дисциплинска мерка судот може да го упати во дисциплински центар:

- на определен број на часови во текот на денот во празнични денови и тоа најмногу


во четири едноподруго празнични денови

- на определен број на часови во текот на денот, но најмногу месец или

- на непрекинат престој на определен број денови,но не повеќеод 20 денови.

Судот ќе внимава на тоа малолетникот со извршувањето на таа казна да не


отсуствува од работа или училиште, и во извршувањето на таа казна да врши работа
која што одговара на неговата психофизичка состојба.

Засилен надзор од страна на родител или старател како мерка за засилен надзор
судот ќе изречи доколку родителот или старателот пропуштиле, а се во можност да
вршат надзор над малолетникот. При изрекувањето на оваа мерка судот ќе им
наложи на родителите или на старателот одредени должности во поглед на мерките
што треба да се преземат за воспитување на малолетникот. Судот може да определи
центарот да го провери извршувањето и да укажува помош на родителот или
старателот.

Доколку родителите или старателот на детето малолетник не се во можност и не


можат да вршат надзор над него, малолетникот ќе се предаде на згрижувачко
семејство кое сака да го прими и кое има можност да врши засилен надзор над него.
Извршувањето на оваа мерка ќе се запре во оној момент кога родителите или
старателот ќе се здобијат со можност да вршат засилен надзор врз малолетникот или
кога според резултатите на воспитувањето и превоспитувањето ќе престане
потребата од засилен надзор.

Доколку родителите или старателот немаат можност да вршат засилен надзор, а и не


постојат услови за предавање на малолетникот на згрижувачко семејство кое што ќе
прави надзор, малолетникот ќе се стави под надзор на центарот. Додека трае мерката

~ 81 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

малолетникот останува да живее кај своите родители или други лица кои што го
издржуваат, а центарот го врши надзорот. Ако не може да остане кај своите
родители или издржувачи, центарот ќе го смести во воспитна установа и ќе се
грижи за школувањето на малолетникот, неговото вработување, за потребното
лекување и подобрувањето на приликите во кои што тој живеел.

Во заводските мерки спаѓаат упатување во воспитна установа, упатување во


воспитно- поправен дом. Малолетникот врз кој треба да се обезбеди постојан надзор
од страна на стручни лица заради воспитување, превоспитување и правилен развој,
судот може да го упати ви воспитна установа. Малолетникот во воспитната устанува
најмалку шест месеци, а најмногу три години.

Малолетникот спрема кој треба да се применат потрајни и засилени мерки за


воспитување и превоспитување, како и целосно одвојување на малолетникот од
дотогашната средина, судот може да го упати во воспитно-поправен дом. При
одлучување за оваа мерка судот посебно ќе ја земе предвид тежината на делото и
околноста дали спрема малолетникот порано биле изрекувани воспитни мерки или
казна малолетнички затвор. Судот секоја година ја преиспитува потребата од
престојот во воспитно-поправниот дом.

Кога сме кај казнувањето на малолетниците , може да се казни само кривично


одговорен постар малолетник, ако поради тешките последици од кривичното дело и
високиот степен на кривична одговорност не би било оправдано да се изрече
воспитна мерка. На постар малолетник може да му се изречат следниве казни:

Малолетнички затвор може да се изрече на кривично одговорен постар малолетник


кој сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години
или потешка казна, ако делото е сторено под особени отежнувачки околности и при
висок степен на кривична одговорност и притоа не би било оправдано да се изрече
воспитна мерка.

Парична казна му се изрекува на кривично одговорен постар малолетник кој од


користољубие направил кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку
три години. Судот неплатената парична казна може да ја замени со мерката
општокорисна работа.

~ 82 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Забрана за управување со моторно возило од определен вид и категорија и


протерување на странец од земјата можат да се изречат под условите за нивно
изрекување определени со Кривичниот законик.

Следниве алтернативни мерки можат да му се изречат на кривично одговорен постар


малолетник за стореното кривично дело:

 условна осуда со заштитен надзор


 условно прекинување на водење постапка спрема малолетникот
 општокорисна работа

Под условите кои што се предвидени во Кривичниот законик спрема малолетник


кон воспитната мерка или казната може да се изрече и мерка на безбедност,
задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа,
задолжително психијатриско лекување на слобода или задолжително лекување на
наркомани и алкохоличари. Мерката задолжително лекување на алкохоличари и
наркомани може да биде изречена и без изрекување на воспитните мерки или
казните.

2.1.2. Постапка спрема малолетници

- Постапка за посредување и порамнување

Откако ќе се добие пријавата за кривичнодело сторено од малолетник, за кое е


пропишана парична казна или казна затвор до три години, надлежниот јавен
обвинител може:

 да не поведе постапка пред судот иако има докази дека кривичното дело е
сторено, доколку смета дека не е целесообразно да се води постапка со оглед
на природата на кривичното дело,на поранешниот живот на малолетникот и
на неговите лични својства, како и кога извршувањето на воспитната мерка
или казната,е во тек

~ 83 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

 условно да го одложи поведувањето на постапката пред судот за време од


шест месеци под услов малолетникот во тој рок да не стори друго кривично
дело или да ја надомести штетата
 да не поведе постапка доколку од извештајот од центарот утврди дека
епостигната спогодба помеѓу малолетникот и оштетениот за надомест на
штетата или враќање на имотната корист
 да му предложи на судот да изрече спрема малолетникот мерка
општокорисна работа до 30 часа.

2.1.3. Постапка на медијација

По пријавата за дејствие кое е определено со закон како прекршок или кривично


дело или за кое е предвидена казна затвор до пет години, јавниот обвинител, по
претходна писмена согласност на малолетникот и неговиот законски застапник,
оштетениот и бранителот може да ги упати страните на постапка за медијација. Во
рок од три дена од писмената согласност, страните спогодбено определуваат
медијатор од листата на медијатори во надлежниот суд за малолетници, и го
известуваа обвинителот, односно судот за малолетници. Медијатор е физичко лице
кое помага на странките да постигнат спогодба, без право да наметне решение на
спорот, во согласност на принципите на доброволност, неутралност, доверливост,
транспарентност, ефикасност и правичност. Постапката за медијација завршува:

 потпишување писмена спогодба од страна на медијаторот и страните за


постигната согласност
 со писмена изјава на медијаторот,по извршените консултации со странките
дека не се оправдани натамошни обиди за медијација
 со истекувае на рокот предвиден за завршување на постапката за
медијација35
2.1.4. Судска постапка за малолетници

Понатаму со овој закон е пропишана и судската постапка за малолетници.


Одредбите од овој закон се применуваат и во постапка спрема лица кои како
малолетници извршиле кривично дело, а во време на поведувањето на постапката,
односно на судењето не наполниле 21 година, како и за постапка спрема помладо

35
Закон за малолетничка правда,член 77

~ 84 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

полнолетно лице кое не наполнило 21 година, ако до почетокот на главниот претрес


се увиди дека на тоа лице можат да му се изречат санкции за малолетници. Кога во
текот на постапката ќе се утврди дека малолетникот во време на извршување на
делото не наполнил 14 години, постапката се запира и се известува центарот.
Малолетникот на кој му се ставан на товар кривичното дело или прекршокот има
право на правично судење, во разумен рок, пред непристрасен и независен суд, со
сите гаранции за правата што ги има обвинетиот според Законот за кривична
постапка, Законот за прекршоци и овој закон.

Постапката е итна и кога се работи за кривично дело не може да тррае подолго од


една година, освен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку
четити години кога постапката не може да трае подолго од една година и шест
месеца,или кога се работи за прекршок не подолго од шест месеца.

Во постапката за кривични дела овластен тужител е само јавниот обвинител.


Малолетникот на кој му се става на товар кривично дело има право на бранител.
Судот и другите органи се должни да обезбедат заштита на приватноста на
малолетникот и неговото семејство во текот на постапката. Бранителот мора да е
присутен во целата постапка. Малолетникот во постапката може да биде испитуван
само во присуство на неговиот бранител.

Родителите на малолетникот или неговиот старател исто така можат да учествуваат


на сите дејствија во текот на целата постапка. Кога малолетникот во извршувањето
на на кривичното дело или прекршокот учествувал заедно со полнолетно
лице,постапката спрема него ќе се издвои и ќе се спроведе согласно одредбите од
овој закон. Постапката спрема малолетникот може да се спои со постапката спрема
полнолетно лице и да се спроведе согласно Законот за кривична постапка само ако
спојувањето на постапката е неопходно за сестрано разјаснување на работите.

Во постапката спрема малолетникот центарот има право да се запознае со текот на


постапката, да става предлози и да укажува на фактите што се однесуваат на на
личноста и приликите во кои живее и се развива малолетникот, а се од важност за
постапката и донесувањето на правилна одлука.

Специјализирани судски оддели за малолетнички криминал формирани во


основните судови со проширена надлежност, ги сочинуваат судии за малолетници,

~ 85 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

совети за малолетници и советници за малолетници. Судијата за малолетници ја


спроведува подготвителната постапка, донесува одлуки согласно овој закон,
претседава со советот за малолетници и врши други работи определени со овој
закон. Судијата за малолетници, јавниот обвинител, адвокатот и овластените
службени лица на Министерството за внатрешни работи од најмалку четири до десет
дена во текот на годината следат спрецијализирана обука за малолетничко
престапништво во земјата или во странство.

2.1.5. Постапка спрема малолетници за сторени кривични дела


(поведување постапка, подготвителна постапка, постапка
пред совет на малолетници и правни лекови)

Спрема малолетникот постапка за кривично дело се поведува само по барање на


јавнот обвинител. За кривични дела за кои се гони по предлог или приватна тужба,
постапката може да се поведе ако оштетениот во рок од три месеца од сознавањето
за сторено дело или сторителот, до јавниот обвинител ставил предлог за
покренување на постапка. Ако јавниот обвинител не стави барање за поведување
постапка ќе го извести оштетениот. Оштетениот не може да ја преземе постапката,
односно да поднесе приватна тужба до судот туку може во рок од осум дена од
приемот на известувањето од јавниот обвинител да бара советот за малолетници и на
надлежниот суд да одлучи за поведување на постапка.

Покрај откажувањето од поведување на постапка, за кривични дела за кои е


пропишана казна затвор до пет години јавниот обвинител може во рок од 15 дена да
одлучи да не бара поведување на постапката иако постојат докази дека е сторено
кривично дело, ако смета дека не би било целесообразно да се води постапка со
оглед на природата на кривичното дело и на околностите под кои е сторено, на
поранешниот живот на малолетникот и на неговата личност. Заради утврдување на
погоре наведените околности јавниот обвинител може да побара известување од
родителите, односно старателот, од други лица или установи, а кога тоа е потребно
може овие лица и малолетникот да ги повика во јавното обвинителство заради
непосредно запознавање.36

36
Закон за малолетничка правда,член 100

~ 86 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Кога е во тек извршување на казна или друга санкција јавниот обвинител може да
одлучи да не бара поведување на постапка за друго кривично дело на малолетникот,
ако со оглед на тежината на делото како и казната или санкцијата што се извршува,
не би имало цел водење на постапката и изрекување на санкција за тоа дело. Кога се
исполнети условите за казнување на малолетникот јавниот обвинител може, пред да
поднесе барање за подготвителна постапка,да му предложи на малолетникот,
неговиот бранител и семејството да се спроведе постапка за признавање на
одговорноста и спогодување за висината на казната.

Доколку оштетениот се согласи со предлогот, јавниот обвинител ги повикува на


јавно спогодување малолетникот, неговиот застапник, центарот и оштетениот.
Доколку се постигне согласност се составува спогодба која ја потпишуваат сите
присутни учесници. Јавниот обвинител ја доставува спогодбата до советот за
малолетници кој може да ја прифати спогодбата и да донесе пресуда со која ја
изречува предложената казна и против која нема право жалба. Доколку судот пак не
ја прифати спогодбата го враќа предметот кај јавниот обвинител кој е должен да
поднесе барање за подготвителна постапка. Јавниот обвинител не смее да се
повикува на изјавите дадени во постапката за спогодување.

Јавниот обвинител поднесува баррање за поведување постапка до судијата за


малолетници на надлежниот суд. Во подготвителната постапка спрема малолетникот
покрај фактите што се однесуваат на кривичното дело посебно ќе се утврди возраста
на малолетникот, околностите потребни за оцена на неговата душевна развиеност,
средината и приликите каде што малолетникот живее и други околности поврзани со
неговата личност. Заради утврдување на овие околности ќе се сослушаат
родителите, неговиот старател или други лица кои што можат да ги дадат
потребните податоци, како и барање на извештајот од центарот. Судијата за
малолетници го определува начинот на изведување одделни дејствија во согласнот
со Законот за кривична постапка, водејќи сметка за правата на малолетникот во
постапката, а посебно правото на одбрана, правата на оштетениот и собирањето
докази потребни за правилно одлучување.

На дејствијата во подготвителната постапка можат да присуствуваат јавниот


обвинител и бранителот, при што на секое процесно дејствие на кое учествува

~ 87 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

јавниот обвинител мора да учествува и бранителот, освен ако судијата не прифати


отсуство од бранителот поради оправдани причини.

Судијата за малолетници може да определи малолетникот во текот на


подготвителната постапка привремено да биде сместен во воспитна установа, да се
стави под надзор на центарот или да се смести во згрижувачко смејство, ако тоа е
потребно заради издвојување на малолетникот од средината во која живеел или
заради давање помош и заштита. Малолетникот може да биде задржан од овластени
лица на Министерството за внатрешни работи само доколку е затечен при
извршување на тешко кривично дело или кога пртов малолетникот е распишана
потерница или кога е затечен при извршување на друго дело ако има опасност
делото да го повтори или кога е затечен при извршување и на друго кривично дело
во состојба која бара мерки за негова заштита или не може да се утврди неговиот
идентитет.

За време на преземањето на овие дејтвија овластените службени лица го задржуваат


малолетникот во посебна просторија според одредбите од Законот за кривична
постапка. Се составува записник за задржувањето кој го потпишуваат малолетникот,
неговиот родител како и бранителот. Со малолетникот не може да се води разговор
без присуство на бранител во текот на задржувањето. Малолетникот кој е задржан
мора без одлагање, а најдоцна во рок од 12 часа да биде изведен пред судија за
малолетници. Ако судијата за малолетници најде дека нема основ за задржување на
малолетникот, ќе донесе решение за негово пуштање на слобода,во кое ќе ја оцени
законитоста на неговото лишување од слобода.

Решение за притвор судијата може да донесе по предглог на јавниот обвинител. Ако


јавниот обвинител не достави никаков предлог, судијата за малолетници може да
донесе решение за краткотраен притвор кој може да трае најдолго 24 часа. Ако во
тој период обвинителот не поднесе предлог за определување притвор, судијата
донесува решение за пуштање на малолетникот на слобода. На предлог од јавниот
обвинител, по прибавеното мислење од центарот, судијата може да определи
малолетникот да биде ставен во притвор. Притворот се определува само како крајна
мерка за обезбедување на присуство на малолетникот во постапката, ако не може тоа
да се направи со други мерки предвидени со Законот за кривична постапка.
Притворот може да трае најмногу 30 дена и се одредува со решение од судијата.

~ 88 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Доколку има оправдани причиини за продолжување на притворот, тој може да биде


продолжен за уште 60 дена. Доколку притворот е определен само поради
утврдување н идентитетот судијата за малолетници,односно советот е должен да
донесе решение за укинување на притворот веднаш по утврдувањето на
идентитетот.

Судијата е должен веднаш по одредувањето на притвор за маллетникот да ги


извести родителите, посвоителот или старателот, бранителот и центарот. Рокот за
жалба е три дена откако ќе биде доставено решението за притвор. Во притворот каде
малолетникот ја издржува казната, тој се сместува одвоено од полнолетните лица.
Во притворот на малолетникот му се обезбедува работна или друга активност што е
корисна за неговото воспитување и за отстранување на негативните последици на
лишувањето од слобода врз неговата личност. Судијата за малолетници е должен да
го посетува малолетникот во притворот најмалку еднаш при краткотраен притвор, а
ако притворот трае подолго,да го посетува еднаш на секои десет дена.

Доколку судијата за малолетници во текот на подготвителната постопка утврди дека


постојат причини за запирање на постапката,поради тоа што делото што му се става
на товар на малолетникот не е кривично дело, настапила застареност, ако делото е
опфатено со акт на помилување или амнестија, или има други околности што
гоисклучуваат од гонење, или ако нема докази дека го сторил кривичното дело, ќе го
извести јавниот обвинител.

Ако јавниот обвинител во рок од осум дена не го извести судијата дека се откажува
од гонењето, судијата ќе побара за запирање на постапката да одлучи советот за
малолетници и основниот суд. Судијата за малолетници откако ќе ги испита сите
околности што се однесуваат на извршувањето на кривичното дело и личноста на
извршителот, ги доставува списите до надлежниот јавен обвинител кој може во рок
од осум дена да бара подготвителната постапка да биде дополнета, да се откаже од
натамошното гонење или да стави образложен предлог до советот за малолетници за
применување на санкција.

Ако јавниот обвинител се откаже од гонењето, оштетениот може во рок од осум


дена да побара од советот за малолетници да одлучи за продолжување на
постапката. Јавниот обвинител во предлогот за примена на санкција треба да ги
наведе име и презиме на малолетникот, неговата возраст, опис на делото, докази

~ 89 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

дека го извршил тоа дело, образложение што треба да содржи оцена на душевната
развиеност на малолетникот и предлог за санкција на малолетник.

По приемот на предлогот на јавниот обвинител, како и кога постапката спрема


малолетник се води без предлог на јавен обвинител, судијата за малолетници кој
претседава со советот за малолетници закажува седница на советот или главен
претрес, ако е утврдена неспорна фактичка состојба.

Казни и заводски мерки можат да се изречат само по одржан главен претрес.


Другите санкции можат да се изречат и на седница на совет. На седницата на советот
може да се одлучи да се одржи главен претрес. За седницата на советот се
известуваат и на неа можат да присуствуваат јавниот обвинител, бранителот и
претставникот на центарот, малолетникот и неговите родители, односно старателот.
Судијата за малолетници ќе му ја соопшти на малолетникот санкцијата што спрема
него е изречена на седница на совет.

Кога советот одлучува на главен претрес ќе се применуваат одредбите на Законот за


кривична постапка. На главниот претрес се повикуваат јавниот обвинител,
оштетениот, малолетникот и неговиот бранител, неговите родители, посвоителот,
односно старателот и претставник на центарот. Судијата за малолетници кој
претседава со советот е должен да закаже главен претрес или седница на совет во
рок од осум дена од денот на приемот на предлогот на јавниот обвинител или од
денот на завршување на подготвителната постапка, или од денот кога на седницата
на советот е одлучено да се одржи главен претрес. Рокот може да биде продолжен
само судијата за малолетници има одобрение од претседателот на судот.

Советот на малолетници не е врзан со предлогот на обвинителот при одлучувањето


дали спрема малолетникот ќе изрече казна или ќе примени друга санкција. Советот
ќе ја запре постапката со решение во случаите кога според одредбите од Законот за
кривична постапка судот донесува пресуда со која обвинението се одбива или со кој
обвинетиот се ослободува од обвинението, како и кога советот ќе најде дека не е
сообразно на малолетникот да му се изрече санкција.

Воспитни мерки и мерки на безбедност советот изрекува со решение, при што се


наведува само која мерка се изрекува, но малолетникот не се огласува за виновен за
кривичното дело. Во образложение на решението се наведува описот на делото и

~ 90 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

причините и околностите што ја оправдуваат примената на изречената мерка.


Пресудата со која му се изрекува казна или алтернативна мерка на малолетникот се
донесува во форма на осудителна пресуда предвидена со Законот за кривичпна
постапка.

Судот малолетникот може да го осуди на плаќање на трошоците на постапката и на


исполнување на имотно-правните барања на оштетениот , само ако на малолетникот
му изрекол казна или алтернативна мерка. Ако е применета воспитна мерка спрема
малолетникот, трошоците паѓаат на товар на Буџетот на Република Македонија,
освен кога на малолетникот му е изречена посебна обврска за надоместување на
штетата. Судијата на малолетници е должен во рок од три дена од денот на
објавување на одлуката истата да ја изготви и писмено.

Против решението, односно пресудата со која на малолетникот му се изрекува


санкција, можат да изјават жалба сите лица кои имаат право на жалба според
одредбите на Законот за кривична постапка и тоа во рок од осум дена од приемот на
решението.

2.1.6. Прекршочна постапка

Прекршочната постапка спрема малолетниците, која што може да се поведе пред


судијата за малолетници само ако случајот не е разрешен во претходната постапка
на посредување со малолетни сторители на прекршоци, определена со Законот за
прекроцци.37

За секое барање за спроведување на прекршочна постапка судијата за малолетници


ќе побара мислење од центарот. Мислењето на центарот освен околностите на
случајот и податоците за личноста на малолетникот треба да содржи и предлог за
натамошно постапување и изрекување на санкција. Судијата може и да не поведе
прекршочна постапка врз основа на мислењето од центарот и со решение да го
отфрли барањето за таква постапка, ако оцени дека не е целисходноводење на
постапката со оглед на природата на прекршокот и околностите под кои е тој
сторен,поранешниот живот на малолетникот и неговите лични прилики. Ако се

37
Закон за малолетничка правда,член 129

~ 91 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

исполнети условите за поведување прекршочна постапка судијата го повикува


малолетникот лично или преку родителите или старателот. Постапката завршува со
решение со кое на малолетникот му се изрекува воспитна мерка или глоба.

2.1.7. Заштита на малолетниците жртви на кривични дела

Во постапката што се води за кривични дела во кои малолетникот се јавува како


жртва, судовите, јавните обвинители и службените лица на Министерството за
внатрешни работи можат да постапуваат само доколку поседуваат соодветно
образование, посебни знаења и искуства од областа на правата на децата и за
кривично-правната заштита на малолетниците. За сите кривични дела од
Кривичниот законик во кои според законските обележја детето се јавува како жртва
на делото, судот и другите органи се должни да преземат мерки за избегнување на
штетните последици за личноста и развојот на детето.

Малолетникот жртва може да биде сослушан како сведок само доколку со тоа
сведочење не се влијае штетно врз неговиот психофиички развој. Тој може да биде
сослушан најмногу два пати во својство на сведок, а кога бараат посебните
околности на предметот по исклучок и третпат. Сослушувањето на малолетникот, во
зависност од неговата развиеност и возраст, се врши во присуство на педагог,
психолог или друго стручно лице. Ако судијата оцени дека е потребно, со оглед на
особеностите на кривичното дело и својствата на личноста на малолетникот,
судијата ќе нареди сослушување по пат на употреба на технички средства за пренос
на слика и звук.

Сослушувањето се спроведува во посебна просторија, без присуство на странките и


другите учесници во постапката и прашањата се поставуваат со посредство на
педагог, психолог или друго стручно лице. Малолетникот жртва мора да има
полномошник од првото сослушување на обвинетиот. Во случај да нема
полномошник него со решение го поставува претседателот на судот од редот на
адвокати. Заради обесштетување на малолетникот кој е жртва или оштетен се
формира фонд за обесштетување. Фондот се формира во износ од 2 % од буџетот на
Република Македонија се собираат од парич ните казни изречени од страна на
судовите, а се наплатени во претходната година. Со средствата од фондот управува
Државниот совет за превенција на малолетничкото престапништво.

~ 92 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

3. Државен совет и општински совети за превенција

Државниот совет е самостоен и независен во вршење на работите определени со овој


закон. Државниот совет е составен од 15 члена кои ги избира Собранието на
Република Македонија со мандат од пет години, со право на повторен избор,од кои:

 седум члена на Државниот совет ги предлага министерот за правда и се


претставници од Министерството за правда, Министерството за труд и
социјална политика, Министерство за образование и наука, Министерство за
внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Македонија,
Врховниот суд на Република Македонија и Адвокатската комора на
Република Македонија и
 осум члена на Државниот совет се избираат по пат на јавен оглас, од редот на
истакнати научни истручни работници кои работат на заштитата на
интересите на малолетниците од кои еден претставник е од редот на
невладини организации заштита на децата.

Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво ги има следниве


надлежности:

 донесува национална стратегија за превенција на малолетничко


престапништво
 донесува деловник за својата работа
 донесува годишни програми и планови за остварување на програмата
 дава иницијативи за подобрување на законските решенија и мислења за
предлози на закони од значење на заштитата на правата на малолетниците и
спречувањето на малолетничкото престапништво
 предлага средства во предлогот на буџетската пресметка на Министерството
за правда потребни за неговата работа
 иницира истражувања и студии за проблемите на малолетничкото
престапништво
 покренува иницијативи за пошироко запознавање на граѓаните со со правата
на малолетниците, заштита на децата од наркоманија, алкохолизам, проблеми
во образованието и воспитувањето и за други околности кои влијаат врз
спречувањето на малолетничка деликвенција

~ 93 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

 соработува со меќународни организации и тела ангажирани за заштита на


децата
 подготвува годишни извештаи за својата работа и за состојбите во областа на
правата на детето и малолетничкото престапништво
 управува со средствата на фондот за обесштетување.38

Министерството за правда ги врши административните работи на Државниот совет


за превенција. Средствата за остварување на неговата програма се обезбедуваат во
рамките на финансиските средства од Буџетот на Министерството за правда.

Советите на општините и на градот Скопје именуваат општински совети за


превенција. Членовите на тие совети се претставници на подрачните единици на
Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална
политика, центрите за социјална работа, Адвокаттска комора, Унија на
средношколципретставници, на советот на родители, здруженија на граѓани,
јавниот обвинител кој работи во областа на малолетничка деликвенција и судијата за
малолетници од судовите од општа надлежност или судија кој ќе го определи
претседателот на судот. Советите на општините ќе го утврдат бројот на членови во
зависност од големината, развиеноста и потребите на општиата, како и обемот на
малолетничко престапништво.

Членовите се именуваат за мандат од пет години, со можност за повторен избор. Од


редот на членовите се избира претседател со мандат од две години, со можност за
повторен избор.

Општинските совети донесуваат годишни програми за својата работа што ја


усвојуваат советите на општините и Советот на град Скопје, деловник за својата
работа, на подрачјето на општините и градот Скопје вршат работи за следење на
состојбите, покренување иницијативи за нивно подобрување и донесуваат програми
за вклучување на локалната заедница во превенцијата на малолетничкото
престапништво. За својата работа општинските совети најмалку еднаш во годината
го известуваат советот на оопштината, односно градот Скопје и Државниот совет за
превенција.

38
Закон за малолетничка правда,член 145

~ 94 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

3.1. Извештај за следење на имплементацијата на Законот


за малолетничка правда во центрите за социјална работа во
Република Македонија (април-јуни 2017 години)

Согласно законските надлежности заводот врши следење на социјалните ризици


поврзани со Законот за правда на децата, односно децата во ризик и децата во судир
со законот. Во овој извештај е согледана состојбата на оваа категорија малолетници
во сите 30 центри за социјална работан во Република Македонија.

Овој извештај е направен врз основа на согледување на следните индикатори:

 добиени известувања и акти по кои постапува ЦСР (од МВР ,училишта,


родители, НВО, оштетени, како и други акти од ЈО)
 вид на корисник (дете во ризик, дете во ризик до 14 години, дете во ризик од
14 до 18 години, дете во судир со законот од 14 до 16 години, дете во судир
со законот над 16 години, и помладо полнолетно лице- кое наполнило 18
години, а не наполнило 21 година.)
 добиени решенија за изречени санкции по кои постапува ЦСР
 применети форми на заштита од страна на ЦСР кон оваа категорија
корисници.

Во центрите за социјална работа во периодот април-јуни 2017 година била


спроведувана стручна работа спрема вкупно 2272 деца, од кои 576 ново
евидентирани. Тука влегуваат оние деца кои се евидентирани во претходните години
а со кои се работи уште во периодот април-јуни,и деца кои што се за првпат
евидентирани во тој период.39

 дете во ризик - 289 деца од кои 82 првпат евидентирани


 дете во ризик до 14 години- 300 деца од кои 70 првпат евидентирани
 дете во ризик од 14 до 18 години- 488 деца од кои 158 првпат евидентирани
 дете во судир со законот од 14 до 16 години- 520 деца од кои 74 првпат
евидентирани

39
Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на малолетничкото
престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничото престапништво во
2011 година

~ 95 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

 дете во судир со законот над 16 години -612 деца од кои 177 првпат
евидентирани
 помладо полнолетни лице (наполнети 18, а ненаполнети 21 година)- 63 од кои
15 првпат евидентирани

За децата кои се јавуваат како сторители на кривични дела или прекршоци во


периодот април-јуни 2017 година, може да се согледа низ следниве податоци:

 укор - 642 санкции од кои 159 првпат изречени санкции во тој период
 засилен надзор од страна на родители- 398 санкции од кои 61 за првпат
изречени санкции во тој период
 засилен надзор од страна на родители под контрола на социјален орган- 57
санкции од кои 2 за првпат изречени санкции
 засилен надзор од страна на Центарот за социјална работа- 329 санкции од
кои 31 за првпат изречени санкции

~ 96 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Дел 5

Анализа на истражувањето

~ 97 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Во рамките на истражувањето кое што го спроведовме за изработка на овој труд ,


направивме обид, по пат на анкета и интервју да ги испитаме ставовите и мислењата
на учениците и стручните работници во Кичево за проблемот со малолетничката
деликвенција и превенцијата за неа. Во анкетата беа анкетирани две групи на
испитаници. Првата група беа испитаници кои што се малолетници и ученици во
средното училиште во Кичево. Беа испитани 120 малолетници кои што учат во 2 и 3
година во средното училиште “Мирко Милески” во Кичево. Втората група на
испитаници беа психолози, педагози и професори кои што се вработени во средното
и основните општински училишта во Кичево. Бројот на испитаници на вработените
во училиштата беше 34.

Исто така, со цел поткрепување на истражувањето беа направени и интервјуа со


вработени во Центарот за социјална работа во Кичево. Поради ограниченоста на
истражувањето кое ќе се реализира во општина Кичево и ограниченоста на
примерокот, добиените сознанија секако не можат да се користат за донесување на
егзактни ( дефинитивни) заклучоци, но сепак ќе бидат од значење и во прилог на
темата која се обработува.

~ 98 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

1. Анализа на резултатите од анкетата за малолетници

Анкетниот прашалник за малолетници се состоеше од 12 прашања од затворен тип.


Во овој дел од трудот ќе ги елаборираме добиените одговори на одделните прашања
од прашалникот со цел докажување на зададените хипотези.

Анкетата беше спроведена на 120 малолетници (во понатамошниот текст-


испитаници). Во таа бројка, 56% или 67 испитаници се од машки пол, додека пак
44% или 53 испитаници се од женски пол. Сите испитании се ученици во 2 и 3
година во средното учулиште ”Мирко Милески “ во Кичево.

Пол Машки Женски Вкупно


Број 67 53 120

44%
Машки
Женски
56%

Добиените одговори на прашањето број 1 кое гласи: Дали во вашето училиште


постои достапен куќен ред или друга форма на информирање, каде можете да

~ 99 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

се информирате за правилата за вашето однесување во училиштето?, се


сумирани на табеларниот и графички приказ подолу.

Постои,но
ценам дека Постои,но
тие не сум
Постои,и во информации обратил/а Незнам
целост сум не се внимание дали
Одговори информиран доволни на тоа постои Не постои Вкупно

Број на
одговори 30 18 57 12 3 120

Според добиените одговори на ова прашање се забележува дека во училиштата се


појавува извесен проблем со правилата на однесување на учениците. Имено, дури
47,5 % од учениците одговориле дека постои куќен ред за нивно информирање за
правилата на нивното однесување во училиштето, но дека тие не обратиле внимание
на истиот тој куќен ред. Тоа се должи на тоа што на учениците не им се
презентираат доволно тие правила и куќни редови за правилата на нивно
однесување, односно најчесто тие само се залепени на некоја огласна табла,или

~ 100 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

воопшто не се наоѓаат тамо а учениците не се заинтересирани и многу мал дел од


нив обраќа внимание на истите.

Добиените одговори на прашањето број 2 кое гласи: Дали сметате дека во


вашето училиште можат да се внесат предмети (оружје, цигари, алкохол) кои
што некое дете може да ги искористи во училиштето?, се сумирани на
табеларниот и графички приказ подолу.

Ретки се Вкупно
случаите
Да,секогаш Во многу кога
се случаи се можат да Не можат да
Одговори внесуваат внесуваат се внесат се внесат

Број на
одговори 45 54 18 3 120

Безбедноста на учениците во училиштето мора да е на највисоко ниво. Одговорите


наова прашање покажуваат дека во училиштата многу лесно се внесуваат оружје,
~ 101 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

цигари, алкохол и слични предмети кои што учениците може да ги искористат. 45 %


од испитаниците одговориле дека во нивното училиште се внесуваат вакви
предмети, а 37,5 % дека тие во многу случаи се наоѓаат во училиштето. Овие
предмети во училиштата не смеат во никој случај да бидат внесувани. Мора строго
да се забрани внесување на вакви предмети, и да следува казна за оние ученици кои
што ќе пробаат да ги внесат. Имаме многу случаи каде што учениците внесуваат
цигари и алкохол во училиштата и ги користат за време на нивниот престој тамо.
Тоа влијае штетно и кај учениците кои што ги донеле во училиштето со цел да ги
користат, како и за другите ученици и вработените, нарушувајќи ја позитивната
клима за работа во училиштето.

Добиените одговори на прашањето број 3 кое гласи: Според тебе, колку лошите
однесувања од страна на некои поединци негативно влијаат на вас и на другите
деца во училиштето?, се сумирани на табеларниот и графички приказ.

Многу Влијаат Воопшто не


негативно Влијаат,но не многу влијаат
Одговори влијаат многу малку негативно Вкупно

Број на
одговори 51 54 6 9 120
.

На ова прашање разбирливо поголемиот број на испитаници одговориле дека


лошите и негативни однесувања на поединци во училиштето на негативен начин
влијаат врз работата на другите ученици и вработените во училиштето. Дури 42,5 %
од испитаниците одговориле дека таквите појави многу негативно влијаат врз

~ 102 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

целокупната работа на училиштето. Намалувањето на негативните однесувања на


некои ученици е предуслов за добро функционирање на училиштето. Училиштето
мора да се стреми со отстранување или минимизирање на негативните однесувања
од страна на некои поединци, а со чие што манифестирање во голем дел штетно се
влијае врз децата и вработените.

Добиените одговори на прашањето број 4 кое гласи: Колку според тебе


конзумирањето алкохол, цигари и некои видови дрога во вашето училиште
преставуваат сериозен проблем во вашето училиште?, се сумирани на
табеларниот и графички приказ подолу.

Претставуваат Не ги гледам
многу Често како Не
сериозен пртставуваат проблем за претставуваа
Одговори проблем проблем училиштето т проблем Вкупно

Број на
одговори 57 42 9 12 120

Според добиените резултати, најголем дел од испитаниците, односно 47,5%


одговориле дека конзумирањето на алкохол, цигари, или некој вид на дрога во

~ 103 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

училиштето претставува многу сериозен проблем. Штетните влијание на овие


пороци кои што се во огромен пораст кога е во прашање конзумирањето и
зависноста од нив кај младите се големи. Децата како личности кои што се уште ја
немаат изградено правилно својата личност, кои што не се доволно физички и
психички развиени, на секој начин мора да бидат отргнати од нив. Во училиштата не
смеат да се внесуваат и да се користат вакви супстанци, кои што штетно влијаат врз
личноста на детето, создаваат зависност која во понатамошниот тек од нивниот
развој многу тешко ќе се надмине и секако ќе претставуваат предуслов за некои
поголеми девијации кај децата кои од најмала возраст ги користат и стануваат
зависници од нив.

Добиените резултати од прашањето број 5 кое гласи: Дали во вашето училиште


има насилно однесување и конфликти помеѓу децата од различна етничка
припадност?, се сумирани на табеларниот и графички приказ подолу.

Да,постојано
има такви Има многу Има ретки Нема такви
Одговори случаи случаи случаи случаи Вкупно

Број на
одговори 24 24 63 9 120

~ 104 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Најголемиот дел од испитаниците, односно 52,5% на ова прашање одговориле дека


има ретки случаи на конфликт помеѓу групи од различна етничка припадност. Со
оглед на тоа дека во Кичево има жители и ученици од различни етнички групи кои
што главно учат во исти училишта, ова претставува еден вид на проблем. Има
забележан напредок вомеѓуетничките релации и односи, тоа се гледа со секоја нова
година и мора да се напомене. Со секоја нова година тие стануваат се подобри со се
помалку конфликтни ситуации во однос на претходната. Но сепак, како што видовме
од добиените одговори на испитаниците, сепак сеуште има определен вид на
конфликт во кој што како извор е различната етничка припадност. Училиштата се
тие што на децата од различни етнички групи треба да им ги втемелат вредностите
за почитување на различнте од себе .Со постојана посветеност на овој проблем може
да се надминат проблемите со различната етничка припадност и конфликтите кои
што настануваат поради етничката припадност, и да се градат мостови и добра
соработка помеѓу децата од различна етничка припадност.

Добиените резултати од прашањето број 6 кое гласи: На кое ниво според тебе е
толеранцијата и соживотот помеѓу децата од различна етничка припадност?,
се сумирани на табеларниот и графички приказ подолу.

Сметам
Сметам Сметам дека е Сметам
дека е на дека е на Сметам на дека е на
одлично прилично дека е на лошо многу
Одговори ниво добро ниво добро ниво ниво лошо ниво Вкупно

~ 105 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Број на
одговори 15 30 48 21 6 120

Според одговорите на ова прашање испитаниците во најголем дел одговориле дека


толеранцијата и соживотот помеѓу децата се на добро ниво. Такви биле 40 %, додека
25% од испитаниците сметаат дека толеранцијата и соживотот се на прилично добро
ниво. Има и такви кои што сметаат дека толеранцијата и соживотот се на лошо ниво.
Детето кое што се уште е во положба на изградување на личноста и правилна
социјализација мора во себе да ги вгради овие карактеристики. Толеранцијата и
соживотот претсавуваат едни од основните вредности кои што детето мора да ги
поседува за правилно да ја социјализира неговата личност. Толеранцијата и
соживотот на детето многу ќе му помогнат во неговиот живот со односите со
другите граѓани во општеството. Во спротивно,детето што нема да ги втемели
толеранцијата и соживотот ќе има проблем во неговиот понатамошен живот. Ќе
биде конфликтно, нема да признава различни од себе и нема правилно да постапува
во многу ситуации од неговиот живот. Толеранцијата мора да ја поседува, мора да
има разбирање кон различните од себе, мора конфликтите да ги решава на пат во кој
што ќе нема последици по никого и така постапувајќи да чекори по вистинскиот пат.

Добиените резултати од прашањето број 7 кое гласи: Според тебе, која од


наведените причини има најсилно влијание за негативното однесување на
децата во вашето училиште?, се сумирани на табеларниот и графички приказ
подолу.

~ 106 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Поради
лошата
контрола од Поради
Лошо страна на проблеми
воспитување професорите во Поради
од страна на Економски и нивниот други
Одговори семејството статус училиптето развој причини Вкупно

Број на
одговори 78 32 10 120

0% 0% Лошо воспитување од страна


на семејството
8%

Економски статус

27%
Поради лошата контрола од
страна на професорите и
училиптето
65%
Поради проблеми во нивниот
развој

Поради други причини

Според одговорите од испитаниците на ова прашање, 65% од испитаниците сметаат


дека семејството со лошото воспитување е најголем фактор за негативното
однесување на нивните деца. Родителите се првите кои што на детето му го
прикажуваат светот и му кажуваат кои се патеките по кои што тоа треба да се движи
како и вредностите што тоа мора да ги почитува. Поради фактот што родителите ја
имаат таа најголема улога во воспитувањето на децата, нормално дека секое
изразување на негативно однесување на нивното дете ќе ги става нив како главни

~ 107 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

виновници поради кои детето го сторило тоа. Родителите и според ова истражување,
се најмногу виновни за негативното однесување на нивните деца. Иако тоа не е
случај кај сите деца и секогаш, бидејќи на детето влијаат огромен број на други
фактори, сепак значајноста на родителите секогаш е на прво место. Родителите
мораат да ги искористат сите можности и превентивно да делуваат на нивното дете,
хуманизирајќи го односот на детето, и ориентирајќи го кон вистинските вредности
како и укажување можностите како детето може да се заштити од разноразните
облици на малолетничката деликвенција.

Добиените резултати од прашањето број 8 кое гласи: Според тебе,во која


мера(колку)професорите и службите во училиштето соодветно постапуваат
со децата кои што негативно се однесуваат и во конфликтни ситуации?, се
сумирани на табеларниот и графички приказ.

Постапуваат
Постапуваат селективно,но
селективно,но често се
некогаш се ограничени
Секогаш ограничени од од Не
соодветно надворешни надворешни постапуваат
Одговори постапуваат влијанија влијанија соодветно Вкупно

Број на
одговори 24 45 39 12 120

~ 108 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Според одговорите добиени од ова прашање, 37,5 % одговориле дека службите и


професорите постапуваат селективно и се ограничени од надворешни влијанија со
децата кои што пројавуваат девијантно однесување. Со децата кои што негативно се
однесуваат во училиштето службите не смеат да постапуваат селективно. Со
одобрувањето или со неказнувањето на некое дете кое што направило некоја
девијација, било тоа да е од селективна причина на службите или тоа да е поради
надворешно влијание се прави голема штета и на самото дете но и на другите деца
кои што ќе си создатат слика на непостапување на службите и дека тоа би било
неказнето доколку и тие би го извршиле. Училиштето мора да е обучено за
препознавање и дејствување кога ќе се пројави негативно однесуање на децата, тоа
да го прави неселективно со што сите деца ќе ги третира исто,и секако да биде
отфрлено надворешното влијание со кое некое дете ќе биде фаворизирано во однос
на друго дете за истата работа што ќе се направи.

Добиените одговори на прашањето број 9 кое гласи: Колку ти лично се


чувствувас безбедно и заштитено во твоето училиште?, се сумирани на
табеларниот и графички приказ подолу.

Просечно, Недоволно
Одговори Најмногу Многу добро добро Лошо

~ 109 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Вкупно

Број на
одговори 6 18 54 39 3 120

На ова прашање најголемиот дел од испитаниците, односно 45 % одговориле дека


тие во нивното училиште се чувствуваат добро заштитени и безбедни. Но, има голем
процент на испитаници, односно 32,5 % кои што се со став дека тие во нивното
училиште недоволно добро се чувствуваат заштитени и безбедни. Децата голем дел
од нивното време го поминуваат во училиштето. Училиштата мора да се безбедни
зони за каде што учениците ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. На училиштата
и на службите е да создатат таква клима каде што учениците нема да имаат страв за
нивната безбедност и зашитеност додека се во училиштето. Доколку децата не се
чувствуваат пријатно и безбедно во училиштето,секако дека тие не можат да се
концентрираат и да ги покажат резултатите кои што се очекуваат од нив.
Безбедноста на децата во училиштето е предуслов за добро функционирање на
училиштето и секако за подобро прифаќање на истото од страна на учениците.

~ 110 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Добиените одговори на прашањето број 10 кое гласи: Според тебе, колку


персоналот во училиштето е обучен за препознавање и делување кога ќе има
негативно однесување во училиштето?, се сумирани на табеларниот и графички
приказ подолу.

Нивната Не се
Многу се Добро се обученост не воопшто
Одговори обучени обучени е доволна обучени Вкупно

Број на
одговори 6 54 48 12 120

Според одговорите на ова прашање, 45 % од испитаниците сметаат дека обученоста


на персоналот во училиштето за препознавање и дејствување во ситуации кога има
негативно однесување е добра, додека 40 % сметаат дека нивната обученост за
препознавање и делување не е доволна. Персоналот на училиштето мора постојано
да се едуцира како правилно да делува и препознава негативно однесување. Мора да
биде спремен за да ги препознава и првите знаци кај некое дете кои што укажуваат
дека тој би можел да направи девијантно однесување. Поради тоа и превентивната
улога на персоналот во училиштето за намалување на деликвенцијата е многу
значајна и голема. Исто така , и откако ќе се случи некој негативн настан,
персоналот на училиштето мора да дејствува правилно, за да ја намали штетата која
што е направена и преку мерките што му се на располагање детето кое што

~ 111 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

искажало негативно однесување да го врати на вистинскиот пат, укажувајќи на


проблемите кои што може да му се случат доколку продолжи така да се
однесува,како и патот по кој што треба да продолжи.

Добиените одговори на прашањето број 11 кое гласи: Дали имате програми за


едукација за превенција од различни облици на малолетничка деликвенција?, се
сумирани на табеларниот и графички приказ подолу.

Имаме,само
кога ќе се
случи
негативен Воопшто
Одговори Да,имаме Имаме често настан немаме Вкупно

Број на
одговори 36 45 27 12 120

~ 112 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

10%
Да,имаме
30%
Имаме често
23%

Имаме,само кога ќе се
случи негативен настан
Воопшто немаме

37%

Најголем дел на испитаниците, според одговорите на ова прашање рекле дека имаат
често едукации за превенција од различни облици на малолетничка деликвенција. Со
децата кои што се уште се во фаза на социјализација треба да се внимава за тоа да се
едуцираат на правилен начин. Едукациите со кои на децата ќе им се втемелуваат
вистинските вредности и ќе се хуманизира нивниот однос мора да бидат многу
чести. Едукациите пак за превенција на малолетниците, исто така имаат огромна
улога во правилното социјализирање на личноста на детето. Со овие трибини или
состаноци на кои на децата ќе им се презентираат различни облици на деликвенција,
им се помага на децата да увидат какви тоа штетни последици по нив и по нивното
општество ќе се случат доколку тие негативни општествени појави се присутни во
нивното живеење. Со тие едукации на децата им се укажува и на тоа како тиеда се
заштитат од негативните појави и се вградува во нив имунитет кон многубројните
облици на малолетничка деликвенција.

Добиените резултати од прашањето број 12 кое гласи: Колку во наставните


програми се застапени содржини кои можат превентивно да делуваат во
попречувањето на негативното однесување?, се сумирани на табеларниот и
графички приказ подолу.

~ 113 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Застапени
Доволно се,но сметам Застапени Воопшто
Многу се се дека не се многу не се
Одговори застапени застапени доволно малку застапени Вкупно

Број на
одговори 9 12 66 18 15 120

Според одговорите на ова прашање, 55% од испитаниците одговориле дека во


наставните програми се застапени содржини за превентивно делување за
негативното однесување,но тие не се доволни. Превентивната улога на училиштето
во борбата против малолетничката деликвенција е огромна. Училиштето мора со
сите расположливи средства и мерки кои што му се на располагање превентивно да
делува кај учениците. Во наставните програми мора се повеќе да има содржини на
кои што на децата постојано ќе им се вградуваат основните животни вредности,ќе
им се презентираат штетните влијанија од овие појави како и постојани мерки и
укажувања како учениците да станат имуни врз негативните појави.

~ 114 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

~ 115 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

2. Анализа на резултатите од анкетата за


професори,педагози и психолози

Анкетниот прашалник за професори, педагози и психолози се состоеше од 12


прашања од затворен тип. Во овој дел од трудот ќе ги елаборираме добиените
одговори на одделните прашања од прашалникот со цел докажување на зададените
хипотези.

Во анкетата беа опфатени 34 педагози, психолози и професори (во понатамошниот


текст-испитаници). Од нив, на број 10 или 30% се испитаници од службите во
училиштето (психолози и педагози), додека 41 % или 14 од испитаниците се
професори во основните и средното училиште во Кичево.

Раб.поз Педагог Психолог Професор Вкупно


Број 10 10 14 34

30%
41% Педагог
Психолог
Професор

29%

Добиените одговори на прашањето број 1 кое гласи: Колкави се случаите кога во


вашето училиште има деликвентно однесување од страна на учениците? , се
сумирани на табеларниот и графички приказ подолу.

~ 116 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Има Имаме Воопшто


постојано прилично Имаме такви Имаме многу немаме
такви многу случаи,но тие се мал број на такви
Одговори случаи случаи ретки такви случаи случаи Вкупно

Број на
одговори 2 2 16 8 6 34

Според одговорите на прашањето, најголем дел од испитаниците односно 47,1 %


одговориле дека има деликвентно однесување во нивното училиште ни тие се ретки.
Малолетничката деликвенција е во постојан пораст и училиштата треба постојано да
работат на борбата за нејзиното намалување и отстранување. Училиштата имаат
голема улога во социјализацијата на секое дете и претставуваат голем и значаен
фактор во превенцијата од малолетничка деликвенција.

Добиените одговори на прашањето број 2 кое гласи: Колку вие сметате дека
негативното однесување од страна на некои поединци,негативно влијаат на
работата на училиштето и на другите ученици?, се сумирани на табеларниот и
графички приказ подолу.

Влијаат,но Влијаат,но Воопшто


Многу Влијаат не во во многу не
негативно прилично многу ретки влијаат
Одговори влијаат негативно случаи случаи негативно Вкупно

Број на 2 14 8 10 34

~ 117 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

одговори

Според графичкиот приказ, 41,2 % од испитаниците одговориле дека негативните


однесувања на некои поединци во училиштето влијаат прилично негативно врз
другите ученици и работата на училиштето. 23,5 % одговориле дека влијаат
негативно врз училиштето, но не во многу случаи. Негативните однесувања кои што
се случуваат во училиштето мора да се намалуваат, поради фактот што ја нарушуват
позитивната клима во училиштето и во голема мера се пречка за извршувањето на
обврските на вработените и учениците во него.

Добиените одговорина прашањето број 3 кое гласи: Според вас,која од


наведените причини има најсилно влијание за појавата на малолетничка
деликвенција на децата во вашето училиште?, се сумирани во табеларниот и
графички приказ подолу.

Поради
лошаа
Лоѓото контрола од Поради
воспитување срана на проблеми
пд страна на Еконмскиот професорите со развојот
Одговори семејството статус и училиштето на детето Друго Вкупно

~ 118 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Број на
одговори 28 6 34

0% 0% 0%
Лошото воспитување пд
страна на семејството
18%

Економскиот статус

Поради лошата контрола од


страна на професорите и
училиштето
Поради проблеми со развојот
на детето
82%

Друго

Според графичкиот приказ, најголемиот дел од испитаниците односно 82% сметаат


дека главна причина за појавата на негативно однесување од страна на децата е
лошото воспитување од страна на родителите. 18% од испитаниците како главна
причина за појавата на негативни однесувања кај децата ја наведуваат економската
состојба. Иако на детето влијаат огромен број на фактори како едни од позначајните
секако се воспитувањето од страна на семејството и економскиот статус. Покрај
воспитувањето до страна на семејството, големо влијание има и економскиот статус.
Децата кои што живеат во семејства со лоша економска ситуација се посклони да
искажуваат девијантни однесувања, сметајќи дека со тоа лесно ќе дојдат до профит
или некој вид на корист и ќе го подобрат нивниот живот. Семејството и родителите
се онај фактор кој што нјмногу влијае врз однесувањето на децата. Тие се оние кои
што први на детето му ги покажуваат вистинските вредности на животот, го
социјализираат, па отука и секое негативно однесување од страна на детето ќе биде
поврзувано со недоволно доброто воспитување од страна на родителите.

~ 119 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Добиените одговори на прашањето број 4 кое гласи: Колкаво е нивото на


успешност со кое вашето училиште се справува со проблемот наречен
малолетничка деликвенција?, се сумирани на табеларниот и графички приказ
подолу.

Сметам
Сметам дека Сметам Сметам дека се
Сметам дека се справува дека се дека се справува на
се справува на прилично справува на справува на многу лошо
Одговори одлично добро ниво добро ниво лошо ниво ниво Вкупно
Број на
одговори 14 14 4 2 34

Според добиените одговори, испитаниците во ист процент, односно со 41,2%


одговориле дека нивното училиште се справува одлично со негативните однесувања
на учениците како и дека нивното училиште прилично добро се справува со
негативното однесување на децата. Многу е битно училиштето на добро ниво да се
справува со негативните однесувања на децата со што ја одржува добрата работна
клима во училиштето како и самото работење на училиштето поради тоа што кога
правилно не се решаваат проблемите и се шири деликвенцијата правилното
функционирање на училиштето е доведено во знак прашалник.

~ 120 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Добиените одговори на прашањето број 5 кое гласи: Дали сметате дека


безбедноста на вашето училиште е на добро ниво?, се сумирани на табеларниот и
графички приказ подолу.

Да,безбедноста Да,бзбедноста Да,безбедноста Не,безбедноста Не,безбедноста


е на одлично е на прилично е на добро е на прилично е на многу
Одговори ниво добро ниво ниво лошо ниво лошо ниво Вкупно
Број на
одговори 12 12 8 2 34

Според одговорите на ова прашање, најголем дел од испитаниците одговориле дека


безбедноста во нивното училиште и на прилично добро ниво. Безбедноста во
училиштата е предуслов за добро функционирање на училиштето и пријатна
атмосфера во која учениците и вработените правилно ќе ги извршуваат нивните
задачи и надлежности. Најголем процент од испитаниците,односно 35,3% ја
застапуваат тезата дека во нивното училиште тие се чувствуваат одлично заштитени
и безбедни.

~ 121 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Добиените одговори на прашањето број 6 кое гласи: Дали во вашето училиште


има контрола за влез и излез во и од училиштето,со што ќе се зголеми вашата и
безбедноста на учениците во вашето училиште?, се сумирани во табеларниот и
графички приказ подолу.

Има
Да,има добра Има контрола,но
контрола за контрола,но таа е на многу Нема
Одговори влез и излез не е доволна ниско ниво контрола Вкупно
Број на
одговори 12 10 2 10 34

Според добиените одговори, најголем дел од испитаниците одговориле дека во


нивното училиште има добра контрола за влез и излез во иод нивното училиште.
Има и висок процент на испитаници кои сметаат дека контролата за влез и излез не е
доволна. Во училиштата е потребна контрола за влез и излез поради повеќе причини.
Потребно е за да се обезбеди присуство во училиштето само на оние ученици и
вработени кои што е треба да се присутни, односно да се отстрани можноста за
присуство на лица кои што нема потреба да бидат присутни а можат да бидат фактор
на проблем кој би го направиле во училиштето. Мора во училиштето пред
влегувањето и излегувањето да се врши контрола и да се води евиденција кој

~ 122 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

влегува и кој излегува од училиштето. Исто така, контролата е битна поради


внесувањето на некои предмети,како оружје, дрога, алкохол, цигари кои што можат
учениците или некои други лица можат да ги внесат во училиштата.

Добиените одговори на прашањето број 7 кое гласи: Дали во вашето училиште


има видео надзор во и надвор од училиштето со што ќе се зголеми безбедноста
на вработените и на учениците?, се сумирани во табеларниот и графички приказ
подолу.

Има видео Има видео


Има Има видео надзор,но само надзор,но
одличен надзор,но на технички не
видео не е проблематичните е осправен и Нема видео
Одговори надзор доволен места не рботи надзор Вкупно
Број на
одговори 10 18 6 34

Според добиените одговори, најголемиот дел од испитаниците односно 52,9 %


одговориле дека во нивното училиште има видео надзор , но дека тој видео надзор

~ 123 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

не е доволен. Видео надзорот во училиштата е потребен заради фактот што тој


превентивно делува за да не се изврши некое дело, со самото тоа што кај
извршителите на негативни дејствија создава страв дека секое нивно однесување се
снима. Видео надзорот е битен и од кога ќе се случи некое негативно однесување за
да се разјасни случајот. Потребно е во училиштата каде што нема видео надзор да се
направат напори и да се обезбедат средства за негова примена и побезбедно
функционирање на училиштето..

Добиените одговори на прашањето број 8 кое гласи: Според вас,колкава е вината


на семејствата,кои со нивното воспитување придонесуваат за негативното
однесување на нивните деца во училиштето?, се сумирани во табеларниот и
графички приказ подолу.

Виновни се Виновни
Најмногу се Прилично се во одредени се,но во Воопшто не
Одговори виновни виновни сличаи ретки случаи се виновни Вкупно
Број на
одговори 10 16 8 34

~ 124 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Според одговорите на ова пршање, најголем дел од испитаниците одговориле дека


семејствата преку нивното воспитување прилично се виновни за негативното
однесување на нивните деца во училиштата. Семејствата се оној битен фактор кој
детето мора правилно да го социјализира. Семејството мора да ги втемели
основните темелни вредности кај детето, како и да го заштити од штетните влијанија
на различните области на малолетничка деликвенција. Семејството со лошото
воспитување на нивното дете секако дека претставува битен фактор во
пројавувањето на негативно однесување кај децата.

Добиените одговори на прашањето број 9 кое гласи: Како би ја оцениле


соработката помеѓу професорите и службите во вашето училиште? ,се
сумирани во табеларниот и графички приказ подолу.

Сметам дека Сметам


Сметам дека е на Сметам дека Сметам дека е на
е на одлично прилично е на добро дека е на многу
Одговори ниво добро ниво ниво лошо ниво лошо ниво Вкупно
Број на
одговори 20 10 4 34

~ 125 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Според добиените одговори на прашањето, 58,8 % од испитаниците сметаат дека


соработката помеѓу професорите и службите во училиштето е на одлично ниво. За
училиштето правилно да функционира, како и за да ја извршува превентивната
функција со делувањето при појава на негативно однесување на учениците и нивно
правилно вредносно ориентирање, мора да имаме добра соработка помеѓу
професорите и службите во училиштето. Таа нивна постојана комуникација,
соработка и меѓусебно помагање со цел подобро извршување на задачите кои што се
поставени пред училиштто како институцуја е од круцијално значење во
превенцијата од негативни влијанија и доброто функционирање на едно училиште.

Добиените одговори на прашањето број 10 кое гласи: Според вас,колку е добра


соработката на вашето училиште со другите институции кои што се
вклучени во проблемот со малолентичката деликвенција?, се сумирани во
табеларниот и графички приказ подолу.

~ 126 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Соработката
е на Соработката е Соработката
одлично на прилично е добра,но Соработката Соработката
Одговори ниво добро ниво не е доволна е лоша е многу лоша Вкупно
Број на
одговори 10 14 10 34

Според добиените одговори на ова прашање, 41,2 % од испитаниците се со став дека


соработката помеѓу нивното училиште и другите институции е на прилично добро
ниво. Во процесот на превенција на младите од малолетничка деликвенција
учествуваат повеќе фактори и институции. Институциите кои што имаат
задолженија и обврски превентивно да делуваат и да се занимаваат со намалување и
спречување на малолетничката деликвенција мора меѓусебно да соработууваат.
Колку соработката помеѓу институциите е подобра,толку ќе имаме подобри
резултати во сречувањето, намалувањето ,сузбивањето на малолетничката
деликвенција и правилно ориентирање на младите деца.

~ 127 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Добиените одговори на прашањето број 11 кое гласи: Дали за вас се организираат


едукации за ваше полесно справување со негативното однесување на децата и
превенција од малолетничка деликвенција?, се сумирани во табеларниот и
графички приказ подолу.

Се
организираат,но
само откако ќе
Да,се се слушат
организираат Често се негтивни Воопшто не се
Одговори постојано одржуваат Многу ретко настани организираат Вкупно
Број на
одговори 2 12 16 4 34

Според добиените одговори на ова прашање, 47,1 % од испитаниците одговориле


дека многу ретко се одржуваат едукации за нив за нивно полесно справување со
малолетничката деликвенција. Обученоста на професорите и персоналот за
откривање и правилно дејствување во ситуации кога имаме негативно одесување од
страна на некое дете мора да е на високо ниво. Професорите и службите во
училиштето мора постојано да ги унапредуваат своите знаења од областа на
малолетничката деликвенција, да се едуцираат за полесно спречување и правилно
делување кога има негативно однесување, со што ќе се зголеми нивната превентивна
улога во намалување и сузбивање намалолетничката деликвенција.

~ 128 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Добиените одговори на прашањето број 12 кое гласи: Колку во наставните


програми се застапени содржини кои можат превентивно да делуваат во
попречувањето на негативното однесување на децата и малолетничката
деликвенција?, се сумирани во табеларниот и граафички приказ подолу.

Застапени
се,но
сметам Застапени
Многу се Доволно се дека не се многу Воопшто не
Одговори застапени застапени доволно малку се застапени Вкупно
Број на
одговори 2 20 8 4 34

Според добиените одговори на ова прашање, 58,8% од испитаниците одговориле


дека во наставните програми доволно се застапени содржини кои превентивно може
да делуваат во намалување и сузбивање на малолетничката деликвенција. Во
наставните програми оваа тема мора да е се поприсутна,да се укажуваат опасностите
од негативните појави, правилно да се ориентира детето,со што би се влијаело
превентивно за намалување на малолетничката деликвенција.

~ 129 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

3.Анализа на резултатите од интервјуата

За целите на истражувањето беше направено и интервју со вработени лица во


Центарот за социјални работи во Кичево. Прашањата што им беа поставени во текот
на интервјуирањето се однесуваа на постоечката законска регулатива за заштита на
децата, како и улогата на семејството и институциите за заштита на децата од
деликвенција. Во понатамошниот текст ги пренесуваме поставените прашања врз
кои се засноваше нашиот разговор со вработените од Центарот за социјални работи.

Најпрво беа запрашани за тоа дали сметаат дека меѓународните и националните


регулативи за превенција и постапување со малолетниците се спроведуваат од
страна на институциите во Република Македонија.Потоа беа запрашани за
законските регулативи во нашата земја.Следно прашање кое што им го поставивме
беше поврзано со потребите за нивно подобро функцонирање.Последното прашање
бше поврзано со семејствата како главен фактор за социјализација на детето и за
едукациите во нивниот Центар за социјални работи. Во понатамошниот текст ќе се
обидеме да ги сублимираме нивните одговори и заклучоци.

Според разговорот со лицата кои што се вработени во Центарот за социјални работи


ви Кичево, дојдовме до заклучок дека според нив, институциите во Република
Македонија кои што се засегнати со малолетниците и нивната заштита, ги
спроведуваат во целост регулативите од меѓународните и националните договори и
закони. Во нашата држава, постапувањето со малолетниците кои што направиле
некое кривично дело е регулирано со Законот за правда на децата

Кога стануваше збор за подобро и поефикасно делување на институциите во


заштитата на децата, како и на зголемување на нивната превентивна функција,
вработените во центарот го делеа мислењето дека се потребни повеќе средства како
и поголем број на кадар кој што ќе биде добро подготвен и обучен, и ќе може да
помогне во извршувањето на превентивните задачи и заштитата на децата.

Ставот на вработените во Центарот кога станува збор за семејството и важноста на


семејството во воспитувањето на децата, беше дека семејството е еден од најбитноте
фактори за правилно вредносно ориентирање на детето и хуманизирање на неговиот

~ 130 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

однос. Во текот на интервјуата се спомена и тоа дека родителите кои што не можат
правилно да ги воспитаат своите деца имаат помош од институциите. Во Центарот
се одржувале групни едукативни средби на родители кои што побарале помош од
центарот, а чии што деца се со проблематично однесување.

Според спроведеното истражување можеме да заклучиме дека:

- Со зголемување на капацитетот на институциите и нивната меѓусебна


соработка се зголемува хуманизирањето на општествениот однос кон
децата деликвенти и се зголемува ефикасноста во намалување и сузбивање на
малолетничката деликвенција
- Вредносното ориентирање на децата кон темелните вредности на животот и
нивната правилна социјализација се најмоќно средство против
малолетничката деликвенција.

~ 131 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Зaклучок

1. Малолетничката деликвенција, како што веќе елабориравме и во овој труд,


претставува негативна појава условена од сложен сплет на околности кои
произлегуваат од економските, социо-културните, воспитно-образовните,
социјалните, здравствените и други аспекти на општествениот живот како на
макро, така и на микросоциолошко ниво кои негативно се одразуваат врз
животот и развојот на младата личност. Тоа претпоставува неопходна
потреба од постојана примена на мерки за глобална, општа и посебна
превенција.
2. Превенцијата на малолетничката деликвенција на глобално ниво
првенствено треба да се остварува преку создавање и развивање на правните,
социјалните, културните, воспитно-образовните ,економските и други
предпоставки за нормален развој и заштита на младата популација. Во таа
насока, изградбата на демократското општество, правната држава, изградбата
на институции способни да ги извршуваат своите функции, преставува
најширока рамка и темел за развивање на мерките за посебната и
индивидуалната превенција на малолетничката деликвенција.
3. Посебен прилог во зголемувањето на превентивните капацитети на
општеството можат да дадат мерките на посебната социјална ( криминолочка)
превенција. Тука пред се мислиме на мерките на социјалната политика за
самото население како што се социјална и здравствена заштита, заштита на
деца и малолетници, вработеност, заштита на други социјални случаи и
слично. Со овие мерки се хуманизираат вкупните односи во општеств ото и
на директен и индиректен начин влијаат врз создавањето на поповолни
услови за нормален живот и развој на младата популација
4. Процесот на социјализација разбран како оформување и оспособување на
младата личност за социјален живот, како правилна ориентација кон
темелните вредности и норми треба да се вреднува како базична
претпоставка за успешно превенирање на малолетничката деликвенција.
Децата треба внимателно да се социјализираат и во нив да се втемелуваат

~ 132 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

вистинските животни вредности со кои тие ќе се изградат во вистински


личности со кои општеството ќе се гордее и ќе има голема корист од нив.
Како основни фактори кои што треба правилно да го социјализираат детето и
да го ориентираат детето кон вистинските вредности на животот се
училиштето и семејството. Училиштето и семејството секако се главните
субјекти кои преку својата активност треба да хуманизираат и вистински
развијат личноста на детето со што многу ќе помогнат и во намалувањето на
малолетничката деликвенција.Тоа се оние главни факори кои децата треба
правилно вредносно да ги ориентираат, и на тој начин превентивно да
делуваат во намалувањето на малолетничката деликвенција
5. Простор за зголемување на ефикасноста во превенцијата детектираме и во
хуманизирањето и грижата кон секој малолетник како индивидуа, а посебно
развивањето на индивидуален пристап кон поединци кои се вбројуваат во
групата на потенцијални деликвенти На децата како дел од онаа општествена
група која што со својот развој и со своите способности е далеку од изградена
личност, треба да се обрнува посебно внимание.
6. Врз анализата на малолетничкото законодавство во РМ и начинот на
неговата примена, како и врз подготвеноста на социјалните, здравствените,
воспитно образовните, информативните, невладините и други институции,
можеме да заклучивме дека нашето општество на добро системско ниво се
снаоѓа во остварувањето на превентивната функција за малолетничката
деликвенција. Далеку од тоа дека нема ситуации каде што и тоа не се прави
на добро ниво и дека нема аспекти и делови од тој мозаик каде што има
простор за голем напредок и подобрување во работата.
7. Во превенцијата на малолетничката деликвенција, посебен акцент заслужува
соработката, координацијата и синхронизацијата на институциите и мерките
кои тие ги преземаат, како услов за постигнување на синергетски ефекти во
справувањето со деликвентните појави кај младите. Во овој сегмент исто така
детектираме можност за подобрување на превенцијата и за поуспешно
реализирање на превентивните програми. Институциите кои што имаат
законска обврска и задолженија во однос на проблемот со малолетничката
деликвенција, со поголема меѓусебна соработка, со максимално ефективно
искористување на нивните ресурси, со постојано едуцирање на своите
вработени, со постојано унапредување на нивната работа се обврзани
~ 133 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

превентивно да влијаат кај најмладата полулација заштитувајќи ги децата и


обезбедувајќи им подобри услови за нивно живеење во општеството. Од
работата на институциите во голема мера зависи и обемот на малолетничка
деликвенција, поради што тие со доброто функционирање треба да ги
заштитат децата, да го хуманизиираат односот кон малолетниците
деликвенти, како и да влијаат врз спречувањето и сузбивањето со
малолетничката деликвенција.
8. Врз основа на спроведеното истражување, на самиот крај ќе се обидеме да
дадеме свои препораки со кои што ќе се зголеми борбата против
малолетничката деликвенција, како ќе се обезбеди поголема заштита и
сигурност на децата:
- Поставување на видео надзор во училиштата каде што него го нема, како и
зголемување на надзорот во проблематичните места во и околу оние
училишта кои веќе имаат некаков видео надзор
- Поголема контрола за влез и излез во и од училиштата
- Строга контрола и забрана за внесување на алкохол, цигари, некои дроги и
оружје во училиштата
- Зголемување на едукациите за персоналот во училиштето за навремено
препознавање и реагирање при ситуациите кога има негативно однесување на
некои ученици
- Зголемување на едукациите за учениците за нивна заштита и отргнување од
негативните појави
- Зголемување на економската помош за децата и семејствата на кои што таа
им е неопходна
- Организирање на повеќе групни состаноци на деца со девијантно однесување,
со цел тие да се вратат на вистински пат со што помалку негативни
последици по нив
- Посебни обуки за родителите кои што имаат проблем при нивното
воспитување на децата
- Групни состаноци на родители на деца со проблематично однесување
- Зголемување на институционалната соработка за прибирање и обезбедување
на подобри услови за социјализација на децата кои што немаат покрив над
главата

~ 134 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

Користена литература:

1. Проф. д-р. Пере Аслимоски “Педагошка социопатологија”-Битола 2011

2. Проф . д-р Лилјана Баткоска “Криминалистичка психологија “- Охрид 2013

3. Татјана Велкова “Феноменологија на малолетничкиот криминалитет во Република


Македонија во период 1981-200 година”-Штип 2006

4. Milosav Milosavljevic, Devijacije i drustvo, Beograd 2003

5. Д-р. Жарко Јашовиќ, Малолетничка деликвенција, Скопје 1988

6. Г.Кајзер, Криминологија, Фрајбург 1995

7. Љубомир С. Стајиќ, Саша Мијалковиќ, Светлана Станаревиќ, Безбедносна


култура младих, Белград 2006

8. Вилијам Е. Томпсон, Џек Е. Бинам, Малолетничка деликвенција, 2005

9. Љупчо Арнаудовски, Криминологија, Скопје 2007

10. Zvonimir Separovic, Osnove kriminologija

11. Закон за малолетничка правда „Службен весник на РМ" бр, 87/07,103/08, 161/08;

12. Стеван Алексоски, Криминална психологија: (Психосоцијалните фактори на


престапништвото на младите), Штип; Прилеп: Педагошки факултет „Гоце Делчев" :
П.П.Елвор, 1997 (Кочани : Младост);

13. Татјана Велкова, Повторот кај малолетните сторители на кривични дела, 1999;

14. Д-р Љупчо Арнаудовски, Виолета Чачева, Повторот и повторниците (Повторот кај
сторителите на кривични дела), Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
при универзитет „Кирил и Методиј“ - Скопје, 1979 година;

15. Стеван Алексоски, Криминологија, Штип, 2009 година

16. Бошкович, М, Криминологија, 2006, Нови Сад;

17. Dinitz, S, The Antisocial Personality, Forensic psychiatry and psychology, F.A Davis,
Company, Philadelphia;

18. H. Mannhein, Sumary of the Third Internacional Congress of Criminology, London, 1957;

~ 135 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

19. Јашович Жарко, Криминологија малолетничког преступништва, Научна книга, Белград 1

20. Младенович-Купчевич, Р, Криминологија, Сараево 2001;

21. Милутинович, М., Криминологија, Савремена администрација, 1990;

22. Глат, М, Алкохолизам, злочин и малолетничка деликвенција, Загреб, бр.4/1961;

23. Тодорович, А, Велика урбана подручја и малолетнички криминалитет, бр.3/1975;

24. Тодорович, А, Узорци малолетничког преступништва, Институт за криминолошка и


криминалистичка истраживања, Белград;

25. Нада-Поп Јорданова , медицинска психологија, Култура 2003;

26. Р. Бујановик-Пастуовик, Релација измегу особине личности и откривеног и неоткривеног


друштвено неприфатливог понашања;

27. Младен Сингер, Љиљана Микшај, Деликвенција младих;

28. Капо-Стануловиќ Нила, На путу ка одраслости, Завод за уџбенике и наставна сресдстава;


29. Јаков Лазаровски, Алтруистичко и агресивно однесување, Скопје, Мелбурн, 1997 год.

30. Тодор Кралев, Криминологија - Преглед на основните поими, Скопје, 2004 год.

31. Министерство за образование и наука, Образование базирано на правата на детето, ( УН


Конвенција за правата на детето )

Интернет извори :
32. http://www.mtsp.gov.mk/
33. https://www.wikipedia.org/
34. http://www.stat.gov.mk/
35. http://sos.mk/preventivna-programa.nspx
36. http://www.zpd.org.mk/

~ 136 ~
Магистерски труд______________________________________________________________________

~ 137 ~

You might also like