DFRM OpstiPodatoci2018

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

ДРУШТВО НА ФИЗИЧАРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

основано 1949
Архимедова 3, 1000 Скопје, Република Македонија
Д-р Боце Митревски, Претседател bocemitrevski@gmail.com 078 278 545
Весна Манчевска, Секретар vesna.mancevska@gmail.com 070 355 278
Д-р Ристе Попески Димовски, Благајник, ristepd@gmail.com 070 339 103
Д-р Ламбе Барандовски, Ком. за натп., fizikanatprevari@gmail.com 070 232 840
Телефакс: +389 (0)2 3228 141; URL: http://www.dfrm.org
Жиро сметка: 300000001043853, Комерцијална банка А.Д. Скопје
Скопје, јануари 2018

Почитувани,
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) е стручно-научно
здражение основано пред повеќе од 60 години. Во основа, тоа ја популаризира физиката и
другите природни науки преку стекнување и унапредување на знаењата, способностите и
вештините кај учениците, наставниците и граѓаните. Исто така, тоа е посветено на
унапредување и заштита на животната средина.
Во него членуваат повеќе од 60 универзитетски професори, околу 800 наставници од
основните и средните училишта, колеги од други институции и компании, студенти.
Некои од поважните активности на ДФРМ се:

• Организирање на натпревари по физика и природни науки (општински,


регионални и републички).
• Подготовка и учество на тим ученици/студенти на Меѓународна олимпијада по
физика, Европска олимпијада по физика, Меѓународна јуниорска олимпијада по
природни науки и други меѓународни натпревари.
• Организирање Школа млади физичари.
• Организирање на конференции.
• Остварува издавачка дејност (научни и стручни публикации).
• Организирање популарни предавања, семинари, работилници, изложби,
меѓународни натпревари и други активности за популаризација на науката,
физиката и другите природни науки.
• Соработка со слични здруженија на граѓани од Македонија и странство.

Доц. д-р Боце Митревски


Претседател на ДФРМ

You might also like