Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Јас сум планетата Земја.Стара сум околу 4,6 милијарди години.

Вие деца
мислите дека сум престара,ама во светот на планетите годините не
се сметаат како вашите. До пред неколку децении,изгледав како млада
дама. Бев ведра, насмеана, среќна...

Мајка сум на сите растенија,животни и луѓе и затоа сум горда. Се беше


добро додека моите деца ме почитуваа. Живеевме во љубов и
хармонија се додека човечкиот род не се одметна од мене и стана
непослушен.

Луѓето се паметни,зборуваат,мислат и тоа е она што ги прави


луѓе.Некогаш својот разум го користеа за добросостојба на
сите:пошумуваа оголени места, ги сечеа шумите и добиваа плодно
земјиште.Ги сушеа мочуриштата и на тие здрави ниви одгледуваа
растенија. Беа задоволни со приносите од тие ниви,а нивниот
квалитет го зголемуваа со фрлање на природно ѓубриво.Во тоа им
помагаа нивните крави и овци. Правеа брани и насипи за да ги
заштитат од поплави своите ниви и куќи. Водата во реките беше
полна со риби. Толку чиста,што можеше да се пие.
Но тогаш човелот посака повеќе. Почна да го зголемува приносот на
нивите преку прихранување на растенијата со вештачко ѓубриво. За да
го уништи пплевелот,на нивите фрла отровни материи.Производите
имаат поголема хранлива вредност ,но таа храна не е здрава како
некогаш.

Исече многу шуми.Тоа се моите бели дробови.Дишењето ми стана


отежнато.Направи многубројни фабрики од чиишто оџаци се извива
црн чад.Произведе милиони автомобили од чиишто ауспуси се
испуштаат најотровни гасови. Овие гасови се измешаа со
прашина.Почнав да кашлам.Кашлицата се претвори во бронхитис, а се
заканува да премине во астма.Секогаш имам покачена температура. Се
плашам дека нема да можам долго да издржам вака. А ако мене ми
се случи нешто, ќе страдаат и сите мои деца.

Затоа деца, ве молам да бидете посовесни од своите родители.Вие


сте мојата иднина.Спасете ме и чувајте ме! Така сите ќе живееме во
здравје и среќа.

После прочитаната приказна поставува друга илустрација на планетата Земја,која


плаче,кашла и држи марамче во рацете. Сама е,околу неа нема ни луѓе ни останати живи
суштества.

You might also like