Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Вардар е странска инвестиција и странски посед, како што се тоа огромен број фирми во државава – од повеќето банки, па сѐ до

„Џонсон Мети“, на пример.

И тука нема и не треба да има никакви мистификации. Дури ни во сферата „не примиле девет месеци плата, а го оставија срцето на
терен“. Тоа, впрочем, е нивна работа. Како што и прашањето дали се добро платени или не се воопшто платени е повторно нивна
работа, како и работа на нивниот работодавач и на неговите пресметки, на државните органи задолжени за ова и, во крајна инстанца,
на судскиот систем.

На крајот на краиштата, од слични причини речиси се растури женскиот ракометен клуб Вардар, како што претходно (буквално) се
растури Кометал Ѓорче Петров. Или, ако треба да бидеме поприземни, колку само претпријатија пропаднаа или колку професионалци
од разни области не примаа плата или не примаат плата со месеци, а „го оставаа срцето на теренот“ (да ја искористиме спортската
терминологија)?

Колку од нив, на овој или на оној начин, придонесоа за развојот на државата, па и за нејзината афирмација? И? Ништо! Секој се
снаоѓа онака како што најдобро умее и во рамките на своите вештини и можности. Како што тоа, секако, го прават и професионалните
ракометари.

Со други зборови, успехот на ракометниот клуб Вардар, а ако сакате и успехот на Тамара Тодевска на Песната на Евровизија или на
филмот „Медена земја“ е доминантно успех на неговите креатори, потоа на логистиката и на крајот на евентуалните благопријатни
услови што државата ги овозможила за да се остварат овие успеси, ако воопшто ги овозможила.

Тоа, се разбира, не значи дека не треба да бидеме горди на овие успеси и дека не треба да ги славиме. Напротив. На крајот на
краиштата, тоа е и една од поважните улоги на спортот, културата, уметноста, науката, па дури и стопанството – спојувачка,
интегративна улога, преку која сите се препознаваме и се идентификуваме како заедница што успеала да докаже нешто или да се
докаже во „успешниот свет“.

Со еден збор, спортот, уметноста и културата се фактори по кои се препознаваме, па и факторизираме и по кои нѐ препознаваат по
светските меридијани или, како што тоа е денес модерно да се каже, тие се нашиот идентитет. Веќе извесно време, особено
последните години, еден важен дел од тој идентитет е токму – ракометот!

Или можеби не е? Оваа дилема ми се постави истата вечер кога Вардар по вторпат стана европски шампион. Имено, истата вечер
македонската женска ракометна репрезентација играше важен баражен натпревар со Словенија, а во публиката имаше едвај десетина
луѓе, што ќе рече дека изгледа и не сме толку ракометна, па, ако сакате, и патриотска нација, барем не онолку како што сакаме да си
се претставуваме себеси. Секако, најмалку с

You might also like