Приказ на случај

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 13

Приказ на случај 1

Пациент И.В на 28 години


Главни тегоби-малаксаност,намален апетит,мускулно-зглобни болки, потемна мокраќа,
посевтла столица,пожолтување на очи.
Сегашна болест-2 недели пред приемот појава на малаксаност,намалување на апетитот, а
10 дена пред прием и мускулно-зглобни болки.7 дена пред прием приметена потемна
мокраќа, посветла столица, 5 дена пред прием пожолтување на очи,наредните денови
пожолтувањето постепено се зголемува.
Минати заболувања-негира болести од интерес.
Лична анамнеза-студент, неоженет, живее во уредни социо-економски услови.
Епидемиолошка анкета-сексуални односи со особи од спротивен пол без заштитни
средства.
Од статусот-свесен,во добра состојба, со уперено иктерични склери и кожа,јазик сув и
беличесто обложен,палпабилен хепар 2цм под ребрен лак,останат наод уреден.
Од анализите-Билирубин тотален 147,директен 117,индиректен 30.АЛТ 1890, АСТ 1200,
АЛКАЛНА ФОСФАТАЗА 87, ХБ 145, ЕР 4500 ЛЕ 7,8, Тр 187, хтц 0.45, Не 0.55 Ли 045, Мо 0.05

1.Која би била работната дијагноза?


Хепатитis Б вирус

2,Според симптомите за каква форма(акутен или хроничен) на вирусен хепатитис постои


сомнение?
Акутна форма

3,Колку кратен пораст на аминотрансферазите е показател за акутна форма?


Пораст од 20-40 пати

4,Кои маркери ке ја потврдат дијагнозата на вирусен хепатитис тип Б?


ХБсАГ-1-3 месеци по инфекцијата
анти ХБц-1-2 недели по појавата на ХБцАГ,
анти-ХБ од ИГМ кои се појавуваат при примо инфекцијата

5,Која е терапијата за акутна форма на вирусен хепатитсБ?


За лекување на акутната форма денес сеуште не се располага со соодветна
терапија.Антивирусните медикаменти не се индицирани.Повеќето од
имунокомпетентните возрасни пациенти со акуна болест спонтано оздравуваат и
развиваат протективен имунитет.Терапијата за хепатитис Б акутна форма е симптоматска.
Приказ на случај-2
Пациент К.М роден 1929 година, пензиор,Битола
Се жали на отежнат говор и голтање, како и стегантост н велицата и неможност на
оитварање на устата два дена пред приемот, оток и болка на десното стопало.
Минати-Пред десетина години опериран од полипи на гласните жиици и
носот.Хипертензија регулирана со диуретик.
Епидемиолошка анкета-Пред седум дена нагазнал на шаја, при што раната не било добро
исчистена и не примирл антитетаинчна и антибиотска терапија.
На преглед свесен, субфебрилен, вознемирен адинамичен, хипертонус-ригидитет во
вратна и рбетна мускулатура, што оневозможува да се постави во седечка положба.
тахикардичен, со тризмус на вилица, оток и болка во десно стопало, препотен.
Поставена дијагноза-Тетанус генерализата.
Ординирана терапија-ХТХ, АНТИБИОТИК, МЕТРОНИДАЗОЛ,АНТИКОНВУЛЗИВИ СЕДАТИВИ..
Во тек на наредните два дена хипертонусот се развил генерализирано на целата
мускулатура, а потоа се јавиле и клонични грчеви-пароксизми, краткотрајни при што се
потенцирал хипертонусот на целата мускулатура.

1,Која е работната дијагноза?


Тетанус генерализата од грам-негативен Клостридиум Тетани
2.Што е тетанус?
Потенцијално фатална болест, се карактеризира со болни спазми, автономна
нестабилност, респираторна компромитираност.
3.Два егзотоксина вклучени во настанување на тетанус?
Тетанолизин и Тетаноспазмин.
4.Со кои клинички форми се манифестира тетанус?
Генерализиран, локализиран, цефалитичен, неонатален, гинеколошки тетанус
5.Кој е прв знак за тетанус?
Тризмус – стегната вилица
6.Дифенеренцијанла дијагноза?
Лимфаденопатија,Дентален апцес,Перитонзиларен апцес, Хипогликемија, Алвеоларен
апцес
7.Наброј ги клиничките знаци на болеста:
Febris intermittens, trismus, risus sardonicus-челото е набрчкано,имаболна насмевка,
opistotonus, тонични и клонични грчеви, пациентот е свесен.
8.Колку трае инкубацијата на тетанус?
Во просек од 7-10 дена
9.Што опфаќа постекспозициска профилакса
ХТИГ, Tetalpan (0 ден, 1 месец, 6-12 месеци) + бустер доза на 10 год, обработка на рана,
антибиотик(Метронидазол и Пеницилин), антиконвулзиви и седативи, бикарбонати(ако
има ацидоза), супуративен третман.

10.Кои лаб. анализи ке ги направите?


Пункција на цереброспинална течност за да се исклучи енцефалит или менингит,
крвна слика, да се провери леукоцитоза, да се изолира Кл.Тетани од рана,
да се провери за вакцинален статус на пациентит и состојба на имунодефициенција..

11.Терапија
Хоспитализација во центри за реанимација (трахеоткомија или интубација) антибиотици,
антиконвулзиви, седативи, активна и пасивна имунизација, обработка и дезифенкција на
рана, тетанусен антитоксин Теталпан.

Приказ на случај-3
Пациентка А.М 55 години
Главни тегоби-болка во стомак, гадење, повракање, покачена температура, светла
столица, пожолтување.
Сегашна болест-3 дена пред прием појава на болка под десен ребрен лак, пропратена со
гадење повракање пораст на температура до 38,5, а наредниот ден појава на светла
столица и нагло пожолтување на очите.
Минати заболувања-мајка оперирана од жолчка.
Лична анамнеза-55 години, немажена без деца, негира зависности, во уредни
социоекономски услови.
Од статусот-свесна, субфебрилна, силно итерични склери кожа и јазик сув и беличесто
обложен, на палпација болка во десен хипохондриум. Останат наод уреден.
Од анализите-Билирубин тотален 289, директен 220, индиректен 89, АЛТ 110, АЦТ 75,
алкална фосфатаза 298...

1. Какво е значењето на наглата појава на пожолтување?


Дека најверојатно се работи за Хепатит А вирус, или дека има опртрукција на каналите

2. Доминаицјата на коњугираната билирубинемија на каков тип на жолтица упатува?


Опструктивен тип на жолтица

3. Кои серумски ензими се со повисоки вредности кај вирусните хепатитиси?


Аминотрансферазните ензими и алкалната фосфатаза

4. Кои дополнителни дијагностички иследувања е неопходно да се направат?


Во првата етапа се потврдува присуство на акутен хепатитс според клиничката слика. Во
втората етапа се исклучува акутен хепатитс од невирусна етиологија. во третата етапа се
идентификува вирусот според специфични серолошки и вирусолошки методи.

5. Каква може да биде терапијата во случај на опструктивна жолтица?


Првично се препишуваат антибиотици ако се работи за инфекција на жолчно кеце. Во
зависност од причинителот на опструкцијата, зависи и терапијата.
Камења-Ендоскопија, Тумор-Оперативни зафати.

6. Која е улогата на ехосонографијата во дијагностицирање на жолтица?


Да се направи проценка кој е причинителот за опструкцијата на жолчните канали,
да се процени црниот дроб...

7. Што е најчеста причина за опструктивна жолтица?


жолчни камења или тумори на билијарниот тракт што делуваат опструктивно на
билијарниот дуктус.
8.За кои типови на вирусен хепатит постои етиолошка терапија?
За Хепатитис А, хигиена, диета...

9. За кој тип на вирусен хепатит не постои вакцина?


За Хепатитс Ц, Хепатитс Е и Г

8. Кои видови жолтица се лекуваат најчесто конзервативно?


Неонатална жолтица, Хепатитс А, хемолитичка жолтица, воспаление на жолчно кесе.

10. Кои дополнителни дијагностички испитувања е потребно да се направат?


РТГ, ехосонографија

Приказ на случај-4

Пациент К.А 28год маж


Сегашна болест-наназад 1 месец има покачена температура до 38 Ц, главоболка,
малаксаност, изгубил 4*5 килограми и ма зголемени лимфни жлезди на вратот. Лекуван
амбулантски со Гарамцин, Сумамед но без подобрување.Минати болести и фам.
негира.Лична анамнеза-28го неоженет,неработен,негира зависности и не е алергичен кон
храна и лекови.Епидемиолошка анкета-често патува, последен пат пред 2 месеци бил во
Турција каде што имал незаштитени сексуални односи.
Статус- субфебрилен, свесе, уредни витални параметри, блед, со зголемени лимфни
жлезди на врат обострано ,подвижни, без промени на кожа.Јазик лесно бело
обложенХепар 1 цм под ребрен лак.Останат наод по системи уреден.
Хив инфекција-СИДА
1,Според симптомите која би била работната дијагноза?
Фебрилна состојва од нејасна етиологија со општ инфективен синдром со
лимфаденопатија, со сомнителност за ХИВ-ИНФЕКЦИЈА
2,На што укажуваат податоците од епидемиолошката анкета?
Сомнение за имуносупресија, хив-инфекција
3,Што покажуваат промените во крвната слика?
Тоа с минорни симптоматски промени кои укажуваат на ХИВ-инфекција
Постојат кутани и мукокутани манифестации, општи манифестации и хематолошки
манифестации, а тоа се-тромбоцитопенија, анемија и леукопенија.
4,Која би била диференцијалната дијагноза?
Буркитов лимфом, Кандидијаза, Лимфом, Токсоплазмоза...
5,Кои тестови треба да се спроведат за да се потврди Хив?
ЕЛИСА тест, кој задолшително мора да се провери со ВЕСТЕРН-блот,, ПСР тестирањ

Приказ на случај-5
1. Што е менингит?
Воспаление на меки мозочни обвивки кое може да биде серозно, гнојно и хеморагично
2. Кои се водечки симптоми?
Менингијален синдром, главоболка, фотофобија, повраќање, покачена температура,
мускулно зглобни болки
3. Кои се менингеални знаци?
Закочен врат, менингеален тријас
4. на кој начин се добива цереброспинална течност?
Лумбална пункција
5. Што се гледа макроскопски кај ликворот?
Присутност на крв, дали е бистар или матен , дали е вискозен или течен
6.Кои испитувања се вршат кај ликворот?
цитолочка, хемиска и микробиолошка анализа.
7.Каква може да биде цереброспиналната течност при воспаление на менингите?
Бистар, матен, хеморагичен
8. Наброј предизвикувачи на серозен менингит?
Ентеровируси, херпес вируси, Мумпс вируси, бактерии
9. колкав е бр. На Ле/мм3 кај серозен менингит?
10-100 ле/мм3
10. каква е хемиската анализа кај серозен менингит?
Доминација на лимфоцити. Нормални вредности на протеини, хлориди , гликоза и лактати
11. предизвикувачи на гноен менингит?
Neisseria meningitidis, streptococcus pneumoniae, streptococcus pyogenes
12. колкав е број на Ле/мм3 кај пирулентен менингит?
Неколку 1000/мм3
13. какви се протеините и лактатите кај пирулентен менингит?
Покачени вредности
14. со кои методи се докажува етиолошка дијагноза на менингитис?
Хемокултура, крв, столица
15. Кој менингит е пренослив меѓу човекот?
Оној чиј што предизвикувач е Neisseria meningitides
16. Koj e патот на пренос кај менингококен менингит?
Аерокапков
17. Кој е патот на ширење на ентеровирусниот менингит?
Хематогено
18. Кои се клинички манифестации на менингоконата инфекција?
Петехијални крварења по кожа, васкулитис, крварење
Приказ на Случај 6.
Пациентка е загрижена во старечки дом. Сите згрижени во домот во минатиот ноември
2005г се вакцинирани од грип (сега е месец март 2006).Пациентката М.С доаѓа на преглед
со висока температура и силна главоболка.
Од земената анамнеза податоци се: возрасна е 66 г, во домот е од јануари2006, висока
температура до 39 степени се јавила пред два дена,ја болат сите зглобови има силна
главоболка.
Од минати заболувања боледува од дијабет,има висок притисок и страда од ревма. Од
епидемиолошка анкета дава податок дека пред 14 дена била на ручек кај керката,внуката
која има 4 год и оди во градинка била болна со температура,цело време лежела во
кревет,при тоа и течел носот и многу кашлала. При преглед е високо фебрилна,
тахикардична, тахидиспноична, на аускултација на бели дробови има нормално
везикуларно дишење, абдоменот е мек. Крвната слика е со лимфоцитоза, седиментација
нормална.

1.дали си постапил правилно?


-да
2.дали целосно си го извршил прегледот?
-не потребни се дополнителни иследувања. културолошки и серолошки за докажување на
инфективен агенс.

3.Можно ли е да е болна од грип (сите во домот се вакцинирани)?


- да, пациентката не е вакццинирана, а била во контакт со болен со слични симптоми

4. на што мораш да мислиш кога имаш пациент со главоболки?


- освен грип, недијагностицирани претходни коморбитети, мозочен испад, невролошки
компликации од грипот, бактериска суперинфекција
Пред крајот на работно време околу 3 часот М.С која и по земените анелгетици
главоболката не попуштила, зорува неповрзано и е конфузна.

5. На што те асоцира ова?


- ИАЕЕ (Инфективно асоцирани енцефалити и енцефалопатии) , мозочна исхемија,
хеморагија, менингит

6. Што мораш да преземеш?


- Радиграфски иследувања: МР и КТ, пунктат од ЦС. АБС, културолошки и серолошки
иследувања
Приказ на случај 7
25 годишна пациентка П.С од пред два дена има висока температура до 39 степени, болка
во грло, отежнато голтање малаксаност.
При преглед пациентката е фебрилна, забележуваш зголемени субмандибуларни јазли,
поединечни во големина од околу 1цм, не се болни на палпација и без промена на кожата
под нив. Јазикот е сув и бело обложен, а тонзилофаринксот хиперемичен со гнојни налепи
на тонзилте кои се поединечни без тенденција за конфлуирање. Во земените
лабараториски анализи присутни се леукоцитоза и албуминурија.

Прашања:
1.Кои облик на ангина си го нотирал ри преглед?
-катаралнофоликуларна форма, подтип стрептококна ангина

2. кои се можни причинители на овој тип на ангина?


-бактерии : стрептокок од гр. А и стафилокок ; вирусни – не, затоа што би била
присутна лимфоцитоза а не леукоцитоза

3.кои дијагностички методи би ги спровел покрај присутните лабараториски


наоди и зошто?
- култура од брис од грло + брз тест за утврдување на стрептокок од гр.А и
антибиограм за утврдување на терапија

4. Дали би спровел терапија и каква?


-по резултатите од брзиот тест, антибиотик од избор би бил Пеницилин Б 10 дена
,аминопеницилини,цефалоспорини од прва генерација, а кај алергични на
беталактами макролиди.

Приказ на Случај 8.
Пациентка на 35 год возраст се јавува на стоматолог поради болка во заб и инстистира на
негова екстракција бидејќи не може да ја издржи болката. Пациентката преживеала
траума 6 месеци претходно, кога имала повреда на долната вилица и фрактура на повеќе
заби. Не се авила на лекар по повредата. Во усната шуплина се забележуваат повеќе
расипани заби, лоша хигиена на усната шуплина и белузлави наслаги по букалната
лигавица и горното непце.

Прашања:
1. Кои се главни карактеристики на габичните инфекции?
- Тие се сапрофити. Се класифицираат според микокултура и вид на
размножување (сексуално/асексуално). Некои поседуваат филаменти хифи од
кои градат мицелиум , а некои содржат септи. Хифите се размножуваат со
артроспори, а асексуалните спори со конидиофори. Карактеристично за инф. Со
габи е дека повеќето предизвикуваат осип.
-
2. Кога актиномицес станува патогена?
- По трауматски процес (повреда,екстракција на заб) со влијание на други анаеробни
бактерии
-
3. Кој е препорачаниот третман за актиномикозата?
- Пеницилин г парентерално 4-6 недели од 10-20 мин , а потоа пеницилин В +
хируршки третман
-
4. Што се опуртунистички инфекции?
- инфективни агеси кои имаат потенцијал во одредени услови да предизвикаат
инфекција.

5. која е најчеста габична инфекција што се среќава и кај здрави луѓе?


- кандидијаза (пред. Candida albicans)

6. при кои болести се јавуваат габичните опуртунистички инфекции?


-малигни, сида, имуносупресија (било каква) по долготраен третман со лекови

7. на кое микотично заболување ве наведуваат да размислувате овие клинички


знаци и симптоми кај пациентката?
- актиномикоза
Приказ на случај 9
18 годишен пациент, студент од Скопје се жали на температура,малаксаност,намален
апетит кои се јавиле еден ден пред приемот. Присутна е појава на болка во грлото и
отежнато голтање, зголемени лимфни јазли на вратот и ситен осип по телото. Претходно
препипан Амоксиклав, но без подобрување. На прием, фебрилен, блед, со периорбитален
едем, адинамичен, со назален говор, конфлуентни жаришта на обете тонзили, ситен
макулозен исип по трупот, хепар палпабилен на 2 цм.

1.Што е мононуклеозен синдром?


Акутен вирусен инфективен синдром кој се карактеризира со фебрилна состојба,
генетализирана лимфаденопатија и хепатоспленомегалија
2.Кој вирус ја причинува инфективната мононуклеоза?
вирусот Epstein Barr
3.Како се пренесува болеста?
Аерокапково преку плунка, орален контакт преку бакнеж
4.Кои се најчести причинители на ангината?
Стафилококи, стрептококи, спирохети, фузиоспорни бацили
5.Што има во периферната размаска?
умерено покачени леукоцити и лимфоцити
6.Со кои серолочки тестви се докажува?
Paul bunnell davidsohn тест + Моноспот тест +Индиректна имунофлуоресценција за
докажување на ИГМ и ИГГ антитела за вирусен капсиден антиген, со кои може да се
разликува акутна од мината инфекција

Приказ на случај 10.


Пациент Б.Р 10 годишен ученик од Скопје.
Се жали на температура, малаксаност, намален апетит, болка под ушната школка, оток и
отежнато отварање на устата, болка и неможност за жвакање голтање четири дена пред
приемот, а на денот на приемот и болка и оток во десниот тестит. Две недели пред
појавата на тегобите имал контакт со детенце со исти тегоби. Има повеќе дечиња во
училиштето со исти тегоби.
На прием: субфебрилен(37.5), адинамичен со оток локализиран пред под и зад ушна
школка , тестест, болен на палпација и неограничен од околина. Лесна и хиперемија и
тонзилофарингит, со оток и црвенило на изводот на Стеноновиот канал и од него се цеди
на рпитисок серозна течност. Десниот тестис е двојно зголемен, oтечен со црвенило и
болен палпација.
Од анализите: Во крваната слика е присутна леукопенија со мифомоно цитоза, умерено
забрзана седиментација, покачена уринарна и серумска амилаза, анти паротит игМ
антитела-позитивни.
Прашања:
1.Што е мумпс?
Акутна инфективна, вирусна, силно контагинизна болест која се карактеризира со оток на
паротидните жлезди, меѓутоа и воедно генерализирана болест која ги зафаќа и другите
органи како тестеси.

2.Кој вирус ја причинува?


Paramixovirus
3.Како се пренесува?
Аерокапково, преку нечисти и контаминирани предмети и раце
4.Во која сезона се јавува?
Зима/пролет
5.Каде е лоализиран отокот на паротидната злезда?
Пред.зад, под уво, ангуломандибуларен предел
6.Колку изнесува инкубационен период?
3-5 дена
7.Која е најчеста локализација на болеста?
Паротидна жлезда, тестиси, цнс
8. Наведи неколку диференцијално дијагностички ентитети?
Цервикална лимфаденопатија, гноен паротитис
9.Кои се најчести невролошки манифестации?
Енцефалитис, менингитис, енцефаломиелитис
10. Каков вид на менингитис предизвикува вирусот?
Серозен
11. Каква е терапијата на болеста симптоматска или антивирусна?
Симптоматска – антипиретци, анелгетици, облози, мирување
12. Постои ли вакцина и која е ?
МПР вакција , која е во календарот за рутинска вакцинација

Приказ на случај 11:


30 годишен маж здрав, без претходни болести. Имал кашлица непродуктивна, со темп 38
степени, после тоа 3 дена се смириле симптомите. Пред две недели (така нешто) бил на
одмор во анталија со же на му во хотел со 5 ѕвездички. При преглед имал 120/80 ммХг,
пулс 80/мин и респирации околу 18/мин (мислам дека беше вака). И после тоа имаше
прашање : Која е работната дијагноза? Кои испитуввања ќе ги направиш? Кои специфични
тестови ќе ги направиш? Кои имиџинг техники? Дали ќе му дадеш терапија и што? Дали ќе
го хоспитализираш пациентот? **** После три дена пак се влошиле симптомите. На
аускултација поостро
Работна дијагноза – Легионарска болест – пневмонија (aтипична) според
анамнестичките податоци епидемиолошки веројатно предизвикана од легионела
Испитувања – клинички, лабораториски (диференцијална крвна слика,
седиментација CRP) и рендгенографски тестови
Специфични – индиректна имунофлуоресценција, RIA, Елиса и PCR за докажување
на легионела, пнеумослајд, докажување на антигени во урина.
Имиџинг техники – рендгенографија на бели дробови во два правци Антеро
постериорно и профил.
Терапија – Циклини, Макролиди или кинелони. Римфапицин во потешки случаи.
Третманот трае од 10-14 дена.
Хоспитализација – зависи од општата состојба на пациентот, според податоците кои
ги имаме има потреба од хоспитализација.

Приказ на случај 12
Тримесечно доенче, донесено со водести проливи.На прием тт-3,5кг, темп-38, поспано,со
халонирани очи, вовлечена фонтанела, цув јазик и слузници, намален тургор на кожа и
студена кожа, пулс 140 во мин, дишење ацидотично.Од анализите серумскиот НА изнесува
136мЕ/л.Пх 7,22.Според формулите пресметаната загуба на течности изнесува 600мл.На
оваа загуба се додаваат вобичаиените загуби на вода од 100мл/кг за 24ч, пто во случајот
изнесува 500мл.Загубата на течности поради покачената темп изнесува 10мл/кг за секој
степен.Во конкретниот случај вкупната загуба на течности би изнесувала
600+590+50=1240мл за 24часа. што ознесува 50мл на час.Бидејќи вредноста на На е
136ммол/л значи дехидратацијата е изотона, растворот кој sе дава содржи 0,33%NaCl во
5% декстроза.

Прашања
1,Што е пролив?
Појава на 3 или повеќе течни водести столици во рок од 24 часа т.е. малапсорпција на
вода и електролити.
2,Кои се основните патогенски механизми за настанокот на проливот?
Инвазино-деструктивен , инвазивно-недеструктивен, ентеротоксичен, вирусен,
паразитарен.
3,Кои се основните карактеристики на АИП?
нагол почеток, гадење, повраќање, пролив, болки во стомакот, болка во
акстремитети,општа изнемоштеност.
4,Кои се физиолошките загуби на течноста?
Преку урина, преку фецес, перспиратио инсенсибилис.
5,Кои се причините за зголемени загуби на течности при АИП?
Повраќање, температура, пролив
6.Колку типа дехидратација постојат во зависност на концентрацијата на Натриумот?
изотона, хипотона, хипертона
7,Колку вида дехидратациии има во зависност од процентот на изгубената течност?
3 типа-лесна,умерена и тешка
8,Кои се карактеристиките на умерената дехидратација?
жед, вознемиреност или летаргија, главоболка, губиток на апетит
9,Кое е основното ацидобазно нарушување кај проливите и зошто настанува?
Метаболна ацидоза заради губење на бикарбонати, односно хиперхлоремична ацидоза.
10,Кои се клиничките знаци на хипокалемија?
Замор, адинамија, слабост, ослабена перисталтика, ослабен тетивен рефлекс, депресија,
конфузија, спазми во мускули, грчеви, кршливост на коса, нокти..
11,Кога се дава калиум, кога не ?
Кога имаме клинички знаци за хипокалиемија, во спротивно имаме ризик од
хиперкалиемија,
12,Кои електролити ги содржи растворот за ОРТ?
На, К, бикарбонати, хлориди, гликоза

Приказ на случај 13
Пациент 28 години, земјоделец од Радовиш е испратен на Клиниката за инфективни
болести заради фебрилна состојба и накринување при одење.Болеста започнала пред 3
месеци пред прием, постапно со потење, темп до 39,5 и болки во зглобоите на рацете и
нозете, поради кои третиот ден се јавил на лекар и му биле дадени таблети Цитерал.Нив
ги земал 7 дена, потоа слдело нормализирање на темп, но потењето и зглобните болки
повторно перзистирале.На два месеци пред оваа хоспитализација повторно дошло до
зголемување на темп и потполно вкочанување на десниот колк со неможност за движење,
Бил лекуван на ортопедската клиика во матичниот град.Во тек на овој хоспитален престој,
теп достигнувала 39,5, без правилн рааспоред во текот на денот, со настапи на трески,
студ и морници.Бил лекуван со парацетамол, но 2-3 часапо земањето темп повторно се
појавувала.Примал Амп.Пентрексил и Гентамицин во тек на 10 дена.Направените
рутински испитувања докажале дека има лимфоцитоза лесна анемија и лесно покаќени
вредности на АЛТ.По 7 дена темп се спуштила,но закоченоста во колкот попуштила и е
испратен на домашно лекување со Нифлам.Следниот период до пред три недели при оваа
хоспитализација бил афебрилен но со перзистентна закоченост и болки во колкот а потоа
температурата станала повторно висока со претходна појава на трески,силни болки,
главоболки намален апетит и изгубил 10 килограми.Десетина дена од годишниот одмор
ги минал во Турција.Често патувал во Бугарија.Од животни чувал куче и кокошки, не
конзумирал млеко и сирење.Пред еден месец му помагал на комшијата во штала во која
престојувале две крави и 4 кози.Упатен а клиника за утврдување на причината на
темпертурата и лекување.
1,Дали е оправдано аплицирањето на цитерал од страна на матичниот лекар?
Не
2,Зошто?,
затоа што цитералот дејствува само на определи бактерии, тој требало прво да направи
микробиолошко испитување кај пациентот пред да даде антибиотик
3,Дали лабараториските наоди може да упатат на етиолошка дијагноза на состојбата на
болеста?
Не
4,Кои дополнителни испитувања ке ги препорачате?
Уринокултура, Хемокултура, РТГ на бели дробои, ехо на абдомен
5,Дали се исполнети критериуите да се дијагностицира пролонгирана фебрилна
состојба?
ДА, ако 3 недели има темпертура
6,Кои епидемиолошки, клинички и лабораториски податоци водат кон соменине за
постоење на бруцелоза, а кои се против?
Контакт со животни, особено кози, пролонгирана фебрила состојба, вкочанетост на
локомоторен систем, покачени вредности на лимфоцити, неделувањето на Цитерал,

You might also like