Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Целиот државен врв на „бојно

поле“ – грандиозната воена


вежба на Криволак докажува
дека сме подготвени за НАТО
 19:15 17.06.2019
Овие звуци не доаѓаат од активно воено подрачје, туку од најдобриот полигон за воени вежби на Балканот. Со грандиозна воена вежба на
Криволак, македонските војници докажаа дека се подготвени да учествуваат во операции со најмоќните армии во светот. 2700 македонски
војници заедно со своите колеги од уште 5 други држави ја изведоа најголемата воена вежба досега и ја покажаа својата борбена и одбранбена
готовност.
Денот беше предвиден за високи гости, а освен в.д. амбасадорот на САД во земјава Микаела Швајцер Блум, присуствуваа и воени атешеа од
повеќе држави, меѓу кои и на Грција. Земјава докажа дека е подготвена за да биде дел од НАТО, а очекувањата на врховниот командант на
армија се дека најголемиот партнер, САД до крајот на летово ќе ја заврши ратификацијата на протоколот за наше членство. Додаде и дека ги
подржува реформите во одбраната и дека земјава ќе ја исполни својата обврска да го зголеми буџетот за армијата.
„Одлучен удар“ почна на 5 јуни, а ќе трае до 9 јули. Целта на вежбата е да се покаже компатибилност и усогласеност на армиите кои се дел од
НАТО, токму затоа повеќе од еден месец војниците од 6 држави ќе симулираат воена битка на здружени воздухопловни и копнени сили,
составени од артилерија, пешадија и авијација.
Кристина Атовска
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината
којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно
позитивните законски норми.

You might also like