Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Реконструкција на владата, НДП ќе остане без министерство?!

Alsat2019-06-17T20:08:46+02:00

Иако се очекуваше поголема реконструкција, меѓу осумте министри опфатени од „метлата“ на Зоран Заев се дознава дека ќе бидат и министрите за

култура, земјоделство и политички систем. Од партијата Алтернатива на Африм Гаши, велат дека во наредните денови се очекува официјализирање на

кандидатот за ресорот култура.

ДУИ од друга страна го затвори поглавјето на реконструкцијата со предлогот министерот за животна средина Садула Дураку да биде министер за

политички систем, а на негово место во екологија да дојде Насер Нуредини. Иако Интегративците велат дека реконструкцијата за нив со ова завршила,

извори за Алсат неофицијално велат дека СДСМ и Заев, не го прифаќаат предлогот Дураку да биде министер за политички систем. Исто така,

неофицијално се дознава дека Министерството за локална самоуправа со која сега раководи кадар на НДП, ќе му припадне на ЛДП, а министерството без

ресор за подобрување на климата за инвестиции за домашните компании со кое раководи Зоран Шапуриќ, да им припадне на ромските партии.

Од СДСМ не го спомнуваат името на министерот за култура, а извори од Социјалдемократите велат дека со реконструкцијата ќе се опфатат и министрите

за транспорт и врски, Горан Сугаревски и министерот за финансии, Драган Тевдовски. Премиерот Зоран Заев на седницата на Централниот одбор на

партијата рече дека реконструкцијата ќе опфати и околу 20 директори од централно и локално ниво, процес кој ќе се одвива во неколку фази, а не се

исклучува можноста за предлог за директорите да се земе во предвид и мислењето на новите министри. Имињата на новите министри и директорите ќе се

знаат наредната недела. Владата не ја исклучува можноста меѓу 24 и 25 јуни предлозите за министри да се достават во Собранието.

Адриан Керими

You might also like