Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Работата е во тоа што мојата генерација е ништо.

Баш ништо не чувствува, ништо вистински, затоа


што се ни е уништено, а ние само го изгубивме контактот, контактот со она најважното, ние и не
знаеме што е најважното и не знаеме што значи најважно, го изгубивме контактот, драги мои. А
треба само да сакаме и да сакаме. Што ќе кажете вие на ова?

И. Вирипаев

Време- денес. Кадар - птичја перспектива, постепено слегуваме се поблиску до


Локацијата- централно градско подрачје. Автобуси, движење, бучава, свирење на
автомобили, нервозни возачи. Книжарница, излог, Јас, ако ме забелеижиш од страна
изгледам како некој кој бесцелно си го троши времето, стојам и гледам, на рафтовите
на излогот уредно наместени книги со наслови кои те учат- “ Како да бидеш среќен “,
со водич “ за 10 дена” цена 500 ден. Малку како да ме скокотка делот од насловот-
среќен?! А пред воопшто да решам да гледам во книгите си реков- Нема купување книги.
Едноставно е, не сакам да купувам книги зашто нема кога да ги читам. Дома имам книги
што комотно можам до пензија да читам.
( Крупен кадар - директно гледам во гледачот и го поставувам прашањето- Да бидеш
среќен??? А ШТО, СЕГА НЕ СУМ СРЕЌЕН? Или можеби лошо го формулирав прашањето-
Ако ја купам книгата, тоа значи дека не сум, па сега сакам да поработам на среќата???
Така? Инаку, зошто би купил книга која ќе ми каже како да бидам среќен? Или да си ја
купам -... за секој случај. )
Седам пред излогот на книжарницата и си размислувам, поминуваат покрај мене стотици
луѓе кои брзаат некаде, кои се трудат да стигнат на време и секогаш доцнат од 7 до 10
минути, луѓе кои сакаат да го навјасаат денот и после се, дома, пред да заспијат да си
речат- Денес успешно се справив со се. Јас сум среќен.
Обично не е така, на крајот на денот, пред да заспиеш си велиш- уф уште колку работи
треба да завршам, утре нов ден со нови обврски, кредити, сметки стрес на секое ѕвонење
на телефонот си велиш Кој е сега? Што е сега? и други останати баналности кои не гушат.
Веќе е 2 часот а ти уште не можеш да заспиеш. Едноставно го решаваш ова- го ставаш на
глава кебето и темница. Следна сцена е – Утро.
А, како да бидеш среќен? Само за 5оо ден, па не е толку скапо, сепак се работи за среќа.
Оваа книга е идеална како подарок. Но, секако не е за секој. Не може секој да биде
среќен.
Што треба да исполнува особата на која може да и ја подариш книгата? Се преферира
особата да биде женска, Да не е во врска, или да има заборавено од кога е во врска, не е
сигурна дали го сака дечко и, па кога би ја прочитала книгата , можеби ќе се пронајде себе
си во духовна смисла.
Во друштво на непознати, самата за себе да вели- Јас сум љубителка на книги, многу, ама
многу сакам да читам...на плажа да оди нашминкана или, Да биде во државно вработена
( мора да си мисли на нешто позитивно и така секојдневието и е исполнето со нервози и “
стрес ”:
Бироа од 80тите, се е прецизно поделено, два филџани со кафе, пепелник и цигари кои ја
зачадуваат просторијата. Разговорот се води со уживање.
Колешка 1: Ја виде Наташа, цел град ја збора... Леле леле каков пар беа, тој висок, таа
висока, тој плав, таа плава, како од филм.
Колешка 2: Се разведуваат, со адвокати со проценители, да ги дознај цел град, а таа на
фејсбук секој ден слики, па тој лајк на секоја слика става... срамота, за децата срамота.
Колешка 1: Децата кај ќе бидат кај неа или кај него?
Колешка 2: Мислам дека кај мајка и... овие се само за шетање, тие дома не се вртат ).
Повторно јас пред излогот, од време на време чувствувам како добивам поттурнувања од
луѓето кои поминуваат покрај мене, а јас не тргам поглед од излогот.
На рафтот до претходната книга стои уште една книга – “ Како да бидеш среќен” со
водич “ за 7 дена” , потцртано- од авторот на Хитот – “ Како да бидеш среќен ”. Ова седум
дена ти е супер како за на одмор.
( Кадар, плажа, на лежалка, книгата ја ставаш меѓу нозе, правиш фотографија, ја
постираш на инстаграм, ставаш хаштаг седум дена хаштаг на чекор до среќата, и
почнуваш да читаш и од време на време проверуваш колку лајкови береш, спроти тебе
комшијата на лежалка , го чита насловот, со подбив ти вели-
Комшивке, уште колку дена ќе бидеш среќна?, тебе ти останале уште два дена од
одморот, после два дена сигурно нема да бидеш среќна, зашто треба да чекаш до
следната година за повторно да одиш на одмор, а веќе си ја завршила книгата со читање,
веќе во финалето на книгата ти веќе треба да ја чувствуваш среќата, а мораш да се
пакуваш за враќање дома, така да имаш некои измешани чувства кои не се баш поврзани
со среќа, така да, некако губи од логика книгата )
Брз кадар- Барам нешто друго, шарам со погледот по книгите. Забележувам во
централното подрачје на полицата стои – “ Биди среќен во урбаната џунгла ”, со
водич, помало книжуле на кое пишува- само за 3 дена. ( Ако би било ова во филм,
сигурно после изговорените зборови- само за 3 дена, како во индиски филм ме зумира
камерата и јас со ококорени очи ќе стоев пред излогот и ќе шепотев... за три дена. И три
извичници и прашалници над главата ќе ми се појавеа. ) Авторот сметал дека живееме во
многу бурно време, динамика, кариера, напишал нов тридневен водич. Супер. Дали има
водич за еден ден???
(Пак се враќам на насловот, тоа ме мачи. Кадар, згрчена фаца и погледот фрлен преку
излог. И оди само вокалот со малку ехо: ... урбаната џунгла...
Си велам А што кога книгата се продава во град каде што има три улици и две рала
семафори- Се пропаѓа во вода и водич и книга и урбана и џунгла.
Мисла број 2-
Толку сите овие книги функционираат само на амерички пазар што се чудам како кај нас
ги купуваат. Ја прелистувам книгата и само од на нога веќе ти е јасно што има внатре.
Ако би имало хорор реклама за книгата:
Кадар- се појавува американка како восочна фигура, што не знаеш кога се смее, зашто
имаш чувство дека постојано е насмеана, Само за три дена. Повторува. Само за три, се
слушаат во позадина гласови- Среќа??? Успех??? Љубов и крупен кадар на устата... само
за три дена и тоа се повторува 100 пати ... Саааамоооо зааа триии дееена.
А книга која дава среќа веднаш, нема. Очекував наслов- “ Биди среќен- сега. “ Таков
наслов, не видов. Продолжив да грицкам од сончогледот. Веќе уживав. Ми станува
забавно.
На втората полица- следува категоријата на книги посветени на:
Здравје, лечење со треви и билки од памтивек, Храната како лек, Медот и тајните моќи,
Третман со коприви, Народниот мудрец, Како се лечеле нашите претци?, Што се крие зад
Болките во грлото?
( Како што ги читам насловите почнувам да се преиспитувам за сопственото здравје,
Кадар- поглед во насловот, кадар- загрижена фаца, со раката се фаќам за вратот и
голтам плунка да проверам дали чувствувам болка во грлото )
Како да се излечите од ( ова е едиција од деведесет книги ) што сакаш стави ќе има книга
за тоа, ете пример- Како да се излечите од ЉУБОМОРА. Како.... од прејадување, Како
да.... од гледање Тв, Како да се... од бесцелно листање низ Фејсбук. Тука може да има и
некоја книга која не е преведена, па се продава на Хрватски- Narodni Ljecnik.
На крајот си велиш – дај да ја најдам книгата – КАКО ДА СЕ ИЗЛЕЧИТЕ ОД замарање со
сите овие глупости- таква книга- нема. ( Кадар: Разочаран и со погледот лутам низ
насловите од полиците. )
На самата полица има уште една подгрупа на лечење, ова се книги за лечење во духовна
смисла.
Шараламан Шахтур- Капките на медитацијата- ( Стресот... гуруто Шараламан ) Ова се
зборовите кои се потребни за ваквите книги, битно е да биде базирано на Источњачка
филозофија и да се бориме против стресот.
- Јога, медитација, Фенг шуи, летаат како алва. Ми вели продавачот, Медитацијата
малку падна Последниве години од кога почина Шри Чин Мој.
( Сакав да се пошегувам на сметка на Буда, ама ај реков да не се навреди
продавачот а и не сум до крај сигурен дали тој Шри Чин мој беше со Буда поврзан )
На оваа полица може да има залутано книги на секташки духовни учители, до книги за
“ Позитивното мислење ”,
Повторно кадар: Хаха ха ха ние со позитивниот мислење ќе ја оправиме споулавената
денешница. Хах (Кадар- Горчливо насмевнување како во кантри филм, крупен кадар на
мене, крупен на книгата- во фокус .... само делот од насловот каде што пишува
позитивното. И Само оди- Сериозни сте? – одѕвонува во просторот. Ова прашање е и до
издавачите и до читачите? ) Го препрочитувам претходниот пасус и си велам- Ова што го
напишав би го сместиле во класичен говор на омраза. Да другари , ама говор на омраза
кон “ литературата “ која не испразни а се продава замотана под превезот на духовноста.
( Кадар: Фацата – продуховена. )
Тука ќе го завршам погледот кон духовноста и кадар на следната полица која е малку
затскриена, се наведнувам, ми запира погледот на секоја книга одделно.
Следната категорија на книги е скоро стручна литература, т.е. стручна литература за
обичниот човек ако може така некако да се формулира, Овие книги се идеални да бидат
фотографирани и постирини на инстаграм под нив може да има хаштази
# бизнис # пари # кариера # There are no secrets to success. .. #Лекцијазаживот
#никогашнеекасно #многумизгрешиле #вртамновастраница #големинатаедапростиш (
Овој последниот хаштаг како да оди под фотографија со јајце за Велигден )
Книгите се со наслови- Трговецот кој никогаш не се откажа.
Никогаш не вели не. Првиот чекор тежок, но тој до милионот- потежок. Како да војуваш
со диносауруси. Научи се да пливаш со китови.
( Сцена во книжарницата- Бруцош на економски факултет, отсек Бизнис и
Продавачот. Наслов на сцената- НАДЕЖ
Бруцошот, посветен.
Бруцош- Ми треба книгата од Идеја до реализација, дали ја имате ?
Продавачот: Ја Имаме, Тоа е компилација од три книги, и две цедиња со предавања.
Бруцош: Дајте ми ги... ( ВАди од џебот 6500 денари ги купува книгите )
Кадар: јас стојам зад Бруцошот и мрморам нешто од типот- пф... што си мисли? демек
бизнис ќе оформи па сега книги му требаат за тоа... пуф... ајде, ајде бруцош е ќе му
помине паф... и така си мрмлам, Бруцошот слуша дел од коментарот и само вели- не
сакам да оформам бизнис, сакам да положам испит- книгите ги има напишано
професорот. )
Продолжуваат понатаму- Удрете на сетилата, Кој е твојот бренд? Во заграда под насловот
пишува ( Како да создадеш бренд дополнето издание )
Продавај кога е најтешко. И купишта бизнис книги кои те учат се а твојот бизнис цвета ама
во фантазијата, а во реалноста:
- ( Изјава на емисија за ЛОКАЛЕН БИЗНИС која оди во Недела во 8 часот )
-пробувам да обезбедам пари за кирија, за дуќанот што го отворив.Продавам
полукожни чевли и свадбарски костуми. Чевлите – не одат. Костумите- се продаваа
дури имаше матури и свадби, сега треба да се издржи. А...да сакам во едниот дел на
дуќанот да правам хот- дог... има во близина училиште...
Која црна бизнис книга ќе го спаси човеков ?
Се откажувам од “ бизнис полицата ” и се префрлам пола метро подолу, шарени корици и
наслови- Совршена мајка, Она што е дел од тебе, Биди борец мајка, Мајка и дете...
И си поставувам едно прашање- Добро бе може некој да напише книга со наслов- Татко и
дете, Или Она што е дел и од тебе и во заграда нека напишат- книга за татковци или
Совршен татко а притоа да не е ироничен насловот на книгата.
За татко книга нема. А во реалноста што правиме ние како татковци???
Ние- Переме ( добро, знаеме да ја пуштиме машината барем на три начини на перење а
нашите татковци ни тоа не го правеле )
Пегламе?- ( Таква е машината, ги пере, ги суши и внатре ги пегла, така да оваа активност
жените се молат да не ја спомнуваат дека ја обавуваат )
Ручек? ( Покрај толку диети, дали се поставува прашање за Ручек?
Добро де, на ручек се бере цела фамилија. – ова е првиот коментар од постарите.
Ама како да се собереме кога сме различна смена на работа, освен Недела, ама во
Недела и за празници одиме некаде, така да Ручек го елиминираме како активност. )
Чување дете? – Кој ако не таткото. Зошто? Зашто мајката била цел ден со него а сега
таткото се врати од работа и природно и логично е тој да ги помине попландевните
часови со детето.
А на крајот, книга за таткото нема, книга за мажот нема. Само жените остануваат во
историјата а за мажите ништо.
Некако не е фер- си реков и разочаран заминав од пред излогот .
Кадар, локално кафуле, на шанк-
Јас: Ете вака завршува мојата прва колумна. Да, т.е. не е ни колумна.
Шанкерот: А што е?
Јас: Како исповед ми лежеше, морав да го споделам. Нешто како филм на лист хартија.
Па тоа како стоев пред излогот на книжарницата и гледав во насловите на книгите.
Шанкерот: Пред кој излог??? Кај нас нема книжарница.
Јас: А да, да нема, добро де, си замислував како би било во нашиот град да има
книжарница и какви наслови би се продавале најмногу. Со тоа се занимавав.
Шанкерот: За почеток добро е да има книжарница. И не само тоа. Туку битно е да се
пишува.
ЈАс: е.. да. Да се пишува.
Кадар: Поминува келнерот и вели- Дечки, дајте да пишеме спортска... Полека се губи
гласот, разговорот продолжува, само се гледаат движењата на устите, во позадина
оди пригушениот џез, од време на време се слуша моето смеење како ехо кое се меша
со саксафонот.

You might also like