Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Часот е 8 и 30, утро, седам во локалот кој ми е најблиску до работата и го пијам утринското кафе.

Секогаш кога ќе тргнам да го пијам кафето имам посебен ритуал, прво: тоа да биде вистинското
кафе, што мислам, кога велам- вистинското.

Не се работи за тоа колку кајмак ќе има кафето, туку на која локација го пијам и додека го пијам
какви средби ќе остварам. Поточно, утринското кафе е прва средба со градот, мислам на градот
што остана, останатото пиење на кафе е по скајп и споделување на импресии со другарите кои
рабтат во странство, муабетите се за тоа колку сме заглавени а тие од другата страна на
компјутерот во исповед, колку им е тешко но дека се снаоѓаат. На крајот кога ќе резимираш и тие
таму и ние тука се трудиме да се снајдиме.

Се враќам на утрото, прво кафе. Ако на едните им е битно во која куќа влезе Марс ( ова го лупнав
така може Марс не влегува во никаква куќа, ама поентата ми е дека астрологијата е “ чудесна ”
женска работа ) машкиот свет се замара какво кафе ќе пие и вечер Манчестер дали ќе “ тепа ”.
Банално но тоа ни ги исполнува празнините од една напнатост до другиот стрес.

Ај да пробам да направам една “ женска ” анализа на пијачите на кафе:

Кафе- количина 3/4ти во мал филџан- личност која сака силно будење и се спрема за бурниот ден
што те очекува. Ако си пушач, резултатот е три до четири цигари, кофеизиран и никотинизиран со
“ полна ” плуќа го започнуваш денот.

Кафе- полн мал филџан. – Едноставно како личноста да вели: Сакам работите кога се во целост.

Резултат- трепет на срцето, не е љубовен трепет бидете сигурни. Тогаш е време за Геврек или
останати теста, кои подоцна во животот ќе ви се одразат на стомачниот дел од вашето тело. Па ќе
ги замарате луѓето со : Еј дај бе кажи некоја диета. Ете оваа: Се јаде само месо. А твојот одговор е
секогаш- А кафе можам да пијам?

Кафе може да се пие колку што сакаш. Ете Сите диети велат- Пиј кафе колу што сакаш.

Кафе, Полн голем филџан—Ова е доза за луѓе кои имаат доволно време да испијат кафе и да
седат најмалку час и половина. П.с. Додека се пие кафето може и да се јаде и да се разговара за
најразлични теми од животот . Може и да се чита евтина литература, едноставно одмара и на
крајот на краиштата нема што да научите, така да подобро е отколку да се труете со евтина
политика. Кога би резимирале стигнуваме до една Коељовска поента

ПОДОБРО ЕВТИНА ЛИТЕРАТУРА, ОТКОЛКУ ЕВТИНА ПОЛИТИКА.

Сите овие операции додека се извршуваат кафето се дозира постепено. После час и половина
имаш чувство дека не си пиел кафе.

Често пати велат- Еспресото е Италијанска работа. Како да не. Тие го пијат еспресото во две три
голтки и крај.

Пиењето кафе е наша работа- Балканска. Да пиеш кафе значи дека не ти треба ни писхолог ни
психијатар ни телевизија ни гугл ни кладилничарски размисли. Тука имаш се. Секое утро- трач
рубрика.

Од трач рубрика издвојуваме:


Му велевме на Пеце, немој со онаа бе, немој... и ете на крајот му ја зеде колата и пола дуќан, сега
чевлите ќе си ги делат по судој ( се смешка со задоволоство. )

Психолог

Брат, абе по цел ден чисти оваа мојата, ко ќе ја слушнам правосмукалката ми се крева косата..
прво нешто што гледам- гледам да ме снема од дома. Па ко ќе се вратам кавги цела вечер, ништо
не чистиш, хигиена нула, те нема дома, да се посветиш малку околу децата... не е сеамо платата
донеси ја и да те нема, не е тоа бракот.

( Па добиваш совет како од психолог )

- Е па брат не треба да и ја носиш цела плата, тоа е спасот, ако веќе се расправаш, расправај
се и за платата... Плус ќе ти останува поголем буџет за по кладилници и се разбира за по
кафани. Да не должам сакам да ти кажам, дека нема да се гребиш пијачка секој ден.

Дебата- политика

Ете ги остај на цедило сите, сеа шо прајме?

И јас истото го велев.

Како да не си го велев, до вчера трчаше со знамињата му аплаудираше, се сликаше кај шо ќе


стигниш, па на фб само лавчиња постираше, не с епрај на будала.

Кладилница

- Виде Наполи???
- Дечко не разговарам со второ лигаши. И дај предлог шо да пишам за вечер?

Тоа што ви се тресат рацете и имате чувство на вознемиреност не е од пиењето кафе, туку од
анксиозноста која не голта и не тера да бидеме постојано во Паника, за Паничните напади во
друга прилика. Сепак најдобро ќе биде да завршиме со една шоља кафе, за добро утро, за добар
ден и за не спиење... пијте го кафето во каква сакате доза и во каква сакате јачина, пијте кафе,
споделувајте приказни, случки и искуства, оти другарите што ни се иселија немаат време да пијат
кафе. И ние немаме време де, добро за кафе муабет , секогаш ќе се најде едно пола саат, саат...

You might also like