Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Убаво, ама филозофот за кој тука станува збор не зборува само како научник.

Зборува и како политичар, како што објаснив веќе во својот втор напис на
тема македонскиот јазик. Кога зборува како политичар, тој не се разликува многу од Б. Борисов и Е. Захариева. Иако неговиот јазик е многу учтив, мек и
наместа езоповски. Што е во прашање? Некој вид интелектуален конформизам? Или пак дефицит од факти на кои укажав, а за кои зборуваше Конески
пред некои полни 70 години? Денес актулен и убедлив како и пред толку многу години!

Ако е второто во прашање, тогаш надвор од секакво сомнение е дека еден филозоф од голем „маштаб“ како Ив. Дичев има добар увид (подобар од
мојот?) во науката на еден негов собрат по перо и етно-потекло со кој денес, со полно право, се гордее модерна Бугарија, а кој западниот свет го слави
како „апостол на хуманизмот“. Станува збор за Цв.Тодров кој во својата велеучена книга „Заеднички живот, расправа за општата антропoлогија“ (La vie
comune, Essai d’anthropologie générale) подложува на остра критика една долга интелектуална традиција (Хегел, Ниче, Маркс) која ги разбира
посебностите (разлики, единки и, респективно, нации) како спротивности или антагонистички поларитети. Што е, според зборовите на Тодоров,
флагрантен „редукционизам“. Детали за тоа нема изнесувам. Тие му се добро познати на Ив. Дичев. Има, меѓутоа, нешто друго кај Тодоров. Фрла
крупна сенка на сомнение врз теоријата дека отровното млеко на „етнонационализмот“ е толку силно што нема човек кој нема да му подлегне. Тие
детали заслужуваат да бидат изнесени. Барем некои, најнеопходните.

You might also like