Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Прв центар за жртви од тортура – мора да се почитуваат

човековите права и достоинство

26.06.19 07:55

Прочитано : 25

Човек со својата сопруга и дете, во центарот на Прилеп, осомничен како ситен престапник, крадец, одеднаш е приведен, внесен во полициско комби,
физички малтретиран, тепан. Главно, да призне криминално дело. Сето тоа остава физички и психолошки последици. Случајот стигнува до судот, а
првостепената пресуда е ослободителна за малтретирачот- полицискиот службеник. Постапката продолжува, по жалба, до Апелацискиот суд. Во тој
момент се формира и се вклучува тимот од првиот Центар за рехабилитација на жртвите од тортура. Мониторингот на тимот и повторното, вратено
судење, донесува казна за малтретирачот-полицаец. Условна. Но голема заслуга на тимот на Центарот за рехабилитација на жртвите од тортура.

Чекор напред во почитување на човековите права. Вака се доживува оваа „победа“ на тимот на овој Центар, со седиште во Прилеп, а прв во државава.
Соодветно се одбележува Меѓународниот ден против тортурата, 26 јуни. Центарот, формиран пред околу четири месеци во рамките на невладината
Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп работи на случаи на тортура на луѓе во притвор или во затворскиот систем во земјава. Проектот
„Сеопфатна акција против тортурата“ е финансиран од Европската Унија, а е имплементиран од мрежата за помош ИАН, од Центарот за човекови
права од Ниш и од Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп. Овој проект е резутат на заедничката иницијатива на овие три организациии кои, во
изминатиот период, повеќе од 20 години работат на полето на остварувањето на човековите права.

Општата цел на проектот е – свет без тортура. Свет каде сторителите на делата се излезени пред лицето на правдата, а жртвите на тортурата
продолжуваат да ги уживаат своите загарантирани човекови права, вели Талија Петреска, експерт за дејствување и лобирање во рамките на овој
проект и на Центарот кој во овие речиси четири месеци веќе работи на 10-ина случаи.

-Сметаме дека се случи мал напредок зашто добивме пресуда, а споменувам дека станува збор за прилепскиот суд, во која за виновно е прогласено
лицето кое вршело тортура и станува збор за полициски служебеник. Иако станува збор за условна казна, случајот не е конечен, но е еден вид
напредок, нагласува Петреска.

Тортурата претставува едно од најсериозните злосторства против човечноста и достоинството и поради тоа се смета дека треба да се заземе целосна
акција која вклучува: медицинска, правна и психолошка помош. Првиот Центар во земјава беше отворен при крајот на февруари Досега, во овој дел од
Балканот, само во Северна Македонија немаше таков центар. Петреска објаснува како фунционираат досега акциите.

-Овој проект подразбира повеќе активности: обука на персоналот. Тортурата се смета дека, најчесто, ја предизвикуваат затворските службеници како и
полициските лица, односно, службените лица кои се ангажирани и се вработени во местата за притвор, за задржување на затворениците. Во
изминатиот период имаше повеќе обуки на персоналот во овие институции. Истовремено, беше создадена и мрежа на организации на териотријата на
земјава кои работат на остварувањето на човековите права, поточно, во делот каде настанува прекршувањето на човековите права. Истовремено се
работи на приспособување на дефиницијата. Имено, согласно со конвенцијата за тортура, поточно член 1 од оваа Конвеција, има посеопфатна
дефиниција која ги опфаќа сите елементи на тортурата. Посебно се потпира на физичкото и на менталното страдање, како и на сериозната болка на
жртвите од тортура. Но ова дело има три битни елементи – тоа е намерно дело, предизвикано од тешко физичко или ментално страдање, тоа е дело
кое се нанесува со одредена цел и го нанесува државно службено лице, објаснува Петреска, нагласувајќи дека тортурата не е нешто кое се случува во
овој момент. Можеби се случило пред 20 години. Тука се битни институциите – медицинскиот персонал кој треба да биде обучен како да ги забележи
првите знаци на тортурата, да ги евидентира и врз основа на тоа се води постапката, а успешноста на тоа се базира врз успешно собраните докази.

You might also like