Koreli Jana

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Надлежните смируваат: Станицата за мерење во Паланка е

расипана, енормното зрачење е грешка

26.06.19 10:41

Прочитано : 109

На сајтот на Европската комисија во делот за набљудување на радиоактивноста од 19 јуни се покажува енормно зголемување на зрачење од гама
зраци (гама-зрачење) кај Крива Паланка, што предизвика паника помеѓу граѓаните кои ги забележале мерењата.

Меѓутоа, од Дирекцијата за радијациона сигурност велат дека нема простор за паника бидејќи станува збор за грешка која се покажува на сајтот за
мониторинг затоа што се расипала станицата за мерење.
Од Дирекцијата веќе контактирале со Општина Крива Паланка и со Институтот за јавно здравје, кој е задолжен за менаџирање на станиците. Велат дека
станицата е веќе извадена и е донесена во Скопје на поправка. За да не се шири паника во текот на денот се очекува да се огласи и Институтот за јавно
здравје.

Гама зрачење или гама зраци е облик на електромагнетно зрачење со најпродорни фотони, односно со најмали бранови должини во електромагнетниот
спектар.

You might also like