NANOLINIJA

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Тој смета дека одредбите во Законот за спречување на корпуцијата и судирот на интереси се спротивни на Уставот.

„Иако веројатно водени од амбицијата за catch-all одредба која би требало да превиди секаква можна неспојливост на функции сепак член 44 став 2 од
Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси е несреќно решение. Преку целосното преземање и проширување на член 8 од Изборниот
законик, само се отишло понатаму кон неуставност особено ако се толкува преку вака ригиден текстуализам како што тоа често бива кај нас – вели
Денис Прешова во текстот објавен на неговиот Фејсбук профил.
Според Прешова, последиците од ваквото толкување се небулозни, ако се истиот член се примени и на другите функционери.

„Ако член 44 став 2 се толкува во насока на ваква неспојливост тогаш во истиот момент ДКСК ќе треба да покрене постапки за пратеници кои се
претседател, потпретседатели на Собрание и претседатели и членови на комисиите на Собранието зашто истите се избрани од страна на Собранието.
Ова е само една од мноштвото на вакви небулозни ситуации во кои ќе се најдете ако оваа законска одредба се толкува на начинот на кој тоа се прави,
што води кон неуставност. Да не збориме дека член 89 од Уставот неспојливоста и за претседателот на Владата и за министрите ја регулира заедно, а
не одвоено како во член 44…Едноставно… не е ова плукни-залепи – Дени Прешовa, експерт по уставно право и политички систем.
На иста линија со Прешова, и денеска и пред неколку дена, е професорот Драган Гоцевски од катедрата за админстративно право на „Јустинијан Први“
при УКИМ.

Во изјавата која тој ја даде за „360 Степени“ во саботата кажа дека нема проблем премиерот да биде и министер, како што нема проблем министри да
бидат заменици на премиерот.
„Членот на влада, е чисто политичка функција, без разлика дали станува збор за претседател на влада, министер, заменик министер, министер без
ресор. Акумулацијата на функции во едно лице не е непозната во домашната практика, впрочен и по законот за владата замениците на владата ги
избира претседателот на владата од редот на министрите – изјави Драган Гоцевски на 23.6.2019 г. за „360 Степени“.
И покрај различните толкувања, премиерот Зоран Заев одлучи да го повлече предлогот тој да биде и министер за финансии поради мислењето на ДКСК
и реакциите од опозицијата. Ако се земат во предвид ставовите на научната заедница, прашање на време е кога Законот за спречување на корупцијата
и судирот на интереси ќе се најде пред Уставниот суд.

You might also like