Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

26.06.

19 17:45

Прочитано : 0

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Кокаланов за Призма:


Да пијам солена вода илјада години, да не допрам веќе бродско дрво, ни патос на двокатен автобус, и да умрам од падот од столчето за лулање или од
некоја лежалка на песочна плажа, ако ова што ќе ви го раскажам не е вистина. Се колнам во сите демони дека сè беше баш така, од збор до збор како
што ќе ви раскажам.

Се сретнавме без претходен договор. Тој седеше на една клупа и замислено гледаше напред, чиниш накај гнилите, оградени со ковано железо,
општински бараки, а всушност некаде далеку, далеку, во минатото можеби, и ќе помисли човек дека се беше скаменил во времето да не му се
насмевнеше сосема природно на ноќниот чистач, оној чија метла е навистина за ѓубре, можеби понекогаш и за летање, но никако не е метафизички
алат за брзи промени во благосостојба и среќа.

Целата колумна на Призма на следниот линк.

You might also like