Ракомет и Голмански Техники

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 18

Ракомет и голмански техники

Содржина:
1.Вовед ........................................................................................................2

1.1 Ракомет.....................................................................................2

1.2 Историја на ракометот.............................................................2

1.3 Игралиште и гол.......................................................................3

2.Главен дел……………………………………………………………………..4

2.1 Голман во ракометот...............................................................4

2.1.1 Елементи на голманската техника...........................7

2.1.2 Како да се разбере стрелецот................................10

2.1.3 Задачи за голман за време на контранапад..........12

2.2 Основни елементи на играта во ракометот.........................13

2.2.1 Основен ракометен став.........................................13

2.2.2 Примање и додавање на топката во ракометот...14

2.2.3 Одбрана на удар на гол во ракометот...................15

2.2.4 Техника на движење без топка...............................16

2.2.5 Одбрана врз пикер во прием на топка...................16

3. Заклучок.................................................................................................17

4. Користена Литература......................................................................18

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 1


Ракомет и голмански техники

1.Вовед

1.1 Ракомет
Ракометот е екипен спорт со топка, во кој се
напреваруваат две екипи по седум играчи (6 играчи + 1
голман) на двете страни. Играта трае 60 минути (2
полувремиња по 30 минути), а цел е да се даде повеќе
голови од противниците. Топката се води слично како
во кошарката, со топкање и подавање но се игра со
помала топка и со други правила на водење на топката.

1.2 Историја на ракометот


Ракометот, во формат 7х7, како олимписки спорт е вратен во 1972 година,
на ХХ Олимпијада во Минхен, но само за машки селекции. Се играше во сала, а
први Олимписки шампиони станаа ракометарите на Југославија. На следните
Олимписки игри, во Монтреал 1976 година, беше вклучен и женскиот ракомет. Прв
женски Олимписки шампион е репрезентацијата на СССР. Првото Светско
првенство за мажи, во формат 7х7, е организирано во 1954 година, во Шведска.
Првото женски Светско првенство, во овој формат, се одржа во Југославија , во
1957 година, а титулата ја освои селекцијата на Чехословачка. Нов импулс во
развојот на ракометот, е формираљњто на Меѓународната Ракометна Федерација
(IHF) во 1946 година.

Новата органицазија утврди програма за развој на ракометот, и почна со


организирање на светски првенства, како во машка така и во женска категорија, во
формат 11х11. Прв женски светски шампион е екипата на Унгарија, која победи на
првенството организирано во 1949 година во Будимпешта. Во 1928 година, во
амстердам, беше формирана Меѓународната Аматерска Ракометна Федерација
(IAHF), во која членуваа 11 национални федерации и која профункционира до
1944 година. Во 1926 година ракометот е признат како меѓународен спорт, што
беше импулс за неговото масовно ширење во Луксембург, Швајцарија, Шпанија и
други земји .

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 2


Ракомет и голмански техники

1.3 Игралиште и гол


Димензиите на ракометното игралиште се со должина од 40 метри и
ширина од 20 метри. Терените се воглавно во покриени простории, а подлогата
главно е од дрвен паркет, иако денес се користат и материјали од тврда гума.
Постојат поинакви терени, пример од бетон и асфалт, но тие воглавно не се
користат за такмичење поради опасноста од повреди. На теренот се наоѓаат
линии кои одредуваат одредени делови од теренот. На средината од теренот се
наоѓа линија која ги одвојува двете половини.

На спротивните страни по
краевите на теренот се наоѓа по еден
гол, кој е висок 2 m и широк 3m. Во голот
има мрежа. Пред секој гол се наоѓа
полукружен простор, на просечна
оддалеченост од 6 m, често е обоен со
друга боја, различна од останатите бои
на игралиштето.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 3


Ракомет и голмански техники

2. Главен дел
2.1 Голман во ракометот
Одлично е да се биде голман.Тој е член од тимот, има многу пријатели,
со кои го стекнува своето искуство преку вежби и игри. Тој има голема
одговорност, за голманот секоја акција е ново искуство и нов предизвик.
Останатите играчи од тимот се обидуваат да му поможат на голманот со
блокирање на противничкиот играч. Од страна на тренерите се вели дека
најважниот играч на тимот е голманот.За голманот не постои ништо подобро од
задоволството кое тој го добива по добрата игра како и неговиот придонес во
победата. Неговата среќа е уште поголема кога ќе има одбрана во ситуација еден
на еден или пенал при крајот на натпреварот.За жал не секој може да стане
голман.Оваа позиција бара ментални способности, како на пример :

 храброст
 самоконтрола
 концентрација
 самодоверба

Храброст!

Тоа е најважно.Ударите од кратки дистанци се многу болни и голманот


може да се исплаши од нив. Головите кои не можел да ги одбрани голманот не
смее да го обесхрабрат. Напротив, тој сака да го одбрани наредниот
удар.Невозможно е за голманот да се грижи затоа што не го одбранил голот. Тој
треба да разбери што направил, да анализира и да внимава да не ја направи
повторно истата грешка.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 4


Ракомет и голмански техники

Самоконтрола

Секој голман треба да остани смирен и да ја задржи самоконтролата во


текот на играта, без оглед на ситуацијата и на резултатот на играта.Сепак
голманот не може да биде победен несвесно од емоциите предизвикани од страна
на противниците или на судиските одлуки. Голманот мора да има што повеќе
одбрани во натпреварот.Исто така по одбраната голманот најбрзо што можи
треба да ја додај топката до еден од неговите соиграчи за да се почни
контранападот.

Голманска облека

Блузата на голманот во текот на


играта треба да биде секогаш различна во боја
од маиците на неговите соиграчи, маиците на
неговите противници и противничкиот
голман.Во случај на промена на голман во
текот на играта, резервниот играч треба да има
иста боја на облеката како првиот голман кој
беше во игра.

Во спротивност со останатите играчи,


голманите носат маици со долги ракави за
заштита од удари од топката. Дозволено е исто
така да се носат долги пантолони и посебни
пантолони за голмани кои имаат меки
заштитници.

Позиција на голман

 Рацете се отворени
 Рацете оддалечени во иста ширина на рамената
 Нозете не пошироки од колковите-потпетиците не ја допираат зепјата,стојат
паралелно едни со други или малку отворени и рамномерно оптоварени
 Нозете благо свиткани
 Рацете подиздадени нанадвор за голманот да можи да ги гледа дланките
 Грбот е исправен
 Главата треба да биди исправена

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 5


Ракомет и голмански техники

Најчести грешки кај голманите

 Неправилно поставување на рацете далеку над главата


 Стоењето на прсти познато кај неискусните млади голмани
 Рацете поставени многу ниско тоа ја прави потешка одбраната на топката
 Исправени нозе - закаснување на реакцијата на голманот

Голманот е во расчекорен став, стапалата се паралелно постевни, со


приближна ширина во споредба со рамената, трупот исправен и рацете се
подигнати. Голманот има полукружно движење од едната до другата статива и
ударите на противникот ги брани со раце и нозе.

Улогата на голманот во ракометната игра е доста значајна поради


индивидуалниот третман во рамките на колективната игра. Поставувањето на
голманот кон играчот со топка е прв предуслов за добра одбрана на која се
исфрла топката. Добро поставен голман со основен став, мора да биде на
средина на гол линијата и тоа кон раката која е исфрлена топката. Тактичката
помош за успешна одбрана на топката се базира на високата концентрација и
прегледот на играта на напаѓачите со чуство за предвидување да примени
техника и тактика во својата одбрана. Голманот се поставува за удари од
дистанца, за удари од крилни позиции и за удари од позиција на пивот.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 6


Ракомет и голмански техники

2.1.1 Елементи на голманската техника

Правовремено за голманот да се постави мора да има добра техника на


движење. Движењата се реализираат со паралелен чекор за да би се овозможила
поткрепа во моментот на ударот. Во ситуација на скратен агол голманот
реализира силен исчекор на едната нога или суножни поскоци со двете нозе во
правец на топката. Голмановата техника содржи некои елемнти и задачи на
голмановата техника како што се :

 основен став
 движење на голот
 одбивање на топки
 фаќање на топките
 исфрлање на топката
 одбрана на високи топки
 одбрана на полувисоки топки
 одбрана на удари од кратки растојанија
 одбрана на удари од крило

Основен став
Во технички поглед, основниот став на голманот е ист како и кај
одбранвениот став кај другите играчи. Овој став се применува кога голманот се
поставува на 1-2 метри пред гол линијата. Кога треба да се одбрани удар од
крилни позиции, голманот се поставува до една од стативите, со што го намалува
аголот за удар на гол.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 7


Ракомет и голмански техники

Движење на голот
За да се постави на време кон противниците кога тие изведуваат удар
на голот, голманот се движи на линијата на голот со чекори во страна (лево и
десно).

Одбивање на топките
Одбивањето на топките кои се упатени со удар кон голот се врши со
рацете и нозете и тоа : со помош на рацете, топките кои се силно упатени од
пократко расојание, во повеќе случаеви, не може да се фати со две раце. Тие
топки голманот треба да ги одбие со раширени раце, со раширени нозе или во
комбинација раце - нозе.

Фаќање на топките
Голманот ги употребува сите начини на
фаќање на топки што ги употребуваат и другите
играчи. Се препорачува перманентно усовршување
на фаќањето топки во висина на градите и
половината, како и топките што отскокнуваат.

Исфрлање на топката
Исфрлањето на топката се врши по нејзината одбрана и тоа на играчот
кој го организира нападот или пак се исфрла кон играчот кој реализира контра
напад.

Одбрана на високи топки


Голманот ги брани со силен одскок поместувајќи го тежиштето на телото
во страна на летот на топката, со користење на едната или двете раце. Добро
поставен голман со долги екстремитети применува техника на одбрана со една
рака и не користи одраз на нозете.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 8


Ракомет и голмански техники

Одбрана на полу-високи топки


Голманот ги брани со спуштање на рацете и подигање на нозете во
висина на летот на топката, но најдобро е да се примени истовремено склопување
на рацете и нозете за топките кои се упатени во висина на колената и колковите.

Одбрана на удари од кратки растојанија


Овие удари голманот ги брани со примена на техниката на скратување
на аголот на удар. Примената на техниката на скратување на аколот за удар бара
развиен осет на голманот во кој момент и кога топката ќе излета од шаката на
шутерот, затоа пто тој повеќе не ја поседува топката.

Голманот реализира затворање на исфрлањето ( влегува во ударот ),


така што со силен исчекор на одразната нога се блокира патеката на летот на
топката користејќи раширени раце и нозе ( лепеза ) или пак со склопување на
разете и нозете заради одбранбена површина.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 9


Ракомет и голмански техники

Одбрана на удари од крило

Голманот се поставува во близина и во висина на стативата и тоа пред неа,


а во должина едно стапало растојание од стативата. Кај овој начин на бранење
поблиската нога и рака го заштитуваат првиот агол, а подалечната нога е
слободна и реагира на топката која оди во подалечниот агол. Голманот може да го
скрати односно затвори шутот на крилниот играч и неговото влегување со телото
во патеката на шутот и блокада на исфрлањето на топката со две раце. Кај првиот
начин одбраната на голманот треба да се движи напред со поблиската нога до
стативата и да завземе нов став со потпора на двете нозе.

2.1.2 Како да се разбере стрелецот


Секогаш ќе биде подобро за голманот да спаси гол кога би ја разбирал
вољата на стрелецот.Да се очекува моментот и аголот на исфрлање на топката
голманот треба секогаш да внимава на аглите бидејќи стрелецот секогаш ќе се
обидува да погоди во аглите. Погрешната поставеност е голема грешка за
голманот и му е дадена шанса на стрелецот да постигне полесен гол.

Анализите велат дека ако позицијата на голманот е точно поставена ,


стрелец со десна рака шутира во десен агол (од страна на голманот) а ако
стрелецот шутира со лева рака за него полесно е да шутира во левиот агол (од
страна на голманот).

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 10


Ракомет и голмански техники

Така е бидејќи стрелецот шутира со посилна рака и е попрецизен. Ако


стрелецот држи топка под нивото на рамото (шут од крило,шут од пивот, и.т.н.)
полесно за него е да шутира во долните агли.

Полесно е и за голманот да го предвиди ударот каде стрелецот го


насочува.Ако стрелецот скокнува многу високо, и е во близина на голот, голманот
може да очекува шут во високите агли отколку во ниските агли бидејќи се
поризични и потешки за голманот.

Ако голманот забележи празен простор меѓу одбранбените играчи , може да


очекува директен шут во голот во таа област на голот. Кога стрелецот се движи
кон статичен одбранбен играч со рацете долу, голманот може да очекува шут во
површната која што треба да е блокирана од неговите соиграчи.

2.1.3 Задачи за голман за време на контранад

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 11


Ракомет и голмански техники

 Секој голман е прв напаѓач и последниот бранител во текот на играта до


крајот на акциите
 Ефективноста на секој напад, зависи од првите подавања кои мора да
бидат коректни. За овие зборови да станат реалност, координацијата на
акцијата треба да биде перфектна , и за голманите и за одбранвените
играчи кои го започнале контранападот
 Голманот секогаш треба да го иницира и организира секој контранапад
 Пресечената топка од противничкиот играч до пивотот мора брзо да биде
подадена
 После блокираниот удар од одбранбените играчи исто така брзо додавање
на топката
 Шутот од 9 метри е во рацете на голманот

Ситуацијата може да биде многу потешка кога голманот треба целосно да ја


превземе акцијата, бидејќи модерниот ракомет се базира на системски
контранапад меѓу играчите. Се додека ситуацијата е лесна, голманот треба да го
спаси голот со двете раце.Виткањето на лактите и опуштањето на телото му
овозможува да ја апсорбира шут на топката со една рака.

Ако голманот веднаш ја прими топката која нее многу далеку од него, може
веднаш да го започне контранападот. Тоа не мора да биде директен контранапад,
но за сигурност може да биде добро организиран напад во кој ке бидат вклучени
сите играчи. Тој исто така треба да има соодветни вештини на додавање на
топката во непријатни ситуации , на пример додека тој клечи или седи.

2.2 Основни елементи на играта во ракометот


СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 12
Ракомет и голмански техники

2.2.1 Основен ракометен став


Во ракометната игра постојат паралелен и
дијагонален одбранбен став.

При изведба на паралелен ракометен став, треба


да се внимава на стопалата да се поставени паралелно и
малку пошироко од ширината на рамениците, тежината
да е подеднакво распоредена на предните делови од
двете стапала, колената да се благо свиткани нанапред,
трупот исправен и рацете да се подигнати и свиени во
лактите.

При дијагоналниот одбранбен став, едното стапало е


поставено пред трупорт, а другото се поставува косо наназад.
тежината на телото повеќе е распределена на задната нога, а
колената се свиткани нанапред.Двете раце се подигнати, со
предната рака се покрива топката, а другата е во висина на
градите и е поставена покрај телото.

Техника на држенје топка со две раце

Дланката од левата рака се поставува на


едната, а десната на другата страна од топката, а
палците со показалците треба да оформат еден вид
на тријаголник, а другите прсти нормално се
поставуваат на топката.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 13


Ракомет и голмански техники

2.2.2 Примање и додавање на топката во ракометот

При примање на топката едната нога


е исчекорена нанапред, а другата е позади
трупот, ученикот ги испружува рацете
нанапред во правец кон топката, во
моментот кога топката се прифаќа, рацете се
поблекуваат кон градите свиткани во лактите
со што се освршува дополнителна
амортизација на прифаќањето на топката.
Примањето на топката завршува со
повлекување на предната исчекорена нога
зад телото.

Топката ја држиме со двете раце пред градите.Раката со која треба да го


изведеме додавањето е свиткана во лактот и се извлекува назад и горе, а
тежината на телото е на задната нога. Од оваа положба раката со топката
започнува да се движи нанапред, односно со дланката од шаката се упатува
топката во саканиот правец и тогаш тежиштето од задниот дел на телото се
пренесува на предната нога.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 14


Ракомет и голмански техники

Скок - удар на гол во ракометот


При изведбата на скок - удар на гол,
прво е потребно да се изведе отскок кој треба да
биде во височина. Ударот се изведува кога телото ќе
ја достигне највисоката точка на лет и раката брзо се
движи напред при што следи исфрлање на топката
во саканиот правец, а доскокот се врши на онаа нога
со која сме потскокнале (одразиле) или на двете
нозе.

2.2.3 Одбрана и блокирање на удар на гол


Ставовите во одбрана со блокирање на удари на гол (шут) се појавуваат
како два вида и тоа како паралелен (стопалата се паралелно поставени) и
дијагонален ( стопалата се дијагонално поставени и се наоѓаат во исчекор). Кај
споменатите ставови растојанието помеѓу стопалата треба да биде околу 40 cm.
Положбата на рацете треба да бидат благо раширени во висина на рамениците со
мало наведнување на телото. Потпирањето и тежината на телото е на предните
делови од стопалата и предната нога со напната мускулатура во колениците и
колковите. Од основниот став, играчот треба да испадне во одбрана и да го
оневозможи неговиот удар на гол и тоа со правовремено излегување директно на
противничкиот играч и тоа во моментот кога кон него се врши прием на топка, со
акцент на фаќање на неговите лактови. Додека пак за оневозможување на ударот
на гол, бековите користат блокирање со една или две раце, така што дланките се
што поблицку до топката при блокирањето.

Видови на блокади
 блокада скок - шут со една рака
 блокада скок - шут со две раце
 блокада на шут од тло со две раце

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 15


Ракомет и голмански техники

2.1.4 Техника на движење без топка


Во ракометната игра многу повеќе има движење без топка отколку со
топка. Најголемо движење без топка се одбранбените задачи. Секој играч од
одбраната се движи во зона и користи техника на дочекор, вкрстен чекор или
трчање, се со цел да се изврши основната задача на одбраната, а тоа е
постигнување на густината кон напаѓачките играчи со топка.

Движењето ов одбрана може да биде хоризонтално (затварање на


просторот), длабинско - кон играчот со топка, косо (дијагонално) и тоа се со цел да
се затвори просторот позади играчот кој излегува од одбрана. Дочекорната
техника на движење се користи со основниот став каде стопалата се паралелно
поставени и имаат за цел постојано да го држат телото во стабилна положба со
потпора на двете нозе.

2.1.5 Одбрана врз пикер во прием на топка


Играчот кој има доделено одбранбени задачи, има специфична улога
кога треба да се реализира одбрана од прием на топка од страна на пикер.
Првата задача на играчот од одбраната е пикерот да не ја прими топката. За тоа
да се случи, играчот од одбраната мора да го следи противничкиот играч кој
најповеќе го проигрува пикерот, а потоа да се постави позади пикерот и во однос
на оној кој ја додава отпката.

Потоа и го потиснува надвор од шест метри. Друг пример е кога


одбранбениот играч може да се постави пред пикерот во однос на топката и да не
дозволува напаѓачот да ја додаде топката на пикерот. Од моментот кога пикерот
треба да ја прифати топката, одбранбениот играч го попречува тој да ги состави
дланките на топкатам, а тоа го прави со раздвојување на неговите раце.

Да би успеал во тоа играчот од одбрана мора своите раце да ги држи над


рацете на пикерот и тоа посебно поблиску до раката во која се наоѓа топката, а
поодалечената рака го држи над рацете на пикерот, а со тоа го оневозможува во
фаќањето на топката. Спречувањето на пикерот да ја прими топката е еден од
начините во правилата на игра за негово спречување да ја прифати топката, затоа
што кога пикерот ќе ја прифати топката, одбранбениот играч ја губи својата
понатамошна функција (или е седум метри или пак е постигнување на гол).

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 16


Ракомет и голмански техники

3. Заклучок
За да имаме голем успех во ракометот треба да ги совладаме
основните елементи од ракометот, на пример основниот став, движењата ,
подавања и примања, водење на топка. Исто така треба добро да ги совладаме
скоковите, шутовите, и одбраните.Кондицијата е многу битна за играчите, а
концентрацијата за голманите.

За голманите многу важно е да бидат еластични, а тоа се постигнува со


редовно истегнување на рацете и нозете.Треба да ги развиваме психомоторните
способности и подвижноста на локомоторниот апарат.Исто така едно од
поважните работи за голманите е тоа што тие мораат да бидат потполно
сконцентрирани во текот на играта.Не само физички туку и психички голманите
треба да бидат многу спремни.

Ракометот е спорт во кој има многу страст, постојана возбуда и неизвесен


до крај.

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 17


Ракомет и голмански техники

4. Користена литература

 http://rakomet88.blogspot.mk/

 https://issuu.com/e-ucebnici/docs/fizichko_5_mak/60

 http://www.doctorwellgood.com/sport-fitness/handball.html

 http://rakometmartina.blogspot.mk/

 https://www.google.com/search?q=%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0
%BC%D0%B0%D0%BD+%D0%B2%D0%BE+%D1%80%D0%B0%
D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82&bi
w=1140&bih=870&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwj8w
fvlgKDLAhVDMnIKHepsA2gQ_AUIBigB#tbm=isch&q=%D1%82%D0
%BE%D0%BF%D0%BA%D0%B0+%D0%B2%D0%BE+%D1%80%D
0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE%D
1%82&imgrc=_

 http://kineziologija.mk/tehnika-na-golmanot/#

 http://teamhandball.ab.ca/clientuploads/goalkeeper-First+Step.pdf

СОУ "Таки Даскало" - Битола Бобан Ристевски Page 18

You might also like