Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 13

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
ИНСТУТИТ ЗА ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГИЈА
Насока: ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ

СЕМИНАР СКА Р АБОТА


ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИЈА 2

ПРВАТА КРСТОНОСНА ВОЈНА

Ментор: Студент :

Проф.- др Александар Атанасовски Виктор Бушиноски

Јуни 2019
Скопје

1
СОДРЖИНА :

Вовед

Првата Крстоносна Војна

Заклучок

Литература

2
1

ВОВЕД

Крстоносните војни се своевидни воени експедиции во текот на средниот век , спроведени од


страна на Европските католици заради одбрана на христијанките простори но во суштина тие
походи се претвораат во експанзионистички војни на западните феуди и кралеви.

Се појавуваат како последица на борбата на христијанскиот свет против исламот. Основачот на


исламот Мухамед, создал концепт на света војна „џихад“, повикувајќи ги муслиманите да
преку војна го покорат немуслиманскиот свет. Во периодот од 632 до 750 година муслиманите
окупирале скоро две третини од некогашниот христијански свет вклучувајќи ги Месопотамија,
Сирија, Светата земја, Египет, северна Африка и Шпанија.

Меѓу 8 и 11 век продолжуваат борбите меѓу христијаните и муслиманите во кои


христијаните се обидуваа да ги повратат изгубените територии. Воглавно борбите се
случувале во пограничните области меѓу христијанската и исламската цивилизацијакако што
биле Шпанија , Италија (југот), и во областите на Анатолија (тогашното Византиско Царство).

Византискиот цар Алексеј Први Комнен пратил гласници во Рим за да од папата Урбан Втори
побара помош од запад. На Соборот во Клермон папата Урбан Втори ги повикал католичките
витези да тргнат во помош на Византијците во борбата против исламот. Тоа било прв пат да
еден папа повика во војна против муслиманите, при тоа ветувајќи им на повиканите дека сите
оние кои што ќе учествуваат во војната , ке земат учество во свет чин и дека со ова учество ќе
заслужат идулгенција (опростување на нивните гревови ).

Голем број витези се отповикале на овој позив и организирано тргнале на исток. Неколку
големи владетели ги здружиле своите сили . Меѓу овие особено значајни биле Ремон Тулуски,
Готфрид Бујонски и Боемунд Тарентски (синот на Роберт Гвискард ) Така започнала првата
крстоносна војна.

ПРВАТА КРСТОНОСНА ВОЈНА

Првата крстоносна војна (1096-1099), е прв од многуте обиди за враќање на Светата земја , на
повик од папата Урбан Втори 1095 год. Целта му била враќање но и проширување на
западното христијанство кон земјите на Левантот. Оваа војна резултира со освојување на
Ерусали во 1099 година. Ова воедно е единствениот крстоносен поход кој ја исполнил
зададената цел , Освојување на Ерусалим.

Во текот на овие војни , благородништвото, витезите , селаните и кметовите од многу делови


на Западна Европа патувале по копно или море , прво до Цариград од кладе што се
придвижувале кон Ерусалим .Како резултат на овие походи од првата крстоносна војна се

3
создадени првите Крстоносни држави : Ерусалимското Кралство , Грофовијата Триполи,
Кнежеството Антиохија и грофовијата Едеса.

Насоките на движење на крстоносците од првата крстоносна војна

СОСТОЈБАТА НА ИСТОК

На Европејците им изгледало дека условите за преземање на крстоносен поход се поволни.


Имено заради слабеењето на централните власти , муслиманските области на Блискиот Исток
се поделиле на многубројни феудални поседи и државички. Египет се издвоил, а нему му буле
потчинети и Сирија, Палестина и Феникиските области(денешен Либан). Ослабениот арапски
свет станал жртва на Селџуците. Селџуците се племе кое дошло од Истокот, и кое во 9 век се
зацврстило во Мала Азија, преземајќи му ги на Египет Сирија и Палестина.

Византија , некогашната источно – медитеранска велесила штотуку почнала да се консолидира


од ударите кои дојдоа претходно и од исток и од запад . Византиските цареви биле спремни да
прифатат помош која доаѓала од западна Европа, во борбата против Турците кои се наоѓале во
близина на византиската престолнина , Цариград.

4
ПРЕДУСЛОВИТЕ ЗА ВОЈНА

Византија во текот на 1071год. добива два тешки удари. Од една страна Норманите го зазеле
Бари (последното владение на Византија на Апенинскиот полуостров), додека Селџуците после
битката кај Манцикерт зазеле големи територии на просторот на Мала Азија, па затоа
византискиот цар Алексеј Први Комнен (1081-1118), бил принуден да побара помош во Европа
на која инаку воопшто не гледал наклонето.На неговото барање се одзвал папата Урбан 2 кој
го свикал соборот во Клермон на кого присуствувале околу 200 бискупи (епископи), кнезови и
благородници. Била донесена одлука на овој собор да се тргне во поход за ослободување на
Ерусалим , те Светата Земја .

УЧЕСНИЦИТЕ ВО КРСТОНОСНИТЕ ПОХОДИ

Во средниот век црквата владеела над духовниот живот на луѓето. Сите оние кои тргнале на
исток , го оправдувале своето учество во овие походи со желбата да ги ослободат „светите
места“, но зад овие оправдувања скриени биле многу посилни побуди , за оние
посиромашните , надеж за подобар живот , за феудалните великаши мотив било освојувањето
на нови земји и поседи , за трети слава или некоја материјална добивка.

Владетелите и крупните феудалци учествувале во овие походи , бидејќи се надевале дека ке


освојат нови територии што значело и зголемување на нивното политичко влијание и
приходите

Пониското благородништво , особено витезите , тргнале на исток со намера да основаат свои


кнежества и да се збогатат со грабеж. Многу од овие витези имале големи долгови па затоа
Истокот им изгледал како ветената земја. А и самото заминување во крстоносна војна ги
ослободувало од обврските за плаќање на нивните долгови .

Селанството масовно учествувало, особено во првата крстоносна војна. Тие се и првите


кои тргнале во поход . Нивната тешка положба дома , феудалните даноци , разните
намети и долгови ги терале во крстоносните војни да бараат излез од својата неволја.

Средоземните градови , пред се јаките трговски центри Венеција и Џенова имале свои
интереси во проширувањето на трговијата. Крстоносните војни овозможувале создацање
на нови трговски врски.

Римокатоличката црква која играла значајна улога во иницирањето на


крстоносните војни , имала свои особени цели. Потпирајќи се на верските чувства на
народите , ги повикала да тргнат во поход за „ослободување на Христовиот гроб“, и така
пред сите ги оправдала крстоносните војни како возвишена цел. Со освојувањето на нови
територии се проширувала нејзината моќ, а во случај да дојде и до покрстување на
муслиманите , би се зголемил бројот на верниците.

5
ВОДАЧИТЕ НА ПРВИОТ КРСТОНОСЕН ПОХОД

1. БОЕМУНД

Еден од најистакнатите водачи на првата крстоносна војна бил Боемунд. Тој веќе бил
воин со искуство . бидејќи со својот татко Роберт Гвискард извел голем поход со цел
заземање на Цариград и рушење на Византиското царство. Неговата одлука да им се
приклучи на крстоносците , подоцна е прераскажувана како легенда. Еден врел
септемвриски ден Боемнунд набљудувал како проаѓа големата норманска армија од
Северна Франција предводена од Нормандискиот војвода Роберт . Наводно , изгледот
на крстоносците и нивниот верски жар оставиле толку голем впечаток кај Боемунд ,
што ни во еден момент не се колебал во одлуката да им се придружи.
Но овој расказ сепак останува во аналите на романтичарските легенди .
Боемунд во годината на почетокот на Крстоносните војни не бил веќе млад . Имал
околу 40 години. Но неговиот живот а и темперамент по навика војнички , веројатно не
му дозволиле да остане дома. Нему му се припишуваат познатите зборови кои ги
кажал веднаш по излегување од катедралата во Амалфи пред собраните војсководци :
“Зарем ние не сме Франки? Зарем нашите предци не дојдоа тука и ја ослободија
оваа земја со свои раце. Каква е таа срамота?Зарем нашите сродници и браќа по крв
ќе одат на патот на мачеништвото и во рајот без нас?“
Навистина , мотивите кои го терале Боемунд да тргне во авантура не беа само
религиозни. Тој никако не можеше да го преболи неуспешниот поход На Византија .
Неговата омраза спрема Византијците го беше навела на доста непромислени потези.
Со себе Боемунд го поведе и својот роднина Танкред кој што тогаш бил на возраст од
само дваесеттина години.

2. ГОТФРИД БУЈОНСКИ И БАЛДУИН

Готфрид Бујонски бил војвода на Долна Лорена. Тој без било какво размислување го
продал сиот свој имот и се штоп добил од продажбата вложил во опремата за својата
армија. Тој немал намера да се враќа во Европа и практично се што имал вложил во
успехот на оваа војна . Горфрид со себе го повел и својот брат Балдуин. Во текот на
војната тој јасно го покажал својот несомнено храбар карактер. Читајќи ги
историските списи кои говорат за крстоносните војни се добива впечаток дека токму
Балдуин е оној според чии идеи е создадено Ерусалимското Кралство. Повикот на
папата Урбан Втори за Света војна, за Балдуин бил идеална шанса да на најдобар
начин ги задоволи своите лични желби. Доста интелигентен брзо сфатил дека за него
во Европа нема иднина па на освојувачкиот поход со себе ги повели својата жена и
деца , така давајќи јасно до знаење дека никогаш нема да се врати.

3. РЕМОН ТУЛУСКИ

Бил еден од Витезите на Свети Петар кои папата Григориј Седми ги испратил во
Шпанија да се борат против муслиманите. Сосема е извесно дека папата Урбан Втори
се консултирал токму со овој благородник околу идејата за крстоносна војна пред да
биде одржан соборот во Клермон. Ваквите походи против муслиманите не биле ништо

6
ново за овој воин. Токму, некаде во овие походи во Шпанија Ремон Тулуски го
изгубил едното око. Од сите претходно наведени благородници токму овој водач во
оваа прва крстоносна војна влегол со најчисто срце и намери. Дома немал никакви
проблеми, но и покрај тоа бил подготвен да ја жртвува својата удобност и богатство
пред се заради верски побуди и надеж во своето спасение преку учеството во оваа света
војна. Неговата армија била најголема.

ПРОПОВЕДИТЕ НА ПАПАТА УРБАН ВТОРИ

Во Ноември 1095 година Папата Урбан Втори свикал црковен собор во францускиот
град Клермон. На соборот присуствувале мноштво надбискупи и бискупи но и
феудалци , витези и селани. Посетата била голема, Во вторник на 27 Ноември 1095
Урбан одржал свечен говор пред насобраниот народ и укажал на опасноста од Турците
која им се заканува на христијанските земји, исто така укажал на тешкотиите со кои се
соочуваат верниците кои одат на поклонение во Ерусалим и го повикал западното
христијанство да го спаси истокот и да го „ослободи Христовиот гроб“.

„ Ерусалим сега го држат непријателите Христови. Тој копнее за ослободување и


не престанува да ве повикува Му помогнете . Бог вам на Франките во подарил слава
по оружје поголема од било чија друга. И затоа ревносно тргнете на ова патување за
да се ослободите од своите гревови , стекнувајќи незаменлива награда а тоа е
неминливата слава во царството небесно.“

Народот се отповикал на овој позив во неочекувано голем број.Било одлучено во поход


да се тргне на 15 Август 1096, веднаш штом заврши жетвата. Планот бил војските да се
соберат во Цариград. Додека феудалците вршеле подготовка со своите чети, добро
вооружувајќи се и снабдувајќи се со потребните средства и намирници за овој далечен
пат, Огромни маси на селани веќе ги беа претекнале овие благородници и веќе се беа
упатиле кон Исток.

СЕЛСКАТА КРСТОНОСНА ВОЈНА

Гласот за походот веќе почнал да се шири по цела западна Европа , особено низ
Франција. Голем број припрости свештеници станале пропагатори и проповедници на
оваа идеја кои на тој начин почнаа да ги привлекуваат и собираат народните маси.
Најпознат меѓу нив е Петар Амиенски. Имал несомнени говорнички квалитети и
извонредна моќ на влијание врз луѓето,. Држел говори во Франција и собрал огромна
маса од народ. Додека стигнал во Германија веќе му се беше придружила маса од
14000 селани. Сите биле слабо вооружени, без средства за преживување на тој долг и
тежок пат.
Оваа неочекувана војска од селани и витези од понизок ранг , тргнала кон Ерусалим
по своја сопствена иницијатива веќе во Април 1096. Први тргнале француските селани
и витези од понизок ранг предводени од Валтер сан Авоар . Таа група стигнала во
Унгарија на 8 мај , минала низ Унгарија и дошла во Белград на самата граница со
Византија. Белградскиот командант не знаел што да прави со нив, немал заповед како
да постапува , па им забранил да преминат на Византиска територија. Крстоносците
започнуваат со грабежи и пљачкосувања во околината на Белград. Доаѓа до судир со

7
гарнизонот во Белград. 16 луѓе на Валтер биле уапсени но подоцна се сите пуштени и
на оваа група и било дозволено да замине накај Ниш.
Петар од Амиен со останатиот дел од крстоносците селани тргнале на југ околу 20
Април. На патот кон Цариград се случуваат неколку инциденти . Во Земун, Белград И
Ниш. Во Ниш доаѓа до поголем судир меѓу византискиот гарнизон и селската разјарена
маса од крстоносци . При овој судир настрадала четвртина од овие крстоносци. Во јули
се веќе во Софија, каде им била дадена византиска придружба која ги води до Цариград
каде пристигнуваат на 1 август.
Царот Алексеј Први Комнен не знаел што да прави со ваквата неочекувана „војска“ Ги
превел преку Босфорот до 6 август и го предупредил водачот на оваа необична армија,
Петар Амиенски да не се впуштаат во борба со Турците , се додека на стигне
главнината од Крстоносците кои се уште биле на пат. На Петар им се придружиле
Французите под водство на Валтер Сан Авоар и бројни италијански крстоносци. По
низа пљачкосувања во овие краишта преку Босфорот, овие маси стигнале до
Никомедија. Овде избил судир меѓу Германците и Италијанците од една страна и
Французите од друга. Тука Петар Амиенски сосеам ја изгубил контролата врз
народните маси. Не слушајќи ги советите на Алексеј крстоносците се организираат за
понатамошни пљачкосувања и освојувања. Германците и Италијанците за свој водач го
бираат Рајналд а кај Французите Жофри Бурел ја презема командата. Французите се
упатиле кон Никеја и во нејзината околина пљачкосувале, додека Германската
главнина од околу 6000 крстоносци селани се упатиле кон Херигордон , освојувајќи го
користејќи го како база. Меѓутоа Турците испратиле голема војска против
Германските крстоносци во Херигордон , го зазеле едеинствениот извор на вода во
близината на градот и со тоа ги натерале овие крстоносни германски народни маси да
се предадат. Тоа е првиот голем пораз на крстоносците . набрзо следел и наредниот
катасрофален . Со измама Турците ги навела француските селски крстоносни маси да
тргнат на Никеја и од заседа ја ликвидирале главнината од 20.000 селани крстоносци .
Од оваа главнина успеале да се спасат само 3000 со помош на Византиската војска.

ПОХОДОТ НА ФЕУДАЛЦИТЕ

Во есента 1096 тргнале во поход и феудалците. Некои од нив со себе го повеле и своите
семејства надевајќи се дека со новите освојувања ќе се населат на Истокот. Голем дел
од овие крстоносци поминале ни истите патишта како и крстоносците селани
претходно. Се спуштале низ Дунав и кај Белград преминувале на територијата на
Византија. А потоа преку Ниш , Софија и Едрене стигнувале во Цариград. Еден дел од
Крстоносците одел по стариот пат Виа Егнатиа . Во Драч крстоносците стигнувале или
по копно минувајќи низ Далмација или со бродови од Италијанските пристаништа.
Ремон Тулуски дошол во Драч слегувајќи од северна Италија преку Далмација. Друга
група, претежно составена од Нормани се префрлала од јужно италијанските
пристаништа во Драч. И одовде се уптувале кон Цариград преку Виа Аегнатиа .
Од крајот на 1096 до пролетта !097 во околината на Цариград се собрала голема војска.
Снабдувањето со потребни намирници било голем проблем и за крстоносците но и за
Византиската влада. Крстоносците нешто купувале а нешто добивале од византиските
магацини , А понекогаш ги пљачкосувале и жителите кои живееле во Цариградските
предградија. Впечатокот на едните за други бил сосем спротивен. Додека
Крстоносците биле воодушевени од Цариград и неговата раскош и велелепност,

8
жителите на престолнината биле згрозени од простотилакот и варваризмот на овие
крстоносци. Загрижен заради присуството на овој огромен број на вооружени странци
во самата непосредна близина на Цариград , Алексеј Први Комнен побрзал да ги
префрли сиве овие маси на воини на другата страна од Босфорот, во Мала Азија.
Претходно царот побарал од водачите да му положат заклетва за верност и после
освојувањата освоените територии да и бидат вратени на Византија. Царот се обврзал
од своја страна да ги снабдува овие војски со намирници и оружје , но и ветил дека ќе
им се придружи во походите. Сите водачи ги прифатиле овие услови и положиле
заклетва за верност со исклучок на Ремон Тулуски .

КРСТОНОСЦИТЕ НА ПАТ КОН ЕРУСАЛИМ

ОСВОЈУВАЊЕТО НА НИКЕЈА

Веднаш по преминувањето на Босфор крстоносците пристапиле кон колективна


молитва. Од тогаш тоа ќе биде нивна постојана пракса, пред секој битка, во секоја
ситуација за која немале решение , тие прибегнувале кон колективни молитви
очекувајќи преку нив да добијат прав одговор.
Од почеток Крстоносците и Византијците делувале здружено. Прва заедничка цел била
Никеја. Здружените армии се влогориле под тврдините на градот веќе во март 1097
година. Моментот бил идеален за напад бидејќи Султанот со главнината од својата
војска се нашол во планините на Ерменија војувајќи против Малик Газија, Емир од
куќата Данишмен. Овие меѓусебни судири на Турците им дале предност на
крстоносците. ?Никеја била бранета од мала посада. Грешката на султанот Килиџ –
Арслан била во тоа што тој ја потценил силата на оваа војска која со ништо не би
можела да се спореди со слабата неорганизирана селска крстоносна маса претходно
предводена од Петар Амиенски. Жителите кои живееле во градот биле претежно од
грчко и ерменско (христијанско) потекло. и нормално имале симпатии кон
крстоносците.Заедно со крстоносците покрај нив како придружба бил испратен и еден
не многу голем византиски одред. На Никеја најпрво им се приближиле Норманите на
Боемунд и крстоносците од Лорена. Иако подоцнежните народните преданија го
издигнале Готфрид Бујонски како најславен крстоносен витез од првата крстоносна
војна, за волја на вистината раководната улога не му приупаѓале нему ниту на
Лорењаните. Со целокупната ситуација управувале Боемунд Тарентски и Ремон
Тулуски. Те Норманите и Провансалците. Иако султанот Арслан имал шанса да победи
со оглед на тоа што крстоносните трупи му се приближувале на градот одвоено и не
биле доволни да неаднаш го обиколат целиот град, одлучувачки момент бил повикот на
Боемунд да се започнат битките надвор од градот директно со Килиџ - Арслан. Арслан
бил поразен и приморан да се повлече во внатрешноста на земјата, оставајќи ја Никеја
на нејзинта судбина. 19 Јуни е денот кој бил одреден за заеднички напад врз градот.
Заеднички напад требало да извршат трупите на Боемунд и Ремон. Градските капии
биле отворени утрото истиот ден и во градот влегол византискиот одред а водачот на
одредот Бутимит Мануил побарал предавање на градот. Било спречено пљачкосување
на Никеја а крстоносците морале да се задоволат сам,о со исплатата која царот им ја
беше ветил а да постапат согласно договорот дека освоените градови ќе му бидат
предавани на царот. Понатаму Алексеј искористувајќи го овој успех , успева да ги
поврати и Смирна и Ефес ,Сард и други градови од западниот дел на Мала Азија

9
БИТКАТА КАЈ ДОРИЛЕЈА

На 26 јуни Крстоносците ја напуштиле Никеја во две групи. Се поделиле за да се


снабдуваат полесно. Предницата била предводена од Боемунд Тарентски, Танкред
Галилелјски, Роберт Куртоз, Робет Фландријски и византискиот генерал Татикиј. Во
другата група водачи биле Готфрид Бујонски, неговиот брат Балдуин, Ремон Тулуски и
Стефан од Блоа. После тридневен марш првата група стигнала вечерта на 30 јуни во
близина на Дорилеја на северниот брег на реката Тимбрис и тука се влогорила. Групата
на Готфрид Бујонски и Ремон Тулуски заостанала зад оваа првата. Султанот Арслан
нападнал на оваа прва група но среќна околност е таа што групите биле поделени па
подоцна кога пристигнала другата главнина од војската тоа било доживеано како
вистински шок од страна на трупите на султанот кои ужаснати се вдале во бегство
напуштајќи го својот логор.
Крстоносците во овој случај конечно можеле да ги задоволат својата жед за
материјални добра бидејќи се дофатиле до богатството на султанот. После оваа битка
арслан заради проблемите на Истокот од својата држава не можел да возврати силно на
продорите на крстоносците па тие можеле да стигнат до Антиохија без било каков
отпор. Им биле потребни скоро три месеци за да ја преминат Анадолија која во тој
период горела од летната жега . Во октомври 1097 тие ја започнале опсадата на
Антиохија.

ОПСАДАТА НА АНТИОХИЈА

Опсадат на крстоносците против градот којшто Турците го беа зазеле 9 години порано,
траела од 21 Октомври 1097 до 3 Јуни 1098 година. Во текот на оваа долга опсада
крстоносците веќе почнале да страдаат од глад. Голема и надмоќна муслиманска
војска се приближувала кон Антиохија но Боемунд успева да наговори еден од
стражарите на градот (Ерменец по потекло) да му помогне во освојувањето. Портите на
градот биле отворени а крстоносците по влегувањето направиле страотен колеж на
муслиманското жителство .
Неколку дена по влегувањето на крстоносците во градот , пристигнала голема и
надмоќна муслиманска војска и сега таа го опседнала градот. Оваа опсада траела од 7
Јуни до 28 Јуни 1098 година. Несекојдневен случај ги повратил моралот и
мотивацијата кај верните маси на крстоносците . Објавата дека е пронајдено Светото
копје го воздигнува верскиот занес кај крстоносците и водени од овој фанатизам тие
успеваат да победат муслиманската војска.
После битката , Боемунд , синот на Роберт Гвискард зазел став дека овој град треба да
му припадне нему. На ова се спритивставиле Адемар Пииски и Ремон Тулуски .
Алексеј, царот иако се спротивставил на овие намери , во тој момент немал намера да
праќа војска и да го бара градот за себе. Бидејќи во текот на првата опсада имало случај
на напуштање на опсадата од византискиот генерал Татик, Боемунд го искористил
овој случај за да ја испромовира својата вистина дека Алексеј ја напуштил
крстоносната војна со ваквиот дезертерски чин , и затоа заклетвите на верност кон него
повеќе не важат. Во Ноември Ремон Тулуски конечно му ја предава Антиохија на
Боемунд Тарентски со цел да во мир се продолжи кон вистинската првична цел на овој

10
поход а тоа е освојувањето на Ерусалим. Боемунд така станува прв принц на
Антиохија. а крстоносците продолжиле кон Ерусалим во почетокот на 1099 година.

ОПСАДАТА НА ЕРУСАЛИМ

Во јуни 1099 крстоносците стигнале пред Ерусалим. Градот бил добро утврден и имал
силен гарнизон, доволно храна и вода да издржи подолга опсада. Кај крстоносците
ситуацијата била поинаква. Крстоносната војска немала справи потребни за опсада.
Многумина и не верувале дека со ваков размер на силите крстоносците воопшто и
можеле да го освојат градот, па почнале да го напуштаат походот. Со доаѓањето на
Флотата на Џенова којшто донела храна и машини за опсада ситуацијата значително се
поправила. Тогаш почнале подготовките за опсада на градот. Војската се состоела од
12000 Пешадија и 1200 коњаници. Градот бил заземен на 15 Јули 1099. Големата
победа после огромните напори и битки делувала како опиум за избезумената од
еуфорија маса на крстоносци. Последица на ваквата психичка состојба на масовна
еуфорична хистерија е безумниот масакр врз жителит на Ерусалим без разликадали
биле Муслимани или Евреи , биле убивани буквално сите , мажи , жени , деца и старци.
Ова бил масовен невиден колеж кој траел целото попладне и целата следна ноќ. Дури и
самите крстоносци потоа се беа згрозиле над своите постапки .

После освојувањето Готфрид Бујонски ја добил титуалата Чувар на Христовиот гроб.


Неговите наследници подоцна ја земале титулата Крал. Те со Готфрид Бујонски е
означен и почетокот на постоењето на Ерусалимското Кралство кое траело скоро 200
години се до 1291 . Во почетокот кралството се состоело од малечка група на градови
и села кои биле освоени за време на крстоносните походи. Кралството се развивало
според моделот на западните држави и имало исто така блиски односи со нив но сепак
останало релативно мало кралство со недостаток на финансии и воена помош од
Европа. Кралството исто така имало блиски односи со Византија и со Ерменсското
кралство. на врвот од својата моќ кралството во главно владеело со териториите на
денешен Израел и појасот Газа.

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПРВАТА КРСТОНОСНА ВОЈНА

Византија можела да се помири со основањето на Ерусалимското Кралство во


оддалечената Палестина , но не и со кнежеството Антиохија на Боемунд Тарентски.
Ова кнежество ги загрозувало интересите на Византија. А исто така и оние на Турците.
Боемунд морал прво да војува со Турците и во 1100 година паѓа во турско
заробеништво, но крстоносците го ослободиле со откуп. Но во 1104 година Турците им
задале страотен пораз на крстоносците. А алексеј тоа го искористил и повратил некои
градови од сириското крајбрежје. Боемунд се почуствувал немоќен да војува против
двете силни страни па оставајќи го во Антиохија својот внук од сестра, Танкред да
администрира , тој заминува назад во европа за да од таму организира поход против
Византија. Во Октомври 1107 стигнал на пристаништето во Валона со силна војска. Но
борбата се завршила со одлучна победа на Византијците и со капитулација на
Норманскиот кнез. Со договор од 1108 година Боемунд го признал византискиот цар за
свој сизерен а Антиохија за царско Лено, иако неговиот внук Танкред не го признал тој

11
договор. Боемунд ќе остане во аналите на историјата личност која иако покажала
неверојатни војнички и политички способности , сепак многу повеќе одмогнала во
првичната идеја на крстоносните походи за консолидација на христијанскиот свет
против експанзионизмот на Исламот. Своите лични славољубиви интереси Боемунд
секогаш ги ставал пред стратешките интереси ан христијанката цивилизација.

ЗАКЛУЧОК

Она што може да се донесе како краток заклучок во врска со овој историски чин без
преседан во претходната историја на христијанката цивилизација е тоа дека овој
период ,воопшто, особено силно влијаеше врз понатамошната судбина на Византија.
И наместо да преку единство на христијанскиот свет се насочи развојот на стариот
европски континент наследник на Александровата империја и на Римската империја
кон обединување кое би вродило можеби со сосем нов историски тек , крстоносните
војни крајно го постигнуваат обратниот ефект , дозволувајќи и предизвикувајќи
конечно паѓање на политичката и воена моќ на Византија која особено после четвртата
Крстоносна војна се нашла пред опасност од целосно исчезнување од светската
политичка историска сцена што подоцна и се случува а кое е во голем дел
предизвикано и од последиците од овој долг историски бран кој доаѓа од Западот.

12
БИБЛИОГРАФИЈА

Fajfrić, Željko (2006). Istorija krstaških ratova. Tabernakl.

Ferluga, Jadran (1966). Krstaški pohodi Zavod za izdavanje udžbenika Socijalističke Republike Srbije.

Острогорски, Георгије (1969). Историја Византије. Београд: Просвета.

Runciman, Steven (1980). The First Crusade. Cambridge

Успенски Фјодор. Историја Византијског Царства од 11 до 15 века, Београд, 2000

https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B8_%D0%BA%D1%80%D1%81%D1%8
2%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%B8_%D1%80%D0%B0%D1%82

13

You might also like