Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Емпедокле е една од најсложените и највпечатливите личности на хеленската филозофија

воопшто. Традицијата ни го прикажува како филозоф, поет, мист, политички реформатор, научник
и магепсник. Тој необичен духовен сплет, несфатлив за современиот човек, сепак може делумно
да се објасни како производ на неговото родно сицилијско поднебје од тоа време. На тие
простори виреат со векови низа култови во кои особено место завзема настојувањето на смртниот
човек да му се приближи на својот бог и самиот да стане божествен. Тој стремеж, како што беше
речено, остави силен печат во питагорејството кое исто така е необична смеса од религиозни и
научни појави. Емпедокле може да биде сфатен како нов изданок од тоа исто тло, на таа сродна
духовна струја.

Се чини дека тој е роден во Акрагас во Сицилија околу 486 п.н.е. и умрел на возраст од шеесет
години. Тој бил син на одреден Mетон, и потекнувал од важна и богата локална аристократска
фамилија: неговиот дедо, исто така познат како Емпедокле, се смета дека победил на коњски трки
на Олимписките игри. Сеќавањето на Емпедокле како необичен човек се провлекува се до
доцнежните антички автори. Тие го опишувале како чудак кој секогаш излегувал меѓу луѓето
облечен во пурпур со позлатен појас, со венец на главата и бронзени обувки, редовно
придружуван од група младичи.

Не е познато каде или со кого студирал филозофија, но соред различни извори како негови
учители се сметаат повеќе ралични филозофи, меѓу кои и Парменид, Питагора, Ксенофан,
Анаксагора и Анаксимандар (од кого се вели дека го наследил својот екстравагантен начин на
облекување). Без разлика дали бил негов ученик или не, Емпедокле бил сигурно многу запознаен
со работата на Парменид, од кого ја земал инспирацијата да пишува во хексаметарски стих, и чиј
физички систем го прифаќа делумно, а делумно се обидува да го поправи.

Во Антиката му се припишуваат повеќе дела, но меѓу нив се издвојуваат две најважни За


природата, во кое преовладува научно-филозофскиот дух и Прочистувања каде преовладува
религиозниот дух.

За природата

You might also like