Merenje Na Struja I Napon Zadaci

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Мерење на струја и напон – задачи

Константа на инструмент се пресметува од изразот:

m.p
K=
α max

Мерената величина се пресметува како:

Xm= K α

Задача 1

При мерење на струја користен е амперметар со мерно подрачје од 60 А. Максимален број на


поделоци на скала изнесува 120 поделоци. На кој поделок е позиционирана стрелката на
аналогниот инструмент доколку мерената вредност на струјата е 40 А?

Задача 2

При мерење на напон е користен волтметар со мерно подрачје од 60 V, а на скалата има 30


поделоци. Колкава е мерената вредност на напонот доколку стрелката застанала на 20 – иот
поделок?

Задача 3

При мерење на струја е користен амперметар со мерно подрачје од 30 А. Максимален број на


поделоци на скала изнесува 30 поделоци.Колку изнесува мерената вредност на скалата
доколку стрелката застанала на 25 – иот поделок?

Задача 4

При мерење на напон се користи волтметар со мерно подрачје од 150V. Максимален број на
поделоци на скала изнесува 150. На кој поделок ке застане стрелката доколку мерената
вредност е 120 V.

You might also like