Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 48

“ЖРТВИ НА СКОПСКИОТ СТУДЕНТСКИ

ПРОЦЕС” ОД ДИМИТАР ЃУЗЕЛОВ, 1942


ГОДИНА

ПРЕДГОВОР:
Патот кој води до националната слобода, социјалната правда и културната преродба на
еден народ е полн со трња и боцки. Совеста на човештвото е потисната од безбројни
знајни и незнајни јунаци и маченици кои, со својата херојска смрт ги ништат сите
препреки, и со својата крв ги остваруваат трите идеали на човештвото: националниот,
социјалниот и културниот. Таа е страшна, жестока трагедија во светската историја во која
од памти век се води една прометејска борба против злото, ропството, бедата и темнината.
Преку мрачниот копнеж на историскиот развиток блескаат ѕвезди – водилки т.е. великани
кои паднале во борба за слободата, вистината и правдата.

Сократ го испи отровот од чашата, за слободата на човечката совест!

Сенека си ги пресече вените, заради светлината на слободната мисла!

Христос беше распнат, заради правдата на бедниот народ!

Џордано Бруно беше жив изгорен, бидејќи ја величеше научната мисла!

Поп Богомил, Бугарин од Македонија, исчезна без трага во бунтот на народот против
византијците, населени во нашите краишта!

Лекарот Василиј, богомилски апостол, беше жив изгорен на среде Цариград бидејќи го
дигна знамето на бугарското социјално учење!

Самуиловиот војвода Ивац, бил ослепен и фрлен во бездна бидејќи одбивал да го гледа
помрачувањето на величието на Самуиловата Бугарија!

Браќата Миладинови беа отруени од фанариоти (Грци од цариградскиот квартал “Фенер”


познати како огорчени противници на преродбата на народите во Отоманската империја
во XIX век), бидејќи го подзапалија пламенот на бугарската преродба.

Левски и Груев, Ботев и Делчев, Тодор Александров и Бенковски, Черноземски и Мара


Бунева и безброј чеда на мајка Бугарија, паднаа на полето на честа, заради слободата и
обединувањето на целокупниот бугарски народ.
БЕЗ СМРТ НЕМА ВОСКРЕСЕНИЕ!
Секој народ си има еден таков национален пантетон, светилиште на народни маченици за
тие три возвишени идеали, пред кои сите со стравопочит ја наведнуваат главата во знак на
благодарност и признание. Но, под дејството на таа морална сила на мачениците,
националната гордост и самоувереноста на целиот народ расте и се подготвува за нови
подвизи во името на националниот, социјалниот и културниот идеал.

Со континуиран полет за да се оживеат тие три свети идеали, нашиот борбен народ, полн
со неисцрпна витална енергија и инспириран од сознанието за своето историско значење,
ја изградил својата славна историја со крвта на националните херои – рицари. Ла Мартин
велеше дека татковинта е создадена од прашината на националните маченици. Затоа и
култот кон хероите на тие три општочовечки идеали е еднакво светол кај сите народи.

И ете, дојде величенствениот ден, кога и младото бугарско поколение во Македонија го


даде својот светол ден пред олтарот на татковината, кој плати со скапите жртви на
шестмината грандиозни синови, кои паднаа од вражјата (ѓаволската) српска рака во
деновите на мрачното српско ропство, како носители на ослободителното знаме во
редовите на младинската организација.

Подвигот на Благој Монев од Штип, Трајко Попов од Гевгелиско, Тодор Поп Јорданов од
Кочани, Кирил Ципушев од Радовиш, Тома Кујумџиев од Струмица, Кољо Чакаров од
Дојран и Иван Бојаџиев од Велес може да се погледне низ призмата на историската
вредност на младинската организација, чијшто членови и беа.

Македонската Младинска Тајна Револуционерна Организација (М.М.Т.Р.О) е најголемата


политичка пројава на бугарската интелегенција и младина во Македонија за време на
неподносливото српско ропство. Историската улога на оваа организација е пројавата на
хероизмот и националната мистификација на жртвите од борбените редови на М.М.Т.Р.О.
И во моментот, кога врагот (се мисли/алудира на непријателот, а во овој случај тоа е
српскиот окупатор) мислеше дека ќе успее со отров да им го индоктринира србизмот на
младите поколенија во Македонија, македонската младина беше тајно подготвена во
складни и дисциплинирани петорки. Цела Македонија ечеше од организираните
македонски фаланги, со уставот во едната рака и револверот во другата. Тие ги крстосуваа
поробените родни градови – тие беа апостоли на бугарската слобода, за да го запалат
факелот на националното сознание, да ги просветлат душите, да го разбудат заспаниот роб
и растрогнат совеста. Наполно оформени национално, постојано живееја со грижа и идеал
за народот, надарени со рицарски амбиции, горди со народниот производ, сврзани со
револуционерен морал, дури и со акт на самопожртвуваност од љубов кон татковината,
тие мечтаеја и го поттикнуваа народот на бунт и беа против секаков акт на
обезбугарување. Во глувата ноќ на ропството, понекогаш сѐ слушаше повикот на нашите
стари револуционери дека треба и младината да се нареди во стројните војнички редови
на ослободителното движење. Токму тоа го направи и беше, младинската организација.
Тогаш, секој високо значаен интелектуалец и млад човек се брзаше да ја положи
заклетвата и да стане нивен член. Новите Самуиловци, Богомиловци и Климентовци гордо
го дигнаа ослободителното знаме и се упатуваа на света мисија за да му служат на својот
поробен народ, настроени со борбена волја и да не дозволат да никне ниту една србска
идеја меѓу младите луѓе.

Организационата мрежа се ширеше незабележително, го коваше народниот меч за бунт и


од ден на ден пламнуваше доблестниот бугарски дух. Народот, роден за конспирација и
подмолна (тајна) борба, ги корнеше гранките на србизмот којшто сакаше да се вгнезди во
срцата на младите, коишто беа дел од младинската организација и извор на вера и
есенцијална сила на својата нација. Револуционерното евангелие подучуваше: "Идеалот на
секој македонски младинец треба да биде т.е. да создаде од себе си борец за ослободување
и обединување на распарчена Македонија" ( член 18 од уставот на М.М.Т.Р.О.), "Секој
член треба да биде пример на чесност, скромност, трудољубивост, залагање, послушност и
доверливост. Пијанството, развратот и комарот се најстрого забранети" (член 17).

Младинската организација беше венецот на македонското ослободително движење,


бидејќи таа ги собираше цветот и елитата на Македонија под ропство, ги воспитуваше во
еден строг бугарски национализам, свртувајќи ги против тиранинот си создаде свој апогеј
(кулминација, највисок подем, највисок степен на постигнување на најголем успех) за
време на скопскиот студентски процес. Во оваа единствено по род исповед, триумфираше
бугарскиот дух; тврдокорниот бугарски народ претставуваше стихија со неговата моќ,
тогаш кога во некои кругови беше уништуван здравиот дух на Бугаринот и му беше
здадена од различни видови лезија (повреда, тежок удар). Во Македонија под српско
ропство, бугарштината ја покажа својата величина, својата динамика и својата длабока
верба во победата на бугарскиот Бог и цврсто го туркаше ѕидот на ропството.
Раководената воена елита чекореше по најтешкиот пат, бидејќи главна тематика на нашата
агитација пред народот беше; зачувување на бугарштината, како најмоќен гранитен ѕид
против извршувањето на асилиматорската политика на Белград. Бидејќи да се наречеш
Бугарин, беше најпрогонуваната револуционерна пројава. Ако се запрашаме, до кога беше
актуелно Македонското прашање кај светското општествено мислење, тогаш, ние ќе ви
одговоревме; сѐ додека македонските Бугари се чувствуваа национално за Бугари. Затоа,
задачата на М.М.Т.Р.О. и делумно на целото македонско ослободително движење во
принцип беше; после Европската војна бидејќи непријателот повторно нѐ намери нас (се
мисли на српскиот хегемонистички режим); Србите пак мислеа дека цела Македонија ќе
се присвои национално, само доколку населението се посрби (србизира). Затоа и ние
самите си поставивме теза; процесот Македонија, засекогаш да биде жив само доколку
ние останеме Бугари. Од законот на акцијата, излегуваше законот на реакцијата. Ето што
значеше да се биде Бугарин за време на српското ропство односно да се има програма за
тоа како да се зачува националното сознание и да се создаде една бугарска идеологија на
активен патриотизам. Поразително и предавнички беше да се изјаснуваш за Бугарин тајно,
а јавно да работиш со Србите и да се приспособуваш на тиранската власт. Тоа значеше
дека ја губиш отпорната сила која беше длабоко закопана во бездната меѓу нас и Србите.
Србите се плашеа од дејствувачката бугарштина која се сведуваше на воздржаност од се
српско со агитација против се српско, со величење на се бугарско, со организирање на
народот и подготвување на атентати. Затоа злосторникот Жика Лазиќ во затворот ни
говореше: “Кој ви брани да сте Бугари, само не дејствувајте против државата”. Затоа
Србите не гонеја како дејци, организирани Бугари, а не како автономисти под кое секогаш
се подразбираше присоединување кон Бугарија. Таа беше големата задача на М.М.Т.Р.О.
која си ја постави и историски исполни. Секој знае дека Србите ја уништуваа бугарската
култура во Македонија, ги затвараа бугарските училишта, цркви и ги уништуваа сите
наши национални вредности и споменици. Нашето ропство под Србите беше двојно
полошо од она за време на турското ропство, пред егзархијата. Во тој полн мрак и општо
потиснување, требаше да се создаде еден моќен фактор којшто требаше да ја продолжи
донекаде културно – просветната задача, која под турско ропство ја вршеа бугарските
училишта.

Создадениот историски фактор од околу 600 членови беше М.М.Т.Р.О. кој имаше само
интелегенти мажи – будни младинци, со апостолска мисија, како нови паисевци (се мисли
на Паисиј Хиландарски), да го зачуваат националното сознание, да ги образуваат младите
користејќи бугарски книжевен јазик, да го снабдуваат со револуционерна и детска
литература и со тонот на Паисиј да извикнуваат: “О, неразбран глупаку, зошто се
срамуваш да се наречеш Бугарин! Зарем Бугарите немале царство и господарство?”

Нашите загинати другари беа оние кој најверно го изразуваа овој идеал, па затоа во нивна
чест ја посветувам оваа брошура. Тие ќе блескаат со величенствена убавина и со пламено
(страсно) родољубие во светилиштето на бугарските национални херои. Тие ја запалија
искрата за подвиг во срцата на многу Бугари, чијашто искра се пламна во буен оган, по
чијшто пат на борбата изгореа и тие самите. Во историското скривалиште на бугарските
борбени генијалци лежат нашите скапоцени другари како пламени зраци на идејата за
слободна Македонија и обединувањето на целокупниот бугарски народ. Тие страдаа со
страданијата на Македонија, живееја со маките на народот и затоа нивниот дух блескаше
во победничкиот од на бугарскиот народ. Во сознанието на Бугаринот ќе живеат вечно
нивните светли образи, ќе бидат неисцрпен извор на светлина за да го осветлат патот на
идните поколенија за верна служба на народот, државата и царот. Водени, нѐ од логиката,
туку од мистичната верба и воодушевување, напуштајќи нѐ, тие ни рекоа: “Ние ја
постигнавме целта, затоа и си одиме, а вие уште не сте, затоа сте живи”. Затоа тие го
кренаа знамето на борбата и како крст на жртвата.Нивниот светол пат заврши кај
народното мачеништво, но, од такви дела на народни маченици се роди слободата!
Со тие жртви младинската организација со крв го запечати своето историско значење во
борбата за ослободување и обединување!

Нека биде вечна славата на загинатите другари за татковината!

БЛАГОЈ МОНЕВ – СОВЕСТА НА


М.М.Т.Р.О.
“Оној кој ќе падне во бој

Тој не умира. Него го жалат

Земјата и небото, ветерот и природата

И пиленцата пеат песни за него”

Ботев
Уште еден темен облак се зададе и надвисна над тажната македонска земја – 13 август
1929 година! На тој ден падна убиен од злосторничката српска рака нашиот скапоцен и
непрежален другар и виден член на младинската организација, Благој Монев од штипско
Ново Село. Ранета длабоко во срцето тешко заплака поробена Македонија – запишти
македонска мајка, по улиците беснееја со жед за одмазда и гнев неговите другари. Цела
Македонија тој ден тагуваше бидејќи се оддели од еден свој голем херој, од еден борец кој
како гранит го запираше до последната минута врагот. Ѕверски, подмолно и подло
македонојадците Срби заедно со нивните извршители - предавници го убија Благој Монев
за да го претворат целиот револуционерен Штип во бунт и крвопролевање.

Филозофот Тен тврдеше дека средината, времето и условите го определуваат битието и


карактерот на човекот. Тоа може наполно да се каже и за нашиот сакан Блажо, бидејќи
неговото политичко убедувaње и неговиот карактер беа огледало на народното
размислување околу него.
БЛАГОЈ МОНЕВ
Роден е во април, 1904 година. Благој растеше и се развиваше во една типична
револуционерна средина. Кој не го знаше, штипско Ново Село? Треба ли да се пофали
едно такво гнездо од каде што прелетаа најголемите и најславните македонски орли!
Предградие, кое е полно со спомени за херојски дела, каде што учителстуваа Делчев и
Груев и каде што се воспитуваа револуционерните кадри на македонското ослободително
движење од цела Македонија? Се чинеше како да се беше собрал овде целиот
револуционерен бисер и се ширеше насекаде, за да блеска јарко над целата татковина и да
ја расветлува со бунтовни дела на новоселските титани, на чело со легендарниот вожд,
Тодор Александров. Новоселските старци се жива рапсодија за приказните од минатото за
своите чеда – великани. Новоселската црква – таа и ден денес симболизира една епоха на
тензичен револуционерен дух и свето чувство за нашето национално возвишување. Уште
при создавањето на грчкото движење за духовна слобода, тие ги споиле светата Христова
наука со аспирациите за слобода на нивниот народ, затоа, таа историска црква беше
храмот каде што револуционерните мисли стануваа божји заповеди, за да се продлабочат
подлабоко во душата на народот, за да ја добијат светоста и благословеноста на
религиозната народна душа.
И кога нашиот скромен, впечатлив и замислен Блажо како ученик одеше на училиште, тој
поминуваше покрај новоселската црква, покрај секоја куќа, покрај секое изнемоштено
лице кое беше роб и покрај секој гроб на загинатите бугарски офицери на Криволак,
погребани покрај тој храм, му оставаше длабок впечаток во душата т.е. така тајно и
незнајно се формираше неговиот борбен дух. Надоаѓањето на такви спомени и впечатоци,
не можеше да му даде некој нов правец во неговата волја, освен да го задои со идеите на
новоселските херои. Така спонтано и на сила го проголтна и тој без лична волја стана
нивен придружник; бидејќи, кој би можел да се оттргне од таква средина богата со идеали
и великани! Затоа Блажо стана рефлексија (одблесок, отсјај) на идеите на нашите првични
учители – револуционери. Со такви идеи беше задоен целиот народ; интерпретирани од
суштествената потреба на народот за слобода, светлина и правда. Така, духот на Блажо се
изгради и оформи со една таква идеолшка конструкција, која го создаде како деец, кој
впива во народната душа и кој ја прифатил народната идеологија и потонал во новата
револуционерна дејност за да се возвиши после смртта во македонските безсмртници.

Ново Село си имаше една првокласна револуционерна традиција, која ги пленеше сите без
агитација и без апостоли. И импресивната моќ на таа револуција ги влечеше луѓето без
осет во тој општ идеален вртлог и ги правеше двигатели на историската потреба на
македонското ослободително движење и сред младото македонско поколение, врз кое
Србите сакаа да се обидат да извршат политика на обезбугарување и обезнароднување.

Средината на Блажо во гимназијата во Штип беше уште поимресивна, бидејќи во неа


виеше гнездото на идните млади револуционери. Така, целата наша генерација матуранти
во 1921 година влезе во младинската организација. Бидејќи, подвигот на нашите четници
и атентатори, страданијата на нашите осуденици, малтретирањето на народот за секое
негово однесување и општиот народен фолклор за изгубената слобода беа најпривлечните
теми за разговор. Така се создаде една револуционерна мистика која владееше со нашите
млади духови и ги поттикнуваше несвесно на подвиг и жртва. Во целата таа
револуционерна психоза, Блажо беше редовен актер, смел придружник и дисциплиниран
двигател. При таква идеално богата атмосфера немаше колебање која идеолигија ќе се
поприми, бидејќи за време на ропството самото национално чувство го определуваше и
политичкото убедување. Ете зошто и Блажо, како голем Бугарин и како искрен
националист, којшто длабоко веруваше во генот на својата нација, можеше само да се
приклучи кон врволицата македонски револуционери. Србската фалсификаторска наука
неможе да го измени бујниот тек на здравиот бугарски национализам, ниту да го згасне
пламенот на младинската динамика.

БЛАЖО МОНЕВ СТАНУВА ЧЛЕН НА МЛАДИНСКАТА


ОРГАНИЗАЦИЈА
Уште од првите свои студентски денови, Блажо беше посветен на тајниот заговор на
македонската студентска младина. Toj влегува во централната окружна петорка во Штип и
веднаш се зафаќа со работа со амбиција и тој да создаде таква. М.М.Т.Р.О. растеше секој
ден и бројот на петорките се зголемуваше. Апостолите врвеа на долго и на широкот низ
поробената земја, којашто ги дочекуваше како носители на искрата на изгрејната слобода.
Со уставот во едната рака и револверот во другата, тие талкаа по градовите и селата со
дигната глава и гордо проведаа бунт и освета против тиранинот. Еден од тие великодушни
апостоли на слободата беше и нашиот Блажо. Секој апостол и го даваше на
организационата работа својот сјај и печат, влегуваше и потполно си ја оддаваше душата
на делото. Но Блажо беше сиот потонал по нишките на конспирацијата, за да го остави во
неа себе си и своето патриотско чувство. Макар што тој беше значајно орудие на еден
силен колективен бран на организациската дејност, сепак, тој на организацијата и го даде
она типично “блажевското” за да се истакне пред неговите организаторски генији.

Блажо беше човек од акција, член кој дејствуваше со согласност. Спротивно на оние
коишто многу мислеа, за да работат помалку и со хамлетовските мисли да му наштетуваат
на делото, Блажо мислеше само да работи, а не да ја избегнува опасноста. Затоа, тој
вообичаено не ги сакаше долгите спорови и секогаш посочуваше на тоа, дека сме станале
дел од организацијата да работиме, а не да мислиме дали да работиме или не. Уставот
беше кондензација на мисли и идеи. Ние треба само на дело да ги применуваме тие мисли.
Ето, зошто тој ги прекинуваше сите кавги, цитирајќи некој член од уставот на М.М.Т.Р.О.
кој го знаеше напамет.

Блажо беше фанатик во таа наша сфера против српската тиранија. Еднаш го прифатил
уставот преку заклетва и решил да ја победи мислата преку делото, тој постапуваше
строго по тоа евангелие на нашата младина, исполнувајќи го од алфа до омега. Тој сакаше
да воведе во организацијата солидарност, строгост и точност, за да стане една зграда кој
ќе биде недопирлива од било каква опасност. Со тоа, тој се покажа како претставник на
нашите корави еснафи кои со својат солидарност, интегритет и строгост ја ставија на
своите раменици духовната борба против фанариотите.

Блажо дејствуваше и врз другари, коишто требаше да ги вклучи во организацијата веднаш,


скромно, благо, без глума и без багаж од ѓумбир за да ги маѓепса новокрстените. Тој ќе
откриеше се и ќе го вметнеше во својата петорка, па, после тоа кога ќе дознаше дека се
откажал земниот живот и дека длабоко потонал во една колективна македонска борбена
душа, којашто беше целосно насочена кон протест и жртва. Блажо ги полнеше и
придобиваше новите членови не со пламени зборови и аргументации, не со ветувања за
небесното царство, туку со милоста и благородството на својата душа, преку спокојното
влијание врз целото негово духовно битие, преку тивкиот и уверлив збор и преку топлата
другарска љубов. Тој ја даваше својата душа на другите, за да ја заработи туѓата за делото.
Тоа магично влијание никој не можеше да го објасни, така што со новото покрстување
веднаш доаѓаше и другарството со покрстените, личната и чувствителната поврзаност со
Блажо којашто беше појака дури и од таа во уставот. Бруталноста на своите аргументи
поврзано со неговиот разум којшто не беше студен ја сврзуваше неговата петорка, но,
топлината во душата, даваше чувство на инкарнација на живот и идеи. Со својот мек, благ,
определен и постојан карактер, тој им даваше посебен живот на идеите и тие вдишуваа
благородство од неговата душа. Тој беше душата на Македонија, којашто сакаше да ги
исече синџирите на ропството, да ги претвори душите на младите во еден синџир на бунт,
со којшто ќе го оковаше поробителот – врагот. Никој не можеше да го одбие
пристапувањето кон М.М.Т.Р.О. кога доаѓаше од човек којшто не покажуваше никаква
амбиција, не беше фалбаџија и не беше суетен. Тој дејствуваше со својот благороден лик,
со својата чиста совест и морална чистота бидејќи вршеше една света народна работа.
Блажо беше совеста на М.М.Т.Р.О. бидејќи секој којшто несвесно се откажуваше од
организацијата, самиот тој пак дејствуваше спротивно тоа и го убедуваше да остане
доследен. Овде се криеше тајната на неговиот успех, бидејќи со својот алтруистички
инстинкт умееше да ги отргне од длабочините најтемните струи во луѓето.

Блажо беше образот на скромноста. Таа скромност пак не му даваше можност на некој
друг да помисли дека тој цели кон нешто друго, освен тоа, коешто свето, вечно и идеално
во едно ослободително движење. Поради тие особини тој многу наликуваше на Пере
Тошев – совеста на В.М.Р.О. Тој се предал целосно на идејата, потонал во лавиринтот на
тајно дејствувачките сили на конспирацијата, тој ниту еднаш не покажал знаци на лична
амбиција и на слабости во своето лично “јас”. Тој стана безличен двигател на
колективната душа, којашто дејствуваше како стихија. Самооткажувањето му беше онаа
морална сила, со коешто ги сврзуваше сите во еден идеален круг и ги тераше на жртва и
смели подвизи во името на издигнаиот лозунг, за да може да се образува една фанатична
македонска фаланга настроена против збеснатиот враг. И навистина, со еден таков
самозаборав, со придобивка кон личното добро, преку т.н. самооткажување, со
послушноста и скромноста можеа да се изградат и воздигнат величенствени згради на
младинската организација, каква што ја гледаше Европа за време на скопскиот студентски
процес, чијшто херој беше Блажо, како студент по техника на белградскиот универзитет.

Блажо беше еден од најдисциплинираните членови на М.М.Т.Р.О. Кога ќе запреа во Ново


Село за да се подзасилат и да ги прегледат работите на организацијата, во присуство на
другите членови, тој го цитираше рефератот за положбата на народот и на М.М.Т.Р.О. за
плановите во иднина со еден апостолски предвид за безсмртната судбина борбените
Бугари во Македонија. Неговото благородство се пројавуваше со голема сила и нѐ
пленеше и импресивно се пренесуваше по лицата на членовите. Исполнет со љубов
спрема сите тој никогаш не беше во конфликт со некој и беше сакан од сите. Неговиот
спокоен карактер беше насекаде и ствараше атмосфера на искрено другарство, којшто
беше еден од главните столбови на успехот на делото. Имаше еден надприроден жар, една
таинствена сила, којашто топлеше, привлекуваше и ги спојуваше сите околу топлата душа
на покојниот. Тој не пленеше со нешто надворешно и напротив, беше скромен, неговото
богатство беше длабоко во душата, неговата душа воопшто не беше суетна, напротив
беше скромна и веднаш се пројавуваше пред луѓето за да докаже дека духот отсекогаш е
опстанувал за разлика до телото.

Таа суптилност на неговата блага душа можеа да ја препознаат инстиктивно само неговите
другари, коишто го симпатизираа и можеа со красноречевитост да ја прикажат неговата
душевна вредност, чувствувајќи го како олицетворение на безкомпромисното другарство.
Тој си имаше свој личен, блажевски метод којшто можеше да створи расположение
помеѓу двата пола, да фрла зрнца од бисер врз нашите револуционерни идеи, да ги краси
душите и на нашите храбри Македонки, коишто гореа од желба да и служат на својата
татковина. Тој беше мајстор за да ги претвара излетите и вечерите, со една народна песна
и гитара во рака и народните шеги во една арена на агитациони гнезда каде што
преовладуваше врховната мисла за служба на татковината.

Како жив пример тој се служеше со идеите на ослободителното дело. Како релегиозен
фанатик тој не ги трпеше туѓите идеи и сметаше дека богохулење е да се суди и оспорува
со неа. Еднаш засекогаш идејата беше изберена од оние кошто беа заробени, кои ја
создадоа епопејата на македонското ослободително двиежње преку илинденското
востание и со рацете од крв длабоко се запечатија во сознанието на народот. Сега, нам ни
беше редот, со стравопочит пред нив, да се подредиме под нивниот авторитет и да ја
примениме идејата со саможртва, среќни бидејќи не прифатиле во дружината на
безсмртните. Иако тој ротираше во сферата на личниот идеализам, Блажо, никогаш не
навлегуваше во фанатизмот на револуционерството. Тој беше претставник на освестениот
идеализам и добро осмислената борба за народот.

Јас не бев видел другар да биде толку горд бидејќи е член на тајната организација, да се
радува толку без страв и колебање бидејќи му е овозможено да пристапи кон редицата
херои кои беа загинале за бугарската слобода. Облеан со чувство на национална гордост,
тој живееше во еден посебен свет. Тој беше потонал во колективната свест на душата и
тоа му причинуваше спокојство при дејноста. Тој се чувствуваше безсмртно бидејќи се
беше втемелил во алтруизмот на народната душа и беше верен проповедник на нејзиното
безсмртноста, па затоа и се чувствуваше безсмртно. Блажо живееш со безсмртноста на
својот народ! Со тоа, тој го беше победил чувството за личното си свое добро и тоа
произлегуваше неговата храброст. За време на сите пеколни планови против непријателот,
тој беше спокоен, прибран, ладнокрвен, бестрашен, како да вршеше свет чин пред олтарот
на татковината иако и тој самиот беше жртва, исто како оние на народните прослави за
одбележување на нешто (се мисли на паганизмот и приредување чин со жртвување на
некој/нешто). Сите тие особини го издигаа до оние висини на еден вистински апостол на
слободата. За него, ослободителната идеја не беше политика, туку религија, таа не беше
партиска, туку народна идеја. Затоа, тој ги бараше апостолите, а не политичарите,
свештениците, а не актерите, вистински души, а не акробати на разумот. Родени во земјата
на бугарските апостоли – Кирил, Методиј, Климент, Богомил и други – пламенот на
апостолскиот оган во него, вечно запален факел, којшто ги осветлуваше закоравени
работи на нашата нација. Со такво визионерско чувство и инспиративност тој ги редеше
младите еден по еден пред уставот на М.М.Т.Р.О. бидејќи со него се градеше оној кадар
којшто се подготвуваше да му нанесе смртоносен удар на перфидениот Србин. Вешт
механичар на револуционерната машина, којашто ја разоруваше подмолната мозаична
држава, како идеолог на младинската организација, тој ги жнееше дарежливите плодови
на апостолската работа две години се до скопскиот процес.

БЛАЖО МОНЕВ КАКО УЧЕСНИК ВО СКОПСКИОТ


СТУДЕНТСКИ ПРОЦЕС
Врволицата храбри млади револуционери чекореше по патот за возвишување и величење
на ослободителното дело, со силен порив и ентузијастичен полет! Но, за жал, јудејскиот
вител се надвисна над нас којшто со предавничките усни ги бакна жртвите, коишто во
мај,1929 година отворија една нова страна во маченичката историја. Јудејското дело
отсекогаш се провлекувало во историските настани и стварало состојба на “вриење”. Пред
нас се испречи грозотијата на српската инквизиција во која се бањавме цели два месеци и
се соочувавме со смртта со којашто се бевме погледнале во очи само еднаш. Кога Блажо
дозна за провалата, како да му протече отров низ телото, па започна да си го кине месото,
но, набргу се вооружи со издржливост, трпение и молчење – тие беа новите добородетели
кои ни ги наложија Србите од жестоките и свирепите измачувања. Тој беше херојот во тие
ужаси, којшто беше смирен и стоички ги поднесуваше маките, ладнокрвен и спокоен дури
и кога нашите џелати не понижуваа, Блажо остана недопирлив на ласкањата и ветувањата
на непријателот, не покажа колебање и остави впечаток дека, дури ако треба и во затвор
ќе лежи само да се победи злото и да се испочитува каузата. И навистина, промислата,
којашто секогаш е на страната на борецот за правдата ни овозможи да го обелодениме
злото пред сите за целите организацијата. За нас немаше подобен настан од оној кога
целиот светски печат почна да грми во наша полза. Нашето затварање беше земено како
доказ дека тиранинот не успеал да не србизира, тогаш, целата лажлива српска наука
пропадна и највисоко на пиедесталот се искачи бугарскиот дух со неговите подвизи.
Србите се покајаа бидејќи не притворија и бараа брзо решение за поништување на
студентскиот процес. Од овој подобен настан, сето зло кое беше нанесено врз
организацијата, како бумеранг им го вративме на Србите. Тоа и беше парадоксот на
нашата славна револуционерна борба; колку повеќе не апсеа, толку повеќе зажалуваа за
таа постапка, бидејќи, во затворите ние тајно правевме работи за да не им дозволиме да не
ослободат без судска пресуда. Блажо беше разумен. Тој разбра дека во затворите се
подготвува подвиг за слободата на Македонија, подвиг, којшто ќе ја разбуди свеста на
летаргичната Европа, којшто ќе ја дигне Македонија на нозе, којшто ќе ги наполни
планините со четници, а градските улици со херои, како Мара Бунева, Хипократ
Развиговор, Лилинков, кои во 1927 година ги предизвикаа најголемите немири на една
трајна револуција, како онаа во 1903 година, кога со Илинденското востание се стресе
светот. Очигледно беше дека македонската младина не спие, дека и таа се присоединила
кон светата борба за слобода како онаа на Дамевци, Делчевци, Т. Александровци,
Кушевци и така натаму.

Трагичниот Блажо ја избегна пресудата на скопскиот студентски процес, но, не затоа што
полицијата немаше доволно докази против него да го осуди, бидејќи целта на тиранинот –
политичар беше што е можно повеќе да се зголеми бројот на национални маченици, а со
тоа барем делумно и ќе се намали дипломатскиот успех на В.М.Р.О. во странство пред
општеството на народот и европското мислење. Србите немаа сила, дури не можеа ни да
ги апсат оние кои веќе беа гонети.

Своето ослободување Блажо го прифати рамнодушно, дури и болно, бидејќи сметаше дека
не го заслужил достоинството Србите од него да се плашат. Но, тој избра друг пат, да ги
предизвика и од него да направат маченик; тој ја продолжи работа во М.М.Т.Р.О. и после
неговот ослободување. Овде настапува неговото бескомпромисно херојство; овде се
славата и големината; овде се издигна како жртва во служба на татковината.

БЛАЖО МОНЕВ КАКО РАКОВОДНО ЛИЦЕ ВО


М.М.Т.Р.О.
Оправданите другари – членови пред судот не можеа да се радуваат на пресудата за
слобода. На излегување, патот на Блажо беше попречен од еден полицаец кој му порача
“Вие успеавте да се спасите, но сега полесно ќе ве стигне куршумот”. И навистина,
понекогаш, се стекнуваше мислење дека побезбеден живот имаат оние кои коишто лежеа
во затвор, отколку оние коишто беа надвор. Зошто Србите не сакаа да се компромитираат
пред надворешниот свет?! – Тие касапниците во затворите ги окаректеризираа како
обични убијци, додека пак оние надвор за нив беа акт на тероризам и ги “таксуваа” како
дело на македонските меѓусебни несогласувања.

После тие заплашувачки зборови, Блажо можеше да се одлучи да води мирен живот,
доколку тој сакаше, но, тој во затворот еднаш го виде лицето на смртта и реши тој лично
херојски да ја прегрне. Напротив, и после тој еден погром врз организацијата, само
требаше да се појави еден лекар, којшто ќе ги залечеше раните на М.М.Т.Р.О. Блажо го
беше чул гласот на историјата; дека дошло неговото време да ги примени сите негови
планови за реорганизација и заздравување на организацијата. За него немаше колебање во
тоа дали требаше да ја продолжи светата апостолска работа. Тој се соживуваше со плачот
и трескавоста на својот народ. Тој на дело виде како народот ги сака своите дејци, кога во
нашиот затвор тие се нижеја да не видат додека ни ги “облекуваа” маките, кога исполнети
со национална возбуда народот трчаше да ги весниците во коишто се говореше за
судењето на скопските студенти и за подвигот на дејците. Има ли поголема награда за нас
од таа, кога увидовме дека сиот народ беше зад нас и не бодреше и величеше?

Сето ова го инспирираше Блажо за нови подвизи и му даваше нови импулси за да го


возвиши уште повеќе ослободителното делото пред лицето на историјата. Сега, над
главата на Блажо висеа тешки проблеми и тој ги реши просто, со разбирање и во истиот
момент тој беше пуштен од затвор со другите, ја реорганизира организацијата за брзо,
воспостави нови правила, ја заздрави, ја окуражи и ги прибра сите коишто беа распрснати
на сите страни и таа повторно почна да функционира како порано. Тој се чувствуваше за
одговорен пред другарите во затворот и мислеше дека ќе ги успокои од маките кои ги
поднесуваат кога ќе слушнат дека М.М.Т.Р.О. е “излечена” после провалата. Идентично
било и после Илинденското востание кога се нашле херои да ја возобноват организацијата,
па така и после скопскиот процес кога членовите на М.М.Т.Р.О. ја закрепнаа
организацијата. Положбата после пресудата се беше изменила; конспиративната работа
одеше бавно, бидејќи Србите беа решиле да не ги затвараат веќе обвинетите, туку да ги
убиваат без суд, за да не загубат уште битка пред општественото мислење во Европа, како
што беше случај со скопскиот процес. И навистина, после нашата пресуда луѓето почнаа
да исчезнуваат без траг и полицијата систематски почна да убива. Но, заедничко беше тоа
што со акцијата на тиранинот, доаѓаше и реакцијата на народот; не само што четничката
акција се засили до максимум, туку и младината започна да ги поддржува студентите од
скопскиот процес и тотално да се оддаде на работата за народот и пристапувањето кон
М.М.Т.Р.О. Во гимназиите, учениците доброволно и без заклетва започнаа да работат и да
се редаат покрај мачениците – студенти со желба и тие да му служат на делото. Тоа беше
како да имаше некоја зараза, Србите започнаа дури и гимназиите да ги затворуваат.

Страшниот двобој помеѓу робот и господарот започна со целосна жестокост, особено


после херојскиот подвиг на Мара Бунева, кога веќе никој Србин не беше сигурен за својот
живот. Заканите на генерал Наумовиќ, дека за секое србско око, ќе падне бугарска глава,
за заб – вилица, угнетувањето на патриархот – разбојник Варнава поради неодговорните
причини да го убиваат невиното население беа причини зошто Блажо ја продолжи
подмолната (тајната) работа во М.М.Т.Р.О. Секоја нова револуционерна активност беше
тесно сврзана со сигурна смрт. Но, Блажо и покрај сите тие опасности и ужаси на
српскиот терор, гореше од желба да се возвиши над она, коешто ги тревожеше
суштествата на земјата, за да стане двигател на онаа тајна, којашто ја гради историјата на
еден народ. Ете, овде се увидува историската улога на блажовиот подвиг, овде се подига
паметникот на хероите во нашето ослободително дело.

ПОДМОЛНОТО УБИСТВО ВРЗ БЛАЖЕ МОНЕВ ОД


СРПСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ
На секој корак непријателот проливаше невина крв, го измачуваше народот и ги демннеше
младите од М.М.Т.Р.О. Борбата против угнетувачите се водеше од целиот бугарски народ
во Македонија, на сите фронтови. Тиранинот беше бесен, бидејќи ниту едно негово
пеколно настојување не беше успешно. Им беа одземени и последните надежи, дека ќе
успеат да ги придобијат душите на младите. Таа илузија им ја снема како меур од сапун
после нашиот процес. Тие беа избезумени. До гушата им беше дојдела зовриената крв на
робот – борец која ја користе да си ја удават во неа нечистата совест.

Така и Блажо ја помина својата работа со прогонството. Дојде и неговата судбоносна 1929
година. Блажо талкаше низ те низ Белград, те низ Македонија, за да ја избегна полицијата.
Испитот се наближуваше. Блажо имаше претчувство дека ќе дојде до разобличување на
драмата и им соопшти на другарите што му рекол Жика Лазиќ на една средба; доколку
отиде во Штип, нема да се врати жив. После соопштувањето на неговата смртна пресуда
од тој злосторник, дојдоја часовите на внатрешната борба во душата на Блажо.
Кулминационата точка на самооткажувањето настапи. Тој се бореше како Исус во
Гетциманската градина; ако отиде за Ерусалим – Штип, ќе го распнат – убијат, но, тогаш
ќе можеше да основа нова религија, а доколку немаше да оди – ќе се спасеше, но, нема
религија без мачеништво и нема слобода без жртви. “Господи, помогни ми ја да ја испијам
таа горчлива чаша” кажал Исус и рекол ”Без смрт, нема воскресение”. Истата борба го
мачеше и нашиот Благој. Тој отиде за Далмација, на морето да се одмори, всушност – тој
се бореше со самиот себе. Но ете, другарките од тајната женска организација го среќаваат
во Скопје, вчудоневидени и го советуваат да не оди за Штип. Блажо, решителен да ја
испие горчливата чаша и ладно, со спокојна насмевка, се разубавил, си ја расцветил
својата младост, одговирил, дека ќе оди таму за да умре, каде што загинале и големите
синови од Ново Село. Онемени од таа желба да умре како херој, другарките го испраќаат
со букети и трогателни чувства и со молчливо сознание дека никогаш повеќе нема да го
видат. Тој врвеше смело кон неговиот последен подвиг за величењето на својата
татковина. Далечниот повик на распната Македонија го повика на жртва! Неговите
последни зборови пред другарките му беа: „ Одам да го видам своето либе – Македонија”!

Разгореното августовско сонце печеше, со возот тргна за да го однесе кон височините на


славата. Пред него излезе ликот на маченичкиот град Штип, којшто во тие моменти беше
пекол. Блажо отиде да се висне во болките на својот народ, да го видат, дека е меѓу нив, да
го насочат на трпение и храброст, да ги спреми младите за нови подвизи, иако и тој
самиот гледаше како пропаѓа во пеколот. Меѓутоа, во Штип, српската гилотина работеше
без престан и само чекаше нови жртви. Блажо почна да се дави со своите раце облеани со
маченичка крв, за да се удави и тој самиот во неа. Другарите го убедуваа да се врати во
Белград, да се спаси. Но, на неговиот стоицизам и храброст им немаше крај. Пред нас се
истакна сликата на апостол Петар, којшто се враќаше во Рим, за да го распнат.
Злосторникот Каламатиевиќ го повика во општината и го подлегна на морална тортура и
му рече наредниот ден повторно да се појави кај него. Блажо имаше повеќе од 12 часа да
се изгуби од Штип и да се спаси; на тоа го советуваше целиот град, но нашиот апостол не
дезертира, туку го предизвика крвникот на деликт. Визионерот Блажо го виде орелот на
маченичката смрт, неопходен за делото го привлече незнајно. Затоа, тој смело отиде
наредниот ден кај јудата, којшто после серија нови измачувања го испрати кај околискиот
управител. Блажо го беше зел револверот за да го убие непријателот, доколку има потреба.
Но, што говореа со јудата на таа средба, ние не знаеме. Јасно е дека Блажо можел тогаш да
се спаси; но, тој гордо отиде кај околискиот управител без да се сретне со другарите и без
да се врати вечерта таму. Блажо потона во ќелиите на околискиот управител, без да знаеме
кога и како тој ја пронашол смртта.

Така, на 13 август 1929 година заврши земниот живот за нашиот сакан Блажо Монев, за да
ја започне неговата безсмртност онаму каде што се наоѓаат плеада бугарски великани,
таму, кај Левски, Делчев, Александров и сите незнајни херои на општобугарските
ослободителни движења. Студентот Блажо ќе остане најблескавиот скапоцен камен на
тијарата на М.М.Т.Р.О. и симбол на бугарскиот саможртвувачки ген. Разделувајќи се од
својот мил народ во темните ноќи на српската крвожедност, Блажо сигурно ги
повторуваше зборовите на својот сограѓанин Киро Григоров: „Како и Христос и јас ќе
умрам во голготата за мојата татковина, која се вика Македонија”.

Така згасна апостолскиот живот на еден голем борец, искрен и предаден на идејата,
великодушен идеалист и совеста на М.М.Т.Р.О. Нека му е лесна земјата којашто ќе ги
инспирира новите поколенија, радувајќи се на слободата!

ТРАЈКО ПОПОВ – СТИХИЈАТА НА


М.М.Т.Р.О.
„Природата вешто се беше испомешала

таа сакаше од тебе да створи генијалец,

затоа во твојата глава, како во една печка,

се расфрлаше многу пламен и гореше жестоко,

но таму, еден друг таен демон се беше нашол:

кој создаваше нешта од крајност во крајност,


користејќи елементи на страста; злото и моќта,

душа полна со бури, со блесок и мрак.

Твојата одмазда, беше и одмазда на сатаната,

твојата љубов, беше љубов енормна”

„Раковски” од Вазов
Пред нас се беше исправил еден гневен гигант, носител на селската стихија, којшто го
беше донел петвековниот бунт на народот против ропството, го беше разнесол по улиците
и ја беше возвишил филистерската чаршија. Тој секогаш беше возбуден од бесот на
српскиот угнетувач. Трајко секогаш поливаше отров насекаде; тој беше страв и трепет за
душманот, камшик за предавниците и совест на летаргичната чаршија. Самата негова
појава предизвикуваше молк и лутина кај српскиот тиранин, нему, секој му се
приклучуваше во бунтовништвото, бесвесно се слушаше неговиот хипнотички збор и се
слушаше внимателно. Тој навистина беше роден за апостол, но, не онаков којшто ги
убедуваше луѓето со докази и волшебство. Со бес и гнев, со одмаздувачки и заплашувачки
нагон, која ја претвараше во една колективна маса, која губеше се лично, за да го слуша со
стравопочит и да го следи со опчинетост. Со стап во раката, со строг и насочен поглед, со
заканувачки гестови и големи чекори, со неспокоен бунтовнички дух и со повредена
душа, тој талкаше, како народен пастир по селата и градовите. Тој беше жесток идеалист,
којшто го беше дигнал и осознал селанинот – роб и оголениот до кожа, работник. Во
неговата душа секогаш се беа збрале сите страданија на еден роб. Тој сакаше да ги
претвори трагични и безобразни периоди од животот во еден бунтовен повик за слободата
и спасување на народот. Како да се беше струполил врз него целиот народен вриеж,
спремен да го забие непријателот – ѕверот, којшто го смукаше народниот сок. Тој го беше
чул гласот на измачените поколенија кои беа под удирани со камшикот, тајно ја беше
дознал шифрата на бугарската судбина, за да се инспирира со духот на Караџата (Стефан
Тодоров Димов, наречен Стефан Караџа е бугарски национален херој, револуционер на
бугарското национално – ослободително движење и војвода) и Левски, со храброста на
Делчев и Груев и со идеализмот на членовите на младинската организација. За тоа беше
преодреден херојот, роден во селото Ѓавато, Гевгелиско во 1908 година. Селото беше
надвиснато над скалестиот брег на шумниот Вардар којшто му носеше пријатно влијание
на поробениот народ.

Одовде, тој му го наговести значењето и бунтовничкото учење на својот народ: “На


робовите слепи од ропската страна, тој им однесе сознание, поддршка и светлина.
Зборовите му беа едноставни и кратки, исполнети со слатка надеж, тајно говореше за
надоѓачкиот преврат, за бунт, за слобода, за рајата, за гробот и дека редно време е да се
дгинат робовите, бидејќи среќен ќе биде оној кој ќе го дигне прв народното знаме и ќе
пролее крв и дека треба тврдокорност, смелост и континуитет, дека стравот е подмолен,а
гордоста е пијанството и дека сите ќе бидеме рамноправни кога ќе дојде големиот час”.
Тој внесуваше ведрина во народната свест и дека секој

ТРАЈКО ТЕОХ. ПОПОВ


без разлика на пол, возраст и занает зимаше бескомпромисно учество во опасното дело;
богатите со парите, сиромашните со трудот, девојчињата со иглата, образуваните со умот,
а тој беден, гол, бос, лишен од животот за да е полезен си го дал животот” („Левски” од
Вазов).

Секогаш немирен, секогаш неспокоен и инспириран од апостолското си настројување, од


реторичкото значење, тој вистински грмеше со своите зборови, како грмотевица, насекаде.
Гневен, тој дојде до сознание дека сѐ што е гнило треба да се отстрани со ножот на
чесната борба, дека од светата македонска земја треба да се изгони, со крвта на своите
најдоблесни синови, мрсниот српски џган. Него не можеше да го смири ниту една
петорка, ниту дисциплината во организацијата. Неговите стрели се разнесуваа насекаде,
како молња, за да го пробудат некој заспан и да ги стресат колебливите со неговите
заплашувачки зборови. Насред глувата чаршија, којашто беше потонала во бездејствие
поради стопаскиот застој беше создаден од српскиот терор и нивната неспособност,
здогледувајќи го моментот, Трајко се беше зададел од брегот на Вардар, влезе како стар
пророк, после маченичкото скитање по селата, за да ја размрда тишината на робот, за да ја
воздигне силата на пробудениот селанин, да ги разведри сите со здравиот бугарски
национализам, којшто се раѓаше во девственоста на селото. Разгорен и луто се беше
нагрнал и започнал да вика по улиците за да го умртви стравот на слабите граѓани со
непостојаниот бунт на селото. Со строг тон, со силата на својот авторитет, тој го гонеше
демонот наречен „страв” и „колебање”, за да завладее околу него духот на храброста,
ведроста и надежта за блиска слобода. Тој сакаше да го зафати целиот народ со еден
замав, со заканувачкиот стап и да го собере како пастир и да го фрли во оганот на
ослободителната борба, без да ги чека монотоните дејствувачки петорки.

Затоа, Трајко не можеше да биде организатор на М.М.Т.Р.О. но си остана бунтовник,


којшто бегаше во горите и тие единствено ѝ можеја да го задоволат. По улиците и
плоштадите беше најподобно место за филозофи – софисти, таму се собираше целиот
свет, гладен за одмазда. Имаше ли некој кој можеше луѓето повеќе да ги нарани со
револуционерни идеи од одметникот Трајко, да ги маѓепса со својата впечатлива фигура и
да ги наелектирзира кога ќе дојде судбоносниот ден за пресметка. Него го привлекуваше
разновидната чаршија, бидејќи овде не можеше да најде некој залутан или посрбен
граѓанин, кој ќе го “дави” се до неговото осознавање. Тој ги стреснуваше и освестуваше со
кратки, но громогласни зборови, со едноставна, но јасна содржина. Како со чекан да
одекнувааше – цврстината на бугарската народна идеологија. Тој беше оној голем народен
трибун, учител и грмеж на славната револуционерна епопеја на младите. Од неговото лице
блескаше сила, суштествена сила на нацијата, којашто сакаше да ги скрши оковите на
ропството, кој ни пречи да се развиваме слободно во суштествениот простор на бугарската
земја. Носител на вечниот неподнослив ропски ген, тој ги распламти најбунтовните мисли
со кои беа задоени генерациите во М.М.Т.Р.О. Каква ли жива сила му бликаше од
разгневената устата, кога сиот беше возбуден од предизвиците? Тогаш, како волшебен
змеј, со оган и ненавист, очите му сјаеја, а неговиот правец беше насочен т.е. водеше кон
она да се изрази она, коешто не можеше да се искаже, бидејќи тој не беше човек со
аргументации, туку напротив, човек со бунтовничка волја и револт. Затоа, тој ја
симболизираше волјата на младинската организација, тој беше инкарнација на
ненаситност и елан кон дејствување уште од вулканската пројава на човековот битие. Тој
неисцрпен резервоар на дејствување никогаш не најде време за одмор, ниту пак спокој. Од
читањето на неговиот ракопис во писмата, се констатира, дека ниту една хартија не е во
состојба да ја собере цела селска стихија и да ја вметне во една систематска и
организациона работа.
Без да размислува за некаква си мерка за неговите зборови и дела, тој еруптираше
наеднаш, како вулкан над секого и секогаш ја превземаше улогата на трибун и
проповедник како пастир и сеач. Тој му говореше на целиот народ дека дури и кога пред
себе имал само еден човек, бидејќи, она кое го говорел, го сметал за нешто вечно; бунт во
за слободата на поробениот народ. Една емоција доминираше во неговата душа –
бескрајна омраза кон Србите. Таа вродена омраза го инспириаше да не остави ништо
српско, тој ги собори и запали оние лажни идоли, сѐ српско до коешто стигна, го понижи,
срамни и згаза со нозете, за да ја намали одбојноста вкоренета од здравиот народен
организам на тиранинот. Неговиот лознуг гласеше: „Да се мрази врагот, за да се срази
(срамне)”.

ТРАЈКО КАКО ЧЛЕН НА МЛАДИНСКАТА


ОРГАНИЗАЦИЈА
Трајко беше голем успех за младинската организација, тој беше една таква духовна сила
којашто беше онаква, каква што и самата си се претставуваше. Тоа се случи на една
зимска ноќ, во 1925 година, во Штип, каде што Трајко одеше во гимназија. Тој беше
учествувал на една средба организирани од погорни класови во училиштето.
Ослободителното дело ги беше опфатило и младите во гимназиите. Тие се обидуваа да
најдат начин како да се приклучат во нерамномерната борба против поробителот и дел од
нив дошле до информации дека низ Македонија талкаа апостилите на тајната младинска
организација. Со радост и гордост учествуваа на средбите, определени токму за тоа и во
настанатите несогласувања доаѓаше до израз своето високо патриотско чувство, со
решителност да се борат против омразата и тиранинот – Србин. Не беше тешко да се
увиде кој сте истакнува со подготвеност за поднесување жртва во историски збиднувања и
кој можеше да биде определен за да и пристапи веднаш на организацијата, па дури, и ако е
шести клас. Трајко појде за Скопје со мене, уште вториот ден. Време за восхитување
немаше, бидејќи, веќе имаше нешто организирано против Србите. Ја положи заклетвата, ја
покажа сета своја природна појава која го красеше со голема сила уште при тој свет обред,
со којшто запечати својот суштествен пат, за да си го оддаде животот на својот народ, за
да ја згасне жедта за одмазда и го успокои плачот на народот маченички. Така започна таа
бунтовна волна да се одделува од ропството како брег, гордо да го вее знамето на
македонското национално движење и со чувство на голема национална гордост да ја носи
во душата апостолската жар. Две години по ред, тој беше најголемиот распространувач на
нелегална револуционерна бугарска литература и ниту еден не се беше разочарал или
заплашил од служењето на својата татковина. И кога ќе се појавеше некоја потешка и по
опасна работа, тој беше оној што секогаш сакаше доброволна да ја заврши, бидејќи не
сакаше ни миг да помине без тој да регистрира некој подвиг. И кога дојде ден за апсење за
време фамозниот скопски процес, тој остана недоперен, неотркиен за да се разгорат уште
повеќе апсењата и мачењета сѐ со цел валоризација на револуционерната работа. Тој
имаше полза од создадената атмосфера меѓу младите, да не поддржуваат насекаде и да
талкаат насекаде. Секој знаеше дека воодушевувањето меѓу младите имаше елементи на
дивеење и лудости, тогаш, кога границата на разумот беше победена од надојдената
младинска енергија и премина во еден безумен полет кон големи подвизи, кон
достигнување на надчовечкото, херојското и титанското. Тоа и се случи со нашите
гимназијалци, откога го видеа нашиот пример. Зарем тие требаше да застанат зад нас? Тоа
нив ги болеше и ете зошто тие се впуштија во организација за да ги исполнат своите
заклетви, да ги ништат Србите и да ги принудат да ја затворат и последната гимназија во
Македонија, да ги исклучат бунтовниците без конкретни причини, за да го потиснат ова
течење, коешто се ширеше како зараза меѓу сите ученици и ги поттикнуваше кон еден
општ подем и движење против Србите, како што беше случај зимата 1927 година во
пресрет на нашиот процес и судење. И токму овој револуционерен полет, Трајко беше
инфлагрант (фатен на дело) во возот помеѓу Велес и Кавадарци со еден пакет нелегална
литература и апсен од српската полиција во Кавадарци со уште шестмина свои другари.
Сега, Трајко создаде свој политички процес исклучително од ученици во српските
гимназии и тоа за време на есента 1927 година, кога светскиот и српскиот печат пишуваа
за нашето затварање и за целото револуционерно движење на нашите чети по планините и
атентатите по градовите и железниците. Смелиот подвиг на нашите гимназијалци се
состоеше во тоа што во разгорувањето на најжестокиот српски терор, кога насекаде вршеа
убиства дискриминаторски и без суд, воодушевени од нашите дела и фама, којашто се
дигна околу нас. Ние започнавме да си пишуваваме писма со содржина во врска со нашето
затварање, за потреба и тие да присоединат кон нашето движење и за претстојните задачи
кои ги имаат да ги извршат сега, кога ние сме во затвор. Целата таа кореспонденција беше
во Трајко кога тој беше апсен заедно со неговите другари и поради тоа, требаше и нив да
ги осудат, како наши помагачи. Тиранинот, веќе еднаш ја направи грешката со нашето
апсење и му ги прикажаа на европското општество, да здогледа какви ѕверства
поднесуваше нашето население, па затоа, решија и покрај заложената нелегална
литература и кореспонденција, да ги пуштат на слобода во декември кога и на нас нѝ се
судеше, за да го избегнат докажувањето дека и гимназијалците делат исти идеи и ист дух
како и уапсените студенти.

Така, Трајко се спаси по втор пат пред да биде откриен и продолжи да агитира и после
нашето судење. Заедно со Блажо и другите другари коишто ја продолжија борбата и после
таа криза во организацијата, тој ја реорганизира организација, ги собра членовите и му
даде нов стимуланс на младинското движење. Тој е во постојан контакт со нас, во
затворот, преку членовите на женската организација и постапува по наши инструкции,
откако му го дадовме списокот на другите неоткриени другари. И така, неговото
дејствување продолжи сѐ до 1930 година, кога повеќето другари од скопскиот процес беа
ослободени. Тој веднаш стапи во контакт со мене и ние го продолживме развивањето на
младинската организација со нови цели, а двигател ни беше новата положба. Сето ова,
духовно и национално градење на младите поколенија, целата таа архитектоника на
петорки и на систематската работа за национално запазување на младите Бугари во
гимназиите, универзитетите и во чаршиите. Сето ова не го исполнуваше на Трајко којшто
поседуваше еден ентузијастиечн дух. Него го влечеше еден внатрешен поттик кон
поголеми подвизи, кон брзо трошење на насобраниот гнев кон непријателот, во еден дуел
со него, каде што ножот, револверот и адската машина (термин со значење за прогонување
на ѓаволи) ќе го разрешат секој со вулкански ерупции. Ете зошто, Трајко се оддаде на
тероризмот и стапи во контакт со четите, коишто се движеа во околијата на родното му
село Ѓавато, Гевгелиско.

ТРАЈКО ПОПОВ СТАНА ВОДАЧ НА ЕДНА


ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА ВО ГЕВГЕЛИЈА
Незадоволен од работата на систематската и бавната организациона работа на
младинската организација, бидејќи, после процесот на младите гимназијалци, беа
исклучени од сите гимназии. Трајко беше организиранал една терористичка група од
млади и бујни гевгеличани и стапи во контакт со терористите кои беа во гората. Овде,
преку летото, во 1931 година како црвена нишка, атентатите на В.М.Р.О. се
распространија од Ниш до Белград, Трајко се обучуваше со другарите за дејствување со
адските машини и со оружје. Всушност, тој го работеше она кое беше согласно уставот на
младинската организација, којашто одречно им наредуваше на членовите, штом завршат
со гимназијата, да се приклучат во редовите на старата В.М.Р.О. Трајко беше еден од оние
членови кои на младинската организација којшто премина во редовите на старата
организација и стана терорист. Прашање беше повеќе на темперамент, бунтовност и на
нетрпение отколку на идеалистичка последователност, бидејќи, за време на заговорот
секој си наоѓаше работа соодветна за засилување на јачината на неговиот дух и степенот
на само пожртвуваност. Не постои никаков сомнеж, дека Трајко го избра најопасното, но,
и најсоодветното со однос на духовната му сила. Особеностите на идеите за решителноста
му да се жртвува што е можно поскоро, бидејќи "срцето јуначко, не трпи". Со таа смела
одлука, тој ги надмина и своите учители.

Така подготвена, терористичка група ја започна својата адска работа во својата околија,
претставуваше страв и трепет за српската полиција. Нема веќе да се чекаат атентатори и
терористи од бугарскиот дел на Македонија, нема веќе да протестираат пред официјална
Бугарија, бидејќи, тие со знаење на бугарската влада праќале тројки. Тие се веќе во рацете
на самите местни македонски револуционери, излезени од школата на младинската
организација, па затоа, тие ја завршиле својата обука национално и духовно. Сега, тие и се
одадоа на практичната работа, на рушење, саботирање и минирање сѐ српско. Со таков
полет и решителност да си ги сложат коските пред олтарот на татковината, нашите
терористи отворија нова страница во борбата на нашата младина против тиранијата на
џелатите од Белград.
Сакајќи да ги поноват делата на прочуените атентатори на парабродот “Гвадалкивир”,
“Отоман-банка”, и низ целиот Солун од таканаречените “Гемиџии”. Групата на Трајко сѐ
обиде да дигне во воздух општествени згради во Гевгелија, но, ѕвездата на нивниот адски
подем, згасна уште пред да почне да почне да им се осветува и убива подмолните и
корумпираните српски чиновници, бидејќи, нашите нови атентатори не беа доволно
стекнале искуство, и како не доволно спремни, паднаа како жртви заради свои грешки.
При определувањет на рокот на експлозијата, тие згрешија. Наместо во минути, тие го
подесија времето на експлозија во секунди и така, бомбите им експлодираа во рацете.
Михаил Гошев беше убиен на лице место, а другиот, Илија Димов, за несреќа, остана само
ранен, а после тоа отруен во болницата. Тој пред тоа, падна во рацете на српските џелати
и при страшните зададени удари при тепањето, тој ги искажа своите другари, коишто беа
во градот, а меѓу нив, во затвор беше ставен и Трајко. Тој повеќе не виде светлост после
влегувањето во српските зандани. Започнаа страшни апсења на видни личности и
младинци, ужасот од Србите беше го достигнал највисокиот степен, бидејќи констатираа,
дека и од овде излегуваат млади атентатори. При тепањето и инквизицијата врз младите,
секој говореше сешто во незнание т.е. она што го посакуваше злосторникот. Ужасот се
пренесе и во домовите; мајките оплакуваа, се проливаа безброј солзи за нивните синови
кои беа во затвор. Селата пиштеа од крџалијските (војници оддадени на грабеж и
насилство) потери на контрачетниците и настапи една општа олелија во сиот гевгелиски
крај. Цел ураган висеше над доблестното семејство на Трајко, бидејќи тој беше во затвор и
ѝм потклекнуваше на ударите на српскиот џелат. Во месец декември 1931 година, во
Гевгелија се надвисна тиранската наметка на српското ѕверство и беше донесено решение
да загинат, да бидат убиени без никаков суд и без никаков доказ, таткото на Трајко и
самиот тој. И така, на една тажна зимска ноќ по улиците на Гевгелија се разнесе дивиот
глас на нашата селска стихија, гласот на последното бунтовништво на Трајко се зададе по
распаднатите улици и разбуди сите, за да ги натера да го испратат маченикот во
македонската голгота, оформена за безброј наши синови. Покрај реката Вардар и
нејзината притока, Сува река, беа закопани коските на Трајко со многу подобности којшто
важеше за доблестниот син на страдалницата – Македонија. Со количка, којашто го
глушеше плачот, заедно со татка си беа одведени надвор од градот и истата ноќ, животот
им беше одземен од српските жандарми. И до ден денес сѐ уште не се знае каде му се
наоѓа гробот и дали тој воопшто има гроб, бидејќи, можно е да е фрлен во реката Вардар и
да одвлечен накај Солун.

Другиот ден, Гевгелија се претвори во тажен и молчив град, бидејќи сите знаеја што
изгуби градот, бидејќи не можеја чисто да си ја искажат тагата и да му оддадат последна
почест на својот херој. Тие го изгубија народниот трибун којшто јавно говореше и
веруваше во слобода во блиска иднина. Онаа слобода којашто Трајко не може да ја види,
но ја видеа безброј негови ученици, коишто уште од првите нејзини зраци се сетија на
него и го споменаа. И ден денес, како моќен дух тој лебди над Гевгелија, за да ги
инспирира со своите спомени младите поколенија, кои со бескомпромисна жртва да ги
распламенат денешните основачи на голема Бугарија, бидејќи само со големо залагање и
љубов кон татковината и државата денес можеме да ги успокоиме коските на тој титанин
на нашето ослободително движење – Трајко Попов, којшто ќе остане гордост на
гевгелискиот крај.

Преку безсмртниот дух на Трајко кон величие на Бугарија!

ТОДОР ПОП ЈОРДАНОВ – ЧЕСТА НА


М.М.Т.Р.О.
“Патот е страшен, но славен

Јас можеби млад ќе загинам...

Но... доволно ми е и таа награда –

Да каже за мене народот;

Умре, сиромав за правда,

За правда и слобода!”

Ботев
Во 1927 и 1928 година стана маченичка страна, вистинска долина на плач и лелекање,
вистински пекол и гробница на видни синови. Исто како и под турско ропство, во рок од
10 години – од 1893 до 1903, организацијата успеа да го собере целиот народ и да го дигне
прочуеното Илинденско востание. Идентично и под српско ропство, В.М.Р.О. и нејзиниот
клон М.М.Т.Р.О. можеа во рок од 10 години, од 1918 до 1928, да го организира целиот
народ и да го настрои против тиранинот Србин во еден бунт, во едно перманентно
востание, коешто се одвивавеш во проблематичните години – 1927 и 1928. Македонската
младинска организација го даде сигналот во ова народно незадоволство со скопскиот
студентски процес, кој по своето значење и важност се исатакна пред сите други
политички процеси. Само за една година, од октомври 1927 до октомври 1928 година, се
беа одвивале 16 процеси со 171 обвинение. Сега кога ја читам книга „Македониј под
јарем”, во тоа време, судовите издале 9 смртни пресуди и осудиле општо земено 463
години затвор. После атентатот на генерал Ковачевиќ во Штипско биле убиени 143 луѓе, а
вкупно во Македонија 270 луѓе. За тие десет години, се случиле околу 1400 политички
убиства над македонските селани, напишано во оваа иста книга. А, бројот на политички
осуденици нема крај за време на црното српско ропство. Д-р Павелиќ, заштитникот на
студентите и сегашниот поглавар на хрватската држава, тврдеше дека 50000 македонски
Бугари биле прогонувани да политички причини, а само во 1924 година со амнестија биле
ослободени 18000 Македонци!

Сите тие ѕверства и прогонувања, затварања и протерувања создадоа една неописливо


задушувачка атмосфера. Тие сееја страв во народот и го принудуваа да се штити како знае
или да ја прифати смртта доброволно, за да не биде инквизиторски измачуван по
затворите.

Под притисок на таа неподнослива атмосфера на убиства и прогонство, инквизиција и


тормозење, по својот живот посегна и сѐ самоуби нашиот скапоцен и незаборавен другар
од младинската организација, Тодор Поп Јорданов. Тој е роден во месец февруари во 1904
година во Кочани. Тодор потекнува од видно бугарско семејство. Кога младинската
организација беше разоткриена и другарите во затвор им подлегнуваа на маките на
српскиот терор. Се создаде смут и големо неспокојство меѓу оние кои беа надвор, бидејќи
на секој начин џелатите сакаа да им извадат се од душата на младите уапсени студенти од
скопскиот процес т.е. сѐ што знаеја за организација. Ноќно време, после борба до несвест,
од устата на затворените “излегуваа” имињата на членовите, а подоцна, во текот на денот
тие ги негираа тие сознанија. Полицијата беше во двоумица кого да апси и чије сведоштво
да го земе за веродостојно; дали оние кои во
Тодор Поп Јорданов
глувата ноќ би беа извадиле од устата принудно под ударот на камшикот или оние,
коишто беа одречни преку денот. Затоа не беа сигурно кој е член, а кој не е, дали да го
апсат или само да го заплашат. Тоа се случи и со покојниот Тодор. Тој беше кралски
стипендијант поставен во посебна положба, па затоа, Србите беа помеѓу Сцила и Харидба
(морски чудовишта во грчката митологија, овој термин се употребува кога некој е во
положба иа двоумица, ако воопшто може така да се каже, кое од двете злоби е помалку
злобно и тоа да го избере). Доколку го уапсат, ќе докажат дека и за кралските
стипендијанти не можат да бидат сигурни, а камоли за останатите студенти од
младинската организација. Доколку го остават, ќе ја докажат својата слабост пред
населението. Тие се решија да одат дијагонално; ниту да го апсат, штом беше отркиен,
ниту да го остават да живее. Злосторникот Жика Лазиќ се одлучи за најподмолното;
четири дена го подлегна на морални измачувања, викајќи го при себе и измачувајќи го,
заплашувајќи го, претставувајќи го како случај на најопасен кралски стипендист и со тоа
разорувајќи му ја добрата и идеалната душа. Ниту слободен, ниту уапсен, Тодор беше
оставен сам на себе. Тој влезе во една страшна борба – дали да се бори за идеалот на
организацијата, да не открие пред подмолните планови на злосторникот за коишто и до
ден денес ништо не знаеме. Во таа ужасна борба меѓу смртта и животот во големата душа
Тодор се вроди идејата за самоубиство. Бидејќи, тој расудуваше, онака како што му
налагаше уставот во кој се беше заколнал; доколну не може да издржи, нека си посегне по
животот, за да не ја разоткрие организацијата. Дилемата беше, доколку беше фатен и
подлегнат на маки, можеби ќе не можеше да ги издржи маките и после тоа ќе не можеше
да живее од срамот пред себес доколку рекол нешто недопустливо; доколку си го одземе
животот, ќе се спаси самиот себе и организацијата од срам, ќе са спаси честа на давањето
заклетва и ќе се возвиши со својата херојска смрт. Тој не се самоуби, затоа што умот му
беше помрачен од некава подмолна мисла, а неговото самоубиство беше возвишено и
мотивирано од револуционерен морал, наследен од подобните дела на многу наши дејци,
чијшто експресионист беше сета Патчева чета која се самоуби во Прилепско. Тој ја
издигна револуционерната етика на младинската организација, тој покажа како се запазува
честа на ослободителното движење и како се умира со леснотија, кога се раководи од
човекот такви возвишени народни идеи. “Подобро е јас да умрам, отколку незнајно да ги
изговарам имињата на другарите, под ударот на камшикот, кои можеби се невини. Мојата
жртва ќе спаси многу души и ќе ги остави живи, со желба да го продолжат делото.” Тие
беа зборовите на самооткажаниот Тодор, којшто ја победи смртта, за да возвиши еден
морал, преку којшто можеше да се дојде до слободата. Филозофијата на самоубиството
имаше свои посебни сфаќања за моменти и мотиви, кога се уништува доброволно волјата
за живот, на свесната и доброволната смрт во полза на народот; целта на организацијата
никаде не можеше да биде така очигледна, така силна, така слободна од егоистичните
инстинкти, како во нашиот случај, уште повеќе, бидејќи Тодор имаше можност да побегне
и да го избегне со тој начин самоубиство. Ние знаеме од раскажувањата на брат му, дека
во таа опасност, кога бил повикуван од Жика Лазиќ и измачуван, тој си извадил пасош,
свој и на брата си, за да побегнат во Франција. И кога ќе се разгледа таа спасителна
околност, се отвара една нова страница на моралното херојство, коешто сакал да го
покаже. Тој не сакал да биде третиран после тоа од другарите, како дезертер, додека тие
подлегнувале на вражјите мачења. Лесно е да бегаш со оправдување, дека не можеш да го
издржиш тепањето, но кој ќе ги разубеди другарите и општественото мислење? Еден
херој на нашето ослободително движење не може да прави такви сметки и да го понижува
револуционерниот морал, тој или ќе избере затвор или доброволна смрт. Доколку се беше
всадил еден возвишен идеал во македонски интелектуален естаблишмент, покажува случај
со еден друг другар, којшто избега, ја премина италијанската граница, но почувствува
грижа на совеста и се врати пак, за да се предаде во рацете на полицијата и да оди кај
уапсените другари. Под притисок на општественото мнение, што ќе се каже после
бегството, чувството на одговорност пред народот и заклетвата, беше длабоко всаден меѓу
членовите на организацијата. Затоа не е чудно, кога претставуваме живописни слики на
морална храброст и на моралната чистота во редовите на организацијата. Еден од
големите чувари на таа граѓанска свест, беше несомнено покојниот Тодор, којшто стана
рицар на револуционерната чест. Во книгата на Албер Лонндр читам: “Пријатели, ме
повика шефот на полицијата. Се чувствувам многу слаб да го издржам испитувањето. Јас
тоа не го сакам – збогум другари!”

Еднаш решил да го заврши животот на еден таков доблесен начин, Тодор отиде за Земун и
на крајот на градот упорно го чекаше возот да помине, за да се фрли под него. Тврдоста и
непоколебливоста на решението се гледа и по времето, коешто чекал додека до дојде
возот. Овде, тој се шетал долго време, внесен во големината на својот подвиг, внесен во
мислите за потребата од такви жртви за татковината и предаден целосно на колективниот
морал којшто му диктираше во длабочината на совеста. Едно такво деструктивно, но
достоинствено решение. Возот пристигна и тој без да се колеби или да покаже знаци на
лудост, со зборовите можеби не ја надминува само Мара Бунева: „Ја сакам својата
татковина и умирам за неа”. После тоа, спокојно се фрли под него, за оди таму, каде што
живеат нашите безбројни безсмртници на татковината.

Наредното утро кон родното место на нашиот скапоцен другар се движеше една натажена
и ожалостена група од негови другари, за да ги соберат расфрлиените делови од неговот
тело и да го обноват целиот негов труп за да му го видат за последен пат телесниот лик на
тој херој и победник на смртта. Една тажна поворка, презирана од Србите, се движеше
крај него, покрај местото на вечниот спокој на Тодор. Сите знаеја, дека тој ќе умре за да го
спаси и осигура долгиот живот на организацијата, за којашто единствено живееше и
работеше.

Тодор Поп Јорданов влезе организацијата во 1925 година и беше донесен од штипските
другари, затоа што заврши гимназија во Штип. Тој учеше медицина и беше при крај со
учењето. Во организацијата работеше, како главен човек за Кочани. Како студент
служеше за контакт со бугарската делегација во Белград и од таму зимаше нелегална
литература, за да ја раздава без страв на другарите. Повеќе пати беше ангажиран и за
терористички дела. Беше и спроведувач на македонски момчиња кошто служеа во
српската армија и сакаа да побегнат за Бугарија. Тој им го покажа нашиот канал и дома им
ја соблекуваше војничката униформа, за да ги ослободи од тој симбол на ропство и ги
облече во слободата кон милата Бугарија, каде што беа вперени очите на македонски
Бугари.

Со смртта на Тодор, со самоубиството, младинската организација венча еден нов херој и


ѝм покажа на сите каков морал владее во неа и какво воспитување поседуваа
заговорниците и за каква голема жртва се спремаа. Таа школа на млади револуционери не
создаде само здрави бугарски патриоти и апостоли на ослободителното движење, достојни
наследници на старите вмровци. Всушност, со такви маченици му докажа на светот, дека
младата Македонија стои рамо до рамо, задоена со идентичните идеали и е готова да умре
и за истите идеали, положени од основачите на В.М.Р.О.
КИРИЛ ХРИСТОВ ЦИПУШЕВ –
ИДЕАЛИЗМОТ НА М.М.Т.Р.О.
Тиранинот беснее

И го обесчестува нашиот роден крај

Колеа, бесеа, тепаа, пцуеја

И го казнуваа народот поробен!

Ботев
Со тие бунтовнички зборови навлеговме во еден ден во 1925 година кога еден млад
интелектуалец навлезе во мојот револуционерен стан, за да ме укори, дали сѐ уште спие
нашата интелигенција, покрај тој неподнослив терор на врагот – поробителот и при таа
решителност на младата македонска интелигенција, спремна да се жртвува за својот
поробен народ? Требаше ли после тие распламтени зборови на здрав бугарски
патриотизам да се започне револуционерен буквар, за да се придобие еден длабоко
осознае младич, којшто беше дури лут зошто до сега младите не се одзивале на овие
неподоносливи народни плачења и оплакувања. Со бунтовнички зборови во устата и
распламтено срце, тој херој на нашата будна младина веднаш можеше да се успокои и да
пронајде место за служба на својот народ, набргу по влегувањето во организационата
мрежа, во којашто беше вплетена веќе освестената македонска интелигенција. Каква ли
радост на лицето му се испиша на Кирил Ципушев, кога темпераментно го грабна уставот,
евангелието на организацијата. За брзо, ги „проголта” наведените идеи и лицето започна
посетепено да му се вжарува со бунт
КИРИЛ ЦИПУШЕВ
предизвикан од секојдневните злодела на српските џелати во нашите мртви градови. До
тогаш, таков младич, така гладен со ослободителни идеи, сѐ уште ми се немаше
доближено и не беше направил некои впечатливи дискусии и дијалектика за убедување.
Можеше ли да се очекува омекнато и претпазливо редење на зборовите и постепено
влегување во лавиринтот на нашата идеологија од еден младинец, чиешто семејство даде
редица видни синови на Македонија, меѓу кои е и стариот Константин Ципушев, којшто
одлежа во српските затвори цели 18 години, една мачилиште за родината? И тој млад
изданок на Ципушевото здраво стебло, сакаше што е можно побрзо да порасне и да ги
надмине своите клонови, да го возвиши името и да ја прослави својата мила и драга
татковина. Кој ли можеше да ја насочи во добар правец таа стихија, којашто имаше длабок
и неисрпен извор во својот род и јака револуционерна традиција во гратчето Радовиш,
прославено низ целиот свет со маченичките убиства на 28 селани во селото Гарван, од
злосторникот Матковиќ.
Роден во месец мај, 1906 година, доен со чисто бугарско млеко, облеан од легендарните
дела на стариот Ципушев, тој сакаше веднаш да ослободи од наметнатиот лажен иден
багаж, инкорпориран во српските училишта и да се закорави веднаш со револуционерната
литература. Тој ги голташе брзо и без престан сите аргументи на националната наука, со
којашто единствено можеше да се нападнат безобразните српски лаги. Тој сакаше да се
вооружи со сѐ, сакаше да им нанесе сентиментален и длабок удар на српските
гимназијалци во Македонија, коишто постајано го омаловажуваа за неговите научни и
фалсификаторски фрази. Искусно создадената идеална зграда требаше да се сруши и
минира со вистинитоста, светлоста и справедливоста на нашата национална кауза.

Колку ли страдаа нашите интелектуалци кои не беа во можност да црпат од тој неисцрпен
извор на Климентовата наука, бодриот Самуилов бугарски национализам и светата
социјална идеја на поп Богомил? Сето тоа беше забрането и отфрлено, затворено со
прикажаните клучови на теророт и повеќе пати палено. Имаше ли друга земја, каде што
беа извршени такви ужасни ауто-дафети (чин на убивање на еретици или неверници во
средниот век или пак уништување на некаков си еретски или невернички производ),
палење на книги, напишани со светата Кирилова азбука, презирани заради бугарското име
и уништувани како најопасен ерес, каков што познавала светската историја? Нашата борба
беше за бугарското слово, за бугарското писмо за светата бугарска книга. И кога нашите
младинци ќе извикуваа, срцето им трепереше од радост, зборовите им беа исполнети со
величење на сѐ бугарско, а такви приказни се откриваа се разнесуваа потајно по седенки.
Нашиот Прометеј од Македонија беше заплашен, јако врзан и окован, Нему му беше
забрането да се знае нешто убаво, вистинско и светло за Бугарија. Најљубопитна за
жестоките на нашиот Прометеј за време на српското ропство беше нашата интелигенција,
на којашто и беше лишено правото да знае нешто повеќе за своето славно минато и да се
гради по евангелијата на нашите големи творци на нашата национална култура, којашто се
вроди во вечната бугарска земја – Македонија. И кога младинската организација со својата
смела работа успеа да ги скрати тие окови, барем делумно, за да му овозможи на нашиот
Прометеј да дише со револуционерната си литература на книжевниот бугарски јазик. Во
тие моменти, се здадоа младите интелектуални сили, жедни, да смукат од сокот и
плодовите на забранетото дрво и да излезат од ќелиите каде што тајно го читаа бугарското
слово, со вжарени лица, се чинеше како да беа вџашени од бугарското откритие и
заслепени од светлината, којашто се ширеше насекаде по родната земја и ја известуваше
за откритието, бугарската душа.

И ете, вооружен со национален катехизам, Кирил започна насекаде, отворено и


непретпазливо и пред очите на самите Срби да го манифестира своето бугарско
национално чувство, пред српските колеги во Белград, како студент по право, под
барабанот на оганот на нашите национални превирања. Подготвен од учител –
револуционер да им нанесе удари со кратки и јасни одговори на сите прашања на
српскиот шовинистичко – политички буквар, тој ги ништеше со својата логика, ги
јадосуваше со својата директност и отвореност, ги победуваше со вистинитоска на нашето
богато минато. Буен темперамент, великодушен борец, храбар диспутант (контроверзен),
со жив и суров поглед, тој околу себе создаваше атмосфера на слободно манифестирање
на научните прашања за нашето дело и го збеснуваше непријателот со знаењето за
револуцнонерната историја на сите поробени народ низ светот. И кога, му надоаѓаше крај
на спорот во недостаток на аргументи од идеолошко природа, тој им велеше на “браќата”:
„Дајте најпосле, за слободата на народната волја во Македонија, за да видите каков е
народот таму и колку се вашите прикаски лажни”. Доколку ова не им беше доволно на
дебелоглавите Срби заради нивното фалбаџиство и лакомост, тој избувнуваше.
Темпераментот му ги ништеше сите нишки на логиката и ѝ се оддаваше на волјата на
чувствата и нервозно им подвикнуваше: „Помнете ја 1915. За скоро и таа ќе се повтори и
тогаш сите ѕверови ќе одат по ѓаволите”. И навистина, неговите зборови се остварија.
Дојде пак 1915 година за српските џелати и им ги видовме грбовите и се радувавме
безкрајно. Но овде, во деновите на слобода, кога таа изгреја за македонските Бугари тој
веќе не беше меѓу нас. Тој ја беше заслужил револуционерната работа со преданоста кон
народот маченички. Кирил Ципушев се нареди меѓу нашите безсмртници, маченици за
слободата, влезе во пантеонот на македонските револуционери, се издигна високо над нас
за да ни свети јарко за да нѐ потсеќа како се умира за родината и да ни го покаже патот
како се служи на народот, да ги изгради идните млади поколенија со своето дело коишто
уживаат во слободата и во иднина ќе градат држава. Длабоката му верба во праведноста
на ослободителното дело, подвигот и жртвата му пред олтарот на татковината ќе бидат
сигурна гаранција, дека слободата ќе ни биде положена на здравни гранитни основи и ќе
биде изградена по идеите и очекувањата на борбените поколенија.

Кирил Ципушев остана неткриен за време скопскиот студентски процес и продолжи да


работи за организацијата, со цел да се реорганизира, да се постават по здрави основи и да
се соберат останатите другари.

Во тие многу тешки услови и при сосем други сфаќања на полицијата, после случајот со
нас, тешко беше да се работи, без да се знае однапред, дека секој сомнеж значи убиство.
Србите веќе не сакаа да затвараат, и ето зошто. Секој виновен после нашиот процес,
требаше да избира, или да падне под српска гилотина или да стане српски агент. Заедно со
Блажо Монев, Кирил стана втора жртва од другарите, коишто ја продолжија
организационата работа после таа деликатна катастрофа на М.М.Т.Р.О. Тој влезе веднаш
во контакт со Иван Бојаџиев којшто беше во Виена и од таму добиваше упатства за сѐ,
коешто беше потребно возобновување на младинската организација. И кога Иван го
повика да оди таму, за да разговараат подробно за начинот на борбата, тој замина од
Белград за Словенија, за да не се врати таму веќе. Под надзор на полицијата по повод тоа
заминување, по него беше испратен агент за да го следи се до Љубљана, претставувајќи му
се како инженер во авионската фабрика во Јасеница, близу Љубљана. Овде, тој оди на
прошетка, надвор од градот и прободен на 20.10.1928 година прво во грбот од неговиот
сопатник – агент, а после тоа, кога не било доволно и кога Кирил се обидел да се одбрани,
„инженерот” го извадил револверот и го застрелал право во очите и после тоа веднаш
паднал мртов на земјата. Српските весници, по наредба, објавија дека тој се обидел
нелегално да ја премине границата и затоа бил убиен од стражата. Српската подлост и
подмолност немаа крај, па никој не поверува во тоа измислено соопштение, бидејќи, во
тоа време кога стотица наши синови паднаа убиени од српските егзекутори, без траг
исчезнуваа и беа убивани без пресуда, па затоа никој не можеше тоа да го прифати како
вистина , особено штом се однесуваше за еден таков, левент-јунак на Македонија. Како да
го опишеме садизмот на Србите, за да го одвратиме човечкото во них и да го покажеме
животинското во нив, коешто се истури така великодушно над нашата земја? Нели се
тргона западната демократија од безбројното беззаконие, коешто ги проби градите на
нашата страдална мајка? Народот го чекаше спасението од трите најјаки национални и
ревизионистички движења, коишто се оцртуваа во европското небо и го наговестуваа
револуционерниот оган, којшто почна да гори во душите на страдалниците од Версајскиот
договор: тие беа Хитлеровиот национал – социјализам, Мусолиновиот фашизам и Тодор
Александровото македонско револуционизирање. Тие три движења удрија по основите на
старото уредување на светот и ја минираа гнила Версајската творба, за да воспостават
нова ера на здрав национализам и национал – социјализам во народните маси, на широко и
на долго.

ТОМА КУЈУМЏИЕВ – ФАНАТИЗМОТ НА


М.М.Т.Р.О.
„Не, не верувам дека до крај

Ти ќе бидеш жртва на злото

И твојот ден ќе засјае

И на тебе ќе ти пораснат крила!

Духот голем ќе оживее

Во нашето ново поколение

И овде сонцето ќе го огрее


Родното обединување”

Борис Дрангов
Историската Струмица е сведок на најстрашната голгота на бугарскиот народ. Мизерното
прогонство на 15000 Самуилови војници, се беше запечатило во длабоко во сознанието на
народот, како национално мачеништво, чијшто сведоци беа денешните села Свидовица –
сите вдовици и Водоча – вадиочи. Прочуеното ѕверство на Василиј Бугароубиец покажа
од какво големо историско значење била битката на Беласица во 1014 година. Српскиот
интелектуалец Д-р Слиепчевиќ тврдеше:”Србите немаа ниту една таква битка, со којашто
би можеле да се мерат со трагичната жестокост на Самуиловата битка на Беласица”. Овде
на струмичкото поле се сретнаа обајца гиганти, две спротивни раси за национален
опстанок и за суштествен простор. Но, националниот пораз кај Беласица длабоко продре
во душата на народот, со што се изгради народен култ на национално мачеништво, за да
не потсети на величината на 400 годишниот слободен државен живот и да создаде една
востаничка традиција, започната од внукот на Самоил, Петар Делјан, до револуционерната
генерација на нашето ослободително дело.

Носител на тој слободољубен дух за време на нашата национална преродба беше


занаетчиската класа, од каде што изникна и нашиот борец Тома, синот на Мито кујумџија
од Струмица. Тогаш, се создаде една мала градска класа, којашто не само што беше
способна да ги поприми плодовите на западноевропските слободољубни идеи, туку, и да
го распламени од славната историја, бугарскиот корав народ. Така, нашите еснафи,
облечени во црно, како монаси и потомци на нашите богомили, почитувани, скромни,
умерени и внимателни, започнаа во 19-от век да играат историска улога, подобна на онаа,
којашто ја изигра граѓанската класа во француската револуција. Таа класа, на својот грб ја
изнесе и црковната борба и го придоби народот со бугарската национална црква, а после
тоа, стана и носител на револуционерното знаме на ослободителната борба.

Токму нашите занаетчии им пружија најголем отпор на Србите, бидејќи беа задоени со
таква борбена традиција, со силно национално чувство и распламтен оган за бугарската
слобода. Затоа, уште при формирањето на младинската организација, ние увидовме дека,
таа ќе се засили доколку се потпре на здрави основи, само доколку во нашите редови ги
примиме и оние од занаетчиската класа, со еден збор, да ги примиме и младите од
граѓанската класа, кои не беа интелектуалци. Навистина, уставот на младинската
организација нагласуваше, примање само на студенти и ученици од горните класови, но
уште на почетокот организацијата констатира дека таа нема да биде почувствувана од
народот,
ТОМА КУЈУМЏИЕВ
доколку, во неа не пристапат, оние кои стојат најблиску до народот и со тоа да проникнат
идеите во самите маси. Бидејќи, повеќето од студентите беа надвор од Македонија, па,
само полуинтелегенцијата беше силата со којашто функционираше организацијата низ
годината, меѓу народот и ја ширеше својата идеологија меѓу младите. Србите, уште повеќе
почнаа да влијаат врз младите со секакви забави, танци, кафе – шантани и други пипала и
со тоа да ги научат да живеат на српски начин. Поради аспирациите на тиранинот за
имплементирање на разврат, раководителите на М.М.Т.Р.О. донесоја решение да ги
примат во организацијата и младите еснафи. Па така, таа борбена класа од младинци
составена навлезе во организацијата и ја зголеми толку многу, што во секој град го држеа
кормилото и беа најактивни членови. Со нивна помош, се започна една акција со која се
бојкотираа сите српски здруженија, поради посед на сомнителни кафани, коишто се
заменија со вечерни излегувања, излети, против учество во секакви српските културни
манифестации. Започнаа и да се групираат меѓусебно членовите, каде што организираа
седенки и читаа бугарска литература. Во сите тие акции против српскиот тиранин, голема
улога играа нашите младинци од граѓанската класа.

Еден храбар и великодушен претставник на таа борбена класа беше и нашиот другар Тома
Којумџиев. Роден е во Струмица во 1901 година. Тој потекнува од видно и заслужно
бугарско семејство. Голем непријател на Србите, со којшто постојано се караше. Беше
голем фанатик и Бугарин, смел до лудост, тој на секој чекор бараше начин за да му се
спротистави на тиранинот. Не можеше ни за момент да ги поднесе страданијата на
народот и постојано настроен против угнетувачот, бараше засолниште во младинската
организација, за да може да му објави војна на непријателот. Тој беше музикално надарен
и со својата мандолина, како виртуоз, ги собираше другарите, правеше народни веселби,
таму, каде што се стрелаше непријателот и ја инспирираше младината со народните песни
да ја „всмука” ослободителната идеја. Со своите многубројни другари, тој постојано
врвеше насекаде, ги знаеше потребите на народот и неговите страданија, па, преку песна,
тој ја наговестуваше блиската слободата со бунтовничките си мисли. Устите на народот
беа запушени и никој не смееше да говори, но, она коешто не можеше да се каже, Тома го
соопштуваше со народна песна и од таму црпаше духовна сила. Оној, којшто беше
вовлечен во групата на Тома, тој не можеше да излезе непокрстен и неосветлен од
организационото дело. Со тие импресивни средби со народната маса, тој ја претвараше
младинската организација во народно движење, којашто ги опфаќаше, не само оние кои
беа дел од неа, туку ѝ останатите ги обврзуваше со една мисла – слобода за Македонија.
За време на ропството, народната песна беше најмоќното орудие во борбата против
Србите, бидејќи таа ја содржаше традицијата на македонското ослободително дело, го
распламтуваше народот, го сврзуваше со нашето славно минато и му вметнуваше вера и
национална гордост, за да се почувствува поголем и покултурен од поробителот. Затоа,
народните песнари, како Тома, вршеа и имаа многу поважна апостолска улога со песната,
отколку сите убедувања преку словото. Колку нови песни создаде народот за време на
српското ропство, во кои ти беа дел од нив и со тоа го зајакнуваа борбениот дух.
Бугарскиот гениј, токму кога беше Прометејски окован, вметнуваше некој посебен врисок
во народните песни, коишто го дуваа пламенот на разгорениот бугарски национализам.

И кога во зимата 1927 година, над Македонија се беше надвисил српски жандар и
немилосрдно ги покосуваше невините жртви по повод скопскиот студентски процес,
подмолниот тиранин знаеше во кого е клучот на младинската борба. Тој го фати Тома
Кујумџиев и го стави во затвор, за да ја смири младината и во неговото лице со убиство да
навлезе длабоко. После долги измачувања во затворот, врагот реши да го убие нашиот
борец кога го извади од затвор. По патот, стражарите го застрелаа од зад грб и тој се
струполи на земјата. На 12 декември 1927 година, кога струмичката бања беше полна со
затворени Македонци, кои пиштеа од ударите на жандармите, низ Струмица се разнесе
веста за трагичната смрт на другарот и членот на младинската организација – Тома. Болно
одекна во душата на млада Македонија со таа вест за неговата рана и маченичка смрт.
Македонија го запечати неговото име во своето срце. Тој живееше и умре за неа, за онаа
којашто се бори, но победи со неговиот дух!
КОЉО ЧАКАРОВ – АСКЕТИЗМОТ НА
М.М.Т.Р.О.
Ужасите на Европската војна го зафатија и Дојран. Тој стана жртва уште во 1917 година и
беше срамнет до пепел. Но, таа жртва пред олтарот за незгасните национални идеали не
беше залудна, бидејќи на дојранскиот фрон се беше разнел на сите страни моќниот
воинствен ген на бугарскиот војник и Дојран стана место на херојска епопеја. Овде, на
овие височини, нашата славна војска му нанесе страшен пораз на непријателот, одби
редица непријателски офанзиви. Додека во вечерните часови се случуваа воени
катастрофи по другите фронтови, овде пак, нашето оружје зарегистрира големи победи, за
да докаже пред историјата, дека ние не отстапуваме од фронтот, поради некаков си
дефицит на храброст или внатрешна декомпозиција!

Дојранчани беа насекаде низ цела Бугарија, па дури после опостушувањето заради
војната, започнаа да се враќат на своите изгорени огништа, бидејќи, ги привлекуваше
езерото и занаетот сврзан со него. Тие беа прочуени риболовци!

Но, враќањето назад во заробениот Дојран не му беше јасно што значеше тоа само на еден
човек. Зошто, Кољо Чакаров ја напушти Бугарија за да оди во Дојран, кога, ниту имаше
родители таму, ниту беше по професија рибар, а всушност, беше само ученик од седми
клас? Зошто и тој не остана кога ги имаше сите удобства на слободата, како што
направија многумина интелектуалци од Македонија и
КОЉО ЧАКАРОВ
нѐ оставија нас без духовни водачи, за да се справиме сами со непријателот и да создаваме
еден нов углед пред народот. Имаше страствени родољуби, кои уште во времето на
националниот погром во 1918 година, кога нашите идеолози беа поразени, тие
претпочитаа да отидат во Македонија, да се вратат на страната на новите страданија, за да
се ослободат од меѓусебните обвиненија за националната катастрофа, со одново служење
на родината и со ново апостолство. Од изворот на катастрофата излегоа и цветовите,
коишто никнаа од раните на ропството и во здравото тело на бугарскиот народ во
Македонија беше вметната саможртвата.

Еден од ретките великодушни борци, којшто го слушна плачот на поробениот македонски


Бугарин и го напушти спокојството во слободна Бугарија, за да се врати онаму, каде што
војната беше направила сѐ прав и пепел и онаму, каде што рибарите живееја во
струполените колиби, изработени од воени трофеи, покосени од немилосрдието на
маларијата, беше дојранчанецот, Кољо Чакаров. Подобоно на аскет – пустиник, тој ги
напушти задоволствата на бучниот град и се всади во срцата на дојранските рибари,
коишто во борбата со водените стихии, си беа создале еден специфичен менталитет.
Обичниот разум не може да разбере еден таков интелегентен маж, кој со светлосна иднина
се смести покрај неуките и прости рибари, за да ја дели истата горчлива судбина со нив.
Но, патриотскиот оган којшто бликаше од длабочините на безсмртноста на бугарската
нација, гореше во него, тотално ја анихилираше егоистичната корист. Самиот Кољо, беше
мој другар од детство, едвај да ја разбираше таа привлечна сила на градот; зошто
историјата незнајно ги вметнува своите планови во слепите оружја, кои ѝ служат за
нејзино градење. Тој требаше да падне, како жртва за слободата, за да се одгатне неговото
доаѓање и распламтената мисија, којашто ја таеше во своите грди.

Роден е во Дојран, во 1901 година и доаѓа од видно бугарско семејство. Чакаров израсна
со рој деца, кои си играа покрај езерото преку летото и зимата со водните стихии каде што
му ставаа кал на телото и духот во таа борба. Дојран имаше и својата просветна
аристократија, којашто беше предводена на чело со Христофор Жефарович, којшто уште
пред Паисиј во 1742 година ја напиша “Стематографијата”, каде што беа прикажани
грбовите на славјанските народи на чело со гордиот бугарски лав. Во една типично
црковно – патријархална средина се роди и Теодосиј Синаитски, којшто беше меѓу првите
бугарски печатари кој го дигна гласот против фанариотите. Граѓаните на Дојран оставија
впечаток и во средновековното еснафство со здрав и практичен смисол, со граѓанско
достоинство, со чувство за традиција и со солидарност на еснафски морал. Затоа, Дојран
даде повеќе човечки борци, отколку револуционери, со исклучок на оние, коишто доаѓаа
од околните села, особено кукушките.

Кољо ја разбираше душата на дојранските рибари и знаеше, дека со нив може да се


дејствува, доколку после тешката работа на езерото се отвори една дискусија со нив за
народните работи со весело расположение, под дејство на прочуената дојранска мастика,
седнати покрај кафаните до езерото. Навлегол длабоко во народните убедувања, Кољо
дејствуваше со карактеристичен народен хумор, шеги и закачки за да ја прогони тагата,
којашто беше надвиснала над нашиот народ. Еден единствен интелектуалец, на којшто
народот гледаше со симпатија. За кратко време тој им стана центар на внимание на
дојранчани, нивен љубимец и ннтерпретатор на нивниот рибарски живот. Тој авторитетно
му се наметна на народот, па затоа и не му беше тешко да застане на чело на бунтовната
македонска младина. И кога, после опасната организациска работа ќе вратевме покрај
родното дојранско езеро, заедно со Кољо го здогледувавме трнливиот пат кон голготата на
поробена Македонија. Впрочем, зошто и се организиравме и го изложувавме народот на
опасност, кога беше јасно, дека ние сами никогаш нема да можеме да се ослободиме?
Можеше ли овој заклучок да не натера да се оддадеме на судбината и на асимилаторската
машина на тиранинот? Едно беше јасно; доколку не работевме, чувствувавме дека и не
можеме да живееме, како Бугари. Да живееш како Бугарин под ропство, нормално беше да
не се однесуваш пасивно и со работата во секој момент да потврдуваш, дека во тебе гори
оганот на бугарскиот патриотизам. И навистина, револуционерната борба на младинската
организација, всушност се состоеше, да докаже и манифестира пред очите на непријателот
и поробителот на демонстративен начин, дека таа суштествува во Македонија само за
бугарскиот народ и дека личната волја за слобода таа ја изразува преку организирање
против тиранската држава, макар и да не може со сопствени сили да ја фрли во бездната
на уништувањето. И навистина, во историјата има периоди, кога доволна е само таква
работа од страна на народот, којашто му го осигурува националното постоење,
националното сознание до моментот, кога и со помошта на надворешните сили ќе може да
се избори за слободата.

Впрочем, разумот никогаш не даваше надеж. Тие хамлетовски мисли, можеа да се


дисперзираат само со настанатио внатрешен бран во националното и колективното
чувство. Доволно беше да фрлам поглед врз рушевините околу Дојран, за да се
инспирирам од духот на крвта, пролеана по славните воени полиња од нашите
војсководци, за да им ставам крај на сите колебања и стравови. Духот на мртвите повеќе
жив, отколку мртвиот егоизам на живото тело.

Затоа, внатрешната победа над секаков вид сомненија беше лостот – двигател на
младинската организација. Поклониците на личната среќа, за да го избегнат
пристапувањето во нашиот заговор, или се оддаваа на бескрајни и неплодни дискусии или
велеа „Ако ме осигуриш дека, за сигурно ќе бидам ослободен, ќе влезам”.

Но, аскетизмот на Кољо Чакаров беше безпоштеден спрема такви сомнежи и беше
потонал во целосно во загодочноста на револуционерната борба, без никако двоумење. Па
така во 1924 година и пристапи на младинската организација. Неколку денови после тоа,
една група нашит студенти од Струмица, кои го посетија Дојран, беа врзани и однесени во
затвор, бидејќи заедно со Чакаров направија една општа народна веселба по повод
оформување на младинска група во Дојран. Непријателот, без сомневање, ги беше демнал
сите тие конспирации и беше увидел, дека сиот духовен и национален живот во Дојран се
врти околу Кољо Чакаров, та уште од тогаш важеше за целна точка. Тој не беше баш од
оние кои многу молчат. Тој ги знаеше сите слаби точки на тиранската власт, ги знаеше
сите тајни пипала на српското орудие, безпоштедно ја ругаше онаа мала србоманска
мафија во Дојран, којашто го тормозеше народот, па, заради тоа ги омаловажуваше по
кафаните, улиците, вечерните излегувања т.е. каде што ќе стигнеше. Овде, на крајот на
границата, без здрава контрола на власта, беа поставени најголемите злоупотребувачи,
бидејќи Дојранското езеро беше еден голем извор на богатсво. Со својата впечатлива
група од другари – членови, Чакаров постојано го презираше тиранинот, јавно, и не му
дозволуваше, слободно да ги стави „лирашите” како што ги нарекуваа сите чиновници од
Стара Србија, коишто се враќаа од Македонија полни со турски лири, украдено од нашето
сиромашно население. И, можеше ли Србите – крадци на нашето народно богатство, да го
трпат оној човек, којшто им ја матеше водата и којшто им беше една совест? Сите
чиновници кои беа здружени за еден организиран грабеж, нужно бараа да се ослободат од
Кољо и решија да го убијат. Можеше ли овде да се остави да го води народот еден таков
бунтовник и да ја разобличува власта? Затоа, тие му ја доделија џелатската мисија на
преселникот – граничар, Милија Смоловиќ да го убие Чакаров. Во една мрачна ноќ, кога
Кољо мирно си седеше покрај прозорецот, во собата, со својата мала ќерка во рацете и
кога, милувајќи ја својата мила рожба, милозвучно си потпевнуваше патриотски песни кои
повикуваа на бунт во разрушениот и славен Дојран. Во тој момент, тој беше пронижен со
куршум и падна на лице место – мртов, држајќи си го во рацете своето дете. Во глувата
ноќ во разрушениот Дојран, куршумот одекна, за да ја разнесе тажната вест, дека уште
еден син на мајка Бугарија се приклучи на врволицата бугарски синови, кои паднале за
родината крај славниот Дојран!

ИВАН БОЈАЏИЕВ – АПОСТОЛОТ НА


М.М.Т.Р.О.
“Македонијо, несреќо мила!

Лулка на великани и на слава,

Бездна, каде што ни надежта не свети,

Бездна ужасна со солзи, тешки!

Ти онемуваш и твојот храм е глув,

Кога низ половина свет, твоите чеда слават,

Зошто не прашуваат: што прави мајката…”

Вазов
Ние познаваме само една аристократија, којашто беше олицетворение на народната волја
за време на епопејата на нашата национална преродба. Тоа наше народно духовништо и
народно учителствување, кое го слушаше плачот на народот, тргна напред и на своите
рамиња ја изнесе, не само духовната борба против фанариотите, туку и стана носител на
ослободителната мисла во поробена Македонија, од чија што средина излегоа творците на
македонското ослободително движење, на чело со учителот Дамјан Груев, главниот
архитект на македонската организација. Националната преродба на бугарскиот народ се
одвивала на верско – духовна почва. Па затоа, водач на воскренувањето не бил јарецот на
златното теле, плутократската аристократија, како што било во непријателска Србија, туку
напротив, тоа е бил монахот Паисиј, ѓаконот Левски, учителите Ботев и Груев. Тие
останаа верни на духот на нашата историја, којашто е преполна и оспособена со просветно
– социјални идеи на Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент и Поп Богомил.
ИВАН БОЈАЏИЕВ
Затоа, нашите народни движења не се основани во средина каде што има поклоници на
мамонот, коишто се продаваа на те на византијците, те на Србите, те на Турците. Тие се
појавија од една бедна народна стихија, која го зачувуваше пламенот на националното
сознание и создаде свои изразувачи во лицето на нашето народно духовништво и
учителствување. Тие беа првите носители на народната волја и на националните идеали.

Од средината на таа народна аристократија произлезе и таткото на покојниот Иван, којшто


беше воспитан во духот на нашето борбено учителствување. Творечкиот порив на таа
будна класа се беше сложил дека како основна артерија во учителската професија на
таткото на Иван, Никола, којшто талкаше низ Македонија и гордо говореше за своето
пријателство со нашиот голем поет Пејо Јаворов, којшто беше четник во четата на
апостолот Делчев. Поетот и учителот го сочинуваат творечкиот елемент, со којшто беше
исплетена мрежата на организацијата низ цела Македонија. Воспитан во таква куќа, каде
што стихотворбите на Јаворов беа главните револуционерни инспирации во душата на
нашиот другар. Иван беше задоен со идеологијата на Груевата организација, којашто беше
класицизмот на нашето организационо искуство. Облеан од една таква семејна традиција,
тој се инспирираше од апостолската мисија да ја распространи низ Македонија,
младинската организација, како една гранка од стеблото на В.М.Р.О.
Во какви ли услови се појави првото револуционерно семе меѓу македонската
интелегенција, кое беше под ударите на српската фалсификаторска наука?

Како се создаде Македонската Младинска Тајна Револуционерна Организација?

После погромот во 1918 година и националната катастрофа која ги зафати сите Бугари,
Македонија, како бугарска страна, населена со бугарско население, одново потпадна под
духовно и политичко ропство на Србите и Грците. Народот остана без свои лидери,
бидејќи интелегенцијата емигрира во Бугарија и беше обезглавен. Младата македонска
интелегенција, којашто остана сама да се справува во новата ситуација, прва наиде на
ударите на денационализаторската гилотина на тиранинот. Таа требаше да биде првата
жртва на српските тенденции и обиди за да избришат сѐ бугарско од душите на младите.
За таа пеколна цел, тиеги убиваа, затвараа, гонеа и ѝм уништуваа сѐ материјално на
старите тврдокорни Бугари, нашите родители, заколнати вмровци и започнаа да дават
стипендии, разна помош, права и привилегии и покровителства за сите млади учени
поколенија. Со таа итра политика за отргнување на младите од старите, целта им беше,
отргнување на националното и духовното единство, за да се предизивика борба помеѓу
старите и младите. Кога не можеа да го имплементират тоа разединување и да влијаат со
нивниот фалсификаторски апарат на нивната шовинистичка наука, тие се обидуваа да ја
сотрат гранитната карпа на националната целост со левичарството и други идентични
идеологии ѝ политички или национално да создадат некоја нова македонска нација,
чијшто теории би послужиле како мост кон србизмот. Српскиот шовинистички бес беше
во кулминациона точка, кога ќе чуеше дека и младите ученици се поклониле и се
чувствувале за Бугари. Бугаризмот се истакнуваше, како еден најопасен фронт против
официјална политика на Белград и против сите други режими.

При една таква ситуација, македонската интелегенција, која се чувствуваше бугарско


национално сознание, требаше за тие прашања да донесе судбоносни историски решенија:
Да ги приспособи ли на српските барања, за да се откажат од својата нација и
револуционерната традиција, да се зашемети духовно и да се посрби постепено на еден
незабележителен начин, без отпор и упорност или да си остане верен на
револуционерните борби за слободата на Македонија и националните идеали за
обединување со мајката – родина?

Националното сознание на македонската интелегенција беше високо и јако вдлабочено во


младите. Безбројните Самуиловци, Климентовци, Богомиловци коишто ја красат нашата
славна историја, како сторители на тврдокорниот бугарски дух, лебдеа над него и
дејствуваа со своите подвизи и моралната сила врз таква средина. Спомените од
бугарските училишта со целосната културна ситуација, како дел од општобугарската
духовна целост, станаа симбол во лицето на егзархијата и раскажувањата на старите борци
од светската војна, не само што им го подигнуваа борбениот им дух, туку и дури им го
распламтуваа чувството на одмазда заради сите воени порази, причинети со измама и
подмолност на Србите. Ето зошто тие не можеа да им ги душите на младите, коишто,
напротив, уште повеќе беа страшни и збеснати од секојдневните ѕверства, масакри,
тортури и убиства налик на оние од средновековието, испраксирани над нашето бедно и
борбено население. Сето ова креираше мислење кај младата бугарска интелегенција и кај
другарите и кај еснафите, да тргне рамо до рамо со своите доблесни татковци од светската
војна во света револуционерна борба за бугарската слобда, борба, полна со величествени
подвизи, со слава и величие, со скапи жртви пред олтарот на татковината, борба со
којашто можеше само да се гордее секој бугарски син на Македонија. Никакво замислено
„величење на болната Југославија” и заканување дека со главата ѕид не се руши, не им
попречи тие да се определат за славната револуционерна и легендарна борба на апостолот
Левски, Делчев, Груев, Тодор Александров, обвиткани со ореолот на национални титани,
коишто имаа моќна пропозиција и харизма над младите.

Така, уште при првите пројави на В.М.Р.О. во Македонија после светската војна,
македонската интелегенција почна да ја помага, да влегува во редовите на тие прочуение
по светот, заговорници и да го дава својот дел за есенцијалните интереси на нацијата. По
гимназиите и универзитети, младите почнаа брзо да освестуваат, да се групираат, да одат
на излети и вечери, да сдружат во името на нашата света национална традиција. Мислата
на нашиот поробен народ, беше раководна идеја за време на сите долги и големи спорови
со општествена мисла. Започна да врие еден општествен живот, преполн со идеализам,
предан на народот и сослушување на нивните маки и потреби, сврзани со борбените
идеали на старите поколенија. Младиот разгранок не сакаше да исуши или пак да биде
откорнат од старото стебло. Тој преполн со жед ги смукаше неговите здрави народни
борбени сокови, за и тој да стане здраво стебло на народните интереси. Од 1919 до 1922
година, политичкиот живот на нашата интелегенција се пројавуваше во еден свој затворен
идеален и духовен живот, за да се изгради и подготви за судбоносните прашања, а за
време на изборите, агитираше и гласаше за најкризните опозиционерски парти, држајќи се
насекаде и секогаш со народот и борејќи се за него. Талкајќи по трнливиот пат на една
револуционерна традиција, којашто имаше моќна привлечна сила на историската
неопходност, тој бараше само средства и начин за да се организира, да ја канализира (даде
правец) својата апостолска дејност и да се предаде на светата борба за националните
идеали, оставени во завет.

Како една јака волна, составена од здравата народна стихија, бугарската интелегенција од
Македонија од српските универзитети, реши да се обиде да се организира легално.
Раководната мисла во ова беше: историски се залагаше за создавање на една организација,
којашто требаше да ги воспитува младите поколенија национално, организација, којашто
не беше го вкусила плодот на бугарската наука, историја и книжевност, којашто немаше
можност да ги поприми лагите на бугарскиот дух, којшто како ѓавол беше следен со
хулење и бес во српските училишта и насекаде. Во 1922 година започна една голема
ферментација помеѓу македонските студенти. Белград стана прифатилиште на сите
малцинства и духот на сепаратизмот триумфираше, бидејќи Србите воопшто не се ни
сомневаа во својот површен, некритичен, деконструктивен и средновековен “херојски”
дух за дали ќе им одолеат на центрифугалните сили. Борбата на нашите студенти за да им
се дозволи легално да се организират во едно студентско здружение, недоразбирањата
околу тоа, проектите за повелба, расправиите со универзитетските власти и друго, беа
само прикриени средства за да се наметне пред општественото мнение, сознанието и
убедувањето, дека нашата интелегенција си останува бугарска и дека таа ќе бори заедно со
другарите си занаетчии и работници, за слободата на својот поробен народ. На тој начин,
уште на почетокот се оцрта еден здрав фронт на македонската борбена младина против
српските аспирации, а токму и кон тоа се целеше: да се ископа една длабока дупка меѓу
нас и непријателот и да се верува во душите на младите со убедувања, дека со Србите не
може да се работи легално и отворено, штом ќе ни признаат за бугарско малцинство. Ете
зошто сите оние неуспешни обиди за легално организирање неизбежно нѐ испраќаа кај
нашата револуционерна организација, којашто си беше створила еден глас за најстрашно
орудие против српската држава.

Сето тоа ги натера нашите млади борци да стапат во контакт со луѓето од В.М.Р.О. за да
се пронајде погодна форма и начин за организирање. Нашите студенти во странство веќе
беа запознаени со плановите на организацијата, односно прашањето за младите во
Македонија. Една великодушна група од наши студенти, којашто отиде да студира во
Виена, во 1922 година, зимата се изложи пред првенците на организацијата,
расположливоста им ѝ желбите на младите под српски јарем. Предводени од истите
идеали, се дојде до согласност и се пристапи кон изработување на еден устав на
младинската тајна организација, којашто ги претставуваше тенденциите на борбена
младина во поробена Македонија.

Вооружен со сите качества на апостол, Иван Бојаџиев се врати од странство меѓу првите
во Загреб и од таму, во зимата, 1922 година, го означи почетокот на загребската петорка,
којашто подоцна стана една од најјаките и првите, поради блискоста со Виена од каде што
доаѓа сѐ за нашата организација. Овде, тој ги собра околу себе смелите и храбрите
македонски студенти, им ја индоктринира идејата на младинската организација и го
означи почетокот на истата, а и тој самиот стана во центарот на групата во Загреб,
откадешто доаѓаа и поминуваа наредбите од В.М.Р.О. за нас. Тој имаше голем успех во
организационото дело, бидејќи за кратко време успеа да го распрсне сиот страв во душата
на младите, да ги ослободи од илузијата, дека со Србите е возможно некакво легално
разбирање или организирање на македонските студенти, кога ги натера да се усогласат со
револуционерната идеологија на В.М.Р.О. Тоа беше едно силно јадро, коешто ги имаше
сите услови во хрватската средина за раѓање на конспирација меѓу нашите млади
студенти. Тие создадоа канали на словенската граница заедно со другарите од Виена,
откадешто доаѓаше сета нелегална литература и од Загреб се пренесуваше за Белград и
Скопје, откадешто се распространуваше низ цела Македонија. Всушност, таму беше
седиштето на младинската организација, каде што не само една се одржуваа средби, се
донесувале решенија и сѐ поминувало низ воспоставените канали. Овде беше и касата на
организација, складиштето за револвери и бомби, исто така имаше и скривалишта за
нелегалните другари од В.М.Р.О. Дарежливо потпомогнати од заробените Хрвати, нашите
другари можеа да пронајдат пребежиште во секоја хрватска куќа и од секој незадоволен
Хрват да создадат спроводник на нашите идеи.

Главен двигател на сите опасни конспирации, во времетрање од пет години, беше нашиот
незаборавен и скапоцен другар, Иван Бојаџиев роден во Велес во 1901 година, во видно
аристократско семејство. Тој присуствуваше на сите поважни средби, ништо не се
правеше без негово знаеше,како најискусен меѓу нашите први учители. Тој често одеше за
Македонија, кога беше потребно да се изврши преглед и ревизија за некои работи во
организацијата и повеќето членови го познаваа како еден од највидните раководители на
светото ослободително дело. Тој беше централната личност и во Велес, окружен „петар”
(во грчката митологија името „Петар” има значење на карпа, камен, па поради тоа се смета
за симбол за непристрасност, одлучност и постојаност) и прво лице во градот, коешто
раководеше со младинската организација. Повеќе пати тој нѐ прибираше во неговата куќа,
каде што се коваа плановите и донесуваа решенија за кинење на безбројните пипки на
окотоподот, којшто се викаше Србија и којшто се беше забил длабоко во незаштитеното
тело на македонскиот Бугарин. Секогаш со спокојно и нежно лице, со постојано
непроменлив израз и одмерени манири, тој ја изразуваше длабоката омраза кон нашиот
вековен непријател, засекогаш умерен и во еднаков степен, без да се возбудува или да
излегува од сферата на спокоен фанатик, којшто ја изучил револуционерната школа и на
кого не му потребни моменталните ѕверства на Србите, за да се засили степенот на
готовност за жртва или да го оттргнат од неговите планови за конспирација. Макар и да
знаеме многу конкретни случки и гласини, коишто предизвикаа закани за нашите дела во
хрватските и српските средини, тој никогаш не покажа колебање во успехот на нашето
дело. За него апостолската дејност претставуваше нормална работа, којашто требаше да се
врши како и другите искуства. Тој гледаше на организацијата како на уметничко дело,
коешто треба да се изгради и разработува постојано, да се пази како свето нешто, да се
посвети поголема грижа, да се пази неговото достоинство и цена да се создаде околу
неговиот публицитет и таинственост. Иван создаде многу петорки во Македонија и
младинската организација во голем степен е должна нему за апостолската дејност. Како
врска со другарите во странство, тој секогаш ги знаеше доверливите мисли на
раководителите на комитетот и на нас ни го носеше сето она, со своите посебни мненија и
сфаќања во врска со нашиот однос спрема централниот комитет. Овде, тој внесуваше
некоја своја особена политика, којашто за цел имаше некои исклучителни услови, во
коишто се наоѓавме ние за разлика од емиграцијата. Мрачното влијание на филозофијата
на стравот никој не можеше да го разбере на каков начин и по кои патишта успеваше да го
спречи идеолошкото движење во мислите на човекот. Во една атмосфера на постојано
бдеење, демнење од власта, во еден краен напор со внимание и тревоги, никој не знаеше
дали посебните размислувања доаѓаа од доменот на самоодржувањето на личноста.
Колективната народна волја, којашто доминираше кај нас, како национална идеја за
ослободување на родината, беше секогаш во внатрешен таинствен конфликт во пипките
на егоизмот, и можеби, тој ги диригираше нашите мисли, кога секој остануваше сам со
себе. Штом дојдеше до средба и сѐ одразуваше националната гордост, нашето херојско
минато, безбројните жртви и апотеозата на идеалот, сѐ лично се занемаруваше, за да се
прослави алтруистичкиот инстинкт и да се дозволи да се управува и насочува волјата по
тие патишта. За интелект, којшто преку мислата е послободен од колективната поврзаност
со масовата психологија и преку разумот им дава до знаење на личните интереси,
нормално беше потешко да се потисне личното и да сѐ предаде без многу хамлетовштина
на масовите предлози на народната идеологија, за да тргне по стапките на историската
потреба за ослободување на народот. Иван покажа едно упорно постојанство за идејата и
ништо не можеше да натера да се разочара и да го промени текот на нештата уште од
неговиот татко, кој не само еднаш беше дигнал рака против врагот и не сакаше да ја
спушти сѐ додека не го срази и не си ја осигури среќата и слободата на идните поколенија
на нашиот народ.

Преку добрината на карактерот, којашто му се испишуваше на бронзеното му лице, тој


гледаше наоколу и никој не можеше да ја одгатне тајната на неговата привлечност. Во
идејата, којашто нѐ сврзуваше, тој вметнуваше уште еден слој на добрина и љубов спрема
членовите, за да не ги остави сами во со сувата револуционерна догма. Нашата револуција
не создаде само Робеспјеровци и Дантевци, туку и херои како Достоевски, на човечката
душа. Погребани од загодочноста за жртвата на народот, просветлени од апокалиптичната
верба од виталните способности на бугарскиот народ, нашите револуционери длабоко
навлегоа во човековата душа и ги преживееја трагедиите на гетсиманската градина. Тие
беа херои на илјада голготи и титани на прометеевското во човечкото битие.
Аристократизмот на Бојаџиев не му дозволуваше тој да им говори ни на најдоверливите
другари за неговите преживувања во револуционерната борба. Но, во позадината на секоја
организациона работа, којашто го анагажираше практичното битие на Иван. Тој имаше
богат внатрешен живот, којшто го окарактеризираше како борец со длабока интуиција,
којашто се пројавуваше често со одличното познавање на интимните амбиции на
заколнатите другари. Тој не се поврзуваше се другарите само заради идеите, туку и заради
нивните души, познавајќи ги добро и оддавајќи им го потребното внимание, така што тој
им прилегаше на интимата во нивните души. Без да ласка, тој ги претпоставуваше нивните
интимни мисли и во согласност со тоа тој секогаш го пронаоѓаше материјалот кој им
прилегаше да го занемари самољубјето и да им ги возвиши добрите качества. Тој се
ненамерно се зближуваше со најавтентичното во карактерот на другарите, за последен да
импресионира и остави впечаток најдлабоко во душата на Иван. Затоа, сите оние кои беа
придобиени од него за делото му беа доверливи лица и беа поврзани со него независно од
идејата, па дури и кога мотивацијата на некоја извесна теза граничеше со личното и
безидејното. Затоа многумина се чудеа од каде доаѓаше онаа приврзаност кон него.
Така нашиот Иван го црташе своето револуционерно дело и ја отелотворуваше со својата
личност историјата на нашето движење, за да го украси со уште една светла фигура и да го
увеличи националниот пантеон со многубројни акции и подвизи. Интелектуалец пар
екеселанс, тој претставуваше една елитна организација и неговото аристократство и
даваше посебен престиж пред туѓинците. И кога беше откриена младинската
организацијата, тој беше во Виена. Српската полиција го претставуваше како спиритус –
ректус, а всушност тоа се однесуваше за неа, бидејќи не успеала да го фати и да го види
еден од највидните членови. Тој и за време на процесот фигурираше симболично, бидејќи
една таква организација, којашто без него не можеше да се замисли. Откривањето го
засегна, па за се зголеми стравот и трепетот кај Србите, на повидок беше испреплетување
на една таква конспиративна мрежа пред очите на толку жандари, агенти и шпиони во ќе
има учество на видни интелектуалци од Македонија. Секој знае какви пакости има нанесе
скопскиот процес на Србите и на нивната фалсификаторска кауза пред општественото
мислење пред Европа. Од сите, Иван беше најмногу ангажиран за нашиот процес и тој
сакаше процесот што е можно повеќе да се прошири на штета на Србите. Ние што бевме
внатре постојано бевме во контакт со него и ги добивавме неговите другарски пораки.
Грижите негови за нас му беа постојани и другарски.

Тие беа моменти на голем испит за сите и се разбира имаше и пад на величието. Кој
можеше да му заповедува на оној потонатио со една нога во бездната на смртта?
Најмрачните инстинкти на човекот се измешаа меѓусебно заедно со подмолноста на
непријателот за да теоретизира со чувството на самоодржување. Трагизмот на тоа, којшто
се беше оддал на татковината, се издвојуваше во сите случаи, кога беше во исчекување
земната пресуда, без да се знае небесната. Во таа арена за борба на времето со вечната
судбина на еден народ, на егоистичното со алтруистичното, на личното со општото, на
Ормузда и Аримана – кој можеше да се сомнева дека нема да победи чувството на
врховниот долг кон страдалничкиот народ, којшто си ги протегаше рацете кон нас и
чекаше спасение; кој не сакаше да го слушне гласот на загинатиот за родината, кој
можеше да биде глув за плачењата и оплакувањата на многу страдалната Македонија и кој
не беше придобиен од духот на нашата историја, којшто се беше вгнездил длабоко во
срцата на својот голем императив за ослободување и обединување? Големото значење кое
го има скопскиот процес за нашето ослободително дело се должи на Иван; бидејќи, не
само што беше платил и со крв за младинската организација, туку и направи многу за да ја
популаризира и во странство и да се заинтересира и надворешниот свет за каузата на
македонските револуционери.

Уште во затвор, јас му бев пратил список од оние другари, членови на организацијата, кои
не беа откриени, за да може да се соберат и да продолжи работата на организацијата. Тој
го доби ова известување и по тој список започна да ја реорганизира и заздравува
организацијата од Виена, држејќи врска со нас и со другарите надвор. Така тој ја
продолжи својата апостолска работа до 1932 година, кога започнаа да се одвиваат
меѓусебни борби во организацијата, во коишто и тој беше вовлечен. Поради тоа, тој се
беше повлекол бидејќи и болеста започна да го дави, а и мизерија го беше стигнала во
неколкуте негови последни денови од животот. Никој не го издржуваше, па така тој умре
од туберкулоза, далеку од својот роден крај, далеку од своите другари и членови. Верен на
својата идеја, тој не сакаше никому да му служи, освен на народот па дури и пред смртта
беше избрал да умре, како што умираат сите фанатици на народната идеја, како што
умираат сите херои.

You might also like