Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 14

Универзитет Гоце Делчев

Факултет за информатика

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ПО ПРЕДМЕТОТ Arhitektura na Kompjuteri

Organizacija na memorija

Предметен наставник: Изработил:


Доц.D-r. Solza Gr~eva [opova Ристе Коцев.Бр.
1042

Штип
<Јuни>2009.

1
SODRZINA:

Користење на компјутерска
меморија………………………………..3

Внатрешна меморија……………………………………………………..5

Општа организација на RAM меморија………………………………


6

Виртуелна компјутерска меморија……………………………………8

Кеш меморија………………………………………………………………9

Историја на кеш
меморијата……………………………………………..10

Начин на работа……………………………………………......….
……….. 11

Соработливост на кеш меморијата………………...............


……………..12

Кеш промашувања………………………….......
…………………………..13

2
1. Користење на компјутерска меморија
Во рамките на целиот КС се употребуваат разлицни типови меморија. На
пример во контролната единица постојат регистри што претставуваат RАМ
мемории, додека микро програмите си реализирани преку ROM
меморија.Аритметичко логичката единица користи користи RОМ шеми за
реализација на брза аритметика и заокрузување. Кеш меморијата и главната
меморија се реализирани како RAM меморија.[1]

RОM мемориите се обично поефтини и побрзи од RАМ мемориите, за разлика


од SАМ мемориите што се најбавни и најскапи. Користењето на мемориите во
различни делови на КС ја градат мемориската хиерархија од регистри, преку
кеш и примарната меморија до секундарна меморија.

Постојат ограничен број регистри, најчесто до 64, затоа што испитувањата


покажуваат дека со денешната дека со денешната технологија постои големо
забрзување на алгоритмите и зголемување на перформансите на системот со
скок од 16 на 32 регистри. Скокот од 32 на 64 регистри знацително ја услознува
хардверската организација и делумно го забавува системот поради
адресирање регистри и воведување на големи патеки помеѓу регистрите.
Зависно од системите, кеш меморијата има големина од 8К до 2М зборови, а
примарната меморија од 4М до 3G зборови. Ова се релативни величини
важечки за 1997 година. Со развојот на технологијата овие параметри може да
се зголемуваат на поголеми вредности. Кеш меморијата е RАМ меморија што
работи значително побрзо од примарната меморија и често со брзината на
процесорот и често со брзината на процесорот заради неговото ефикасно
искористување. Нејзината намена е да го снабди процесорот со доволно
податоци.SАМ меморијата во рамките на кеш меморијата служи за брзо
откривање дали пребаруваниот податок или инструкцијата се наоѓа кеш
меморијата или во инструкцискиот бафер. Слична улога има и во контролната
единица кадешто се употребува во табелата на страници. Главната меморија
може да биде организирана на ниво од збор или бајт. Се организира како
меморија во еден модул или множество на паралелни модули. Главната
меморија е најскапата компонентаво скоро сите модерни КС во релација со
процесорите, контролните единици, секундарната меморија или влезно-
излезните единици. Практично уцествуваат со околу 30-40% од вкупната цена

3
на хардверот. Сите дилеми околу намалувањето на цената на КС може да се
сведат на:

Користењето примарна меморија е проследено со идентификација на


пристапот во форма на читање или запис, како и со односот на ефиктивниот
пропусен опсег кон обликот на податоците или адресите. Полињата обично се
пристапуваат секвенцијално, слично како и програмите, иако инструкциите за
скок го менуваат педоследот на пристап. Можна е појава и на пристап во
случаен редослед. Според тоа ефективниот мемориски пропусен опсег е
функција од обликот на адреси генерирани од програмите. Програмите што
користат фреквентно можат да се сместат во RОМ како дел од главната
меморија.

Пропусниот опсег може да се зголеми воведувајќи одделени мемориски


модули што се пристапуваат паралелно. Ова, од друга страна, ги усложнува
дизајните на програмите и креирањето програмски јазици со цел да се
обезбеди ефикасно користење на паралелните мемории. Пионерите во
компјутерската технологија предвиделе ддека програмерите ке побаруваат
огромни големини на брза меморија. Меѓутоа сите податоци или инструкции во
меморијата не се пристапуваат униформно. Приципот на локалност наведува
на употреба на помали хардверски парциња градејќи концепт на хиерархијата и
виртуелната меморија. За пристапување на клучните принципи и маханизми за
организација на меморијата се користи аналогија преку библиотеката и маса со
поставени книги извлечени да се разгледуваат. Штом на мастата постои добар
избор на книги тогаш огромна е веројатноста дека голем дел од времето ке се
помине во читање на тие книги отколку кога би имале само една книга и по
потреба станувате и одите до полиците за да ја вратите или земете. На истиот
начин се формира илузијата на огромната меморија што и се пристапува брзо
колку и на малата меморија. Исто како што не се потребни сите книги од
библиотеката во исто време, така нити програмата не се пристапува до целиот
код и податоците истовремено со иста веројатност. Од друга страна пак, не е
возмозно да се има брз пристап до меморијата и да се има во машината
големо количество на меморија, исто како што би било невозможно да се
поседуваат сите книги на маса и да се најде потребното. Принципот на
локалност ги поврзува начинот на кој се работи во библиотеката и начинот на
кој работи програмата. Тоа практично значи дека програмата во одреден
момент од времето пристапува само до еден релативно мал дел од својот
адресен простор исто како што и во одреден момент од времето е потребен
само мал дел од библиотечната колекција. Принципот на временска локалност
практично значи дека ако сте донеле книга на масата за да погледнете во неа,
најверојатно, наскоро пак ќе треба да погледнете во неа. Слично на ова и
просторната локалност специфицира дека книгите што се во близина на
масата наскоро ќе бидат референцирани. Како што пристапот до книгите од
масата природно ја покажува локалноста така и локалноста во програмите се

4
наметнува со простите и природни програмски структури. На пример, повеќето
програми содржат јамки, т.е. циклуси, значи пристапот до иструкциите и
податоците ќе биде повторуван, со што се покажува временската локалност.
Бидејќи до инструкциите обично се пристапува секвенцијално, значи дека
програмите покажуваат и голем степен на просторна локалност слично како и
пристапот до податоците. Особено голем степен на просторна локалност
покажува пристапот до елементите на една низа. Принципот на локалност се
применува со имплементирање на меморијата како мемориска хиерархија.
Мемориската херархија се состои од повеќе нивоа на меморијата со различни
големини и брзини. Побрзите мемории се поскапи од побавните па затоа и се
помали. Целта е на корисникот даму се овозможи толку меморија колку што
има со евтината технологија и брзина на пристап колку брзата меморија. Ова е
соодветно со книгите на маста до кои пристапот е побрз, но нема доволно
место да се сместат сите потребни книги. Концептите за градење на
меморијата влијаат многу други аспекти на компјутерот, како што е начинот на
кој оперативниод систем раководи со меморијата и влезот/излезот, како
комплајлерот го генерира кодот и како апликациите ја користат машината.
Бидејќи систе програми користат огромен дел од своето време во
пристапување до меморијата, меморискиот истем претставува главен фактор
во определување на перформансите на целокупниот систем.

2. Внатрешна меморија
Податоците се претставуваат во бинарна форма, односно со цифрите на
бинарниот систем 0 и 1 што се нарекуваат битови (ознака b, анг. bit). За
полесна работа со податоците се користат групи од битови. Група од 8 бита се
нарекува бајт и се означува со B (анг. Byte). Групи од 2, 4 или 8 бајти
формираат збор.

Големината на меморијата што ја зафаќаат податоците се изразува во бајти


или во поголеми единици од бајтот, а тие се: килобајт (1КВ=1024В), мегабајт
(1МВ=1024КВ), гигабајт (1GB=1024MB), терабајт (ТВ=1024GB).

Внатрешната меморија (главна, работна, оперативна) се состои од мемориски


локации од кои секоја има единствена адреса. Внатрешната меморија ја
содржат:

ROM (анг. Read Only Memory) – меморија која може само да се чита. Нејзина
важна особина е тоа што нејзината содржина не се губи со исклучување на
персоналниот компјутер од електричната мрежа. Во неа се сместени програми
што се извршуваат веднаш по приклучувањето на компјутерот и овозможуваат
тој да се доведе во работна состојба, а потоа имаат голема улога во
контролата на компјутерот и во протокот на податоци низ него. Тие програми го
сочинуваат т.н. BIOS (анг. Basic Input/Output System).

5
RAM (анг. Random Access Memory) – меморија од која може да се чита и во која
може да се запишува. Податоците во неа слободно можат да се запишуваат,
да се бришат и да се преместуваат од едно место на друго. Со прекинување на
напојувањето на персоналниот компјутер со електрична енергија, сите
податоци што се наоѓаат во оваа меморија неповратно се губат. Затоа, за
трајно чување на податоците, истите се запишуваат на надворешната
меморија на компјутерот. Постојат два вида RAM-меморија: динамичка RAM
(анг. Dynamic RAM - DRAM) и статичка RAM (анг. Static RAM - SRAM).
Статичката RAM е многу помала од динамичката и затоа кога се зборува за
RAM се мисли на динамичката RAM. Статичката меморија се нарекува и кеш-
меморија (анг. CACHE memory), а се користи за привремено сместување на
помали количини податоци заради побрз пристап до нив.

3. Општа организација на RAM меморија


Основната организација на RAM мемориската единица е приказана на
сликата. Адресата преземена од процесорот се сместува во меморискиот
адресен регистар (MAR), без разлика дали се побарува операција на читање
или запис. Потоа адресниот декодер ја одредува локацијата на податокот. Ако
е одредена операцијата за читање тогаш податокот што се наоѓа на
декодираната адреса се префрла во меморискиот податочен регистар ( МDR )
или меморискиот информациски регистар ( МIR ) а потоа во процесорот.
Доколку се реализира операцијата на запис тогаш вредноста на овој регистар
се полни со податок од процесорот и потоа истиот се сместува на одредената
локација. Сите дејствија на читање и запис во меморијата ги контролираат
мемориската контролна единица ( МDU ).[2] Кај оваа контролна единица се
препознаваат 6 главни функции:

Интерфејс кон надворешниот свет. Пристапот е остварен преку регистрите


МАR и МDR. Надворесниот свет за меморијата на процесорот, контролната
единица и влезно-излезните единици. Понекогаш интерната меморија може да
се организира со различна големина од процесорскиот збор или магистралата
на податоци. На пример, процесорскиот збор може да е 32 битен, магистралата
16 битна а меморијата 8 битна. Потребен е посебен хардвер за составување и
разложување на бајтови во потребните зборови, којшто се имплементира во
( МCU ).

Хардверски интергритет на податоци. Се остварува преку битови на парност.


Мемориската контролна еденица МCU ги тестира зборовите како при прием на
податоците, така и при испорака кон надворешниот свет. Ако се појави грешка
се презема соодветната акција генерирајќи прекин, за да се обнови приемот на
податоци. Во случај на код што овозможува детекција и корекција на
податоците, се превзема акција на поправка.

6
Управување со меморијата. Тоа е една од најважните улоги на МCU. Освен
стандардната шема на адресирање и пристап се користи техника на крање
циклуси. Циклусите се крадат од процесорот кога постои влезно-излезна
операција или пак проточноста во превземањето податоци на самата меморија.
Доколку меморијата е значително побавна и ја зазма податочната магистрала,
може да го закочи процесорот во неговата нормална работа.

Заштита намеоријата. Се остварува преку ситем на заклучување со брава и


клуч или постапка на проверка и поставување. Заштитата е нужна активност со
цел да се обезбеди правилна работа на меморијата.

Локално адресирање. Повеќе паралелни преклопени мемориски единици


можат да делат една МCU. Постојат ситуации кога во системот постојат повеќе
единици, како на пример, 4 МCU со 8 мемориски единици. Кога меморискиот и
процесорскиот збор се со различна големина, тогаш постојат нови типови на
проблеми како избор на вистинскиот бајт во меморискиот збор што треба да се
пренесе во процесорот.

Управување со кеш меморијата. Ова опфаќа комплетна реализација на


префрлање блокови од и назад во примарната меморија, правило на
адресирање итн.

Основната организација на RAM мемориската единица е приказана на сликата.


Адресата преземена од процесорот се сместува во меморискиот адресен
регистар ( MAR ), без разлика дали се побарува операција на читање или
запис. Потоа адресниот декодер ја одредува локацијата на податокот.

Ако е одредена операцијата за читање тогаш податокот што се наоѓа на


декодираната адреса се префрла во меморискиот податочен регистар ( МDR )
или меморискиот информациски регистар ( МIR ) а потоа во процесорот.
Доколку се реализира операцијата на запис тогаш вредноста на овој регистар
се полни со податок од процесорот и потоа истиот се сместува на одредената
локација.

Сите дејствија на читање и запис во меморијата ги контролираат мемориската


контролна единица ( МDU ). Кај оваа контролна единица се препознаваат 6
главни функции:

Управување со меморијата. Тоа е една од најважните улоги на МCU. Освен


стандардната шема на адресирање и пристап се користи техника на крање
циклуси. Циклусите се крадат од процесорот кога постои влезно-излезна
операција или пак проточноста во превземањето податоци на самата меморија.
Доколку меморијата е значително побавна и ја зазма податочната магистрала,
може да го закочи процесорот во неговата нормална работа.

7
Заштита намеоријата. Се остварува преку ситем на заклучување со брава и
клуч или постапка на проверка и поставување. Заштитата е нужна активност со
цел да се обезбеди правилна работа на меморијата.

4. Виртуелна компјутерска меморија


Уште од најраните денови на развојот на компјутерите, програмерите
сакале неограничени количества на брза меморија. Начин за да им се помогне
е формирање на илузија дека располагаат со неограночени количества брза
меморија. Постојата многу техники за создавање на оваа илузија и за
подобрување на нејзините преформанси.

Основни концепти

Како што кеш меморијата се користи како метода за овозможување брз


пристап, така главната меморија меже да се однесува како кеш меморија за
секундарна меморија, обично имплементирана како магнентен диск. Оваа
техника се нарекува виртуелна меморија. Постојат две главни мотивации за
виртуелната меморија можноста за ефикасно делење на меморијата помеѓу
повеќе програми и отстранување на тешкотиите за програмирање поради
малото ограничено количество на главната меморија. Другата мотивација е да
им се овозможи на корисничките програми да зафаќаат повеќе меморија
отколку што навистина има главната меморија. Порано програмерите ја
одредувале поделбата на програмата на делови кои што во текот на
извршувањето на програмата се сместувале во главната меморија и се
обновувале во секундарната под контрола на корисничката програма. Поради
тоа програмирањето претставува голем проблем. Виртуелната меморија, пак
од друга страна, автоматски управува со дво нивовска хиерархија преставена
со главната меморија и секундарната меморија. За секоја програма се
дефинира адресен простор односно одреден број на мемориски локации
резервирани за таа програма. Со тоа се врши заштита на програмите една од
друга и на оперативен систем од програмите. Виртуелната меморија го
овозможува пренесувањето на адресниот простор за секоја програма.
Концептот на работа на виртуелната меморија и на кеш меморијата е ист, но се
користат различни термини. Така блок во виртуелната меморија се нарекува
страница, а активноста што доведува до непогодување генерира грешка на
страницата. Процесорот создава виртуелна адреса која со помош на хардверот
и софтверот се преведува во физичка адреса во главната меморија.

8
Виртуелната меморија исто така го поедноставува начинот на кој се записуваат
програмите во меморијата, бедејќи врши релокација. Тоа значи дека
мемориските страници се сместуваат на различни места во меморијата, т.е за
да се смести една програма или една датотека не е потребно да се бара
континуиран слободен дел од меморијата туку се бараат празни односно
непополнети мемориски страници во физичката меморија. За оваа активност
порано бил потребен додатен хардвер или специјална подршка на
оперативниот систем која што виртуелната меморија ја спроведува.

5. Кеш меморија
kеш меморија (англ. Cache) е компјутерска меморија која се користи од
Централната Процесирачка Единица (CPU) или од контролер на некој
периферен уред (нпр. контролер на тврд диск) во компјутерот со цел да се
скрати времето за пристап кон основната меморија. Kеш меморијата е многу
помала од обичната компјутерска меморија но е многу побрза и затоа во неа
се чуваат најчесто употребуваните компјутерски адреси или податоци од
главната меморија. Кога на процесорската единица ѝ требаат податоци тој
најпрво ги бара во сопствените процесорски регистри, доколку не ги пронајде
ги бара во кеш меморијата и доколку и таму не ги најде ги бара во главната
меморија. Што значи, кеш меморијата го скратува времето за пронаоѓање на
најчесто употребуваните податоци, па според тоа ја зголемува брзината на
компјутерот.

На дијаграмот на сликата се прикажани главната и кеш меморијата. Главната


меморија се состои од податоци кои се подредени под редоследни броеви
уште и наречени адреси. На секој податок му одговара соодветна адреса. Кеш
меморијата ги содржи најупотребуваните податоци како и нивните адреси во
главната меморија, секако подредени под еден свој редослед кои уште и се
нарекуваат кеш линии.

Повеќето модерни процесирачки единици имаат најмалку три независни кеш


делови:

инструкциски кеш - за да ги забрза инструкциските команди

податочен кеш - да го забрза читањето и запишувањето на податоците

преведувачки бафер - кој се користи да го забрза преведувањето на


виртуелните во физички адреси за податочниот и инструкцискиот кеш.

Голем дел од микропроцесорите во светот немаат вградено кеш меморија


поради намалувањето на трошоците и заштеда.

9
6. Историја
Почетокот на употребата на кеш меморијата се поврзува со
измислувањето и користењето на виртуелната меморија. Поради
постојаната недоволност и високата цена на мемориите, првите
компјутери користеа сложена хиерархија на физичка меморија
проширена и пресликана во виртуелна меморија која ја користеле
програмите. Значи при виртуелната меморија најмалку
употребуваните податоци се зачувуваат на некој надворешен извор
на меморија, како тврд диск и сл. Во тој случај се јавила кеш
меморијата како место во кое ќе се чуваат најкористените податоци
и процесорот до нив може да пристапе најбрзо од било која
меморија.

Со измислувањето на првите персонални компјутери стагнира


развитокот на кеш меморијата бидејќи пристапувањето кон
меморијата беше само малку побавно од пристапувањето кон
процесорските регистри. Меѓутоа од почетокот на 1980-тите оваа
разлика меѓу регистрите и меморијата постојано се зголемува. Ова
се должи на се побрзиот развој на процесорите во однос на
меморијата. Иако е можно да се направи меморија со иста работна
фреквенција (брзина) како процесорот сепак економски
поисплатливо е да се направат една поголема но побавна меморија
во комбинација со една помала но многу побрза кеш меморија. Денес
имаме и пример на сервери кај кои што оваа кеш меморија е многу
голема со цел за побрз пристап до тие сервери. Типичен пример за
тоа се серверите на гугл (google) кои поголемиот дел од податоците
ги чуват на серверска кеш меморија.

7. Историја на кеш меморијата кај x86 архитектурата

10
Со достигнувањето на работна фреквенција од 20 и повеќе
мегахерци кај 386-ките, започнаа да се употребуваат мали кеш
мемории со цел да ја забрзаат работата на системот. Ова решение
почна да се применува бидејќи тогашната ДРАМ меморија има време
на доцнење од 120ns. Кеш меморијата почна да се прави од побрзата
но и поскапа СРАМ меморија која има доцнење од само 10
наносекунди. Тогаш чиповите со кеш мемории се наоѓаа надвор од
процесорот сместени на матичната плоча.

Големината на тогашната кеш меморија се движеше околу 16-64


килобајти.

Додека со развојот на 486-ката започнува вградување на кеш


меморија во процесорот. Оваа меморија е уште позната како Ниво 1
(Level 1 или L1) меморија за да се разликува од другата побавна
кеш меморија која се вградуваше на матичната плоча и е позната
како Ниво 2 (Level 2 или L2) меморија. Големината на оваа
меморија се движеше околу 256 килобајти.

Денес L2 меморијата е далеку поголема и поразвиена и се вградува


во самиот процесор. А кај некои започна да се користи и Ниво 3
(Level 3 или L3) кеш меморија.

8. Начин на работа
Кога микропроцесорот треба да запише или да прочита некоја
локација од меморијата тој прво проверува дали се наоѓа во кеш
меморијата. Кеш меморијата и запаметува локациите на податоците
во главната меморија па според тоа се проверува дали ја содржи
локацијата што ја бара процесорот. Доколку процесорот ја пронајде
локацијата во кеш меморијата велиме дека имаме кеш погодок, а
обратно имаме кеш промашување. Во случај на кеш погодок
процесорот чита или запишува податоци во соодветната кеш линија.
Односо на кеш погодоците со промашувањата се нарекува стапка на
ефикасност и е мерка за ефикасноста на кеш меморијата.

Во случај на кеш промашување се обезбедува нова кеш линија на


која се копираат соодветната локација и податоците на таа локација
во меморијата. Потоа процесорот може да продолжи со работа со таа
локација во кеш меморијата. Меѓутоа овие промашувања релативно
го забавуваат системот бидејќи е потребно време податоците да се
ископираат од главната во кеш меморијата, па дополнително да се
пренесат до процесорот.

11
За да направи место за нова кеш линија, кеш меморијата мора да
избриши некоја стара линија. Правилото по кое се одредува која
линија ќе се избрише се нарекува правило на замена. Основниот
проблем кај ова правило е да се процени која линија има најмала
веројатност да се употреби во иднина. Ова е многу тешко за
предвидување и затоа има повеќе такви правила и нивната
прецизност им варира. Можеби најпознато е правилото да се
избрише најмалку употребуваната кеш линија.

Кога податоците се запишуват во кеш меморијата порано или


подоцна тие треба да бидат запишани и во меморијата.
Одредувањето кога се запишуваат се врши по правилото за
запишување. Запишувањето може да се врши на два начини. Првиот
начин е со секое запишување на кеш меморијата се запишува и во
меморијата. Вториот и побрз начин е при запишувањето во кеш
меморијата локациите на кои се запишува се означуваат како
"нечисти", па од кога процесорот ќе заврши со работата се
запишуваат нечистите локации на соодветната адреса во
меморијата.

Во поново време со користењето на повеќе кеш мемории, се случува


податоците од истата локација во главната меморија да ги
обработуваат две или повеќе кеш мемории при што за да не доаѓа до
мешање и несовпаѓање на податоци се користат протокол за
комуникација на кеш мемориите.

Во случаи кога процесорот ќе ја заврши својата работа и чека


одредени податоци да бидат отчитани од меморијата, бидејќи за тоа
треба одредено време, тој покрај извршувањето на други паралелни
инструкции, ја средува и сопствената кеш меморија.

9. Соработливост на кеш меморијата


поред правилото на замена се одредува на која локација во
кешот ќе се копираат податоците. Доколку на правилото на замена
му е дозволено да одбира на која локација ќе ги копира новите
податоци кешот се нарекува целосно соработлив. Во спротивност
доколку му се одредува само едно место каде ќе копира се нарекува
директно пресликан (мапиран). Повеќето кешови користат
комбинација од двата начини, односно се делумно соработливи од
N-то ниво. Тоа значи доколку се соработливи од 2-ро ниво значи

12
можат да запишуваат само на две локации, ако се од 4-то можат да
запишуваат само на 4 локации итн.

Со зголемувањето на соработливоста на кеш меморијата се


зголемува можноста за кеш погодок, но се зголемува и времето за
пребарување на локациите. Во практика најмногу се користи
правилото на дуплирање на соработливоста од директно пресликана
во делумно соработлива од 2-ро ниво, или од делумно соработлива
од 2-ро ниво до делумно соработлива од 4-то ниво, што има ефект
врз стапката на ефикасност како дуплирање на големината на кеш
меморијата. Зголемувањето на соработливоста над 4 ниво има многу
помала стапка на ефикасност и се користи за други намени.

Доколку една локација од главната може да биде копирана на две


локации во кеш меморијата, се поставува прашањето: како се
одредуваат тие локации? Едно од најупотребуваните и најпросто
шеми на одредување е на првата локација на меморијата му се
доделуваат првите 2 од кешот, на втората вторите две и така кога
сите локации ќе се исполнат, на наредната локација од меморијата
повторно му се даваат првите две од кешот и така натаму.

10. Кеш промашувања


Под кеш промашување се подразбира пропаднат обид за
читање или запишување од кеш меморијата, што резултира со
читање или запишување на податоците од главната меморија при
што се губи повеќе време. Постојат 3 вида на кеш промашувања и
тоа: при читање на инструкциите, при читање на податоците и при
запишување на податоците.

Најмногу време се губи при промашувањето при читање на


инструкции, бидејќи процесорот (или барем процесот) треба да чека
дадената инструкција да биде проследена од главната меморија.

Помалку време пак се губи при промашувањето при читање на


податоци бидејќи во меѓувреме можат да се извршат инструкциите

13
кои не зависат од тие податоци, па кога податоците ќе бидат
проследени од главната меморија да бидат обработени.

А најмалото губење на време е при промашувањето при запишување


на податоците бидејќи постои листа на запишување каде се чуваат
податоците се додека не се обезбедат услови за нивно запишување.
Ова запишување може да почека се додека не се исполни листата.

14

You might also like