Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

13. Седумте параболи за царството Божјо.

Исус е презрен во својот роден


крај.
1. И како излезе Исус тој ден од куќата, седна покрај морето.
2. И се собра околу Него многу народ, така што Он влезе во кораб и седна, а целиот народ
стоеше на брегот.
3. И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее;
4. и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот, долетаа птици и ги исколваа.
5. Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, оти
земјата не беше длабока.
6. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, како да немаа корен, се исушија.
7. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.
8. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едно сто, друго шеесет, а друго триесет.
9. Кој има уши да слуша, нека чуе!”
10. И кога се приближија до Него учениците, Му рекоа: „Зошто во параболи им зборуваш?”
11. А Он им одговори и рече: „Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството
небесно, а ним не им е дадено.
12. Оти, кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го
има;
13. Затоа им зборувам во параболи, оти гледаат и не виѓаваат; слушаат и не чујат, ниту, пак,
разбираат;
14. и над нив се исполнува пророкувањето на Исаија, кое вели: »Со уши ќе чуете и нема да
разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;
15. срцето на овие луѓе закоравело, и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои да
не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да не се
покајат и да не ги исцелам.«
16. Вашите, пак, очи се блажени, оти гледаат, и ушите ваши – бидејќи слушаат;
17. зашто, вистина, ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и
не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.
18. Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот:
19. при секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граби
посеаното во срцето негово; ете, тоа означува посеаното покрај патот.
20. А посеаното на камен е оној, што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21. но нема во себе корен и е непостојан: настане ли жалост или гонење заради словото,
веднаш се соблазнува.
22. Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и
примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.
23. А посеаното на добра земја е оној, што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден
сто, друг шеесет, а друг триесет.”
24. И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек, што посеал
добро семе на својата нива;
25. но, кога спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеа меѓу житото какол, па си отиде.
26. А кога израсна растението и донесе плод, тогаш се појави и каколот.
27. И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: »Господаре, нели добро семе посеа на нивата
своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?«
28. А он им рече: »Човек непријател го прави тоа.« Слугите, пак, му рекоа: »Сакаш ли да
одиме и да го исплевиме?«
29. Но тој им рече: »Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито;
30. оставете нека расте и едното и другото заедно, до жетвата; а по жетвата ќе им кажам на
жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да се изгори; а житото
приберете го во мојата житница«.”
31. И друга парабола им кажа, кога рече: „Царството небесно прилега на зрно синапово, кое
човек го зема и посеа на нивата своја;
32. тоа е најмало од сите семиња, но, кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија, па
станува дури и дрво – така што птиците небески долетуваат и застануваат на неговите
гранки.”
33. И друга парабола им кажа: „Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го
клава во три мери брашно, дури не скисне сето.”
34. Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без приказни не им говореше
ништо;
35. за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: »Со параболи ќе ја отворам устата
Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот«.
36. Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците се приближија до Него и
Му рекоа: „Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!”
37. А Он им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки;
38. нивата е овој свет; доброто семе, тоа се синовите на царството, а каколот – синовите на
лукавиот;
39. непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е свршетокот на светот, а жетварите се
ангелите.
40. И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при свршетокот на
овој свет;
41. ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите соблазни од Неговото
царство, и оние што вршат незаконски дела,
42. и ќе ги фрлат во жарена печка; таму ќе биде плач и крцкање со заби.
43. Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да
слуша, нека чуе!
44. Царството небесно прилега уште и на драгоценост, сокриена во нива, која ја нашол човек
и прикрил, па, од радост за неа, отишол и продал сè што имал, и ја купил таа нива.
45. Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46. па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сè што има и го купува.
47. Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува
секакви риби:
48. и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во
садови, а лошите ги фрлаат.
49. Така ќе биде и при свршетокот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од
праведните.
50. и ќе ги фрлат во вжарена печка: таму ќе биде плач и крцкање со заби.”
51. И ги праша Исус: „Дали го разбравте сево ова?” Тие Му одговорија: „Да, Господи!”
52. А Он им рече: „Затоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на
домаќин што изнесува од своето сокровиште ново и старо.”
53. И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму.
54. А штом дојде во својот роден крај, го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се
чудеа и велеа: „Од каде при Него ваква премудрост и сили?
55. Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не се ли вика Марија, и браќата негови –
Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56. И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?”
57. И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата
негова и во домот негов.”
58. И не изврши таму многу чудеса заради нивното неверување.

14. Отсекување главата на Јована Крстител. Исус нахранува пет илјади


луѓе, оди по море и му помага на Петра кој тоне. Ги исцелува сите што се
допираат до Него.
1. Во тоа време гласот за Исуса дојде и до Ирода, четворовласникот;
2. и им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат
чудеса преку него.”
3. Зашто Ирод, кога го фати Јована, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на
брата му Филипа;
4. бидејќи Јован му велеше: „Не бива да е твоја!”
5. И сакаше да го убие, но се боеше од народот, оти го сметаа за пророк
6. И кога беше родениот ден на Ирода, ќерката Иродијадина играше пред гостите и му угоди
на Ирода;
7. затоа, тој со клетва ѝ вети дека ќе ѝ даде што и да побара.
8. И таа, научена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на табла главата на Јована Крстител!”
9. И се загрижи царот; но заради клетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.
10. Па прати, та ја отсекоа главата на Јована во затворот.
11. И ја донесоа главата негова на табла и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.
12. Учениците, пак, негови, како дојдоа, го дигнаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и
Му јавија на Исуса.
13. Штом го чу тоа Исус, замина оттаму на кораб, во пусто место, Сам; а народот, штом узна
за тоа, тргна по Него пеш од градовите.
14. И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смили над нив и ги излекува нивните болни.
15. А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Овде е местово
пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна.”
16. Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!”
17. А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет лебови и две риби.”
18. Он им рече: „Донесете Ми ги тука!”
19. И како му заповеда на народот да седне о тревата, ги зеде петте лебови и двете риби,
погледна кон небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде лебовите на учениците, а
учениците – на народот.
20. И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
21. А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата.
22. И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна
пред Него, дури да го распушти народот.
23. Па штом го распушти народот, Он се искачи на планината, за да се помоли насамо. И таа
вечер остана таму Сам.
24. А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот беше спротивен.
25. Но на четвртата стража, преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето.
26. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение”
и од страв извикаа.
27. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!”
28. А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во
водата!”
29. И Исус му рече: „Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при
Исуса;
30. но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: „Господи, спаси
ме!”
31. Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?”
32. И кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33. А оние, што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: „Навистина,
Ти си Син Божји!”
34. Па откако преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска.
35. Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа при
Него сите болни.
36. И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие, штом се допираа, се
излекуваа.

You might also like