Данте Алигери

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Данте Алигери

Биографија:Данте Алигиери е роден во Фиренца во јуни 1265 година, а потекнува од старо,


но осиромашено, аристократско семејство. Неговата мајка умрела во неговото детство, а
татко му умрел кога Данте имал 18 години. Најбитниот настан од неговата младост била
средбата со Беатриче во 1274 година, која најпрвин ја опеал во својата книга „Нов живот“,
а подоцна и во неговото најголемо дело „Божествена комедија“.И покрај скромната
општествена положба, Данте учел кај најдобрите учители во тоа време.Данте се
одликувал со тежок карактер и немал многу пријатели, а поради својата претерана
гордост, тој имал многу непријатели. Во неговата младост, најголем пријател на Данте бил
поетот Гвидо Кавалканти, додека во периодот на зрелост и староста, негов најголем
пријател бил Чино де Пистоја. всушност, поради политичките разлики, Данте го прекинал
пријателството со Кавалканти и, како член на владата на Фиренца, го потпишал актот за
неговото прогонство, а подоцна не се согласил да му се дозволи враќање во Фиренца.
Данте покажувал голем интерес за сликарството и за музиката, но најголемо значење ѝ
придавал на поезијата. Тој ја читал латинската поезија со посебен интерес,
најмногу Вергилиј кого го сметал за свој учител. Познато е дека Данте многу читал, а во
делото „Convivio“ самиот тој кажува дека од преголемото читање се здобил со заболување
на очите. Се знае дека Данте не го имал читано Хомер, но добро го познавал творештвото
на Хорациј, Овидиј и Лукијан, како и делата на Сенека. Исто така, тој ги познавал некои
записи на лекарот Гален од Пергам, а ги читал и коментарите на Авицена и Авероес на
делата на Аристотел. За време на неговото политичко прогонство, Данте читал две книги:
„За утехата“ на римскиот писател Боетиј и „За пријателството“ на Цицерон. Исто така, се
знае дека Данте учествувал на забави, ловови, свечености, и во таквиот монденски живот
на тогашната Фиренца се родила и се развила неговата љубов кон една фирентинска
девојка која ќе биде одредница на неговите дела и животниот пат. Беатриче, како што ја
нарекувал Данте, се омажила млада, но според сфаќањата од средниот век, бракот не бил
препрека за чистата љубов кон друг човек. Времето до смртта, Данте го поминал селејќи
се од еден до друг град, живеејќи во крајна сиромаштија. Данте умрел ноќта меѓу 13 и 14
септември 1321 година во Равена, каде се наоѓа неговиот гроб.

Творешто: Во раните години од прогонството од Фиренца, Данте тој напишал две важни
дела на латински јазик. Првото е „За народниот говор“во коешто тој го дефинира
народниот јазик како средство за литературно изразување и се обидува да воведе
критериум за користење на пишуваниот италијански јазик и италијанска поезија. Своите
целосни филозофски и книжевни идеи ги изложил во незавршеното дело „Гозба“,
напишано на народен јазик, кое требало да биде приказ, во 15 книги, на целото знаење во
тоа време. Од ова дело биле завршени само првите четири книги. Во делото „За
монархијата“, напишано на латински јазик, Данте ги изложил своите политички сфаќања за
поделба меѓу верската и политичката власт, од кои првата треба да И припадне
на црквата, а втората на владетелот. Важно дело на Данте Алигиери е „Нов живот“, кое го
напишал непосредно по смртта на Беатриче. Делото се состои
од сонети и канцони (љубовни поеми), проткаени со прозни објаснувања. Во него се
раскажува за љубовта на Данте кон Беатриче, како и неговото претчувство за нејзината
смрт. Делото е едно од најголемите и најубавите примери на љубовна поезија во
европската литература.Сепак, централно место во творештвото на Данте има
неговата поезија. Делото „Нов живот“ претставува еден вид автобиографски љубовен
роман во кој стиховите напишани во чест на неговата љубов Беатриче се надополнети со
прозни текстови во кои се опишува душевната состојба во која се составени тие стихови.
Инаку, поетската личност Беатриче ја претставува девојката Биче ди Фолко Портинари,
која Данте ја видел уште како дете и во која се вљубил во 1289 година, а набргу таа
умрела млада. Во согласност со учењето на поетската школа „Dolce stil nuovo“ на која И
припаѓал Данте, во своите стихови Данте ја претставил Беатриче како идеализиран лик на
жена која е слична на ангел и која претставува идеал на љубов и возвишена чистота.
Притоа, во последната глава на „Нов живот“, Данте ја изразува надежта дека за Беатриче
ќе го испее „она што никогаш не е речено ниту за една друга жена“.Иако не се знае кога е
точно напишано делото „Божествена комедија“, се смета дека Данте започнал да работи
на неа во времето кога веќе бил во прогонство. Притоа, со сигурност се знае дека
„Пеколот“ и „Чистилиштето“ биле завршени пред април 1314 година, додека третиот дел
„Рајот“ бил напишан пред крајот на неговиот живот. Иако Данте ја започнал „Божествената
комедија“ со намера да го слави ликот на Беатриче, потоа делото добило многу поширок
опфат, т.е. тоа претставува портрет на целиот средновековен општествен, политички,
филозофски и културен свет. Притоа, Данте ја презел формата на алегоричната поема од
средновековната поетска традиција, а во намерата своите сфаќања за потребата од
повисока правда да ги направи достапни на пошироката јавност, тој одлучил делото да го
напише на народен италијански јазик, наместо на латински јазик, како што било
вообичаено да се пишува во тоа време. Поради содржината, која тече од тажен почеток
кон среќен крај, и поради разбирливиот јазик на којшто е напишано, делото било наречено
„Комедија“, а дури во 16 век тоа било објавено со насловот „Божествена комедија“, како
што е познато до ден-денес
Боженствена коедија:Поемата е составена од три дела „Пекол“,„Чистилиште“ и „Рај“.И
воопшто, бројките 3 и 9 доминираат: секоја срофа има по 3 стиха, секој дел од поемата
има по 33 песни(освен во првиот дел каде што има една уводна песна повеќе, има вкупно
100 песни). Пеколот и чистилиште се поделени во 9 круга итн. Тоа што бројот 3 е присутен
насекаде е симболизација на светото тројство. Поемата претставува одраз на Дантевото
знаење,на животното искуство и на едно огромно богатство од емоции. Напишана е на
италијански народен јазик и има двојна смисла буквална и алегорична. Буквално сфатено
дејството на поемата е поетска визија на задгробниот живот,во кого лушето во средниот
век слепо верувале.А алегорично е исполнета со хуманост,справедливост и со
жигосување на човечките страсти и пороци.Данте во поезијата ќе најде средство да
покаже со прст на крвавиот хаос и на луѓето робје на стре,ежот за власт,богатство и
насилие;и истовремено да укаже на светлото во животот, на возвишението и на доброто.

You might also like