2. Како се вика историјата која го проучува минатото?
А општа историја Б национална историја В светска историја Г роднокрајна историја
3. Кој период го опфаќа праисторијата?
А од појавата на човекот до пронаоѓањето на писмото Б периодот на првобитна заедница В од пронаоѓањето на писмото до денес Г од раѓањето на Исус Христос до денес
4. Како Хелените го сметале времето?
А според Олимписките игри Б според владеењето на кралевите В од настанокот на градот Атина Г според владеењето на фараоните
5. Како се дели праисторијата?
А камено и метално време Б палеолит и неолит В камено, метално и железно време Г бакарно, бронзено и железно време
6.Кој бил Врховниот египетски бог?
А Амон Ра Б Озирис В Зевс Г Мардук 7. За кој настан се зборува во хомеровиот еп Илијада? А Тројанската војна Б Олимписките игри В Пелопонеската војна Г Патувањето на Одисеј
8. Каков вид на размена е размената на земјоделски за занаетчиски производи?
А производ за производ Б производ за пари В натурална размена Г трговска размена
9. Како настанале театарските претстави во Хелада?
А од свеченостите приредувани во чест на богот Дионис Б од фестивалите на поезијата и уметноста В по победите на Хелените во војните со непријателот Г заради развеселување на обичниот народ
10. Олимписката дисциплината Маратон е наречена по
А долгото трчање на војникот кој брзал да ја соопшти веста за победата на Хелените над Персијанците Б долгото пливање на војникот кој брзал да ја соопшти веста за победата на Атина над Спарта В долгото одење на војникот кој брзал да ја соопшти веста за победата на Хелените над Македонците Г долгото пливање на војникот кој брзал да ја соопшти веста за победата на Македонците над Хелените.