Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 23

 Голема точност

 Голема осетливост
 Занемарливо мала сопствена потрошувачка
 Во принцип мерат електричен напон
 Можат да мерат и други величини кои со
одреден преобразувач треба да се
претвори во електричен напон
 Ако големината се отчитува од отклон на
стрелка на скала на инструмент станува
збор за аналоген електронски инструмент
 Ако големината е прикажана со бројка на
повеќесегментен дисплеј станува збор за
дигитален електронски инструмент
 Ако обликот на големината се гледа на
екран станува збор за осцилоскоп
 При мерење на било која електрична
величина низ инструментот тече некоја
струја
 Мерниот инструмент има своја отпорност
 Поради тоа инструментот има своја
потрошувачка (Pi=Ii2 Ri)
 Ако мериме струја амперметарот треба да
има многу мал отпор, а во случај на
волтметар многу голем отпор(влезна
отпорност на инструмент)
 Електронските аналогни инструменти се
одликуваат со многу мала сопствена
потрошувачка
 Тие се состојат од мерен механизам во
комбинација со електронски засилувач
 Влезната отпорност е многу голема(над 10
МΩ
 Ваквите инструменти во принцип мерат
напон
 Добрите карактеристики на
магнетноелектричните механизми можат
уште повеќе да се подобрат ако големината
што се мери претходно се засили со
засилувач
 На ваков начин практично сопствената
потрошувачка на инструментот нема да
влијае врз мерената големина
 Со помош на засилувачот малата влезна
големина која се мери, се трансформира во
многу поголем сигнал
 Засилувачот е на база на биполарен
транзистор при што влезниот напон(на
база) кој треба да се мери всушност е напон
со кој се управува поголемиот сигнал низ
колектор на транзисторот
 Класичен претставник на електронските
аналогни инструменти е мултиметар со кој
може да се мери еднонасочен напон и
струја,наизменичен напон и струја и омска
отпорност
 Работата на инструментот е базира на ОМК
од сликата(шемата) на чиј влез може да се
доведат напони до 100 mV и кој во
принцип мери напон а останатите величини
треба да се трансформираат во напон
 Основното мерно коло е реализирано со
операциски засилувач(LF535) поврзан како
неинвертирачки засилувач на чиј излез е
поврзан микроамперметар
 Во серија со амперметарот се поврзува
променлив отпорник R4(100KΩ) со кој се
нагодува максималниот отклон на
стрелката
 Отпорникот R5(10KΩ) се користи за нагодување
на електрична нула на инструментот
 Сигналот што се мери Uvl се приклучува преку
отпорникот R1(1MΩ) кој служи за заштита на
инструментот од погрешно приклучување
 Кондензаторот С1(0,1μF) спречува моментално
отклонување на стрелката, а во комбинација со
R1 формира нискофрекфентен филтер кој ги
елиминира наизменичните сигнали
 Засилувањето е определено со вредностите на
R2и R3, а инструментот се напојува со батерија
 Познато ни е од проширување на струјното
мерно подрачје дека при струја Ii се добива
полн отклон на стрелката на скала
 Кога инструментот е приклучен на напон Ui
повторно ке имаме полн отклон на скала
 Ова значи дека инструментот со вртлива
намотка може да се користи како волтметар
и со него можат да се мерат напони не
поголеми од Ui
 Напонот Ui се вика основно мерно
напонско подрачје
 Оваа мерно подрачје е со вредност од
десетина mV
 За да може со таков инструмент да се мерат
поголеми напони потребно е да се
прошири основното мерно подрачје
 Тоа се остварува доколку сериски со
иструментот се поврзе прецизен отпорник
 Овој отпорник ја ограничува струјата низ
инструментот до вредноста на Ii
 U=Ui+Up
 Ui=Ri Ii
 Up=Rp Ii
1
 Rp=Up/Ii= Ii (U-Ui)
1
 Rp=Rvo (U-Ui) Rvo= Ii
 Rvo – карактеристичен отпор на
волтметарот кој ни покажува колкав
отпорник за проширување треба да се
приклучи сериски за да се прошири
основното подрачје за 1V
 Точноста на мерењето зависи од класата на
точност на инструментот како и од
прецизноста на отпорникот за
проширување(предотпорник)
 Таквите отпорници се изработуваат од
манганин поради температурна стабилност
 За разлика од шантот низ предотпорникот
течат мали струи и затоа тие се вградуваат
во самиот инструмент
 Инструмент со вртлива намотка со
отпорност Ri=100Ω и струја на полн отклон
Ii=10mA, треба да се користи како
волтметар со мерно подрачје од U=50V.
Да се димензионира вредноста на
предотпорникот.
 Основното мерно подрачје изнесува:
Ui=Ri Ii=1V
Карактеристичната отпорност на
инструментот изнесува:
Rvo = 1/Ii = 100 Ω/V
Rp=Rvo(U-Ui)=100(50-1)=4900Ω
P=Ii2 Rp = 0,012 *4900= 0,49 W
 Како се поделени електронските
инструменти според начинот на
прикажување на мерената големина?
 Каква е сопствената потрошувачка на
електронските аналогни инструменти?
 Колку изнесува влезната отпорност кај
електронските аналогни инструменти?
 Која величина во принцип се мери со
аналогните електронски инструменти?
 Зошто има потреба од засилувач кај
аналогни мерни инструменти?
 Каков засилувач е искористен кај аналогни
електронски мерни инструменти?
 Зошто служи кондензаторот во ОМК кај
аналогни електронски инструменти?
 На кој начин се врши проширување на
напонското мерно подрачје?
 Нацртај ја шемата за проширување на
напонското мерно подрачје?

Проф. Ставревски Ненад


24.10.2018

You might also like