светилникот во александрија

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Светилникот во Александрија

Светилникот во Александрија е едно од седумте светски


чуда во времето на македонската династија птоломејци.
Бил изграден околу 290 година п.н.е. на островот Фарос,
блиску до градот Александрија во Египет. Бил разрушен
во 1375 година од земјотрес. Денес на истото место има
тврдина наречена Каинт Беј.
Многу брзо по смртта на Александар Македонски, неговиот
наследник, Птоломеј I ја преземал власта во Египет. Како
својата престолнина ја избрал Александрија, во чија
близина се наоѓа островот Фарос, и чие име се смета дека
произлегува од зборот Pharao's што означува светлина.
Кога Египет бил заземен од страна на
арапите, Александрија била опустошена, а нејзиното
богатство било разграбено. Светилникот продолжил и за
нив да има големо значење и покрај тоа што престолнината
на Египет била преместена во Каиро.
Во земјотресот од 956 година п.н.е. светилникот бил
минимално оштетен. Но, со оглед на специфичната
положба на Светилникот, следувале серија од силни
земјотреси и тоа во 1303 и 1323 година п.н.е. во кои скоро
бил разрушен. Според кажувањата на султанот Мамелук,
во самиот град заедно со неговата војска не можел да
влезе поради рушевините од самиот светилник, затоа на
истото место тој изградил тврдина.

Изработил:Никола Трајковски 6в одд

You might also like