Professional Documents
Culture Documents
Релјеф на Македонија
Релјеф на Македонија
Создавање
Денешниов релјеф е создаден под влијание на внатрешни и
надворешни сили низ долг период кој траел милиони години. Пред многу
милиони години оваа територија била покриена со водата од големото
море. Подоцна силните тектонски движења го подигнале дното на
морето и се создало копното. Тоа било родопското копно - најстаро во
нашава земја. Тектонските движења биле многу посилни во наредните
периоди и тие предизвикале некои делови од Родопското копно да се
подигнат, а други се спуштат. Така настанале старите планини и
повеќето планини на овој простор. На запад, од ова копно се издигнале
младите планини кои спаѓаат во Шарскиот планински предел.
Тектонските движења биле проследени со појава на земјотреси и живи
вулкани. Последица од нив се вулканските купи во Кратовско,
Радовишко и на Планината Кожуф.